Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

kirev

senior
31 мај 2010
9.054
7.726
Постои и превентивно кочење и забавување на сообраќајот. Постои и три месеци одземање на дозвола ако некој претекнува додека друг чека на пешаци на пешачкиот. Постои и Закон ЗА БЕЗБЕДНОСТ на сообраќајот на патиштата во чиј што ПРВ член ПРВИОТ збор е безбедноста (а вториот е заштитата)...
А постојат и балкански шоферишта
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
И пошто тој неможе позади тебе да закочи ти ќе го удриш пешакот? Генијално.
Тоа што тој позади тебе нема прилагодена брзина е негова кривица а не твоја. Ти си должен да застамеш на пешачки.
Не знам дали си играш к**ташак со мене.

Не јас да го удрам пешакот. Пошто пешакот мисли ова е Јапан, му текнало да пројде.
Јас ќе застанам, дедото позади што има 67 години и едвај гледа, ќе ми искрши колата пошто нема рефлекс да застане.

Е кога ќе има камери, пешакот ќе биде крив (тоа и ти го пишува у закон).
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.945
Учесник сум во сообраќајот од сите аспекти:
  • како пешак
  • како тротинет(џија?)
  • како автомобилист.

Имам прилика да ги согледам моите грешки повеќекратно, како припадник на сите погоренаведени групи. Но исто така, ги согледувам грешките и на „спротивниот“ табор секојдневно.

Потребна е рационалност во однесувањето, без разлика од кој табор си во моментот.
Но, рационалноста IS NOT FOUND во твојот кантри.
То е проблем. Голем.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Не знам дали си играш к**ташак со мене.

Не јас да го удрам пешакот. Пошто пешакот мисли ова е Јапан, му текнало да пројде.
Јас ќе застанам, дедото позади што има 67 години и едвај гледа, ќе ми искрши колата пошто нема рефлекс да застане.

Е кога ќе има камери, пешакот ќе биде крив (тоа и ти го пишува у закон).
Ти очигледно се заебаваш нешто. Ти си должен да застанеш на пешачки и да пропуштиш пешак. Ако некој се залепил со голема брзина и те удри( дедото), ќе си биде крив дека удрил во тебе со поголема брзина од пропишаната и со несоодветно растојание позади тебе. As simple as that.
Мислењето е автоматски споено:

Постои и превентивно кочење и забавување на сообраќајот. Постои и три месеци одземање на дозвола ако некој претекнува додека друг чека на пешаци на пешачкиот. Постои и Закон ЗА БЕЗБЕДНОСТ на сообраќајот на патиштата во чиј што ПРВ член ПРВИОТ збор е безбедноста (а вториот е заштитата)...
А постојат и балкански шоферишта
Јас сум за целосна заштита на пешаците што поминуваат на пешачки и одземање дозволи преку 6 месеци и дебели глоби за тие што не застануваат на истите и не пропуштаат.
Ова го кажува возач со над 35 илјади километри годишно.
 
Последна промена:

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.058
3.501
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Јас сум за целосна заштита на пешаците што поминуваат на пешачки и одземање дозволи преку 6 месеци и дебели глоби за тие што не застануваат на истите и не пропуштаат.
Ова го кажува возач со над 35 илјади километри годишно.
Абе не може сеа он да застанува на секој пешачки, кај се видело тоа. Па замисли можда е на мисија да го спаси светот од вонземјани и тука некој му поминува на пешачки на партизанска. Кај ќе биде светот тогаш.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Абе не може сеа он да застанува на секој пешачки, кај се видело тоа. Па замисли можда е на мисија да го спаси светот од вонземјани и тука некој му поминува на пешачки на партизанска. Кај ќе биде светот тогаш.
Али оправдувањето имав кола позади мене па ќе ме удреше па затоа не застанав на пешачки е стварно без врска.
Еве го удираш пешакот недај боже и што ќе и објасниш на полицијата? Имаше кола позади мене залепена па јбг мораше да го удрам? Или штетата од колата твоја е поголема од нечиј човечки живот?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Или штетата од колата твоја е поголема од нечиј човечки живот?
Тоа е тоа. На луѓето повеќе им е важна состојбата на возилото отколку туѓиот живот и здравје.

