Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Машина за перење што штеди вода или не?

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.686
12.509
Skopje
www.wemaxa.com
Вода штеди Филип од Капиштец. Филип е млад, весел, еко френдли дечко, има и дечко и оди на крос-фит. Од скоро има и брада и неколку тетоважи - модерно е. Активен е на социјални медиуми, споделува весели моменти од својот живот како она кога купи електрично пежо 108 во кое со радост го вози своето бело малтезерче Фифи. Филип се тревожи кога гледа на вести како некои како Xhemo од Сарај краделе вода и плаче пред заспивање за планетата земја, се надева Xhemo ќе се вразуми... Филип нема деца па верува дека кога 7-те деца на Џемо ќе ги наследат неговите еко-френдли машини за перење алишта, садови ќе ја опраат Земјата да биде рај за сите весели луѓе.
 

EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
Вистина е тоа дека треба да се купи машина што штеди вода. Вие што исклучиво ви е битна потрошувачката на вода како критериум за избор на машина дали кога одите по мала нужда секој пат пуштате вода или чекате 2 3 пати минимум да се измочате па да пуштите вода?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Хаха, плот твист со Џемо и непуштање вода после мочање заради штедење... Ама еј @moongose ајде кажи им колку пиво може да се направи со заштедената вода. :)

дали кога одите по мала нужда секој пат пуштате вода или чекате 2 3 пати минимум да се измочате па да пуштите вода?
Вода пуштање само после голема нужда... Ама не после секоја. После секоја втора, трета... Зависи кој колкав штедач е. :D
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.477
2.924
Дечки, дај олабајте малце, глејте си то тастатурите механички (или не), уживкјате во звуко на куцкањето, и пивнете кафенце/чајче (од чиста, добро измиена чаша/шоља/филџан).

Или па не...
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019

tenor.gif


Драмите после почнаа.

csNEaAR.gif


а на никој не му текна да му побара да даде барем минимум докази на тврдењата.

Ќе биде понудено, искрено верувам во тоа. Само да исчекаме другите работи да завршат.
 

boro1

user
13 август 2009
1.815
1.630
1755611127154.png

1.386 секси-трилион литри вода имаме на земјата, сигурно нема да се потроши ако некоа машина за алишта троши 1 литро повеќе..
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
1. Во суштина, водата не се троши. Пак е вода. И за милион години пак ќе биде вода.
2. Водата што ја пиеме се загадува од цевките што се дотраени. Кога ќе пукне цевка, после имате камчиња во бојлерот. Како стигнале тие камчиња, сте се прашале? Што се има протечено покрај камчињата...
3. Машините исполнуваат еко норми од приглупи шкрабала што немаат поим што значи да не помине доволно вода при перење на алишта. Битно поминало помалку вода. Тоа значи повеќе хемија на телото. Не баш еколошки и здраво.
Еколошка машина е таа што не се расипува, не се фрла по 5 години туку трае 20 години најмалку, направена е од челик и речиси нема пластика.
Ок е да троши помалку струја, но за да загрееш вода на 95 степени, треба да потрошиш струја.
Воедно, со повеќе вода, помалку време ќе врти барабанот и ќе потроши помалку струја (по еколошка, особено ако струјата доаѓа од јаглен
Да кажеш дека 2 литра вода ќе бидат битни.. ајде математика
Сите купуваме нови машини
450.000 домаќинства (560.000 биле 2002, земаме дека имаме само 100.000 помалку)
900.000 литри на ден е разликата (секој ден секое домаќинство пушта по еднаш да работи машината)

Рашче има капацитет од 6000 литри во секунда
2,5 минути од дневното „производство“ на вода е разликата.
Воопшто не е малку.
Е сега трк до сарај и кажи му на Шпатим да не користи питка вода која не ја плаќа за да наводнува бостан.
Скопје има проблем со вода откако на водовод се приклучи Сарај со околината каде вода не се плаќа, а се користи за наводнување.

Екологија е супер, ама треба малку и мислење а не само слепо климање глава на глупи маркетинг шеми и повраќаници на полуинтелекти од некоја канцеларија. А треба и откинување на Сарај од Скопје. Особено на скопскиот водовод.

Ако се дознае која машина користи повеќе вода, сакам да знам. Кога ќе откаже постојната, би ја земал таа. Два дена нема да се бањам и ќе ја „заштедам“ водата за година дена.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.898
4.579

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.781
33.884
roka.mk
Еко свест е прича за сиромав народ.
Дизел загадува еве ви коли на струја кој има литиукски батерии кои се отровни и имаат рок на траење. Тој литиум па ќе заврши негде каде што ќе загадува.
За да го произведат тој литум градат рудници кои уништуваат цел екосистем на местата каде што го копаат и преработуваат.

Возат приватни авиони за лични интерреси кои загадуваат колку сите коли на дневно ниво во цело скопје.

Се што се произведува трае 5 години, го менуваш и старото го фрлаш пошто нема што да му правиш, пак завршува во некоја депонија. Они прават милијарди а ние се караме на форуми кој заштедил на води или пластичното шише го фрлил во специјален контејнер.... Легнуваме мирно спиеме пошто ете сме направиле добро дела сме дале придонес во заштиата на животната средина, несвесни дека всушност ништо не правиме.

Ти викаат храни се здраво јади овошје, купуваш овошје го миеш оно ти збори од што е вештачко...

Можеме да набројуваме до сабајле, нема поента.

Сметам дека сите сте во право и оној што штеди и оној што троши, сепак сме небитни сите.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.477
2.924
Миете заби?


Мочате у шоља?
Не бе, зошто?
Мислењето е автоматски споено:

Еко свест е прича за сиромав народ.
Дизел загадува еве ви коли на струја кој има литиукски батерии кои се отровни и имаат рок на траење. Тој литиум па ќе заврши негде каде што ќе загадува.
За да го произведат тој литум градат рудници кои уништуваат цел екосистем на местата каде што го копаат и преработуваат.

Возат приватни авиони за лични интерреси кои загадуваат колку сите коли на дневно ниво во цело скопје.

Се што се произведува трае 5 години, го менуваш и старото го фрлаш пошто нема што да му правиш, пак завршува во некоја депонија. Они прават милијарди а ние се караме на форуми кој заштедил на води или пластичното шише го фрлил во специјален контејнер.... Легнуваме мирно спиеме пошто ете сме направиле добро дела сме дале придонес во заштиата на животната средина, несвесни дека всушност ништо не правиме.

Ти викаат храни се здраво јади овошје, купуваш овошје го миеш оно ти збори од што е вештачко...

Можеме да набројуваме до сабајле, нема поента.

Сметам дека сите сте во право и оној што штеди и оној што троши, сепак сме небитни сите.
Долга и широка е оваа...
(Се сложвам со кажаното, да појаснам во случај да бидам сфатен погрешно).
Корпорациите се тие кои што ти го нудат производот онаков каков што ќе го најдиш на продажаното место, и запакуван онака кало што тие одлучиле.
Значи, тие одлучиле за видот на пакувањето (пластика) , ама не, не биле криви тие за загадувањето со пластика, туку ТИ си кабаетлијата, ти(!) шо си немал влијание врз нивните одлуки како ќе ти го испорачаат, одлуки донесени исклчучиво од лукративни причини, и интереси кои им одговаат само НИМ.
А нас, НАС кој не е*е, ќе си ги копаме очите, и покорно ќе си голтаме се шо ќе пласираат и ќе купваме се шо ќе произведат.

Иначе, на темата, имав штедлива машина за перење.
Ме служеше верно, ама сепак дотурав вода, пошто сметав дека со таа мала количина, едноставно циклусот на перење не беше доволно ефикасен од аспект на чистота.
Ја продадов пролетоски, сега имам нова.
Не е штедлива на вода :)
LG FTW!!!
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
дотурав вода, пошто сметав дека со таа мала количина, едноставно циклусот на перење не беше доволно ефикасен од аспект на чистота.
Ја продадов пролетоски, сега имам нова.
Не е штедлива на вода :)
LG FTW!!!
Кој што сака нека каже и нека мисли, за мене е фул ретард да се фалиш дека фамилијата ќе носи облека со повеќе прашоци/хемии за да заштедиш малку вода. Мислам да живееме во Сахара, ок! Може да се разбере тогаш. Ама во над-факинг-подземно-езеро-Скопје да штедиш за две чаши вода?

Но тоа не е најинтересното... Најинтересното е што видов многумина кои се на истиот воз фатени. Штедење вода со недоплакнување алишта, па колку пиво можело да се направи од заштедената вода, итн, итн... И без зaeбанции она погоре со непуштањето вода во тоалет е сосема компатибилно со штедачката логика на машините за перење. Не пуштај вода во WC, да ја спасиме планетата!! :)
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Корпорациите се тие кои што ти го нудат производот онаков каков што ќе го најдиш на продажаното место, и запакуван онака кало што тие одлучиле.
Значи, тие одлучиле за видот на пакувањето (пластика) , ама не, не биле криви тие за загадувањето со пластика, туку ТИ си кабаетлијата, ти(!) шо си немал влијание врз нивните одлуки како ќе ти го испорачаат, одлуки донесени исклчучиво од лукративни причини, и интереси кои им одговаат само НИМ.
Имаш опција да избереш. Ама не сакаш да платиш многу повеќе.
На пример:
Најефтино е пластично пакување
Поскапо е рециклирано пластично пакување (и далеку потоксично)
Поскапо е секое друго пакување. Течни работи треба да се пакуваат во стакло, а се друго во хартија, со тоа што мрсна храна не е практична за обична хартија. Нема ни добро запечатување хартијата, па рокот на производот наместо месеци/недели ќе се сведе на денови (колку што седи на некој терминал за царинење, а можеби и подолго од тоа и патува од некаде)
За сега, пластиката е неизбежна од финансиско/практични причини. Или ќе се преселиш на село и сам ќе си одгледуваш храна.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно