Ова ми личи на ПР текст од вработен во НЛБ..Имам прочитано баш се' ако нешто сум пропуштил би те замолил да ми посочиш. Искрено твоите мислења ги гледам па, од пред некој месец наваму и гледам дека конкретно кај тебе се работи може би за некоја фрустрација па е се' на нож, со цинизам и со намигнати смајлиња, не е ни важно.
Конкретно апликацијата на NLB е групирана, како на ајфон така и на андроид, една е за сите држави каде NLB има своја филијала и истата како банка би се потрудиле да променат нешто кога не се 40 луѓе кој имаат напишано лошо review ами се 400+, а и покрај сите работи кој ги наведов, ти се фати конкретно на оваа што исто не е важно.
Ете и тебе би те замолил истата оваа фрустрација желба за деградирање која ја заприметувам во изминатиов месец на корисници на кои им имаш реплицирано да ја истуриш или подобро кажано да ја искористиш на по продуктивен начин наместо да деградираш корисници кој споделуваат мислења.
Еј да бев вработен во NLB до сеа ќе ме избркаа од работа заради тоа шо ќе им го зборував ова на дневна основа (во однос на Apple pay која е и поентава на самава тема, се надевам). Камо да беше така, па да можеше да се делува од внатре.Ова ми личи на ПР текст од вработен во НЛБ..
Успешно е и со физичка и со виртуелна. Работев freelance Upwork до пред година дена платив и со физичката внесена во Apple Pay и кога ја сменив на виртуелната без никаков проблем.Пројде плаќањето без никаков проблем.Ајде и за нашиве банки нека го донесат и да си тераме работа. Инаку конкретно за Payoneer, Add card to Apple Wallet го имам и под физичката картица и под виртуелната картица, некој што има само виртуелна може да проба и да потврди дали ќе биде успешно и тоа.
Фала dddragan на recognition, секако постот беше сугестија, некако сме многу навикнати како народ да се навредуваме, маргинализираме или деградираме без некоја посебна причина, а од друга страна и добро е дека стануваме отпорни на истото упатено од таквите.На Overbored муабетот бар мене ми има смисла.
Директно ревјуата за NLB апликациите немаат ништо, ама ако некој може да лобира за ова, зборот на НЛБ влече многу повеќе него ние овде што збориме на ИТ форум. Не е само муабетот галама да се праи, туку и ефективно да е. НЛБ може многу повеќе да тепа по уши него ние овде - овде ние практично ништо не можеме да смениме со пишување на темата - ептен мал bubble е. Па дури и change.org петиција да е, џабе ако немаш “карти за играње”.
Има многу ревјуа на тие платформи за самата банка, и јас ако имам картица на НЛБ, а не можам таа картица да ја користам со Apple Pay ќе се жалам кај банката. Нивна работа е после да лобираат за Apple Pay, не е моја. НЛБ за пример е земена како примарно Словенечка банка - Словенија got their shit figured out. Така да, од нив би очекувал многу повеќе него локална банка ко Комерцијална. Давање слаби оцени може да привлече внимание.
2 cents
П.С. Фрлање етикети “вработен у НЛБ, а-у” не допринесуваат ама баш ништо во дискусијата. Пробај, види зошто некој збори вака или онака. Прашај. Можда нешто попродуктивно ќе излезе![]()
Повеќе може разлика да направи она што европската комисија ги обвини Apple и тужеше за antitrust практики кој ги имаше отколку било какви регулативи што и доведе до тоа да го отворат NFC-то.НО, имајте предвид дека Законот за платежни услуги и платни системи е комплетно во согласност со ЕУ буквално од деновиве. Последната измена со која конечно е комплетно усогласен е донесена на 17 февруари, пред 11 дена, а се објави во Службен весник на 19 февруари, значи стапи на сила пред 2 дена!
Земајќи го предвид профилот на Apple како компанија, многу голема е веројатноста да била пресудна некомплетната усогласеност на регулативата.
Тотално си во право.Ако нема пречки од НБРМ или било која институција која има авторитет врз работата на банките, заклучоците се следни:
- Банките не сакаат со Apple да го делат колачот со провизија (што е најверојатно) и не сакаат таква конкуренција
- Имаат потешкотии или проблеми со имплементацијата на Apple Pay (технички или било какви други)
Би те замолил како и јас што направив со НБРМ и твоите комуникации, односно одговори од Apple да ги поставиш овде.Јас со малото искуство што го имам во контакти со Apple и од општото знаење за нивниот пристап кон сѐ, воопшто не би ги ставал во ист кош со Google во однос на пристапот на компанијата кон регулативата и повторно би го сметал за големо влијание нашето непотполно услогласување со истата.
Да се разбереме, во ниеден момент не го правдам и не сум на страна на тоа зло наречено македонска банка, само се трудам трезвено и реално да ја гледам ситуацијата.
На крајот на краиштата - ќе видиме. Ако релативно набргу по донесувањево на измените на законот стане достапна услугата, заклучокот сам ќе се наметне.
Мојата комуникација со Apple на која се повикав е деловна и комплетно неповрзана со оваа тема.Би те замолил како и јас што направив со НБРМ и твоите комуникации, односно одговори од Apple да ги поставиш овде.
Погледнете го атачментот 147489
Одговор од НБРМ, само притисок до банките би променило нешто.
Колку за update јас имам разговарано со ProCredit банка која во случајов лаже дека проблемот е во регулативите и законите, а останатите "верглаат" иста реторика од 2022 дека работат на случајот.
PSU 750W CORSAIR RM750E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, WHITE, CP-9020292-EU
8.210,00 ден
PSU 750W CORSAIR RM750E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, BLACK, CP-9020295-EU
8.100,00 ден
HEADPHONES CORSAIR Gaming-Headset HS55 Wired w/microphone, PC/PS5/PS4/MAC, Carbon, CA-9011260-EU
4.710,00 ден
MOUSE WIRELESS CORSAIR SABRE V2 PRO RGB, Ultralight Gaming Mouse, 36g, MARKSMAN S 33000 DPI, 2.4Ghz/Bluetooth, Black, CH-931G000-WW
6.750,00 ден
EXTERNAL CAPTURE ELGATO 4K X HDR10, VRR, USB 3.0 (TYPE-C), 10GBH9901
16.590,00 ден
MOUSE RECEIVER USB A4TECH, for A4TECH/F-STYLER, Black, RN-10D
320,00 ден