petkotrajko
poweruser
- 16 јуни 2017
- 2.527
- 2.980
Јбг, немаше порнхап...Ваљда во нејзини 30ти беше, така да бајаѓи постара, а не ми беше познат МИЛФ како термин у тоа време![]()
Испратено од телефоно.
Јбг, немаше порнхап...Ваљда во нејзини 30ти беше, така да бајаѓи постара, а не ми беше познат МИЛФ како термин у тоа време![]()
Тие беа од Дигит компјутери што се отцепија, 3 фирми настанаа, тие мислам дека беа Дигит компјутерски Инженеринг се викаа.А кој беа тие што имаа дуќан у МКЦ?
Чекаме реферат не се прај на тошо. Ќе ти го одземам лајковите што ги дадоа за потестување...Тие беа од Дигит компјутери што се отцепија, 3 фирми настанаа, тие мислам дека беа Дигит компјутерски Инженеринг се викаа.
Хаха, чек, само што стигнав дома, јадам сега. Да легнам деца, жена, да се ослободам од товар и седнуем да пишуем. Спремајте пиво и пуканки вечер.Чекаме реферат не се прај на тошо. Ќе ти го одземам лајковите што ги дадоа за потестување...
Да да, и мислев баш на Дигит ама си велам нем да утнам.Тие беа од Дигит компјутери
Ја ме ја. Заспаа моиве, нема ваљда да се разбудат.Чекаме реферат не се прај на тошо. Ќе ти го одземам лајковите што ги дадоа за потестување...
Ова плаче за некој видео сериал да се направиЈа ме ја. Заспаа моиве, нема ваљда да се разбудат.
Се започна од едно од моите најстари сеќавања. Роден 1981-ва во Скопје у гинекологија Чаир. Стариот мој бил во Лондон и земал ZX Spectrum во 1983-та година. Откако памтам за себе го памтам спектрумот, до ден денес го имам. Не сум го уклучил 20 години, ваљда сеуште е исправен, а можда и не. Ги паметам игрите Grand prix, Bruce Lee, Chucky Egg, Pacman. Памтам мајка ми и татко ми како се караат на кого му е доста и кој е следен да игра. Игрите се снимаа преку касетофон Искра Унитра.
Во 1988-ма кога бев прваче татко ми донесе дома Амига, со монохроматски монитор ама програмата за сметководство не работела, па го вратил.
Во 1989-та година го донесе првиот PC, беше Intel 8088 и работеше на 1Mhz ако не се лажам. Тоа беше некој половен компјутер кој го имавме кратко време. Некаде 1991-ва кога се приватизираше стопанството татко ми беше познат сметководител низ Скопјево а јас во 3-то одделение штотуку научив латиница и почнав да се интересирам сериозно. Тогаш имав памтам некој едноставен Тетрис и татко ми го купи првиот нов компјутер 80286 на 16MHz со 14 инчен монохром монитор, црна, бела и портокалова боја. Кратко после тоа татко ми го собраа во ЈНА кога изби војната како воено лице и компјутерот не се користеше. Мене ми беше забрането да го чепкам. После тоа кога се врати, тој компјутоер го снема и татко ми купи Intel 386DX на 40Mhz turbo и 16MHz стандард 3072kb RAM, као ѓоа 4Mb. Имаше 200Mb хард диск, немаше оптика, немаше Sound Blaster. Купен беше од фирмата Desk Electronic Pull газдата се викаше Драгиша, пријател на стариот мој. Мониторот потоа го сменивме со 14 инчен Axiom монитор во боја. Подоцна памтам ставивме и онаков затемнет филтер за пред мониторот со жица за заземјување. После некое време земавме и некој CD-ROM Quad Speed Митсуми или како и да се викаше, половен ама не работеше, па земавме 16x Teac. После тоа ставивме и Sound Blaster. Тогаш прв пат чув компјутерска музика:
Тоа беа неверојатни моменти, и ден денес чат-пат си ја слушам тракава.
Некоја година помина, од истата фирма Деск Електроник Пул земавме Pentium MMX 166MHz со 8Mb RAM и 1.3Gb hard disk Quantum Fireball ако не се лажам. На него имаше некоја Intel 740 AGP графичка картица. Тогаш се играше NBA 96, FIFA94, RoTT, F1 Grand Prix, Rallye, Test Drive2, Test Drive 3 и други, резолуциите беа или 640х480 или 800х600. Тогаш испадна и Civilization! Одев со точак од Соборна црква до Ривер софт карши Света петка. Во тоа време Ривер Софт беа ЦД-тека во една скапана гаража во една куќа кај Света Петка. Civilization 1 ја собираше на 4 дискети, претходно исчистени со Disk Dupe кој го памти, значи моја генерација е. Тогаш и другариве почаа да купуваат компјутеир од Инфопроект и УСАМАК компјутери, беа побрзи и понови од мојот. Имав DOS ама и Windows 3.1, подоцна Windows 3.11. Тогаш и Семос се појави, Геро тогаш беше директор таму, со татко ми се знаеја па сум ги слушал со саати како дискутираат хардвер.
Во тоа време памтам мислам дека бев 5-то одделение некаде 1993-та имаше саем за компјутери. Тогаш прв пат на лично не верување со другарите прв пат ја видовме на штанд на компјутер инсталирана Need for Speed! Човече! Прв пат видов cockpit view и Skid marks, шлајфување во место и цртање крофни. Со друштвово се пореметивме рековме играва мора да ја донесеме дома. Жими се, инсталацијата на играта беше 90mb. Пресметавме дека ќе ни требаат околу 70 дискети за да ја преснимаме и донесеме дома. Се собравме недна тајфа школски, јас, Гаро-мали Тавитјан, Фис мали, Чало, Васо, Чунихин, собравме клети 70 дискети и трк со точаци на саем. Ни дозволиај во гужвата, мењавме 70 дискети, снимавме ARJ фајлови и прво донесовме кај мене дома. Трошевме саати за да ги преснимаме сите дискети на хард диск. Откако преснимавме и стартувавме nfs.exe ај погодете што! Бараше CD да се стави. Тоа беше hearth break за нас, немавме поима дека играта се игра само со вметнато CD од 640mb. За да се игра мораше да се инсталира Windows 95 и FAT32 партиција. Ама тоа беа денови, детски желби, големи авантури и големи разочарувања, CRC ерори ама така се калеше челикот.
Години напред, долго време го имавме Пентиумот. Татко ми работеше сметководство на него, јас се закачив со извидници и ретко бев дома па помалку и гејмав. Едно време одев во Народна техника и таму учев програмирање во Turbo Pascal кај Владимир, ова во средните 90-ти.
После тоа некое време кон крајот на 90-тите братучедот мој работеше во некоја фирма и тие расходуваа некои компјутери и мене ми подарија половен Cyrix 233Mhz компјутер комплет со монитор. Тој ми беше првиот компјутер само за мене, во моја соба, што не морав да го делам со татко ми, не се плашев да не му го сјебам сметководтвото и тогаш почнав сам да чепкам и да експериментирам. Windows 98 може 20 пати го реинсталирав со Startup Disketа и инсталационо ЦД. Бев средно школо и тогаш масовно се купуваа компјутери. Даре најблискиот другар тогаш купи од AMC некој компјутер со Celeron A со 96kb Cache и некои 300 Mhz фрекфенција.
Vo 2000-та матурирав и со братучедот отворивме фирма за компјтуери и системски инженеринг, се викаше SW-IT. Тогаш почнав сериозно со диверзитет на хардвер. Продававме све и свашта на разно-разни фирми, местевме мрежи, софтвери за сметководство, каси, благајни и што уште не. Најпрвиот хардвер сокој сум склапал масовно со десетици компјутери на ден беа некои Abit, Asus и Gigabyte плочи со Pentium 3 Katmai 750Mhz - 933mhz и некои стандардни 32, па 64 па 128Mb RAM. Хардвер се купуваше од следниве фирми:
Фламинго компјутери - мислам дека романска фирма, имаа све од хардвер. Имаа симпатична романка која продаваше хардвер, подоцна се омажи со мој драг другар кој исто така таму работеше. Сенаоѓаа во Капиштец карши Алумина во зградите. Они носеа MSI хардвер. Од нив земав Intel Pentium 3 Coppermine 933MHz со SD-RAM. Имаше некој дефект па го сменив со MSI плоча и Intel Celeron 1.7GHz на s478.
РЕМА компјутери - беа застапници на Cisco, Epson, Sharkoon се наоѓаа во капиштец кај заводот за рехабилитација
Smart kompjtueri - кај грчка амбасада, продаваа хардвер и имаа софтвер за сметководство. тој сум го имплементирал по форми во раните 2000-ти
Дигит компјутери се распаднаа на Дигит компјутери (лептокарија), Дигит и Дигит компјтуерски инженеринг (МКЦ, подоцна на Орце Николов кај @mdeni во комшии, кај што се сега Инсомниа). Од нив сум земал Nexans RJ45 конектори, UTP, FTP CAT5, CAT5e мрежни кабли, со десетици котури, еден котур имаше памтам 305 метри кабел.
Конико компјутери - носеа Gigabyte hardware, подоцна и јас работев таму некое време, имплементирав Datalab Pantheon, ние први го донесовме во Македонија и го имплементиравме. Подоцна баталија хардвер и се фатија со surveliance oprema, па опет иста песна..
Login Systems - беа првата сериозна System Engineering фирма, заедно со Семос, кај нив бев на пракса во средно школо, во 1999-та работев на македонската локалиозација на Windows 98, тогаш прв пат се појави македонска кирилица и работеше со Times New Roman и останатите латинични фонтови. Поминаа уште 10 години додека да македонците сфатија дека не мора да користат македонски фонтови.
Neocom - продаваа сервери, одкај нив земав па местев во Саса, Брако, MZT, Централен регистар и каде уште не.
Niko компјутери на Јужен булевар носеа Abit хардвер, со нив сум склопувал по 20 компјутери на ден.
River Soft се наоѓаа зад Буњаковек карши дистрибуција, продаваа LG и MSI хардвер. Први почнаа со давање роба исклучиво на профактура, плати па клати. Сум носел заверени налози од банка, па ги проверуваа со банката да не се фалсификат пред да ми дадат роба
Со Anhoch и AMC братучедот имаше нарушени односи па одкај нив речиси не земав хардвер. AMC носеа Asus а Anhoch носеа Gigabyte и Кингстон и брендираа свои BIOS-и, добропознатите Altea, Goliath и уште некој, се наоѓаа на водњанска под клиника.
Едно време фатив проект за Светска банка и ги запознав Intec System. Тогаш носеа Fujitsu хардвер и подоцна Fujitsu-Siemens. Само они имаа сертификат за потекло на хардвер од EU, као демек склапани во Германија, драпај си меот, па странскиве фирми како Светска банка бараа хардвер со потекло од ЕУ. Таму сум дал еден куп хардвер, desktop и сервер машини.
Во Карпош 1 зад Центар за странски јазици имаше една фирма, како се викаа не можам да се сетам, носеа Wireless опрема. Од таму сум земал омни, бидирекциони и грид антени, па се пентарев по згради, силоси, јарболи, местев Wifi опрема низ државава. Цел Кочани, Штип, тетово, Гостивар, М Каменица, цели населби сум покривал со Wifi.
Во тоа време беа актуелни Inet, застапници за Lenovo. Се кашкаа нешто со ITD си ги земаа правата над Леново. Во тоа време Societe General ја презедоа Охридска банка, па сум местел небројана количина Lenovo десктоп и сервер машини со некоја Richle & De Massari мрежна опрема, Nexans Server ракови од една фирма што имаа во Лисиче магацини, како ли се викаа, сум ги заборавил, носеа и APC упс-и. Со Inet и ден денес сме добри другари, интересно е што вработените се таму по 15 години и јаче, одлична фирма за пример.
Во тоа време актуелна беше фирмата за хардвер зад универзална сала, се викаше нешто као Оxi компјутери, нивни вработен беше тука активен член долго време па исчезна. Носеа Thermaltake повремено, страшни куќишта и кулери за LGA775 меѓу другото.
Се појавија и Мебиус, кочанчани, група од повеќе бизниси кои работеа од секаде, централа им беше карши Здравко цветковски интернатот. Продадоа еден куп хардвер, гарантираа за квалитетот и исчезнаа после тоа без трага и глас.
Зоте брос се наоѓаа на раскирницата Орце Николов со Рузвелтова, беа претпазлива фирма, продаваа малку хардвер ама со убави маржи и добар квалитет, секогаш комуникативни и спремни за журка и експерименти.
Макс компујтери - беа една од поквалитетните мали фирми, се наоѓаа на самиот кружен тек до Ленинова, носеа ексклузивен хардвер по нарачка и квалитетно склопуваа, јас се мешав таму кога имаше многу нарачки
Accent компјутери - почнаа во гаража во К Вода (Мики) и пораснаа во респектабилна фирма, носеа све и свашта од хардвер, некои кинески брендови, непознати но квалитетни
Сево ова траеше до 2009-та година, заминав за Америка како Business Analyst и мојата авантура со масовни количини хардвер заврши. Од тогаш па наваму работам софтвер, но хардверот не излегува од коски па што сака нека е. Додека ми течат штрафови, САТА-кабли и скршени пинови од PGA процесори низ вени, хардверот не излегува од мене. Сигурен сум дека испуштам уште ред фирми али јбг 1 саат станало. Сега нема да можам да заспијам од спомени, кој знае што ќе ми се заврти низ глава додека заспијам, Jamieson би требало да помогне. Кој читаше до тука немал попаметна работа, бар спомнете некоја од античките фирми ако сум испуштил.
Треба да се собереме фелата од времето и да овековечиме, додека сеќавањата сеуште постојат. Тоа е историја.Ова плаче за некој видео сериал да се направи
Не, тие не ми се познати.@Astro, West computing, Марко и Тови, не си работел со нив? Први носеа плотери и слични работи, беа во Бирарија веднаш до нашата фирма (Еурис), потоа се префрлија на И. Милутиновиќ кај Универзална.
Омниа беа на почетокот во Макотекс... После се преселија на Партизанска...Омниаааа!! Омниа ги заборавив. Носеа директ Интел и АМД процесори, HP и компатибилни тонери од оваму-онаму, Xerox исто, карши горењ зградата кај лептокарија ;D носеа MSI одкај Фламинго и Gigabyte од Anhoch и Конико, HP од ITD.
Vortex исто а и Rainbow во Лисиче во трговскиот кај полицијата. После таму се сместија и Wizard системи , носеа системи за надзор и евиденција на работно време.
Мислењето е автоматски споено:
Треба да се собереме фелата од времето и да овековечиме, додека сеќавањата сеуште постојат. Тоа е историја.

Во подрум (сутерен) на зграда на патеката од сегашна зебра према Народен фронт? Уф, нешто сум купувал од таму... цд, модем, двд... не се сеќавам, ама на чекови беше...Не, тие не ми се познати.
А ги памти ли некој една мала фамилијарна фирмичка што почнаа во Драчево, па после се префрлија во Капиштец на народен фронт во зградите? Сашо се викаше човекот, крупен момак со брада. Памтам за 386-ката одев кај него купував Numerical Co-processor, ми требаше за да програмирам Pascal. Тогаш беа во Драчево, па подоцна во 90-тите дојдоа во Капиштец.
Да, баш таму на сутеренотВо подрум (сутерен) на зграда на патеката од сегашна зебра према Народен фронт? Уф, нешто сум купувал од таму... цд, модем, двд... не се сеќавам, ама на чекови беше...
Не, тие не ми се познати.
А ги памти ли некој една мала фамилијарна фирмичка што почнаа во Драчево, па после се префрлија во Капиштец на народен фронт во зградите? Сашо се викаше човекот, крупен момак со брада. Памтам за 386-ката одев кај него купував Numerical Co-processor, ми требаше за да програмирам Pascal. Тогаш беа во Драчево, па подоцна во 90-тите дојдоа во Капиштец.
Дааааааааа, Анфил! Женаму повеќе ја биваше за математика.На Анфил мислиш? Саше незнаеше проценти да рачуна како треба. 40 долари +5% данок 65 долари за цд-ром![]()
Колку знам сега работат исклучиво со софтвер, мрежи...Тие ја имаа програмата за работа во нет кафинја исто. Кога сме кај Охрид: Максипринт и ЈонгисПрвиот компјутер земен во ЕНТЕР -Охрид кон крајот на 90-те. Не знам дали постои сеуште.
мебиус мислам беа нешто како нексио денес, голем број студенти пазареа од мебиус така и јас имав ценовници во тоа време.Ја ме ја. Заспаа моиве, нема ваљда да се разбудат.
Се започна од едно од моите најстари сеќавања. Роден 1981-ва во Скопје у гинекологија Чаир. Стариот мој бил во Лондон и земал ZX Spectrum во 1983-та година. Откако памтам за себе го памтам спектрумот, до ден денес го имам. Не сум го уклучил 20 години, ваљда сеуште е исправен, а можда и не. Ги паметам игрите Grand prix, Bruce Lee, Chucky Egg, Pacman. Памтам мајка ми и татко ми како се караат на кого му е доста и кој е следен да игра. Игрите се снимаа преку касетофон Искра Унитра.
Во 1988-ма кога бев прваче татко ми донесе дома Амига, со монохроматски монитор ама програмата за сметководство не работела, па го вратил.
Во 1989-та година го донесе првиот PC, беше Intel 8088 и работеше на 1Mhz ако не се лажам. Тоа беше некој половен компјутер кој го имавме кратко време. Некаде 1991-ва кога се приватизираше стопанството татко ми беше познат сметководител низ Скопјево а јас во 3-то одделение штотуку научив латиница и почнав да се интересирам сериозно. Тогаш имав памтам некој едноставен Тетрис и татко ми го купи првиот нов компјутер 80286 на 16MHz со 14 инчен монохром монитор, црна, бела и портокалова боја. Кратко после тоа татко ми го собраа во ЈНА кога изби војната како воено лице и компјутерот не се користеше. Мене ми беше забрането да го чепкам. После тоа кога се врати, тој компјутоер го снема и татко ми купи Intel 386DX на 40Mhz turbo и 16MHz стандард 3072kb RAM, као ѓоа 4Mb. Имаше 200Mb хард диск, немаше оптика, немаше Sound Blaster. Купен беше од фирмата Desk Electronic Pull газдата се викаше Драгиша, пријател на стариот мој. Мониторот потоа го сменивме со 14 инчен Axiom монитор во боја. Подоцна памтам ставивме и онаков затемнет филтер за пред мониторот со жица за заземјување. После некое време земавме и некој CD-ROM Quad Speed Митсуми или како и да се викаше, половен ама не работеше, па земавме 16x Teac. После тоа ставивме и Sound Blaster. Тогаш прв пат чув компјутерска музика:
Тоа беа неверојатни моменти, и ден денес чат-пат си ја слушам тракава.
Некоја година помина, од истата фирма Деск Електроник Пул земавме Pentium MMX 166MHz со 8Mb RAM и 1.3Gb hard disk Quantum Fireball ако не се лажам. На него имаше некоја Intel 740 AGP графичка картица. Тогаш се играше NBA 96, FIFA94, RoTT, F1 Grand Prix, Rallye, Test Drive2, Test Drive 3 и други, резолуциите беа или 640х480 или 800х600. Тогаш испадна и Civilization! Одев со точак од Соборна црква до Ривер софт карши Света петка. Во тоа време Ривер Софт беа ЦД-тека во една скапана гаража во една куќа кај Света Петка. Civilization 1 ја собираше на 4 дискети, претходно исчистени со Disk Dupe кој го памти, значи моја генерација е. Тогаш и другариве почаа да купуваат компјутеир од Инфопроект и УСАМАК компјутери, беа побрзи и понови од мојот. Имав DOS ама и Windows 3.1, подоцна Windows 3.11. Тогаш и Семос се појави, Геро тогаш беше директор таму, со татко ми се знаеја па сум ги слушал со саати како дискутираат хардвер.
Во тоа време памтам мислам дека бев 5-то одделение некаде 1993-та имаше саем за компјутери. Тогаш прв пат на лично не верување со другарите прв пат ја видовме на штанд на компјутер инсталирана Need for Speed! Човече! Прв пат видов cockpit view и Skid marks, шлајфување во место и цртање крофни. Со друштвово се пореметивме рековме играва мора да ја донесеме дома. Жими се, инсталацијата на играта беше 90mb. Пресметавме дека ќе ни требаат околу 70 дискети за да ја преснимаме и донесеме дома. Се собравме недна тајфа школски, јас, Гаро-мали Тавитјан, Фис мали, Чало, Васо, Чунихин, собравме клети 70 дискети и трк со точаци на саем. Ни дозволиај во гужвата, мењавме 70 дискети, снимавме ARJ фајлови и прво донесовме кај мене дома. Трошевме саати за да ги преснимаме сите дискети на хард диск. Откако преснимавме и стартувавме nfs.exe ај погодете што! Бараше CD да се стави. Тоа беше hearth break за нас, немавме поима дека играта се игра само со вметнато CD од 640mb. За да се игра мораше да се инсталира Windows 95 и FAT32 партиција. Ама тоа беа денови, детски желби, големи авантури и големи разочарувања, CRC ерори ама така се калеше челикот.
Години напред, долго време го имавме Пентиумот. Татко ми работеше сметководство на него, јас се закачив со извидници и ретко бев дома па помалку и гејмав. Едно време одев во Народна техника и таму учев програмирање во Turbo Pascal кај Владимир, ова во средните 90-ти.
После тоа некое време кон крајот на 90-тите братучедот мој работеше во некоја фирма и тие расходуваа некои компјутери и мене ми подарија половен Cyrix 233Mhz компјутер комплет со монитор. Тој ми беше првиот компјутер само за мене, во моја соба, што не морав да го делам со татко ми, не се плашев да не му го сјебам сметководтвото и тогаш почнав сам да чепкам и да експериментирам. Windows 98 може 20 пати го реинсталирав со Startup Disketа и инсталационо ЦД. Бев средно школо и тогаш масовно се купуваа компјутери. Даре најблискиот другар тогаш купи од AMC некој компјутер со Celeron A со 96kb Cache и некои 300 Mhz фрекфенција.
Vo 2000-та матурирав и со братучедот отворивме фирма за компјтуери и системски инженеринг, се викаше SW-IT. Тогаш почнав сериозно со диверзитет на хардвер. Продававме све и свашта на разно-разни фирми, местевме мрежи, софтвери за сметководство, каси, благајни и што уште не. Најпрвиот хардвер сокој сум склапал масовно со десетици компјутери на ден беа некои Abit, Asus и Gigabyte плочи со Pentium 3 Katmai 750Mhz - 933mhz и некои стандардни 32, па 64 па 128Mb RAM. Хардвер се купуваше од следниве фирми:
Фламинго компјутери - мислам дека романска фирма, имаа све од хардвер. Имаа симпатична романка која продаваше хардвер, подоцна се омажи со мој драг другар кој исто така таму работеше. Сенаоѓаа во Капиштец карши Алумина во зградите. Они носеа MSI хардвер. Од нив земав Intel Pentium 3 Coppermine 933MHz со SD-RAM. Имаше некој дефект па го сменив со MSI плоча и Intel Celeron 1.7GHz на s478.
РЕМА компјутери - беа застапници на Cisco, Epson, Sharkoon се наоѓаа во капиштец кај заводот за рехабилитација
Smart kompjtueri - кај грчка амбасада, продаваа хардвер и имаа софтвер за сметководство. тој сум го имплементирал по форми во раните 2000-ти
Дигит компјутери се распаднаа на Дигит компјутери (лептокарија), Дигит и Дигит компјтуерски инженеринг (МКЦ, подоцна на Орце Николов кај @mdeni во комшии, кај што се сега Инсомниа). Од нив сум земал Nexans RJ45 конектори, UTP, FTP CAT5, CAT5e мрежни кабли, со десетици котури, еден котур имаше памтам 305 метри кабел.
Конико компјутери - носеа Gigabyte hardware, подоцна и јас работев таму некое време, имплементирав Datalab Pantheon, ние први го донесовме во Македонија и го имплементиравме. Подоцна баталија хардвер и се фатија со surveliance oprema, па опет иста песна..
Login Systems - беа првата сериозна System Engineering фирма, заедно со Семос, кај нив бев на пракса во средно школо, во 1999-та работев на македонската локалиозација на Windows 98, тогаш прв пат се појави македонска кирилица и работеше со Times New Roman и останатите латинични фонтови. Поминаа уште 10 години додека да македонците сфатија дека не мора да користат македонски фонтови.
Neocom - продаваа сервери, одкај нив земав па местев во Саса, Брако, MZT, Централен регистар и каде уште не.
Niko компјутери на Јужен булевар носеа Abit хардвер, со нив сум склопувал по 20 компјутери на ден.
River Soft се наоѓаа зад Буњаковек карши дистрибуција, продаваа LG и MSI хардвер. Први почнаа со давање роба исклучиво на профактура, плати па клати. Сум носел заверени налози од банка, па ги проверуваа со банката да не се фалсификат пред да ми дадат роба
Со Anhoch и AMC братучедот имаше нарушени односи па одкај нив речиси не земав хардвер. AMC носеа Asus а Anhoch носеа Gigabyte и Кингстон и брендираа свои BIOS-и, добропознатите Altea, Goliath и уште некој, се наоѓаа на водњанска под клиника.
Едно време фатив проект за Светска банка и ги запознав Intec System. Тогаш носеа Fujitsu хардвер и подоцна Fujitsu-Siemens. Само они имаа сертификат за потекло на хардвер од EU, као демек склапани во Германија, драпај си меот, па странскиве фирми како Светска банка бараа хардвер со потекло од ЕУ. Таму сум дал еден куп хардвер, desktop и сервер машини.
Во Карпош 1 зад Центар за странски јазици имаше една фирма, како се викаа не можам да се сетам, носеа Wireless опрема. Од таму сум земал омни, бидирекциони и грид антени, па се пентарев по згради, силоси, јарболи, местев Wifi опрема низ државава. Цел Кочани, Штип, тетово, Гостивар, М Каменица, цели населби сум покривал со Wifi.
Во тоа време беа актуелни Inet, застапници за Lenovo. Се кашкаа нешто со ITD си ги земаа правата над Леново. Во тоа време Societe General ја презедоа Охридска банка, па сум местел небројана количина Lenovo десктоп и сервер машини со некоја Richle & De Massari мрежна опрема, Nexans Server ракови од една фирма што имаа во Лисиче магацини, како ли се викаа, сум ги заборавил, носеа и APC упс-и. Со Inet и ден денес сме добри другари, интересно е што вработените се таму по 15 години и јаче, одлична фирма за пример.
Во тоа време актуелна беше фирмата за хардвер зад универзална сала, се викаше нешто као Оxi компјутери, нивни вработен беше тука активен член долго време па исчезна. Носеа Thermaltake повремено, страшни куќишта и кулери за LGA775 меѓу другото.
Се појавија и Мебиус, кочанчани, група од повеќе бизниси кои работеа од секаде, централа им беше карши Здравко цветковски интернатот. Продадоа еден куп хардвер, гарантираа за квалитетот и исчезнаа после тоа без трага и глас.
Зоте брос се наоѓаа на раскирницата Орце Николов со Рузвелтова, беа претпазлива фирма, продаваа малку хардвер ама со убави маржи и добар квалитет, секогаш комуникативни и спремни за журка и експерименти.
Макс компујтери - беа една од поквалитетните мали фирми, се наоѓаа на самиот кружен тек до Ленинова, носеа ексклузивен хардвер по нарачка и квалитетно склопуваа, јас се мешав таму кога имаше многу нарачки
Accent компјутери - почнаа во гаража во К Вода (Мики) и пораснаа во респектабилна фирма, носеа све и свашта од хардвер, некои кинески брендови, непознати но квалитетни
Сево ова траеше до 2009-та година, заминав за Америка како Business Analyst и мојата авантура со масовни количини хардвер заврши. Од тогаш па наваму работам софтвер, но хардверот не излегува од коски па што сака нека е. Додека ми течат штрафови, САТА-кабли и скршени пинови од PGA процесори низ вени, хардверот не излегува од мене. Сигурен сум дека испуштам уште ред фирми али јбг 1 саат станало. Сега нема да можам да заспијам од спомени, кој знае што ќе ми се заврти низ глава додека заспијам, Jamieson би требало да помогне. Кој читаше до тука немал попаметна работа, бар спомнете некоја од античките фирми ако сум испуштил.
Грешка 404. Изгледа не платиле за реклама![]()
„Неоком“ го прославува десетгодишниот јубилеј на neoCloud - водечки понудувач на cloud-решенија за македонскиот пазар - Нова Македонија
„Неоком“ АД Скопје, компанија што има повеќе од три децении искуство во ИКТ-индустријата, го одбележа 10-годишниот јубилеј на својот бренд за услуги во облак – neoCloud. Настанот, кој се одржа во хотелот „Панорамика“, привлече деловни партнери, клиенти и ИТ-експерти, кои имаа можност да се...novamakedonija.com.mk
Бесплатна достава
KEYBOARD MECHANICAL KEYCHRON K10 MAX HS Full Size RGB Keychron super Banana switch, Multi-Device 2.4 GHz & BT Black, K10M-H4
8.840,00 ден
Бесплатна достава
GAMING CHAIR FragON 2X Rev. 2.0 BLACK/WHITE
11.780,00 ден
Бесплатна достава
KEYBOARD MECHANICAL KEYCHRON K3 MAX QMK/VIA LP RGB HS 75% Gateron Brown switch Multi-Device (Wired+Bluetooth), Black, K3M-H3
6.600,00 ден
Бесплатна достава
SSD M.2 1TB WD Green SN3000 NVMe Gen4 5000MB/s WDS100T4G0E
8.940,00 ден
Бесплатна достава
CABLES MONITOR HDMI M-M 3M Secomp, 11.99.5543-10
230,00 ден
Бесплатна достава
BACKPACK EXTRALINK BLACK FOREST CABIN TRAVEL BACKPACK 40X30X20 CM - KM01 PINK
1.970,00 ден