Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!
Статус
Затворена за нови мислења.

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Ја направив нарачката па да видиме за сефте како ќе биде :) (гарант 90% од вас се смеат, си викаат глеј го шапшалов со што се занимава :) ).

Сега за Ендурата. Вчера пишав за полнењето и еве денес после 24 часа да видам колку е испразнета и колку време ќе се полни. 45 мин се полнеше и светна зелено. Еве слика колку течност е потрошено за скоро 24 часа (вечерта пред легнување го наполнив канистерчето до врв). Сега следно ми е да ја оставам да видам колку ќе тера до исклучување.

Погледнете го атачментот 63699

Еве поминаа и 48 часа од последната цигара, исто како и вчера освен суво грло нема други несакани појави.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Друже, ова со зеленото ми е малку дискутабилно. Сите стартер китови што сум ги имал, работеле на следниов принцип: полнат што полнат, доаѓаат до зелено, па полнат уште. Колку уште? Зависно од батеријата, но + 30-60 минути не им бегало. Не сум користел Ендура, но не гледам што би било различно. Шарло како специјалист за ендури, нека ме исправи ако грешам.

Мој принцип е, ставам да се полни и ја заборавам. Си има електроника во нив (дури и во тие најзатуцаните) и штом се наполни, ќе се исклучи. Кога ќе ми текне ја вадам од полнач (усб кабел) и ја ставам во "наполнети". :)

Инаку изненадуваш со потрошњата. :)
1 - 2 мл за 24 часа е WoW што би рекол Мики. :hay:
Денес прв пат го користев на работа и не е баш ОК да им "димам" многу многу поштo имам колеги пушачи и ќе им правам лиги :)
На колегите пушачи слободно прај им лиги. Охрабри ги, нека почнат да се спасуваат од злото. Секој ден им е драгоцен.
Ја нарачав таа жица уште пред 10 дена. Ми вика дека за 1 ден ќе ја пуштат за наваму па да видиме.

Ќе тера 3 недели до месец дур да пробам темп контрола. А дотогаш и дна ќе стигне.

Инаку не знаев дека ајстикот е кадарен за темп. BTW дали ако ставам лисица ќе има подобар вејп (со прихит иако не знам дали тоа работи и со кантал)? Кантал имам 24 и 26 но немам 28.
Ајстикот е кадарен за TC како и било кој друг мод од ергелата на Joyetech, Eleaf и Wismec. Прихит не се користи во TC, тоа е повеќе да се подобри несовршеноста на вејпање со кантал жица. Кога сме кај жиците, таа 24 AWG не е за тебе, подобро да им ја поклониш на @Ace Lud, @MikickoHC или @OldSchoolPvP. :)
Hint: за возврат барај им SS 28 AWG. ;)
На пикото му се мислам одамна. Но ќе ме избркаат од дома ако се довлечкам со уште еден мод покрај ДНА.

Штом немам потреба од лиса, ќе ја прескокнам за да не губам време.

Благодарам.
Колку што знам жените бркаат од дома за ДНА модови. На Пико се рамнодушни (ха, само 20 долари потрошил мојов за мод).

Да споделам и едно мое "лошо" искуство. На амитот му дојде време да му сменам грејач после цели 9 дена користење (Метузалем знае што значи тоа). :hay:
Ај си велам, да смотам еден кантал 27AWG бидејќи сум повеќе од 6 месеци само на SS жица. Бидна работата, почнав со вејп ... и се присетив на сите можни негативности со канталот. Нема ТЦ контрола, споро загрева, гребе на грло, абе убаини...
Не е се така црно, знае да избаци малку екстра арома, ама цената е превисока. Подобро да капнам некоја капка повеќе арома во манџата и да уживам со СС жица и темературна контрола, него да си ја мачам душичката со грејачи од кантал... :(
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Е, знаев! ДНА требаше денеска да го пуштат а сега ми вика рестокинг. Ќе го откажам ако остане без датум многу наскоро. Вака се нервирам.

Ќе ја ставам лисицата на ајстикот денес. Не ми е проблем да подарам или заменам жица (иако викаат подарено не се подарува). Но ако некој има за продажба 28 SS жица нека пише.
 
Jobel

read-only
20 февруари 2017
38
34
Е, знаев! ДНА требаше денеска да го пуштат а сега ми вика рестокинг. Ќе го откажам ако остане без датум многу наскоро. Вака се нервирам.

Јас ендурата ја чекав скоро 3 недели да ја добијат. Малце лажат кога пишува за 7 дена. На крај ми напиша за 5 дена и тогаш ја пуштија.

Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
 
28 јануари 2017
2.050
4.706
Ресен
Е, знаев! ДНА требаше денеска да го пуштат а сега ми вика рестокинг. Ќе го откажам ако остане без датум многу наскоро. Вака се нервирам.

Ќе ја ставам лисицата на ајстикот денес. Не ми е проблем да подарам или заменам жица (иако викаат подарено не се подарува). Но ако некој има за продажба 28 SS жица нека пише.

То шо викаат со денешните стандарди не се поклопува, поарно да има некој корист од неа него така да ти седи дома. Откажи ја ДНАта, ќе се најме поинаку.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
То шо викаат со денешните стандарди не се поклопува, поарно да има некој корист од неа него така да ти седи дома. Откажи ја ДНАта, ќе се најме поинаку.

Ќе чекам уште викендов да видам дали ќе најават нешто. Меракот е голем а тоа дека ќе биде неискористено сигурно. Шо идеја имаш ти?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Ја ставив најновата лисица. Ми покажува ампери сега. И што би рекла Зофи ривјуерот освен фенси пенси анимација при затворање не гледам ништо за во вати мод. Дури немам ни време на траење на пафот сега. На исти вати негледам никаква разлика со сток фирмверот. Кажујте што да направам со канталов.
 
Maki_SM

hello world
28 јуни 2012
92
142

Сето тоа а и многу повеќе имаш да сетираш ( што сакаш како сакаш и колку сакаш да ти покажува со нивниот ПЦ едитор ( Aritc Fox config tools ). Во споредба со стоцк фирмварето на елиф лисицата е супериорна во секој поглед .
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
ss за мтл која марка да ја барам? Може истата увртена (twisted wire) да се користи и за дтл?
Како се поддесува лисицата?
Како да направиме бекап ?
 
Maki_SM

hello world
28 јуни 2012
92
142
Подесувањето на лисицата е скоро слична како подесувањето со Есцрибе . Што значи симни си го нивниот програм , чим си ја ставил веќе лисицата го имаш. Старувај го НТоолбокс . Првата линија ти е за конфигурирање . закачи го модот на усб , старувај , едитирај прави бекап . Нормално при секое едитирање ново мораш уплоад сетингс. Од менување на прехит до поставки за правите батерии , едитирање на профилите за одредени атомизери и убави и фанци опции . Правата сила на лисицата е со коинтрола на температура
 
Благодарам. Сега ми е јасно. Кога ќе земам SS жица ќе пробам со лисицата темп контрола.

Сега за сега си се вратив на елеаф 1.03 оти се навикнав и некако ми е понафатен тој софтвер.
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Затоа не го чепкам, да не останам но вамо ни тамо. Кога ќе имам дтл резерва мод ќе експериментирам :)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Една маана на конфучие. Го наполнив и заборавив да го кренам прстенот за флоу контрол. Повлеков и протече. Но исто ми го изгреба ајстикот. Не знам дали е од прстенот или од подлогата која лежи на модот но сега имам прстенаста трага на пластиката од модот. Како да ја немаше претходно ама не сум сигурен (само сигурно е од конфучие).

Не е страшно ама не би сакал да имам рабје наоколу 510 конекторот на Тинк Вејп 250ц.

И друга работа, точките кои покажуваат колку воздух да внесува се обратни од оригиналот. Една точка е најотворено. Како се зголемува бројот на точки е позатворено.

Изгледа ќе се избудалам и ќе го купам оригиналот конфучие.
 
28 јануари 2017
2.050
4.706
Ресен
Сега за Ендурата. Вчера пишав за полнењето и еве денес после 24 часа да видам колку е испразнета и колку време ќе се полни. 45 мин се полнеше и светна зелено. Еве слика колку течност е потрошено за скоро 24 часа (вечерта пред легнување го наполнив канистерчето до врв). Сега следно ми е да ја оставам да видам колку ќе тера до исклучување.
Sent from my iPhone using Tapatalk

Друже, ова со зеленото ми е малку дискутабилно. Сите стартер китови што сум ги имал, работеле на следниов принцип: полнат што полнат, доаѓаат до зелено, па полнат уште. Колку уште? Зависно од батеријата, но + 30-60 минути не им бегало. Не сум користел Ендура, но не гледам што би било различно. Шарло како специјалист за ендури, нека ме исправи ако грешам.

@Chicco69 во право си, ништо не е различна нити е проблем батеријата, @fis1976 троши 1-2мл денот а Ендурата е способна со едно полнење да турни 6мл.
 
Ace Lud

Баниран/a
7 април 2012
1.130
2.098
USA
PrivateLadyEscorts.com
Е, знаев! ДНА требаше денеска да го пуштат а сега ми вика рестокинг. Ќе го откажам ако остане без датум многу наскоро. Вака се нервирам.

Ќе ја ставам лисицата на ајстикот денес. Не ми е проблем да подарам или заменам жица (иако викаат подарено не се подарува). Но ако некој има за продажба 28 SS жица нека пише.
Јас ке ти дадам 28ца ss
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
@gokica Гребењето скоро и да не може да се избегне, тоа е тоа кога два тврди материјали ќе се тријат со одредена сила (зашрафувањето), па макар и да се ептен мазни. И оригиналот ќе прави така. Или треба да бидеш ептен внимателен и да завртуваш полека и не до крај (но тогаш ќе имаш послаб контакт), или да си земеш вакви, но и тие можат да направат проблем со контактот кај некои поплитки конектори. За проба можеш да си исечеш кругче од тенка пластика (капак од кисело млеко на пример).

Да, на КФ-ните од Фастек се жалеа дека се обратни точките.

Фајндерот е тазе излезен, има да се изначекаш. Не да те плашам, ама тоа е. ДНА250Ц само што се појави во кинески продавници, па додека ги добијат (тие често си пишуваат дека ги имаат, иако имаат само абер дека ќе ги добијат), па додека дојдеш на ред од тие што нарачале пред тебе... Во прво време ќе добиваат мали контингенти и рокот само ќе се продолжува. Исто е кај сите кинески продавачи. Ако наидеш на некој што веднаш го праќат, значи нешто не е во ред со него или е прескап. :hay:
 
А бе и за психолог те бидува. Се смирив сега. Многу си го сакам конфучие. Ај ќе му дадам шанса со канче од кисело млеко на ДНА 250ц :) Сериозно ќе пробам тоа.

Па уште сега кога Аце ќе ми даде SS на среќата и нема крај.
 
Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
И друга работа, точките кои покажуваат колку воздух да внесува се обратни од оригиналот. Една точка е најотворено. Како се зголемува бројот на точки е позатворено.

Изгледа ќе се избудалам и ќе го купам оригиналот конфучие.
@gokica Да, на КФ-ните од Фастек се жалеа дека се обратни точките.
Ако кинезите ептен ја утнале работата со бушење/режење на металот, тука нема спас. Но, ако деловите околу прстенот за AFC контрола се погрешно монтирани, ништо страшно.
Kayfun Prime Parts.jpg
Треба да се отшрафат / демонтираат деловите од секција А и да се нацентрираат точките на делот "3", според дупките на делот "9", притоа правилно да се намонтира делот "4". :crazy:
Делува конфузно, ама во пракса е едноставно. Мене ми се има случено при миење на Кајфун 5 (што е скоро ист со Прајм и Кајфун 3 Мини), да згрешам при склопување и да ги утнам позициите. Затоа велам, ништо страшно...

Металните делови кај проверените кинески клонови се скоро па исти како кај оригиналните кајфуни. Практичната разлика е најчесто во гумичките (о-рингови). Кинеските гумички се сериозен шкарт.

За среќа наша, оригинални сетови со гумички се продаваат директно од Свое Место или нивни партнери низ Европа или УСА. Само на кого да му текне. :(
Србите на времето си правеа груп бај на овие сетови (евентуално + изолатори) и на крајот добиваа "оригинал" кајфуни. Крајно време е и ние да се организираме.

Розевото муле продаваше оригинални резервни делови за скоро сите кајфуни, но поштарината им е солена. Груп бај би помогнал многу. Другата варијанта би била некој што е на нијат да порачува никотин од таму да уфрли во корпата и неколку комплета о-рингови, зависно од интересот. Тие се лесни и нема да ја качат воопшто поштарината. Информацијата ми е стара и немам линкови при рака, па бидете резервирани...

Сигурно има уште многу други фирми што нудат оригинални резервни китови за Кајфун, само треба да ги лоцираме со заедничка помош. :hay:

Допуна:
Го најдов линкот за Кајфун 5 сетот со гумички.
кит.JPG
Страната им е тешка за снаоѓање (бар за мојот ментален склоп), но ве охрабрувам да побарате резервни делови за другите кајфуни.
 
Последна промена:

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
^ Па линкот од search-от за Кајфун.

Србите си најдоа локална фирма за о-рингови.

Поддржувам да се собереме за групна нарачка. Или не мора, наједноставно само некој нека објави дека има намера да нарачува нешто од таму, па ќе делиме трошоци. Би учествувал и во двете варијанти.

@bicikle Ако прашуваш за препорака за СС жица, веројатно оваа што ја кажа @Astraion (мислам дека беше таа). Поскапа е, но и посплатлива по единица должина, а и имаш за цел живот. Веројатно и сите други се добри, односно како се погоди, освен мислам UD за која некои членови рекоа дека има погрешна или променлива дебелина. Јас не знам, една намотка ми трае 6 месеци и сум заборавил од која жица сум намотал. :hay: (Чико знае што значи тоа :hay:).

За ладњаците (Кеплерите), не се залетувај(те) со многу парчиња, не се баш идеални (не тие, било кои) - додаваат отпорност, шрафчињата можат да се олабават при работа или монтирање или сами од себе, добиваш две дополнителни шрафчиња на патот на струјата, не се погодни за температурна контрола, додаваат висина - понекогаш цениме да ни биде што понизок комплетот... Тогаш мислев дека нема да ги вадам од модовите, но сега е обратно.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Ептен "резил" ме направивте :) изпадна како за украс да ја зедов Endura-та :p (инаку околу 4мл на ден е потошената течност, маклу е лош аголот на сликата).

Инаку ако не сте знаеле, фирма за орингови има и кај нас , ако немаат на лагер ќе ви направат по порачка. Welcome to Seal Enginering dooel Skopje се наоѓа позади саем, по коцката кај Карго

Едит: Добив меил (со слика) дека тргнала пратката, ај да видиме дали и кога ќе стигне :)
 
Последна промена:

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
^ Интересно, треба да се праша дали продаваат на парче. Или и за тоа да се собереме? Крајно време е да се собереме за нешто. :hay:

Јас ја знаев Nitrile гумата како најквалитетна, а овие викаат дека не е погодна за глицерин. И дека силикон не е за пареа, значи витон (FPM). Иако, под нашиве услови не се толку големи дејства, а кинескиве гуми поарни да не се. Баш горе кај мулето има линк за Нитрил во описот на о-ринговите за Кајфуните (кои се сите аш освен за Прајм).

*Мислам* дека Фастек различно ги мери (обележува) о-ринговите, од крај до крај (надворешен дијаметар), не како овие по стандард:

O-ring.png

Како што се гледа и од сликата за кајфуните, најчесто H ни треба од 1 мм, евентуално 1,2 мм до 1,5 мм. За поголеми не сум чул или се ретки.
 
fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Ако ги имаат на лагер димензиите тогаш може на парче ако е по порачка треба одредена количина. Мене ми требаше димензија што ја немаа (гумичка за карбуратор, гума што не ја гризе бензин), ми рекоа дека треба 10 парчиња минимум, се сложив, кога бев да ги земам викаат ај може и 5 да земеш :)
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
^ Па линкот од search-от за Кајфун.

Србите си најдоа локална фирма за о-рингови.

Поддржувам да се собереме за групна нарачка. Или не мора, наједноставно само некој нека објави дека има намера да нарачува нешто од таму, па ќе делиме трошоци. Би учествувал и во двете варијанти.

@bicikle Ако прашуваш за препорака за СС жица, веројатно оваа што ја кажа @Astraion (мислам дека беше таа). Поскапа е, но и посплатлива по единица должина, а и имаш за цел живот. Веројатно и сите други се добри, односно како се погоди, освен мислам UD за која некои членови рекоа дека има погрешна или променлива дебелина. Јас не знам, една намотка ми трае 6 месеци и сум заборавил од која жица сум намотал. :hay: (Чико знае што значи тоа :hay:).

За ладњаците (Кеплерите), не се залетувај(те) со многу парчиња, не се баш идеални (не тие, било кои) - додаваат отпорност, шрафчињата можат да се олабават при работа или монтирање или сами од себе, добиваш две дополнителни шрафчиња на патот на струјата, не се погодни за температурна контрола, додаваат висина - понекогаш цениме да ни биде што понизок комплетот... Тогаш мислев дека нема да ги вадам од модовите, но сега е обратно.
Да, за сс жица прашував бидејќи имаше дилема околу јуде и предложената најверојатно. Патем колку што можам д следам 800 страни гледам дека канталот уопште не е лош.
Кеплерот т.е. ладилникот го нарачав најмногу ради што знае канго-то да протече, па да не оди в мод течноста, мада протекува еднаш на 5-6 саати и обавезно на полнење(што е очекувано вањда).
Селинг продаваат и флекс сеал, нешто како силикон, можеш и да си лиеш ама баш што сакаш :)
Инаку гумата треба да е наменета баш за тоа што се користи, на пример нафта, вода, глицерин, бензин, температура... Во селинг мислам дека има секакви, вреди да се праша. Не знам експозитурата кај скопјанка дали им работи, ќе претрчам деновиве, ќе проверам.
И јас сум за масовна нарачка за гумици, никотин, вг, пг... Или да пратиме некого до соседите, кој е по шетањето, секако трошакот ќе го поделиме. Не знам грчко дали има вг пг, 800 ден е карта појди-дојди.
p.s. може овде ќе изникне некоја батерија
Алфаелектроник
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
^ Нема ни обични 18650-ки, а камоли hi-drain.

И, шо ги вртам, сам ќе си праам о-рингови. :hay:

Суперлепак и ластиче, ќе држи. :hay:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно