Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Поранешни МК ИТ Продавници (дискусија/носталгија)

22 април 2007
1.126
1.723
Skopje
gamer-eddie's setup  
Processor & Cooler
CPU i7 4790К Deep Cool Captain 360EX
Motherboard
Asus Maximus 7 Formula
Storage
Bunch Of Disks
PSU
Cooler Master Vanguard 850W
RAM
32GB Kingston Beast 2400mhz
Video card
OnBoard madafakaz :) & понекад GTX 980Ti Matrix
Case
Corsair 780T
Mouse
R.A.T. 7
Keyboard
Asus Cerberus
Audio
Logitech G330
Monitor
BENQ GW2760
OS
Windows 7 Ultimate 64bit & гомноно 10-ка
Абе доста ми праите лиги за d great old times :) што викате да си направиме ретро хардвер настан
Башка дали има некоја продавница која шитка old school хардвер
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.803
33.942
roka.mk
Тие беа од Дигит компјутери што се отцепија, 3 фирми настанаа, тие мислам дека беа Дигит компјутерски Инженеринг се викаа.
Чекаме реферат не се прај на тошо. Ќе ти го одземам лајковите што ги дадоа за потестување...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293

Хаха, чек, само што стигнав дома, јадам сега. Да легнам деца, жена, да се ослободам од товар и седнуем да пишуем. Спремајте пиво и пуканки вечер.
 
Julian

lurker
20 август 2016
521
352
Првиот компјутер земен во ЕНТЕР -Охрид кон крајот на 90-те. Не знам дали постои сеуште.
 
389mk

hello world
16 јануари 2020
282
316
Tnt, првенствено периферија имам купувано околу 2009/2010. Имаа оригинални микрософт мауси без опаковка, по многу убави цени.

Исто и невада компјутери.
 
  • поддршка
Реакции: thrw

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
Чекаме реферат не се прај на тошо. Ќе ти го одземам лајковите што ги дадоа за потестување...
Ја ме ја. Заспаа моиве, нема ваљда да се разбудат.

Се започна од едно од моите најстари сеќавања. Роден 1981-ва во Скопје у гинекологија Чаир. Стариот мој бил во Лондон и земал ZX Spectrum во 1983-та година. Откако памтам за себе го памтам спектрумот, до ден денес го имам. Не сум го уклучил 20 години, ваљда сеуште е исправен, а можда и не. Ги паметам игрите Grand prix, Bruce Lee, Chucky Egg, Pacman. Памтам мајка ми и татко ми како се караат на кого му е доста и кој е следен да игра. Игрите се снимаа преку касетофон Искра Унитра.

Во 1988-ма кога бев прваче татко ми донесе дома Амига, со монохроматски монитор ама програмата за сметководство не работела, па го вратил.

Во 1989-та година го донесе првиот PC, беше Intel 8088 и работеше на 1Mhz ако не се лажам. Тоа беше некој половен компјутер кој го имавме кратко време. Некаде 1991-ва кога се приватизираше стопанството татко ми беше познат сметководител низ Скопјево а јас во 3-то одделение штотуку научив латиница и почнав да се интересирам сериозно. Тогаш имав памтам некој едноставен Тетрис и татко ми го купи првиот нов компјутер 80286 на 16MHz со 14 инчен монохром монитор, црна, бела и портокалова боја. Кратко после тоа татко ми го собраа во ЈНА кога изби војната како воено лице и компјутерот не се користеше. Мене ми беше забрането да го чепкам. После тоа кога се врати, тој компјутоер го снема и татко ми купи Intel 386DX на 40Mhz turbo и 16MHz стандард 3072kb RAM, као ѓоа 4Mb. Имаше 200Mb хард диск, немаше оптика, немаше Sound Blaster. Купен беше од фирмата Desk Electronic Pull газдата се викаше Драгиша, пријател на стариот мој. Мониторот потоа го сменивме со 14 инчен Axiom монитор во боја. Подоцна памтам ставивме и онаков затемнет филтер за пред мониторот со жица за заземјување :D . После некое време земавме и некој CD-ROM Quad Speed Митсуми или како и да се викаше, половен ама не работеше, па земавме 16x Teac. После тоа ставивме и Sound Blaster. Тогаш прв пат чув компјутерска музика:

Тоа беа неверојатни моменти, и ден денес чат-пат си ја слушам тракава.

Некоја година помина, од истата фирма Деск Електроник Пул земавме Pentium MMX 166MHz со 8Mb RAM и 1.3Gb hard disk Quantum Fireball ако не се лажам. На него имаше некоја Intel 740 AGP графичка картица. Тогаш се играше NBA 96, FIFA94, RoTT, F1 Grand Prix, Rallye, Test Drive2, Test Drive 3 и други, резолуциите беа или 640х480 или 800х600. Тогаш испадна и Civilization! Одев со точак од Соборна црква до Ривер софт карши Света петка. Во тоа време Ривер Софт беа ЦД-тека во една скапана гаража во една куќа кај Света Петка. Civilization 1 ја собираше на 4 дискети, претходно исчистени со Disk Dupe кој го памти, значи моја генерација е. Тогаш и другариве почаа да купуваат компјутеир од Инфопроект и УСАМАК компјутери, беа побрзи и понови од мојот. Имав DOS ама и Windows 3.1, подоцна Windows 3.11. Тогаш и Семос се појави, Геро тогаш беше директор таму, со татко ми се знаеја па сум ги слушал со саати како дискутираат хардвер.

Во тоа време памтам мислам дека бев 5-то одделение некаде 1993-та имаше саем за компјутери. Тогаш прв пат на лично не верување со другарите прв пат ја видовме на штанд на компјутер инсталирана Need for Speed! Човече! Прв пат видов cockpit view и Skid marks, шлајфување во место и цртање крофни. Со друштвово се пореметивме рековме играва мора да ја донесеме дома. Жими се, инсталацијата на играта беше 90mb. Пресметавме дека ќе ни требаат околу 70 дискети за да ја преснимаме и донесеме дома. Се собравме недна тајфа школски, јас, Гаро-мали Тавитјан, Фис мали, Чало, Васо, Чунихин, собравме клети 70 дискети и трк со точаци на саем. Ни дозволиај во гужвата, мењавме 70 дискети, снимавме ARJ фајлови и прво донесовме кај мене дома. Трошевме саати за да ги преснимаме сите дискети на хард диск. Откако преснимавме и стартувавме nfs.exe ај погодете што! Бараше CD да се стави. Тоа беше hearth break за нас, немавме поима дека играта се игра само со вметнато CD од 640mb. За да се игра мораше да се инсталира Windows 95 и FAT32 партиција. Ама тоа беа денови, детски желби, големи авантури и големи разочарувања, CRC ерори ама така се калеше челикот.

Години напред, долго време го имавме Пентиумот. Татко ми работеше сметководство на него, јас се закачив со извидници и ретко бев дома па помалку и гејмав. Едно време одев во Народна техника и таму учев програмирање во Turbo Pascal кај Владимир, ова во средните 90-ти.

После тоа некое време кон крајот на 90-тите братучедот мој работеше во некоја фирма и тие расходуваа некои компјутери и мене ми подарија половен Cyrix 233Mhz компјутер комплет со монитор. Тој ми беше првиот компјутер само за мене, во моја соба, што не морав да го делам со татко ми, не се плашев да не му го сјебам сметководтвото и тогаш почнав сам да чепкам и да експериментирам. Windows 98 може 20 пати го реинсталирав со Startup Disketа и инсталационо ЦД. Бев средно школо и тогаш масовно се купуваа компјутери. Даре најблискиот другар тогаш купи од AMC некој компјутер со Celeron A со 96kb Cache и некои 300 Mhz фрекфенција.

Vo 2000-та матурирав и со братучедот отворивме фирма за компјтуери и системски инженеринг, се викаше SW-IT. Тогаш почнав сериозно со диверзитет на хардвер. Продававме све и свашта на разно-разни фирми, местевме мрежи, софтвери за сметководство, каси, благајни и што уште не. Најпрвиот хардвер сокој сум склапал масовно со десетици компјутери на ден беа некои Abit, Asus и Gigabyte плочи со Pentium 3 Katmai 750Mhz - 933mhz и некои стандардни 32, па 64 па 128Mb RAM. Хардвер се купуваше од следниве фирми:

Фламинго компјутери - мислам дека романска фирма, имаа све од хардвер. Имаа симпатична романка која продаваше хардвер, подоцна се омажи со мој драг другар кој исто така таму работеше. Сенаоѓаа во Капиштец карши Алумина во зградите. Они носеа MSI хардвер. Од нив земав Intel Pentium 3 Coppermine 933MHz со SD-RAM. Имаше некој дефект па го сменив со MSI плоча и Intel Celeron 1.7GHz на s478.

РЕМА компјутери - беа застапници на Cisco, Epson, Sharkoon се наоѓаа во капиштец кај заводот за рехабилитација

Smart kompjtueri - кај грчка амбасада, продаваа хардвер и имаа софтвер за сметководство. тој сум го имплементирал по форми во раните 2000-ти

Дигит компјутери се распаднаа на Дигит компјутери (лептокарија), Дигит и Дигит компјтуерски инженеринг (МКЦ, подоцна на Орце Николов кај @mdeni во комшии, кај што се сега Инсомниа). Од нив сум земал Nexans RJ45 конектори, UTP, FTP CAT5, CAT5e мрежни кабли, со десетици котури, еден котур имаше памтам 305 метри кабел.

Конико компјутери - носеа Gigabyte hardware, подоцна и јас работев таму некое време, имплементирав Datalab Pantheon, ние први го донесовме во Македонија и го имплементиравме. Подоцна баталија хардвер и се фатија со surveliance oprema, па опет иста песна..

Login Systems - беа првата сериозна System Engineering фирма, заедно со Семос, кај нив бев на пракса во средно школо, во 1999-та работев на македонската локалиозација на Windows 98, тогаш прв пат се појави македонска кирилица и работеше со Times New Roman и останатите латинични фонтови. Поминаа уште 10 години додека да македонците сфатија дека не мора да користат македонски фонтови.

Neocom - продаваа сервери, одкај нив земав па местев во Саса, Брако, MZT, Централен регистар и каде уште не.

Niko компјутери на Јужен булевар носеа Abit хардвер, со нив сум склопувал по 20 компјутери на ден.

River Soft се наоѓаа зад Буњаковек карши дистрибуција, продаваа LG и MSI хардвер. Први почнаа со давање роба исклучиво на профактура, плати па клати. Сум носел заверени налози од банка, па ги проверуваа со банката да не се фалсификат пред да ми дадат роба :D

Со Anhoch и AMC братучедот имаше нарушени односи па одкај нив речиси не земав хардвер. AMC носеа Asus а Anhoch носеа Gigabyte и Кингстон и брендираа свои BIOS-и, добропознатите Altea, Goliath и уште некој, се наоѓаа на водњанска под клиника.

Едно време фатив проект за Светска банка и ги запознав Intec System. Тогаш носеа Fujitsu хардвер и подоцна Fujitsu-Siemens. Само они имаа сертификат за потекло на хардвер од EU, као демек склапани во Германија, драпај си меот, па странскиве фирми како Светска банка бараа хардвер со потекло од ЕУ. Таму сум дал еден куп хардвер, desktop и сервер машини.

Во Карпош 1 зад Центар за странски јазици имаше една фирма, како се викаа не можам да се сетам, носеа Wireless опрема. Од таму сум земал омни, бидирекциони и грид антени, па се пентарев по згради, силоси, јарболи, местев Wifi опрема низ државава. Цел Кочани, Штип, тетово, Гостивар, М Каменица, цели населби сум покривал со Wifi.

Во тоа време беа актуелни Inet, застапници за Lenovo. Се кашкаа нешто со ITD си ги земаа правата над Леново. Во тоа време Societe General ја презедоа Охридска банка, па сум местел небројана количина Lenovo десктоп и сервер машини со некоја Richle & De Massari мрежна опрема, Nexans Server ракови од една фирма што имаа во Лисиче магацини, како ли се викаа, сум ги заборавил, носеа и APC упс-и. Со Inet и ден денес сме добри другари, интересно е што вработените се таму по 15 години и јаче, одлична фирма за пример.

Во тоа време актуелна беше фирмата за хардвер зад универзална сала, се викаше нешто као Оxi компјутери, нивни вработен беше тука активен член долго време па исчезна. Носеа Thermaltake повремено, страшни куќишта и кулери за LGA775 меѓу другото.

Се појавија и Мебиус, кочанчани, група од повеќе бизниси кои работеа од секаде, централа им беше карши Здравко цветковски интернатот. Продадоа еден куп хардвер, гарантираа за квалитетот и исчезнаа после тоа без трага и глас.

Зоте брос се наоѓаа на раскирницата Орце Николов со Рузвелтова, беа претпазлива фирма, продаваа малку хардвер ама со убави маржи и добар квалитет, секогаш комуникативни и спремни за журка и експерименти.

Макс компујтери - беа една од поквалитетните мали фирми, се наоѓаа на самиот кружен тек до Ленинова, носеа ексклузивен хардвер по нарачка и квалитетно склопуваа, јас се мешав таму кога имаше многу нарачки :D

Accent компјутери - почнаа во гаража во К Вода (Мики) и пораснаа во респектабилна фирма, носеа све и свашта од хардвер, некои кинески брендови, непознати но квалитетни

Сево ова траеше до 2009-та година, заминав за Америка како Business Analyst и мојата авантура со масовни количини хардвер заврши. Од тогаш па наваму работам софтвер, но хардверот не излегува од коски па што сака нека е. Додека ми течат штрафови, САТА-кабли и скршени пинови од PGA процесори низ вени, хардверот не излегува од мене. Сигурен сум дека испуштам уште ред фирми али јбг 1 саат станало. Сега нема да можам да заспијам од спомени, кој знае што ќе ми се заврти низ глава додека заспијам, Jamieson би требало да помогне. Кој читаше до тука немал попаметна работа, бар спомнете некоја од античките фирми ако сум испуштил.
 
Последна промена:

coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki

Ова плаче за некој видео сериал да се направи
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
Омниаааа!! Омниа ги заборавив. Носеа директ Интел и АМД процесори, HP и компатибилни тонери од оваму-онаму, Xerox исто, карши горењ зградата кај лептокарија ;D носеа MSI одкај Фламинго и Gigabyte од Anhoch и Конико, HP од ITD.
Vortex исто а и Rainbow во Лисиче во трговскиот кај полицијата. После таму се сместија и Wizard системи , носеа системи за надзор и евиденција на работно време.
Мислењето е автоматски споено:

Треба да се собереме фелата од времето и да овековечиме, додека сеќавањата сеуште постојат. Тоа е историја.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.055
Skopje
@Astro, West computing, Марко и Тови, не си работел со нив? Први носеа плотери и слични работи, беа во Бирарија веднаш до нашата фирма (Еурис), потоа се префрлија на И. Милутиновиќ кај Универзална.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
@Astro, West computing, Марко и Тови, не си работел со нив? Први носеа плотери и слични работи, беа во Бирарија веднаш до нашата фирма (Еурис), потоа се префрлија на И. Милутиновиќ кај Универзална.
Не, тие не ми се познати.
А ги памти ли некој една мала фамилијарна фирмичка што почнаа во Драчево, па после се префрлија во Капиштец на народен фронт во зградите? Сашо се викаше човекот, крупен момак со брада. Памтам за 386-ката одев кај него купував Numerical Co-processor, ми требаше за да програмирам Pascal. Тогаш беа во Драчево, па подоцна во 90-тите дојдоа во Капиштец.
 
GetSchwifty

hello world
22 февруари 2020
323
714
Скопје
Ех бе Зоте брос, иако сум од Прилеп од кај нив ми беше првото PC, склопено и испратено по мој човек.
Второто PC ми беше од Леонид Компјутери, прилепско фирмиче шо праеше партали порано (покрај Твист Компјутери кои се уште работат во полна пареа).

Првото PC беше со Zoltek матична, не можам да се сетам на чипсетот и другите компоненти.
Второто PC беше со Core i5 750, ASUS P7H55, 8GB RAM, 1TB HDD WD Green, NVIDIA GTS 250 и некое Cooler Master напојување.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.070
7.756
Иш бе, 1982 ми е првиот ZX Spectrum 16K па 48K. 1985-6 Sinclair QL, 1990 нарачан 386DX 20MHz од Сингапур, стигна после осум месеци...
На Мики Акцент мислам уште на памет му го знам мобилниот, Гунтер од Луцифер ме частеше македонска тастатура ехехееее....
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Омниаааа!! Омниа ги заборавив. Носеа директ Интел и АМД процесори, HP и компатибилни тонери од оваму-онаму, Xerox исто, карши горењ зградата кај лептокарија ;D носеа MSI одкај Фламинго и Gigabyte од Anhoch и Конико, HP од ITD.
Vortex исто а и Rainbow во Лисиче во трговскиот кај полицијата. После таму се сместија и Wizard системи , носеа системи за надзор и евиденција на работно време.
Мислењето е автоматски споено:

Треба да се собереме фелата од времето и да овековечиме, додека сеќавањата сеуште постојат. Тоа е историја.
Омниа беа на почетокот во Макотекс... После се преселија на Партизанска...
Мислењето е автоматски споено:

Омниаааа!! Омниа ги заборавив. Носеа директ Интел и АМД процесори, HP и компатибилни тонери од оваму-онаму, Xerox исто, карши горењ зградата кај лептокарија ;D носеа MSI одкај Фламинго и Gigabyte од Anhoch и Конико, HP од ITD.
Vortex исто а и Rainbow во Лисиче во трговскиот кај полицијата. После таму се сместија и Wizard системи , носеа системи за надзор и евиденција на работно време.
Мислењето е автоматски споено:

Треба да се собереме фелата од времето и да овековечиме, додека сеќавањата сеуште постојат. Тоа е историја.
Омниа беа на почетокот во Макотекс... После се преселија на Партизанска...
Мислењето е автоматски споено:

Не, тие не ми се познати.
А ги памти ли некој една мала фамилијарна фирмичка што почнаа во Драчево, па после се префрлија во Капиштец на народен фронт во зградите? Сашо се викаше човекот, крупен момак со брада. Памтам за 386-ката одев кај него купував Numerical Co-processor, ми требаше за да програмирам Pascal. Тогаш беа во Драчево, па подоцна во 90-тите дојдоа во Капиштец.
Во подрум (сутерен) на зграда на патеката од сегашна зебра према Народен фронт? Уф, нешто сум купувал од таму... цд, модем, двд... не се сеќавам, ама на чекови беше...
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
Не, тие не ми се познати.
А ги памти ли некој една мала фамилијарна фирмичка што почнаа во Драчево, па после се префрлија во Капиштец на народен фронт во зградите? Сашо се викаше човекот, крупен момак со брада. Памтам за 386-ката одев кај него купував Numerical Co-processor, ми требаше за да програмирам Pascal. Тогаш беа во Драчево, па подоцна во 90-тите дојдоа во Капиштец.

На Анфил мислиш? Саше незнаеше проценти да рачуна како треба. 40 долари +5% данок 65 долари за цд-ром :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
На Анфил мислиш? Саше незнаеше проценти да рачуна како треба. 40 долари +5% данок 65 долари за цд-ром :)
Дааааааааа, Анфил! Женаму повеќе ја биваше за математика.
Туку, како се викаа оние зад Центар за странски јазици што продаваа wireless опрема, не можам никако да се сетам.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.794
3.976
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Првиот компјутер земен во ЕНТЕР -Охрид кон крајот на 90-те. Не знам дали постои сеуште.
Колку знам сега работат исклучиво со софтвер, мрежи...Тие ја имаа програмата за работа во нет кафинја исто. Кога сме кај Охрид: Максипринт и Јонгис :)
Мислењето е автоматски споено:

Ја ме ја. Заспаа моиве, нема ваљда да се разбудат.

Се започна од едно од моите најстари сеќавања. Роден 1981-ва во Скопје у гинекологија Чаир. Стариот мој бил во Лондон и земал ZX Spectrum во 1983-та година. Откако памтам за себе го памтам спектрумот, до ден денес го имам. Не сум го уклучил 20 години, ваљда сеуште е исправен, а можда и не. Ги паметам игрите Grand prix, Bruce Lee, Chucky Egg, Pacman. Памтам мајка ми и татко ми како се караат на кого му е доста и кој е следен да игра. Игрите се снимаа преку касетофон Искра Унитра.

Во 1988-ма кога бев прваче татко ми донесе дома Амига, со монохроматски монитор ама програмата за сметководство не работела, па го вратил.

Во 1989-та година го донесе првиот PC, беше Intel 8088 и работеше на 1Mhz ако не се лажам. Тоа беше некој половен компјутер кој го имавме кратко време. Некаде 1991-ва кога се приватизираше стопанството татко ми беше познат сметководител низ Скопјево а јас во 3-то одделение штотуку научив латиница и почнав да се интересирам сериозно. Тогаш имав памтам некој едноставен Тетрис и татко ми го купи првиот нов компјутер 80286 на 16MHz со 14 инчен монохром монитор, црна, бела и портокалова боја. Кратко после тоа татко ми го собраа во ЈНА кога изби војната како воено лице и компјутерот не се користеше. Мене ми беше забрането да го чепкам. После тоа кога се врати, тој компјутоер го снема и татко ми купи Intel 386DX на 40Mhz turbo и 16MHz стандард 3072kb RAM, као ѓоа 4Mb. Имаше 200Mb хард диск, немаше оптика, немаше Sound Blaster. Купен беше од фирмата Desk Electronic Pull газдата се викаше Драгиша, пријател на стариот мој. Мониторот потоа го сменивме со 14 инчен Axiom монитор во боја. Подоцна памтам ставивме и онаков затемнет филтер за пред мониторот со жица за заземјување :D . После некое време земавме и некој CD-ROM Quad Speed Митсуми или како и да се викаше, половен ама не работеше, па земавме 16x Teac. После тоа ставивме и Sound Blaster. Тогаш прв пат чув компјутерска музика:

Тоа беа неверојатни моменти, и ден денес чат-пат си ја слушам тракава.

Некоја година помина, од истата фирма Деск Електроник Пул земавме Pentium MMX 166MHz со 8Mb RAM и 1.3Gb hard disk Quantum Fireball ако не се лажам. На него имаше некоја Intel 740 AGP графичка картица. Тогаш се играше NBA 96, FIFA94, RoTT, F1 Grand Prix, Rallye, Test Drive2, Test Drive 3 и други, резолуциите беа или 640х480 или 800х600. Тогаш испадна и Civilization! Одев со точак од Соборна црква до Ривер софт карши Света петка. Во тоа време Ривер Софт беа ЦД-тека во една скапана гаража во една куќа кај Света Петка. Civilization 1 ја собираше на 4 дискети, претходно исчистени со Disk Dupe кој го памти, значи моја генерација е. Тогаш и другариве почаа да купуваат компјутеир од Инфопроект и УСАМАК компјутери, беа побрзи и понови од мојот. Имав DOS ама и Windows 3.1, подоцна Windows 3.11. Тогаш и Семос се појави, Геро тогаш беше директор таму, со татко ми се знаеја па сум ги слушал со саати како дискутираат хардвер.

Во тоа време памтам мислам дека бев 5-то одделение некаде 1993-та имаше саем за компјутери. Тогаш прв пат на лично не верување со другарите прв пат ја видовме на штанд на компјутер инсталирана Need for Speed! Човече! Прв пат видов cockpit view и Skid marks, шлајфување во место и цртање крофни. Со друштвово се пореметивме рековме играва мора да ја донесеме дома. Жими се, инсталацијата на играта беше 90mb. Пресметавме дека ќе ни требаат околу 70 дискети за да ја преснимаме и донесеме дома. Се собравме недна тајфа школски, јас, Гаро-мали Тавитјан, Фис мали, Чало, Васо, Чунихин, собравме клети 70 дискети и трк со точаци на саем. Ни дозволиај во гужвата, мењавме 70 дискети, снимавме ARJ фајлови и прво донесовме кај мене дома. Трошевме саати за да ги преснимаме сите дискети на хард диск. Откако преснимавме и стартувавме nfs.exe ај погодете што! Бараше CD да се стави. Тоа беше hearth break за нас, немавме поима дека играта се игра само со вметнато CD од 640mb. За да се игра мораше да се инсталира Windows 95 и FAT32 партиција. Ама тоа беа денови, детски желби, големи авантури и големи разочарувања, CRC ерори ама така се калеше челикот.

Години напред, долго време го имавме Пентиумот. Татко ми работеше сметководство на него, јас се закачив со извидници и ретко бев дома па помалку и гејмав. Едно време одев во Народна техника и таму учев програмирање во Turbo Pascal кај Владимир, ова во средните 90-ти.

После тоа некое време кон крајот на 90-тите братучедот мој работеше во некоја фирма и тие расходуваа некои компјутери и мене ми подарија половен Cyrix 233Mhz компјутер комплет со монитор. Тој ми беше првиот компјутер само за мене, во моја соба, што не морав да го делам со татко ми, не се плашев да не му го сјебам сметководтвото и тогаш почнав сам да чепкам и да експериментирам. Windows 98 може 20 пати го реинсталирав со Startup Disketа и инсталационо ЦД. Бев средно школо и тогаш масовно се купуваа компјутери. Даре најблискиот другар тогаш купи од AMC некој компјутер со Celeron A со 96kb Cache и некои 300 Mhz фрекфенција.

Vo 2000-та матурирав и со братучедот отворивме фирма за компјтуери и системски инженеринг, се викаше SW-IT. Тогаш почнав сериозно со диверзитет на хардвер. Продававме све и свашта на разно-разни фирми, местевме мрежи, софтвери за сметководство, каси, благајни и што уште не. Најпрвиот хардвер сокој сум склапал масовно со десетици компјутери на ден беа некои Abit, Asus и Gigabyte плочи со Pentium 3 Katmai 750Mhz - 933mhz и некои стандардни 32, па 64 па 128Mb RAM. Хардвер се купуваше од следниве фирми:

Фламинго компјутери - мислам дека романска фирма, имаа све од хардвер. Имаа симпатична романка која продаваше хардвер, подоцна се омажи со мој драг другар кој исто така таму работеше. Сенаоѓаа во Капиштец карши Алумина во зградите. Они носеа MSI хардвер. Од нив земав Intel Pentium 3 Coppermine 933MHz со SD-RAM. Имаше некој дефект па го сменив со MSI плоча и Intel Celeron 1.7GHz на s478.

РЕМА компјутери - беа застапници на Cisco, Epson, Sharkoon се наоѓаа во капиштец кај заводот за рехабилитација

Smart kompjtueri - кај грчка амбасада, продаваа хардвер и имаа софтвер за сметководство. тој сум го имплементирал по форми во раните 2000-ти

Дигит компјутери се распаднаа на Дигит компјутери (лептокарија), Дигит и Дигит компјтуерски инженеринг (МКЦ, подоцна на Орце Николов кај @mdeni во комшии, кај што се сега Инсомниа). Од нив сум земал Nexans RJ45 конектори, UTP, FTP CAT5, CAT5e мрежни кабли, со десетици котури, еден котур имаше памтам 305 метри кабел.

Конико компјутери - носеа Gigabyte hardware, подоцна и јас работев таму некое време, имплементирав Datalab Pantheon, ние први го донесовме во Македонија и го имплементиравме. Подоцна баталија хардвер и се фатија со surveliance oprema, па опет иста песна..

Login Systems - беа првата сериозна System Engineering фирма, заедно со Семос, кај нив бев на пракса во средно школо, во 1999-та работев на македонската локалиозација на Windows 98, тогаш прв пат се појави македонска кирилица и работеше со Times New Roman и останатите латинични фонтови. Поминаа уште 10 години додека да македонците сфатија дека не мора да користат македонски фонтови.

Neocom - продаваа сервери, одкај нив земав па местев во Саса, Брако, MZT, Централен регистар и каде уште не.

Niko компјутери на Јужен булевар носеа Abit хардвер, со нив сум склопувал по 20 компјутери на ден.

River Soft се наоѓаа зад Буњаковек карши дистрибуција, продаваа LG и MSI хардвер. Први почнаа со давање роба исклучиво на профактура, плати па клати. Сум носел заверени налози од банка, па ги проверуваа со банката да не се фалсификат пред да ми дадат роба :D

Со Anhoch и AMC братучедот имаше нарушени односи па одкај нив речиси не земав хардвер. AMC носеа Asus а Anhoch носеа Gigabyte и Кингстон и брендираа свои BIOS-и, добропознатите Altea, Goliath и уште некој, се наоѓаа на водњанска под клиника.

Едно време фатив проект за Светска банка и ги запознав Intec System. Тогаш носеа Fujitsu хардвер и подоцна Fujitsu-Siemens. Само они имаа сертификат за потекло на хардвер од EU, као демек склапани во Германија, драпај си меот, па странскиве фирми како Светска банка бараа хардвер со потекло од ЕУ. Таму сум дал еден куп хардвер, desktop и сервер машини.

Во Карпош 1 зад Центар за странски јазици имаше една фирма, како се викаа не можам да се сетам, носеа Wireless опрема. Од таму сум земал омни, бидирекциони и грид антени, па се пентарев по згради, силоси, јарболи, местев Wifi опрема низ државава. Цел Кочани, Штип, тетово, Гостивар, М Каменица, цели населби сум покривал со Wifi.

Во тоа време беа актуелни Inet, застапници за Lenovo. Се кашкаа нешто со ITD си ги земаа правата над Леново. Во тоа време Societe General ја презедоа Охридска банка, па сум местел небројана количина Lenovo десктоп и сервер машини со некоја Richle & De Massari мрежна опрема, Nexans Server ракови од една фирма што имаа во Лисиче магацини, како ли се викаа, сум ги заборавил, носеа и APC упс-и. Со Inet и ден денес сме добри другари, интересно е што вработените се таму по 15 години и јаче, одлична фирма за пример.

Во тоа време актуелна беше фирмата за хардвер зад универзална сала, се викаше нешто као Оxi компјутери, нивни вработен беше тука активен член долго време па исчезна. Носеа Thermaltake повремено, страшни куќишта и кулери за LGA775 меѓу другото.

Се појавија и Мебиус, кочанчани, група од повеќе бизниси кои работеа од секаде, централа им беше карши Здравко цветковски интернатот. Продадоа еден куп хардвер, гарантираа за квалитетот и исчезнаа после тоа без трага и глас.

Зоте брос се наоѓаа на раскирницата Орце Николов со Рузвелтова, беа претпазлива фирма, продаваа малку хардвер ама со убави маржи и добар квалитет, секогаш комуникативни и спремни за журка и експерименти.

Макс компујтери - беа една од поквалитетните мали фирми, се наоѓаа на самиот кружен тек до Ленинова, носеа ексклузивен хардвер по нарачка и квалитетно склопуваа, јас се мешав таму кога имаше многу нарачки :D

Accent компјутери - почнаа во гаража во К Вода (Мики) и пораснаа во респектабилна фирма, носеа све и свашта од хардвер, некои кинески брендови, непознати но квалитетни

Сево ова траеше до 2009-та година, заминав за Америка како Business Analyst и мојата авантура со масовни количини хардвер заврши. Од тогаш па наваму работам софтвер, но хардверот не излегува од коски па што сака нека е. Додека ми течат штрафови, САТА-кабли и скршени пинови од PGA процесори низ вени, хардверот не излегува од мене. Сигурен сум дека испуштам уште ред фирми али јбг 1 саат станало. Сега нема да можам да заспијам од спомени, кој знае што ќе ми се заврти низ глава додека заспијам, Jamieson би требало да помогне. Кој читаше до тука немал попаметна работа, бар спомнете некоја од античките фирми ако сум испуштил.
мебиус мислам беа нешто како нексио денес, голем број студенти пазареа од мебиус така и јас имав ценовници во тоа време.
 
Последна промена:

Diablo

hello world
5 ноември 2014
92
166
Супер интересна тема.
Jaс дел од овие продавници воопшто и не ги знам. :cry: Веројатно дека не сум се бавел со хардвер па не сум имал прилика да ги посетам.
Мене ми фалат некако оние продавници во куќички или влезови од згради.
Ме потсетуваат на некое убаво време. Незнам дали сега дека сум постар, па немам интерес толку за овие продавници по моловиве.
Ми фали она време кога одев, што се вика во мали продавнички и имаше луѓе кои навистина се разбираа од хардвер.

Првите компјутери ми беа подарок од куќен пријател( сега веќе покоен бог да го прости) кај кого одев на часови во МКЦ за компјутери. Тогаш немаше Фејсбук, па се одеше и на курс за куцање, word и Excel.:)

И кога веќе одев на курс за компјутери, природно беше да имам и компјутер дома. Но бидејќи тогаш имав желба за игри, морав да докупам делови како графичка и уште некој дел за да може да се игра нешто. Така првиот дел ми беше купен од АМЦ, графичка Riva TNT2 со 32мб од АМЦ кои тогаш имаа интересна продавница пред МНТ. Исто сервис имаа долги години под МНТ. Носталгија.

Така Поминаа години, пред сам да си купам нов компјутер. Заштедив нешто пари и
бев во Fornet компјутери пред нова железничка, кои беа баш во таков интересен објект, Работеа на приземје во една зграда, а сервисот им беше веднаш долу во подрум. :)

Од нив го имав купено првиот нов компјутер. освен куќиштето.
А за куќиштето има посебна приказна. јас веројатно бев еден од првите во МК кои имаше куќиште со неонки (Sidewinder). Интересно тогаш во Неоком на излог имаше малку производи, мал лагер но беа поаваргардни и што ги немаше на друго место. Така они беа веројатно едни од првите кои имаа куќишта со неонки.

Јас до куќиштето дојдов благодарение на тоа што едниот кулер не работеше, и тие не го беа ставале за продажба. Но бидејќи татко ми се спријатели со Иван од Неоком ( еден фин дечко со наочари), а јас бев и навистина загреан за куќиштето, тој реши да ни го даде и добивме попуст за тоа што не работеше кулер. Исто земав и монитор Самсунг Syncmaster n710 или n720 со едно пикселче на него. Па добивме попуст и за тоа. Ова е некаде пред 17 години и повеќе веројатно.
Па така Ако е тука случајно на форумот Иван од Неоком или некој го знае, ете да упатам поздрав до него.
Да продолжам. Така го однесов куќиштето во ФорНет и склопимвме некој компјутер со процесор AMD Athlon 64 со графичка gt 730 (Се сеќавам дека тогаш Intel беа надвор од конкуренција, па никој не ги купуваше):) заедно со газдата Саше.

Е сега куќиштево што го земав од Неоком беше со еден расипан кулер. Денес можеби смешно, но тогаш немаше никаде во Скопје да се купи, ниту куќиште ниту кулер. Воопшто не им беше ни познато на повеќето луѓе дека постои такво нешто.

И така конечно по неколку месеци кулер со неонки најдов верувале или не во една интересно продавниче во Драчево( кое за чудо имаше доста интересни работи кои тогаш не можеа да се најдат ни во поголемите продавници) Се наоѓаше на последна 41, ако добро се сеќавам на името Амила- Амига (незнам дали работи сеуште) Ете некој ако е од Драчево нека каже.

Е тоа беше интересно време, време во кое што немаше ни избор. И беше време кога повеќето деца имавме исти компјутери. Не беше време во кое родителите даваа по 1000 евра за графички како денес. Па пак бевме среќни и весели.

Го споменав ForNet Незнам дали денес работи. Колку што гледам веќе не се на оваа локација.
Исто се сеќавам на една продавница спроти Скопјанка. Rainbow ако добро се сеќавам се викаше. Таму исто имав влегувано и досаѓано како мал. Демек имам пари и ќе купам делови, па тие ми објаснуваа по 20 минути. А јас како дете имав 100 денари во мене.:LOL:
Се разбира испаѓав со еден куп каталози.

Ми фали и сервисот на Анхоч на Водно и паркетот што крцкаше. Имаше една убавка девојка на прием во сервисот, со интересно гласче па често си правевме илузии како мали.

Од доста подоцна Се сеќавам и на Премиум компјутери позади Буњаковец. Луѓево продаваа мауси со топче (кои веќе беа вон мода):confused: и истите чинеа 80 денари. o_O
Јас во тој период имав компјутери кои ми ги даваа за продажба и бидејќи сакав на луѓето да им обезбедам се комплет. одев кај дечкиве и купував тастатури, мауси и тоа често.
Се сеќавам еднаш дека отидов и му реков дај ми 30 глувци од тие со топчиња. Имаше некои луѓе пред мене и така им падна смешно.
И така излегов со две огромни ќеси со глувци. :p

Имам носталгии и за Мобимак и првиот купен телефон. Се сеќавам дека го купивме на еден снег. И моиве имаа некоја работа и влеговме во ЕВН зградата. Па таа слика кога го гледавме плоштадот во снежна идила ќе ми остане во сеќавање засекогаш.
Се разбира немаше тогаш камера телефонот за да сликаме. Тоа е период кога немаше телефони со камера, но она што е поважно што сликата ми останала во сеќавање.
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.794
3.976
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.070
7.756
Грешка 404. Изгледа не платиле за реклама
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно