Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Поврзување на интернет во две куќи

ArsenalMK

read-only
7 септември 2016
20
8
Дечки ми треба совет/мислење од вас. Во едната куќа имам поставено рутер од Телеком кој ми е поврзан со кабел до другата куќа со мој рутер кој е стар сигурно околу 9-10 години. Имено преку вифи на главниот рутер добивам брзина многу поголема од другиот. Па сакам да прашам, дали доколку се смени рутерот би можело да се зголеми брзината и во другата куќа? Ако да, предложете некој рутер доколку има до 2500 денари. Да напоменам дека кабелот за интернет е поделен, за рутер и ресивер за телевизија. Во прилог и слики
 

Атачменти

  • IMG_20260720_200956.jpg
    IMG_20260720_200956.jpg
    60,3 KB · Прегледи: 50
  • IMG_20260720_201020.jpg
    IMG_20260720_201020.jpg
    57,8 KB · Прегледи: 51
  • IMG_20260720_200430.jpg
    IMG_20260720_200430.jpg
    3,2 MB · Прегледи: 53

G4M3R

user
26 јуни 2012
1.087
1.388
Проблемот е што ти е поделен кабелот - 2х4 жици за двата приклучоци. Максимално така е 100мбит и нема да добиеш над тоа, без разлика на рутерот.

Друго е тип на кабел и дистанца меѓу куќите. Ако не можеш втор кабел да пуштиш тогаш без разлика што и да смениш нема да добиеш над 100мбит интернет.
 
18 септември 2020
942
881
Македонија

ArsenalMK

read-only
7 септември 2016
20
8
Би помогнало ли доколку на кабелот го исечам делот кој е поделен и директно да го поврзам рутер со рутер, со оглед на тоа дека дека сега телевизијата ми е поврзана на андроид бокс кој работи и на вифи, и реално нема потреба од кабел кој би одел до ресивер. Инаку кабелот по она што гледам е Draka UC300 ако ви значи нешто тоа
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.193
1.645
Скопје
Би помогнало ли доколку на кабелот го исечам делот кој е поделен и директно да го поврзам рутер со рутер, со оглед на тоа дека дека сега телевизијата ми е поврзана на андроид бокс кој работи и на вифи, и реално нема потреба од кабел кој би одел до ресивер. Инаку кабелот по она што гледам е Draka UC300 ако ви значи нешто тоа
Тој рутер на сликата е веројатно TP-Link 740n. Што и да правиш повеќе од 100 мегабита нема да добиеш на кабел, и 75мегабита на вифи.
Така да ново рутерче со гигабитни портови(или барем гигабитен WAN порт) и WiFi6.
Па тој кабелот што ти е двоен, ќе го сецнеш и ќе му ставиш нов/и конектор/и на кој се врзани сите 8 жици. Или ќе си земеш нов кабел за да ги врзеш рутерите.
 

G4M3R

user
26 јуни 2012
1.087
1.388
Би помогнало ли доколку на кабелот го исечам делот кој е поделен и директно да го поврзам рутер со рутер, со оглед на тоа дека дека сега телевизијата ми е поврзана на андроид бокс кој работи и на вифи, и реално нема потреба од кабел кој би одел до ресивер. Инаку кабелот по она што гледам е Draka UC300 ако ви значи нешто тоа
Да, ако го вратиш да е 1:1 т.е со 8 жици ќе добиеш далеку повисока брзина - и на кабел и преку wifi.
 

dashbog

lurker
24 јуни 2008
573
815
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
Одлична телекомска изработка нема што. Се гледа на сликите, црвен изолир, поделен кабрл, убаво стокмено - убаини.
Е сега е на тебе ред да си го дотераш по ново.

Прво, ако не можеш да го смениш кабелот, ќе земеш на истиот кабел на двете страни да им ставиш по една единична спојка со сите 8 жици. Ако немаш како да ставиш, земи еден готов печ кабел, сечи го на пола и спој ги сите 8 кабли боја со боја. И гледај исти црвен изолир да искористиш. Пак да си е лично.

И второ да си земеш убав рутер со гигабитни порти за да ги искористиш придобивките од брзиот интернет на Телеком. А ова рутерче што го имаш може и да го фрлиш, си завршило работа тоа.
 

ArsenalMK

read-only
7 септември 2016
20
8
Фала ви многу другари. Ке пробам со нови конектори и нов рутер ќе купам па веројатно ке се подоправи. Дајте ми предлог само што рутер би ми завршил работа. И кажете како се ставаат лајкови на форумов преку телефон да стегнам по еден
 
18 август 2019
1.229
1.204
И кажете како се ставаат лајкови на форумов преку телефон да стегнам по еден
Мислам дека треба да имаш 50 постови и 50 лајкови за да можеш на други да даваш лајкови. Такви беа „законите“.
 
18 септември 2020
942
881
Македонија
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно