Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Апдејт на форум v2.1.11 29/09/2020 [Куп Features]

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.784
33.894
roka.mk
Пред се да се извиниме за големиот downtime, трансферот беше огроме и бараше време. Исто така сакавме да бидаме сигурни дека се е како треба пред да го пуштиме.

Помина година дена од последниот update и повеќе од година ипол од неговото најавување. На наше и ваше задоволство тука е upgrade на 2.1.11 верзија на xenforo, која доаѓа со куп новости кои ќе ви го направат попријатен престојот овде.

Со оваа надградба фокус ставивме на подобрување на корисничкото искуство со форумот и за таа цел ќе имате поголема контрола над вашите профили со многу custom опции кои досега ги немавте.

Само да напомена дека во предвид се земени сите конструктивни предлози кои беа дадени од ваша страна во изминатиот период и истите имплементирани, освен оној за „учинок“ истиот го проучувам сеуште.

Што е ново:

1. Додадена "SEEN" опција во приватни пораки.
- Со која ќе можете да видите дали учесникот/учесниците во пораката ја прочитале истата.

Screenshot_3.jpg

2. Можност за промена на тема од светла во темна и обратно со само еден клик.

Screenshot_2.jpg

3. Долго очекуваните реакции like a facebook во постовите.

Screenshot_4.jpg

4. Поголем избор на смајлиња.

5. Персонализација на вашиот профил.
- Креирате сопствен URL за вашиот профил (Лични подесувања -> Персонален URL). Само за огласувачи

Screenshot_5.jpg


6. Реорганизирање на правилата.
- Во навигацијата (ЌЕ) имате линк кој води до правилата за секогаш да ги имате на ум, и да се потсетувате на истите кога ќе ги подзаборавите.

7. Dropdown on Hover на мени.
- На претходната верзија менито во навигацијата се отвараше само со поминување на маусот преку нив, во оваа верзија тоа е по желба. Стандардно се отвара со hover, но доколку можете да го исклучите (Прилагодувања -> Паѓачко мени).

8. Систем за кредитирање.
- Воведен е систем со кој се собираат/губат поени за активности на форумот. Повеќе детали за ова во посебна тема каде ќе објаснам повеќе за што се добива, а за што се одземаат поените.(Во фаза на имплементација)

9. Подобрено пребарување.
- Пребарувањето на форумот од сега ќе ви дава 5 пати повеќе резултати од пртходно.


Заштита и безбедност:

1. Предупредување за стара тема.
- Доколку темата е постара од 90 дена, ќе имате известување со кое ќе треба да се сложите пред да ви биде овозможено да постирате во истата.

2. Безбедност за прикачување слики.
- Системот нема да ви дозволи да поставите слика која нема https, т.е слики со http повеќе нема да можете да поставуате на форумот.

3. Побезбедни лозинки.
- Вашата лозинка ќе мора да исполнува одредена јачина за да можете да ја смените.

4. Брзи репорт причини.
- Кога правите репорт на одреден пост ќе имате можност да одберете една од наведените причини или доколку пријавувате за нешто што нема во наведените, пишувате причината.

Останатите работи се исти, а некои се отфрлени од претходно.
Можете да го исклучите блокот со новости од портал и левото црвено мени со одштиклирање на полињата во Прилагодувања -> Скријте последни новости и Скријте лево мени.

Што се однесува до дизајнот на форумот, поучени од минатото направивме дизајн најсличен на претходниот, каде исто така имате светла и темна тема, но за оние искусните кои сакаат промени имаме нешто сосема нови и поразлично (повеќе за ова наскоро).

И за крај сакам да дадам една огромна благодарност до @Metuzalem , @Sharlovski и @spiritBreaker кои дадоа огромен учинок во преводот, со што овозможија форумот да проговори македонски во целост... секако очекуваме да пријавете доколку најдете несоодветен превод или не преведен дел, а од нив чекам да кажат title по желба :)

Ви посакувам приатен остаток од ноќта и очекувам фидбек за сработеното, како и сите пријави за bugs.

Имајте на ум дека наредниов период ќе се работи на тоа сите грешки за кои знаеме, а и оние кои вие ќе ги пријавите бидат отстранети.

Благодариме за разбирањето.

Со огромна почит,
IT.MK Тим.

P.S favicon од Авид е шега, ќе биде вратен нормалниот секако :)
 
Последна промена:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Ај да пробам :zipit:

3. Долго очекуваните реакции like a facebook во постовите.


Screenshot_4.jpg

Oва е WIP или јас не го гледам?
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.659
13.706
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
hover на Ми се допаѓа
 

masterwu

lurker
11 февруари 2016
853
815
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Бидејќи претходната тема беше заклучена за нови мислења, ќе пишам туга за уште некој баг што приметив:

4. Сандачето со пораки и известувањата претпоставувам повторно имаат некаков визуелен индикатор како што во претходната верзија имаше бројка со бројот на нови пораки / известувања. Во старата верзија, скрин ридерот ги читаше овие бројки, но во новата нема никаков индикатор дали имам нови пораки или известувања. Ридеров го чита само насловот на мениата како „Сандаче“ и „Известувања“. Доколку повторно има бројка како на претходната верзија, би требало да се чита бројката.

Сега приметив дека во насловот на табот на браусерот се става бројче па можам да дознаам дека имам некакво известување или порака преку насловот на самиот таб, но сепак убаво би било д асе среди и читањето на бројките кога се фокусира сандачето или известувањата :)

5. Ова е тесно поврзано со првата точка за Heading елементи. Во претходната верзија насловите на пораките во сандачето (кога ќе се кликне два пати на сандачето за целосниот преглед на пораките) беа исто Heading елементи. Истото беше и со известувањата.

Ако имате некаква to-do листа, вметнете ги и овие забелешки :)
 

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.729
4.308
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Авид е наша форумска икона @Fatal1ty_ :D
 

Garfield'

Баниран/a
18 јануари 2019
299
59
Blisku Berovo
Пред се да се извиниме за големиот downtime, трансферот беше огроме и бараше време. Исто така сакавме да бидаме сигурни дека се е како треба пред да го пуштиме.

Помина година дена од последниот update и повеќе од година ипол од неговото најавување. На наше и ваше задоволство тука е upgrade на 2.1.11 верзија на xenforo, која доаѓа со куп новости кои ќе ви го направат попријатен престојот овде.

Со оваа надградба фокус ставивме на подобрување на корисничкото искуство со форумот и за таа цел ќе имате поголема контрола над вашите профили со многу custom опции кои досега ги немавте.

Само да напомена дека во предвид се земени сите конструктивни предлози кои беа дадени од ваша страна во изминатиот период и истите имплементирани, освен оној за „учинок“ истиот го проучувам сеуште.

Што е ново:

1. Додадена "SEEN" опција во приватни пораки.
- Со која ќе можете да видите дали учесникот/учесниците во пораката ја прочитале истата.

Погледнете го атачментот 91497

2. Можност за промена на тема од светла во темна и обратно со само еден клик.

Погледнете го атачментот 91498

3. Долго очекуваните реакции like a facebook во постовите.

Погледнете го атачментот 91499

4. Поголем избор на смајлиња.

5. Персонализација на вашиот профил.
- Креирате сопствен URL за вашиот профил (Лични подесувања -> Персонален URL). Само за огласувачи

Погледнете го атачментот 91500


6. Реорганизирање на правилата.
- Во навигацијата (ЌЕ) имате линк кој води до правилата за секогаш да ги имате на ум, и да се потсетувате на истите кога ќе ги подзаборавите. (Во фаза на имплементација)

7. Dropdown on Hover на мени.
- На претходната верзија менито во навигацијата се отвараше само со поминување на маусот преку нив, во оваа верзија тоа е по желба. Стандардно се отвара со hover, но доколку можете да го исклучите (Прилагодувања -> Паѓачко мени).

8. Систем за кредитирање.
- Воведен е систем со кој се собираат/губат поени за активности на форумот. Повеќе детали за ова во посебна тема каде ќе објаснам повеќе за што се добива, а за што се одземаат поените.(Во фаза на имплементација)

9. Подобрено пребарување.
- Пребарувањето на форумот од сега ќе ви дава 5 пати повеќе резултати од пртходно.


Заштита и безбедност:

1. Предупредување за стара тема.
- Доколку темата е постара од 90 дена, ќе имате известување со кое ќе треба да се сложите пред да ви биде овозможено да постирате во истата.

2. Безбедност за прикачување слики.
- Системот нема да ви дозволи да поставите слика која нема https, т.е слики со http повеќе нема да можете да поставуате на форумот.

3. Побезбедни лозинки.
- Вашата лозинка ќе мора да исполнува одредена јачина за да можете да ја смените.

4. Брзи репорт причини.
- Кога правите репорт на одреден пост ќе имате можност да одберете една од наведените причини или доколку пријавувате за нешто што нема во наведените, пишувате причината. (Во фаза на имплементација)

Останатите работи се исти, а некои се отфрлени од претходно.
Можете да го исклучите блокот со новости од портал и левото црвено мени со одштиклирање на полињата во Прилагодувања -> Скријте последни новости и Скријте лево мени.

Што се однесува до дизајнот на форумот, поучени од минатото направивме дизајн најсличен на претходниот, каде исто така имате светла и темна тема, но за оние искусните кои сакаат промени имаме нешто сосема нови и поразлично (повеќе за ова наскоро).

И за крај сакам да дадам една огромна благодарност до @Metuzalem , @Sharlovski и @spiritBreaker кои дадоа огромен учинок во преводот, со што овозможија форумот да проговори македонски во целост... секако очекуваме да пријавете доколку најдете несоодветен превод или не преведен дел, а од нив чекам да кажат title по желба :)

Ви посакувам приатен остаток од ноќта и очекувам фидбек за сработеното, како и сите пријави за bugs.

Имајте на ум дека наредниов период ќе се работи на тоа сите грешки за кои знаеме, а и оние кои вие ќе ги пријавите бидат отстранети.

Благодариме за разбирањето.

Со огромна почит,
IT.MK Тим.

P.S favicon од Авид е шега, ќе биде вратен нормалниот секако :)
Најаки сте во ит форумот,незаменливи сте во ит форумот засекогаш <3
 

SpiritBond

hello world
21 август 2015
412
901
Aerodrom
Untitled.png
Обично со ова се враќам назад на главна страна на форумот. Моментално кога ќе го стиснам не се случува ништо односно ме враќа најгоре на страната... Ова е некое багче или сега е "feature" :D
 

ljupce

hello world
8 ноември 2011
191
137
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
отварам форум ит гледам горе фавикон jordan schlansky wtf? истрипав малце o_O
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Дечки дали има можност текстот кој е пишан по боја да е различен од цитираниот, односно да е со посветла сива (кон бела) боја? Вака на мобилен ми личи помалку прегледно што е цитирано, а што е напишано. Да, знам дека има црвена вертикална линија на цитираниот текст, но сепак слабо се одвојува.

Одлична работа патем, благодарност до сите вклучени.

Screenshot_20200929-230934.png
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Од целиот чејнџлог главната работа ја нема, побрз е форумот некако или така ми се чини?
А темната тема долу на дното ја барав , али ја најдов и таму :))))
Е сеа видов дека нема поддршка за јуникод емоџи :(
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.702
3.344
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Зошто мислам дека оваа слика во позадина има некои лоши бои кои не е баш прегледно менито?

Исто така сметам дека Што има ново? (фали ?) нема потреба од дополнителното dropdown мени затоа што во самото кликање ги имате другите опции (ова од UX) дури и Членови би го тргнал (мое мисење).

Додавање некоја опција за да се тргне сликата би било супер на темна позадина :)
PITzZ90.jpg
 
9 август 2018
1.172
477
Незнам дали е само до мене, ама некако по - тесен ми изгледа сега форумот на Телефон.

На компјутер сеуште немам пробано, ама вака некако на Телефон не ми изгледа широко. Незнам дали е до односот на аспектот (Aspect Ratio) на мојот уред (Samsung A50), или до самиот форум.
Се надевам тоа ќе го подобрите.

Инаку за другото, барем сега за сега си е топ.


Edit: Воочив друг проблем:

Screenshot_20200930-001937_Samsung Internet.jpg
Ова горе, како и да се вика, сега кога ќе почнам надоле да листам и да си читам најнормално како и секој друг, после тоа ако сакам малку нагоре да повлечам, тоа што е на сликата не ми се појавува, а мислам претходно ми се појавуваше. Сега вака морам скрос до горе да скролам па да дојдам до ова, а тоа одзима повеќе време. Мислам дека ова нема којзнае што да одземе време да се среди. Само треба да се направи да се покажува дури и на најмалото скролање најгоре.


И анимациите сецкаат, незнам дали е до мојот Browser, Уред, или до нешто друго ама како што приметувам сте пробале да направите мазна анимација, ама кога се вчитува, таа сецка.
Еве на пример кога ќе отворам да едитирам веќе напишан текст се појавува анимација, ама сецка.
 
Последна промена:

dzunko

hello world
26 септември 2007
394
440
Битола
Супер изгледа новиот интетфејс на форумот. Браво за модераторите и оние кои помогнаа. Моментална забелешка од мене е дека наместо препознатливото ИТ како лого ми излегува логото на членот Авид ☺.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Супер изгледа новиот интетфејс на форумот. Браво за модераторите и оние кои помогнаа. Моментална забелешка од мене е дека наместо препознатливото ИТ како лого ми излегува логото на членот Авид .
Тоа е бај д дизајн

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
Одличен нов интерфеjс, но можеби сум единствениот што ми пречи текстот на мислењата е потемен од останатиот дел на екранот?
1601452206992.png

Според мене треба текстот во 1 да биде поприметлив, одколку во 2 и 3.
 

dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Многу добри промени дечки, браво, се изгледа многу добро и флуидно. Единствена замерка ми е дека текстот во темната тема е доста темен. Мислам дека треба малку посветла сива за подобра читливост.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Неколку багови кои ги приметив:

1. Коа ќе одам со маус на менито ЧЛЕНОВИ горе (на десктоп), се отвара на hover ама не се затвара ако не кликнам на страна негде.

2. Истото се случува и со следното мени (нови мислења, најдете теми, надгледувани) со тоа што уште почудно е дека ако одам со маусот на „најдете теми“ не се отвара подменито, и кога ќе одам на следното („надгледувани“) се отвара подменито за „најдете теми“. Коа ќе одам на следното („барајте во форуми“) се отвара подменито за „надгледувани“. Забележав дека ова се случува коа ќе одам едно по едно од првото натака. Во некои ситуации ги отвара коректно подменијата (со тоа што пак не се затвараат се дури не кликнам на страна или пак не отворам некое друго подмени).

3. Потписот е сетиран но не се прикажува.
(се прикажа тука, чудно - у други некои теми го немаше)
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв