• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Правила

Општи правила
  1. Правила и услови за користење

    Со користењето на IT.mk, ИТ Форум, ИТ Маркет, ИТ Кариера или било кој друг сервис на IT.mk вие се согласувате со општите услови за користење истакнати на следниов линк. Дел од понудените сервиси и услуги, како што е ИТ Форум се достапни под дополнителни услови (наведени во продолжение) и доколку условите на сервисот се во директен конфликт со општите услови за користење, во сила стапуваат условите за користење на дополнителниот сервис.

    Услови за користење на сервисот ИТ Форум

    1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.

    2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.

    3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови. Регистрирање со вулгарно корисничко име е забрането и корисникот ќе биде баниран веднаш.

    4. Во форумот "Боречки Клуб" иакo толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.

    5. Стриктно зборување за ИКТ и работи поврзани со ИКТ (освен во Оф-Топик секцијата.)

    6. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.

    7. Потписите можат да содржат сликa не поголемa од 475х85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст. Максималната големина на фонтот во потписите е 3.

    8. Забрането е пишување на неважни и неповрзани постови во врска со темата.

    9. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.

    10. Доколку постирате материјал кој не е дел од вашиот труд, истакнете го оригиналниот автор доколку ви е познат, доколку не - објавете од каде ви е информацијата.

    11. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.

    12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

    13. ИТ форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот "Форум вести".

    14. Сите теми кои имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани, истото важи и за постовите.

    15. На ИТ Форум се дозволени продавам/купувам огласи, но само во соодветната тема - Огласи. За истите огласи, успешни или неуспешни зделки и соработки, IT.mk не сноси никаква одговорност. Ниту за огласувачите со статус на проверен огласувач (verified.png) IT.mk не гарантира делумно или во целост.

    Објаснување на правилата

    1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
    ИТ форум не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате вашиот вебсајт, компанија и др. Секое истакнување на друг форум поврзан со ИКТ во потписите или во постовите, ќе се смета исто така како СПАМ.

    2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
    Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета на ИТ форум. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

    3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
    Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го вашето мислење.

    4. Во форумот "Боречки Клуб" иако толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.
    Иако постои форум "Боречки Клуб" каде што критериумите за изразување се пониски, сепак нема да толерираме никакви грубости или навреди спрема други членови. Дури и таму однесувајте се примерно и почитувајте ги останатите членови.

    5. Стриктно зборување за ИКТ и работи поврзани со ИКТ (освен во Оф-Топик секцијата.)
    Ова е форум наменет за ИКТ дискусии. Дозволено е постирање на работи кои се поврзани на било каков начин со ИКТ, но стриктно е забрането постирање работи надвор од тој контекст освен во Оф-топик форумот.

    6. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.
    Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

    7. Потписите можат да содржат слика не поголема од 475x85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст. Максималната големина на фонтот во потписите е 3.
    Потписот треба да е лично нешто кое ќе Ве претставува Вас или Вашата идеологија. Не ги користите потписите за бесплатно рекламирање. Дозволено е истакнување на линк до Вашиот личен блог, но не и до веб сајтот на Вашата компанија, во спротивно тоа се смета како СПАМ. Потписот одржувајте ги во нормални граници посочени во ова правило. Секој потпис кој не ги исполнува критериумите ке биде изменет од страна на администраторите.


    8. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
    Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

    9. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
    Не потценувајте туѓ труд и размислете како би било нешто за кое вие сте се мачеле да биде признаено како труд на некој си трет. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или инт. сопственост? Сето она што не е Ваше а го објавувате како ваше.

    10. Доколку постирате материјал кој не е дел од вашиот труд, истакнете го оргиналниот автор доколку ви е познат, доколку не - објавете од каде ви е информацијата.
    Доколку постирате нешто кое не е дел од Вашиот труд, едноставно објаснете од каде доаѓа тоа, каде сте го пронашле или пак доколку не Ви е јасен или не го знаете изворот истакнете дека трудот не е Ваш и дека не го знаете авторот. Сето она што ќе биде објавено а нема да е Ваш труд, и притоа не ги истакнете вистинските автори ќе се смета за прекршување на авторски права и интелектуална сопственост.

    11. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
    Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата. Ова важи и за оф-топик секцијата од форумот.

    12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
    Админите/модераторите на ИТ форум можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум и луѓе кои највеќе го сакаат успехот на ИТ форум, така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

    13. ИТ форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот "IT.mk известувања".
    Кратко и јасно, го задржуваме правото за промена на овие услови за праивла и користење, но за истите се обврзуваме при нивна промена да известиме јавно.

    14. Сите теми кој имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани.
    Пишувањето со сите големи букви делува како да викате кон членовите, сите вакви теми ќе бидат избришани.

    15. На ИТ Форум се дозволени продавам/купувам огласи, но само во соодветната тема - Огласи. За истите огласи, успешни или неуспешни зделки и соработки, IT.mk не сноси никаква одговорност. Ниту за огласувачите со статус на проверен огласувач (verified.png) IT.mk не гарантира делумно или во целост.
    Огласите се дозволени, согласно правилата наведени на следниов линк. Пред објавување на огласите потребно е да се задоволат одредени критериуми (50 мислења, 50 допаднати мислења и 6 месеци да сте член на форумот) со цел да се избегне СПАМ. Администратори и модератори имаат право да постираат во оваа и други секции на форумот и во случаи каде што немаат 50 мислења, 50 допаднати мислења или 6 месеци членство на форумот.

Правила за огласи
  1. Правила за огласи

    Со цел да се подобри квалитетот на огласите и воедно да нема тролање направени се измени во правилата за секцијата Oгласи.

    IТ.mk ќе се обиде на најдобар можен начин да ги заштити своите членови од малверзации и од членови кои не се заинтересирани за ИТ туку само се дојдени да профитираат од ИТ Форум заедницата.

    Како и на останатите теми, и за темата Огласи важат Условите за користење на ИТ форум. Дополнително на тие услови и правила, ги истакнуваме посебните правила кои важат за темата Огласи:

    • За да можете да објавите оглас морате да имате повеќе од 50 мислења, 50 допаднати мислења и да бидете член на форумот повеќе од 6 месеци. Причината заради ова се лошите искуства со несериозни членови.
    • Насловите мора да содржат краток опис на прозводот (да не биде само продавам). Не се препорачува додавање на зборови како „итно“ „најефтина понуда“ и.т.н.

    Пример за лош насловQuote:
    Продавам монитор асус ХИТНО!!!

    Пример за добар насловQuote:

    Продавам монитор Asus vw 195S со гарација.

    • Огласите се наменети исклучиво за членовите на форумот и нема да се толерира комерцијална употреба од страна на компании или организации.
    • Цената мора да биде наведена, освен ако не се бара проценка на производот. Доколку Барате проценка на некој производ должни сте во насловот да ставите префиксПроценка“ за сите да знаат дека барате мислење за цената.
    • Освен цената во секој оглас е препорачано да има и:

    icon_bullet.png Гаранција - дали производот има важечка гаранција.

    icon_bullet.png Состојба на производот (пропратен со слика).

    icon_bullet.png Кратка спецификација или линк до рецензија.

    icon_bullet.png Задолжително наведете лице и број за контакт (или наведете дека истите ќе ги доставите по приватна порака).

    • Забрането е продавање на нелегални работи (пиратерија, оружје, и други нелегални работи согласно законските прописи на РМ), огласувајте исклучиво ИТ производи.
    • Коментирањето во темите каде нема наведено дека се бара проценка е забрането.
    • Доколку незнаете колку да го продадете, препораката е да ја побарате малопродажната цена и намалете ја за 20-25%, доколку производот е оштетен, стар намалете повеќе.
    • Коментирање околу цената е забрането. Ако имате некаква забелешка контактирајте го продавачот по Приватна порака.
    • Секоја кавга, навредливи зборови и тролање ќе резултира со 7 дневен бан.
    • Огласувачот може да става BUMP, или дополнување на огласот на неколку дена.
    • Доколку се продаде можете слободно да пишете Lock или продадено и темата ќе биде затворена.
    • Најстрого е забрането вршење услуга (поставување оглас) за членови кои не исполнуват услови за огласување или за трети лица (кои не се членови на форумот). Резултатот ќе биде Бан на 1 година во подфорумот Огласи и за двата члена.

    • Во темите проценка, откако продавачот ќе се одлучи за одредена цена, т.е. ќе ја потврди цената по која ќе сака да го продаде продуктот, веќе не смее да се коментира. Во тој момент огласот станува ист како да е со префикс продавам, а не проценка. Коментарите после оформената и финална цена наведена од продавачот, се дозволени како опција само доколку огласувачот се согласи со тоа, и даде дозвола за коментари во неговиот оглас.

    • Ако темата е со префикс проценка, подоцна не е дозволено нити задолжително да се преименува во продавам, нити да се бара да се бришат проценки, единствено што ќе се брише се офтопик мислења!

    • Огласите кои се постари од 1 година автоматски ќе се бришат.

    • Од ноември, 2015-та година, IT.mk воведе статус на проверен огласувач означен со иконата verified.png покрај профилот во темата Огласи. Доделувањето на овој статус е на дискреција на редакцијата на IT.mk и нејзините соработници, конкретно модератори на форумот, и се базира врз дадени сведоштва на позитивни искуства со огласувачите, објавени во оваа тема. И покрај статусот на проверен огласувач, IT.mk не гарантира ниту сноси одговорност за успешноста или неуспешноста на зделката или било каков друг проблем при овој процес. Статусот на проверен огласувач е прикажан во оваа форма само за да им го скрати времето на членовите од читање на темата со позитивни искуства.

    IT.mk и ИТ Форум се само платформа на која се огласуваат производите, IT.mk не сноси никаква одговорност за било каква измама при продажба или соработка. Доколку се соочите со измама за истата известете ги редакцијата, надлежните институции и преземете ги соодветните чекори согласно законските прописи. IT.mk може да достави информации за корисник само по барање на официјален орган преку налог од истражен судија во кој е прецизирано кои информации треба да бидат доставени.

На врв Дно