• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Сетап за видиеоконференции Zoom

Oktar

Epic
23 октомври 2012
3,947
12,065
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX1080
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Joke aside, гледам дека и за Canon треба да имаш Capture Card барем според брошурата што ја прати.
Не ти треба ништо, само усб кабел или хдми и тоа апликациичето. Незнаев дека Никон имаат опција да се користат како веб кам, баш барав такво нешто и немаше.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #27

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,201
1,998
Јас само би сакал да додадам дека има ситуации кога било кој ентузијастички, скап сетап, не може да замени веб камера. Независно дали е мирорлес, DSLR или телефон.

Мене лично ми требаше за деловни разговори во кои сакам да има подобра слика на мојата камера. Работам од дома и не знам која соба ќе ми биде слободна ако испадне апансас повик. А такви има.

Со веб камера се што треба е да ја уштекам во USB порт на лаптоп и имам солидни слика/звук во моментот. C920/922/930 имаат компресија со што и при послаба интернет врска имате ОК видео и звук на спротивната страна.

Во кепчр веќе ми се наместени повеќе сетинзи и само малку white balance да го чепнам имам солидна слика под било кое осветлување и 1080p 30FPS што е повеќе од доволно..

Со DSLR/Mirrorless се мафтам со апаратот, Camlink, па кај беше USB кабелот, чек го немам објективот за видео наместено, каде да го турам триподот, па за осветлување да не правиме муабет.

Или телефон на кој му е празна батеријата на пример.

И за крај мое лично мислење е дека јутуб создава хајп дека мора да имаш ентузијастички сетап во 2020 а никој не поучува дека многу поважна е содржината. Кога ќе видам како некој тресе глупости а наместил сетап од 5000 евра со плави неонки, гасам одма.

Не да ме сфатите погрешно. Мирорлес/DSLR е каде каде поквалитетна слика. Ама едно посолидно веб камерче по дома некогаш може да биде хенди во деновите на корона.
Кај мене сетапот претежно е статичен и скоро сите повици ми се одвиваат од едно место. Ретко имам unexpected calls, затоа што фунционирам со Calendy. Идејата ми беше ваква:

1) Камерата со Joby Gorillapod 5К "врзана" на stand-от позади мониторот.
2) Дедицирана камера што ќе ја кориситам само за ова.
2) Elgato Camlink
3) Микрофон Rode NT-USB (веќе го имам), само boom arm ќе треба да набавам.
4) Еден 24мм или 35мм објектив.

Но искрено и ја баталив идејата, дури и нарачката за Camlink ја откажав од Thomann. Моментално ќе терам со Droid Cam додека не излезе некоја веб камера по нормална цена. Некако за C920/930 не ми се дава 150 евра.

И да бидеме реални, на крајот на денот никој не се замара каква ни е камерата. Битно е да имаш стабилен интернет и average cam и микрофон. Тоа а само зашто ние си правиме филмови дека треба се да е супер-екстра-профи-сетап.

Па вчера правевме моабет, YouTuber-ите и нешто не ги пратам, најголем дел ми се досадни. Само глумат и пробуваат да ти хајпаат ствари.
 

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,800
2,466
Битола
Ова ти е реторичко прашање, нели? :LOL:

Тапа се сите вебкамери особено за цените што ги продаваат сега.
Реторичко да. Цената е превисока за она што го нудат искрено. Кога можеш да извадиш подобар квалитет на мобилна камера нема што да фрлаш пари. Едино ако стримаш (а имав таков план) да се размисли за некое потрајно решение).
 

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Тешка дупка (за пари) е темава хах и јас се занимавав перидов.

@TheMarshal ми помогна со некои детали околу гејмерските и стримерските продукти, неам баш појма од тој пазар.

Од март се мислев за Logitech C920, најверојатно како и многу од вас. Цените луди, 150 евра камера.

Моментално за видео користам:
  • Sony a6000 + 16-50mm kit lens + Elgato Camlink
  • Gorillapod 5K (за апаратот да стои над монитор и изгледа повеќе како вебкам позиција)
Aудио
  • Uhuru кондензер микрофон (60 евра е евтино за ваков квалитет)
  • CoolerMaster MH630 (најдобро измерен микрофон на Rtings)
  • Poly Calisto 7200 (после ова видео одлучив да го купам за муабети со фам, лекции деца, работа и можам да кажам дека ми е омилен начин за комуникација при видео конференции)

Дали звучи и изгледа добро? Апсолутно.

Почнав од аудио и би рекол таму треба да се апгрејдува прво, има нешто фино кога слушаш чист глас без аномалии поради слаби микрофони. На работа сите во тим сменивме слушалки и микрофони со ковид буџет за дома. Разликата во комуникација онлајн е огромна во споредба со претходно.
 
Последна промена:

MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
121
287
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Еве едно видео од Eposvox за најевтината замена за Elgato Cam.
Хинт... солидно решение.


BTW да не се залетате на следниот производ од Atomos за 80$, кој е клон на погорново уредче на кое цената му се движи од 3$ на Али до 15$~18$ на Amazon.


@TheMarshal а дали проба со новиот софтвер од Sony да го конектираш фотоапаратот? да видиш како ќе функционира.

support.d-imaging.sony.co.jp/app/webcam/en/download/

На 29 минута во видеово на Eposvox објаснува за софтверот.

 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #33

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,201
1,998
Еве едно видео од Eposvox за најевтината замена за Elgato Cam.
Хинт... солидно решение.


BTW да не се залетате на следниот производ од Atomos за 80$, кој е клон на погорново уредче на кое цената му се движи од 3$ на Али до 15$~18$ на Amazon.


@TheMarshal а дали проба со новиот софтвер од Sony да го конектираш фотоапаратот? да видиш како ќе функционира.

support.d-imaging.sony.co.jp/app/webcam/en/download/

На 29 минута во видеово на Eposvox објаснува за софтверот.

Тестирано е денеска со @Андреј, одлични резултати дава на Zoom. Многу подобо е од DroidCam X. Така да, си заштедив 140 евра наместо Elgato CamLink што ќе бидат наменети за Gorilla Pod или некое Camera Light што нема фликер (моето има).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,627
Мислења
821,971
Членови
28,272
Најнов член
coolshoeshine
На врв Дно