gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.054
- 14.133
Јас често нарачувам преку кликни јади. Коректни се. Ако зезне некој ресторан веднаш реагираат со носење на нова пратка или со бонус за наредна нарачка.
Многу често се случува да немаме време да се точкаме по ресторани и да мафтаме храна до дома или да готвиме.
Инаку најголемиот број ресторани немаат своја достава. Само чат пат пицерии или КФЦ кои најчесто ќе пратат некој мрсулко што го мрзи да се качи до врата па се јавува да се симнам, и тоа што побрзо.
Конкуренција е секогаш добредојдена. Дали ќе биде болт, волт или некој трет, не е битно. А работа ќе има за тие кои имаат добра услуга. Цената не до толку. На тој што често прави нарачки не му менува дали ќе плати 80 или 90 денари за достава.
Кај такси превоз веќе и цената е значајна зашто и разликата ќе биде поголема.