Во врска со пропуштањето на пешаци, возачите се должни секогаш да ги пропуштат пешаците што започнале да го минуваат коловозот. Без оглед дали е на пешачки или надвор од него, дали за пешакот е црвено или зелено, дали скокнал преку ограда итн. Не е работа на возачот да прави анализа дали пешакот прописно или непрописно миинува. Мора да го пропушти.
Ако пешакот минува непрописно треба и мора да биде казнет, но од полиција а не од возачите.
 
Јас ако преминуваат на необележан пешачки им свирам и го пцујам, али јбг мораш да ги пропуштиш.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
Некој знае кои модели се другите нови камери што се поставени?

Не tattile, другите само бели што се.
 
18 август 2019
1.220
1.194
Јас ако преминуваат на необележан пешачки им свирам и го пцујам, али јбг мораш да ги пропуштиш.
Ма добро е тоа, ама за да не го удриш пешакот кој поминува на диво, вртиш лево или десно и го удираш мотоциклистот. Ако удриш во пешакот, не си виновен, ако го удриш мотоциклистот, вината е твоја.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Али оправдувањето имав кола позади мене па ќе ме удреше па затоа не застанав на пешачки е стварно без врска.
Еве го удираш пешакот недај боже и што ќе и објасниш на полицијата? Имаше кола позади мене залепена па јбг мораше да го удрам? Или штетата од колата твоја е поголема од нечиј човечки живот?

Штетата на мојата или твојата кола ќе остане само штета. Нејзе не ја боли браникот, метал е, пластика е.

Човекот проаѓа булевари на кој е самиот свесен дека можеби има некој што вози побрзо, треба да застане барем една секунда да види ситуација, не за другите, туку за него, за себе. Ако пешакот е удрен, касно е за објаснување кој е крив. Тоа сакам да ти го доловам...

Ти сакаш да смениш сообраќајна „култура“ на цела нација, од 30+ години, со една инсталација на камери. И да кажеш „јас проѓам, па вие мислете“.
Не можеш така... Како што викаш дека шоферите треба да се свесни за цел сообраќај, и пешакот треба да е присутен со истото размислување кога проаѓа, да види да не го собере некој за џабе.

Ме нападнавте повеќето а ми ја утнавте поентата. Не сум јас морон што не сака да застанува, зборам за реални ситуации кои постојат во сообраќај, во Скопје... Што ако го казниш некого и му одземеш 6 месеци дозвола ако тој на пешачки е мавнат и му искршиле 2 нозе? Камерите ли ќе му помогнат? Тој пак е со скршени нозе а овој другиов ќе смени хауба и браник за 600 евра.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Баш. Значи пешачкиот треба да е safe zone за пешакот и мораш да запреш и да го пропуштиш. Макар и со микрофон пеел.
Еден пријател од Србија викаше: „Гробља су пуни онима који имају предност.“
Така да не се потпирај толку на пропуштање и сејф зоун, впрочем и големиот број случки малтене секојдневно тоа го потврдуваат.
 
389mk

hello world
16 јануари 2020
281
306
Освен што во претходната реченица сам си го даде одговорот. Т.е. чепкање на медиа системот или било што друго спаѓа под "употреба на начин со кој ја загрозуваат безбедноста". А пешакот не му е само раката зафатена, туку и очите, вниманието, итн...
Со новите измени, на пешаци, велосипедисти, тротинестисти, трактористи, ИЗРИЧИТО им е забрането користење на електронски урреди, телефони, часовници, слушалки и казнето со 40-50 евра казна. Додека за возачи ништо не се менува, и останува изричито да е забрането користење на телефон со рацете, воопшто НЕ Е забрането користење слушалки, додека се друго е предмет на толкување, (на начин на кој го загрозуваат управувањето со возилото), кој ќе одлучи??
Додека кај пешаци, велосипедисти, тритинетистите, трактористи изричито секогаш ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот ако зборуваат на телефон...

За возачот, филозофијата е: "Се ти е дозволено, се додека не докажеме дека не си го загрозил сообраќајот."
Користење слушалки? Дозволено. Гледање на паметен часовник? Предмет на толкување. Одлуката не е изрична, туку ја оставаат на проценка на полицијата. Возачот се смета за доволно разумен да управува тонска технологија и две тони челик.

За пешакот, филозофијата е: "Ништо не ти е дозволено, бидејќи по дефиниција го загрозуваш сообраќајот."
Секој уред, секој поглед на часовникот, секој разговор е изрично забранет и казнето со паричен прекршок. Пешакот се третира како неразумно дете кое не може да распредели внимание, а не како одговорен граѓанин.

И плус казните се 40 евра за возачи на кола, можеби нема да се казнат, толкува џандарот, додека за пешаци е исто 40 евра и казната е задолжителна. А пак велосипедистите највисока казна од 50 евра, исто така задолжително.

Овие измени се лични ставови на некој таму приправник по министерствата, а ја менуваат целата филозофија на законодавството во безбедноста на сообраќајот. Прашањето на преминувањето на улиците е различно регулирано секаде, има држави каде што е легално преминување и каде шо нема пешачки (jaywalking), тоа е предмет на одлука како ќе изгледа и до каде треба да оди слободата на движење. Кај нас полека се намалуваат слободите.
Ова не е филозофија на заштита. Ова е филозофија на контрола. Лесен таргет за џандарите да си ги исполнат дневните таргети за казни. Вчера бев сведок на обид за сопирање на еден со мотор, му избега, јас му викав оди по него, вози, после сакаше мене како пешак да ме запира, со овој закон ќе имаше и основа и да ме казнува.
Прашањето не е дали сме доволно безбедни?, туку колку сме подготвени да толерираме намалување на нашите слободи во име на селективна и неправедна безбедност?
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.760
2.772
Многу се сте изнаприкажале. Што правиме во ситуациите кога јас застанувам на пешак, но возилото позади мене наместо да закочи, ме заобиколува. Потенцијално можеш да утепаш пешак со тоа што си застанал да го пропуштиш. Нажалост ова и многу често се случува.

Никој не сака да го прифати фактот дека сите сме учесници во сообраќајот (велосипедисти, пешачи, тротинеџии, коли, мотори) и дека за се да функционира како што треба потребно е на секое ниво да има добра сообраќајна култура и почитување на прописи. :)
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Едно нешто треба конечно и еднаш засекогаш да сфатат првенствено пешаците, а потоа и скутерџиите, тротинетистите, велосипедистите и сите останати - сите подеднакво се учесници во сообраќајот и никој нема свето место во него! За безбедноста на сите заедно и за коректност на текот на сообраќајот се одговорни СИТЕ! СИТЕ!
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.583
Skopje
www.wemaxa.com
Oгромен проблем е што се создаде поволна клима за идолизирање на позиција жртва, виктимизација е тренди, секој се трка да биде што поголема жртва на нешто. Жени, деца, х малцинства/групи по разно разни основи соц/верски/етнички итн. сите скокаат да се што поголеми жртви. Позицијата жртва денешно време нуди многу поволности, не ретко и финансиски но најчесто во форма на внимание - главната валута на 21виот век.

Трагично е што трендот на виктимизација не направи ама баш ништо за вистинските жртви, ама дозволи на еден куп предатори да се пресоблечат во таа улога и да дејствуваат од новосоздадената позиција со полн имунитет.

Ако не се излезе од оваа генерализирачка замка, да цел колектив се третира со еден аршин, маф му е работата.

Тука гледам пешаци се бунат за слушалки ќе се казнувало. На пешачки гледам идиоти што намерно провоцираат, седи се врти кон кола, те гледа, стои на пешачки и ти се смее, ништо не ми можеш моментот, или поминува и куца рецепти на смс, не ме јеби..
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Со новите измени, на пешаци, велосипедисти, тротинестисти, трактористи, ИЗРИЧИТО им е забрането користење на електронски урреди, телефони, часовници, слушалки и казнето со 40-50 евра казна. Додека за возачи ништо не се менува

1) Пак комплетно ја утињаш поентата
Не е дека у МВР им текнало пешаците да ги казнат пошто не им се свиѓаат, туку некој попаметен, надвор од Македонија, уште пред 20 години кажал дека пешакот е дел од сообраќај и сето ова што си го изнапишал, се спроведува чисто и само за негова безбедност (директно само за негова безбедност).
Пошто бараат од него да биде присутен во сообраќајот - бидејќи ако не е, ќе умре. Не знам како не разбирате, дека автобус ако те мавне, автобусот ќе го сменат од линија, ти ќе заглавиш у болница.

2) За возачите се менува премногу.
Има да пазиш да не надминеш 55км - никаде. Ниту на празен пушка булевар у 4 сабајле
Ќе пазиш кај стоиш со 4, нема веќе „абе само до Силбо сум бурек зимав“
Ќе пазиш на жолто.
Нема полукружно кај што ќе ти текне
итн итн итн итн итн...

Не знам у кое време сте живееле, ама мене ме растеа со чврги и ми викаа кога одев сам накај школо, кога ќе поминуваш улица 2 пати ќе видиш лево-десно.
Очигледно денес егото е посилно па ќе удираме глава у ѕид дека и ќе викаме „јас сум у право“... и ако има камион од 20 тона на 90 сантима од тебе, ти ќе пројдеш пошто е пешачки и ти имаш предност. А ако те фукне со пинцети ќе те собираат...
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.772
4.497
Неготино
Тука гледам пешаци се бунат за слушалки ќе се казнувало. На пешачки гледам идиоти што намерно провоцираат, седи се врти кон кола, те гледа, стои на пешачки и ти се смее, ништо не ми можеш моментот, или поминува и куца рецепти на смс, не ме јеби..
Добро, и сега ради него треба ние „нормалните“ да си патиме и да ни ставаат 300 забрани? Слушалки е едно, куцање на телефон е друго. Да, не го оправдувам второво, сум гледал луѓе како се „забиваат“ во други луѓе затоа што не гледаат пред нив кај одат. А тоа со слушалки во увото се ненормален булшит.
 
boro1

user
13 август 2009
1.823
1.646
Секој нормален човек треба да погледне лево-десно и да процени дали е безбедно за минување.

Ако го гледаш идиотот дека возе 150, ти како пешак не би можел безбедно да поминеш на пешачки во тој момент.

Идеата дека: “јАс сУм ПеШак ИмАм ПредНос, мОрА дА зАстАне тОј сО КоЛаТа“ е идиотска.

Просечен автомобил е ~1300kg. Просечен пешак е ~70kg. 1300 > 70.

Пешаците треба да внимаваат, нема пешак што ќе е појак од автомобил (освен Чак Норис).
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Темава е жив доказ зошто се вози како што се вози во РСМ.
Егоизам до плафон, посебно позади волан.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.791
5.509
Со новите измени, на пешаци, велосипедисти, тротинестисти, трактористи, ИЗРИЧИТО им е забрането користење на електронски урреди, телефони, часовници, слушалки и казнето со 40-50 евра казна. Додека за возачи ништо не се менува, и останува изричито да е забрането користење на телефон со рацете, воопшто НЕ Е забрането користење слушалки, додека се друго е предмет на толкување, (на начин на кој го загрозуваат управувањето со возилото), кој ќе одлучи??
Додека кај пешаци, велосипедисти, тритинетистите, трактористи изричито секогаш ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот ако зборуваат на телефон...
Изгледа ги немаш прочитано законските измени, признај.
За возачот, филозофијата е: "Се ти е дозволено, се додека не докажеме дека не си го загрозил сообраќајот."
Не, каде во законот го прочита тоа. Филозофијата на сите закони со некоја форма на казна е, се е дозволено, освен овде наведените работи. Немој да ги правиш, бидејќи ако те фатиме ќе те казниме.
За пешакот, филозофијата е: "Ништо не ти е дозволено, бидејќи по дефиниција го загрозуваш сообраќајот."
Глупости, каде исто ова го прочита.
Секој уред, секој поглед на часовникот, секој разговор е изрично забранет и казнето со паричен прекршок. Пешакот се третира како неразумно дете кое не може да распредели внимание, а не како одговорен граѓанин.
Не. Се што наброја важи само додека преминува или се движи по коловоз, печаки премин или велосипедска патека. И повторно погледнунвање на часовник не е „користење“ на електронски уред, слушање со ЕДНА слушалка не се казнува, итн... така да не ги преувеличувај работите.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Штетата на мојата или твојата кола ќе остане само штета. Нејзе не ја боли браникот, метал е, пластика е.

Човекот проаѓа булевари на кој е самиот свесен дека можеби има некој што вози побрзо, треба да застане барем една секунда да види ситуација, не за другите, туку за него, за себе. Ако пешакот е удрен, касно е за објаснување кој е крив. Тоа сакам да ти го доловам...

Ти сакаш да смениш сообраќајна „култура“ на цела нација, од 30+ години, со една инсталација на камери. И да кажеш „јас проѓам, па вие мислете“.
Не можеш така... Како што викаш дека шоферите треба да се свесни за цел сообраќај, и пешакот треба да е присутен со истото размислување кога проаѓа, да види да не го собере некој за џабе.

Ме нападнавте повеќето а ми ја утнавте поентата. Не сум јас морон што не сака да застанува, зборам за реални ситуации кои постојат во сообраќај, во Скопје... Што ако го казниш некого и му одземеш 6 месеци дозвола ако тој на пешачки е мавнат и му искршиле 2 нозе? Камерите ли ќе му помогнат? Тој пак е со скршени нозе а овој другиов ќе смени хауба и браник за 600 евра.
Во законот пишува дека кога се доближуваш до пешачки треба да одземеш гас и да ја намалиш брзината на движење на возилото поради нели можност од пешаци што ќе ја преминуваат улицата. И да возиш со брзина пропишана максимална на знакот.
Ти даваш некои без врска тези само да го оправдаш твоето не застанување на пешачки.
Мене јасно ми е како се вози во РСМ возам многу пишав и погоре и ако не се менува културата милом тогаш силом со одземање возила и затворски казни со камери.
Стока не се учи поинаку.
Мислењето е автоматски споено:

Еден пријател од Србија викаше: „Гробља су пуни онима који имају предност.“
Така да не се потпирај толку на пропуштање и сејф зоун, впрочем и големиот број случки малтене секојдневно тоа го потврдуваат.
Епа од такви изреки гинат пешаци, од балкански шоферишта полни со его. :)
Твоја должност е да застанеш на пешачки и да го пропуштиш пешакот ако веќе го собереш, си има кривична одговорност за ова и се лежи затвор.
Мислењето е автоматски споено:

Ма добро е тоа, ама за да не го удриш пешакот кој поминува на диво, вртиш лево или десно и го удираш мотоциклистот. Ако удриш во пешакот, не си виновен, ако го удриш мотоциклистот, вината е твоја.
Знам каков хаос е по патиштата на нашата земја.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

ит маркет

На врв Дно