xenon
εικονοκλάστης
OT: Тесла иднината (за компанијата) не ја гледа во возила (Елон не е глуп, знае дека за помалку од 10 години ќе биде на овој или оној начин прегазен од Кинезите, ценовно ќе го истиснат од пазарот). Од тоа што имам гледано, иднината ја гледа во роботика. Со темпото на социјална дистанца и индивидуализам што се спонзорира последниве многу години, во право е. Робот домашен миленик/помошник/партнер, робот работник/војник итн (индустриска намена).
Со оглед на ригорозната легислатива, недостатокот на паркинг простор, презаситеност на патиштата, густа концентрација на популација во градски средини, целата работа ќе конвергира во систем налик на овие тротинетиве за рента, мали возилца со унифициран напонски систем, модуларна батерија која лесно се менува со полна, и рента на возило по поминат км. Не дека ќе се забранат или укинат приватните возила, ама ништо чудно за 20тина години тој тип на превоз да биде исклучен од градски средини - едноставно ќе си ја паркираш колата на некој огромен паркинг надвор од град и ќе ја служиш само за исклучителни прилики, меѓуградски / меѓудржавен транспорт и сл / користењето во градска средина ќе биде на многу начини претворено во неисплатливо.
На крај на ден опциите ќе се сведат на:
View: https://www.youtube.com/watch?v=VcHjXZvEFGU

- користење на јавен транспорт
- користење на мали електрични возила од секој калибар (тротинети, велосипеди, 1/2седни возилца кај кои ќе се менуваат батериските ќелии за 1-2 минути)
- приватни возила со внатрешно согорување кои сопствениците ги користат само во ретки/исклучителни прилики/потреби бидејќи регистрација/паркинг/еко-давачки итн. за истите ќе биде едноставно неисплатливо