Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Apple Pay во Македонија

Viko

hello world
28 јуни 2022
316
293
Дали се спремат Халк за утре? ;)

едит: има најава за надоградба на системот за електронско и мобилно банкарство (вечер).
Чисто сумљам на веб-страните ни Халк ни СТБ имаат било што поврзано со Apple Pay...
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Со македонски документи?
Кларна не е достапна на нашиот пазар. Очигледно Petarys не појаснува, но не живее тука. Најверојатно Германија, со оглед дека Кларна е најраспространета таму.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.646
1.808

kirev

senior
31 мај 2010
9.085
7.773
Значи како кредитните картички. А прашањето ми е дали работи во Македонија со Apple Pay?
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.646
1.808
Значи како кредитните картички. А прашањето ми е дали работи во Македонија со Apple Pay?
Мора продавницата каде купуваш да биде партнер со Кларна, пример одиш во Седмица купуваш сендвич за 300 денари и го плаќаш преку Кларна, односно не го плаќаш сега туку наредните 6 месеци плаќаш по 50денари, така функционира тоа.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Навистина не сакам да ја загадуваме темата, но не е така - на Кларна не ѝ е примарно одложеното плаќање како што велиш. Тоа е само една од трите опции на плаќање. Или плаќаш регуларно како со секоја друга картичка, или плаќаш на рати, или плаќаш одложено. Впрочем, во суштина, како секоја друга кредитна картичка...

И да завршиме тука со Кларна во тема за Apple Pay.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.085
7.773
Дали функционира со македонски документи во Епл пеј? Дали можам да си направам сметка и со неа бесконтактно да плаќам по дуќани?

Ова е тема за Епл пеј или не е?
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Ама, дали функционира со Apple Pay или не, нема допирна точка со достапноста на Кларна кај нас. Ако не функционира кај нас Кларна - не функционира и точка, без разлика дали преку Apple Pay или со физичка картичка. Јас од старт тргнував од логичната претпоставка дека такви основни работи ги подразбираш...
 
fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Сте пробале ли да додадете картичка на Apple pay wallet на Mac?
Вика верификација директно од страна на банката. Се јавувам во КБ, дечките појма немаат...
 
TouchIT

lurker
9 јули 2018
901
643
Сте пробале ли да додадете картичка на Apple pay wallet на Mac?
Вика верификација директно од страна на банката. Се јавувам во КБ, дечките појма немаат...
Јас преку НЛБ, им пишав мејл ме контактираа и ми активираа.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Кога ќе се појави прозорчето што ти вели дека треба да се јавиш во банка и ти го прикажува телефонскиот број, од телефонот заврти на бројот и во моментот кога ќе кренат ќе се активира картичката. Само, треба да ти е вклучено она Calls on Other Devices, за да може да регистрира Mac-от дека вртиш на бројот. Или обиди се да завртиш на бројот преку Mac-от. Јас вака ја активирав.

Исто така, тие на телефон врска немаат ништо за Apple Pay. Ако не ти успее со методов, пиши на [email protected]
 
lxndrt

read-only
24 јули 2023
30
57

Доколку ја додаваш картичката на Mac, при верификација кога треба да се јавиш во банка - автоматски со самиот повик ја добиваш верификацијата без потреба да разговараш со агент? Дали добро разбрав?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно