Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Temu

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Kупони/ваучери од промоцијата со тоа тркалото, кога купуваш пар работи па ти дава купони демек 2-3 илјади ама во делови од по 200-300 ден за мин. нарачки од 800-100 денари? Или и на друг некој начин се добиваат купони?
Не, купоните од тоа тркалото не се исплатливи. Секој ден праќаат купони на апликацијата. Барај ги во пораки, па промоции.

Инаку јас зборував за discount card промоцијата. Најголемите попусти се таму, само не секогаш ги нуди работите што ги имаш во wishlist или што се разгледувани/пребарувани. Па сепак дава и такви.
Кај тие, има 2-3 вида такви. Едни од нив поретко што паѓаат сериозно ја намалуваат цената на случајно одбран производ од корпа и после може да се користат и други актуелни купони. Останатите намалуваат цена на еден или два производи од дадена листа. На листата може да има производи од корпата, но воглавно се слични на оние што се во корпа или претходно гледани.

Вчера еден производ од 2500 реална цена ми го намали на 1500 и потоа го купив со кредит бек од 50%, а го платив со кредит од претходната нарачка. Фактички го платив со нивни пари и сега уште ќе ми враќаат! Која е бизнис логиката зад ова, не ми е јасно. Добро е дур трае.
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
618
465
Зборуваше со support? @riki_staff
Јас им се пожалив за некомплетен производ, алуминиумско постоље за фиксно монтирање на фреза (глодалка) каде покрај плочата идеа и куп додатоци и во описот и на фотографиите, и воопшто немаше избор да бираш и слично (за да може да е моја грешка). Прво тоа ботот понуди да го вратам бесплатно производот (што не сакав да се замарам да го правам), потоа кога барав да зборувам со човек ми понудија поврат на парите. Понудија кредит или пари, побарав пари чисто за да видам како ќе функционира и во рок од 10 минути легнаа парите назад на сметка. Дури и со Али барем неколку денови (до недела) треба за рифандот да легне на сметка. Импресивно.

Така да, засега позитивно искуство со Тему. Со задршка за малиот семпл од нарачки.

@Optipro сите вакви додатоци за алати, алуминиумски пред сѐ, на Али се барем дупло поскапи. На фотографии наизглед се истите (барем фотографиите сѐ), и можно е да има разлики во квалитет. Но факт е дека на Али вакви неколку работи што ги нарачав воопшто ги нема во тој ценовен ранг што ги има Тему.

Малку неверојатно е да има сегмент од пазарот кој Кинезите не би го пополниле на Али. Во превод, ако има и понеквалитетни верзии од производите нив ќе ги има и на Али, не само на Тему. Едноставно Тему со контејнерските пратки имаат многу поевтин шипинг и посигурен (од оштетувања), и тоа се гледа по цените. Пола кило алуминиумска плоча не може исто да кошта да се испрати од Кина и од Унгарија. И притоа да не се извитка/оштети.
Потешки работи што нема есап да се праќаат поединачно од Кина, очигледно има есап да се праќаат на големо во држави како Унгарија па од таму до Македонија.

Има и други производи. На пример кабасти работи како ергономски перници. Или вертикалните мауси што ги гледав, барем 20% сите беа поевтини на Тему, некои и многу повеќе. Итн. Шипингот им дава предност. Не е ова некоја нова работа, отсекогаш имало продавачи на Али што држеле магацини по Европа и на шипингот се нуди праќање од таму (ама не за Македонија, туку за конкретните држави).
За 10 минути после рифундот тешко дека ке легнат на сметка...

Инаку секоја страна/апликација и слично има своја цел, шема и избор на производи.
Ке го земам за пример Јоом, каде дефинитивно има многу поевтини работи и од Тему и од Алиекспрес, а е на ниво квалитетот како од Тему!
Генерално на Тему имаш квалитетни производи само од продавачи кој се офизијални за кинески брендови! Пример ке го земам ,,Аненг" унимер на Алиекспрес е 3 долари поскап од тој на Тему, ама пак на Алиекспрес го добиваш со сите додатоци, на Тему ти иди со 2 сонди и толку.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.477
2.924
Прв пат нарачувам над 1200 ден од Тему и ми се падна баш ELS како доставувач.
Ќе видиме кога ќе стигне дали ќе има ДДВ и слично.

Инаку го пробав и откажување на нарачка со враќање на средства како кредит за наредна. Топ си работи.
Нема да има.
Денес ми донесоа пратка од ТЕМУ со ЕЛС, во вредност околу 1.800 денари (на кесата пишуваше 25 евра, не знам оти).
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.477
2.924
Не, купоните од тоа тркалото не се исплатливи. Секој ден праќаат купони на апликацијата. Барај ги во пораки, па промоции.
Да, ова со вртливото тркало не е исплатливо (за нас).
Кај тие, има 2-3 вида такви. Едни од нив поретко што паѓаат сериозно ја намалуваат цената на случајно одбран производ од корпа и после може да се користат и други актуелни купони. Останатите намалуваат цена на еден или два производи од дадена листа. На листата може да има производи од корпата, но воглавно се слични на оние што се во корпа или претходно гледани.

Вчера еден производ од 2500 реална цена ми го намали на 1500 и потоа го купив со кредит бек од 50%, а го платив со кредит од претходната нарачка. Фактички го платив со нивни пари и сега уште ќе ми враќаат! Која е бизнис логиката зад ова, не ми е јасно. Добро е дур трае.
Исто use case sceнаrio и кај мене.
Со пратката што ја платив (што стигна денес), после тоа имав 80% кредит бек, кој треба да го собираш неколку дена, и секој ден има градациски поголема вредност за колектирање.
Во меѓувреме тој кредит што си го собрал, можиш да го употребиш за плаќање (и на производ кој веќе ти е на попуст), при купување на крај се одбива од целата сума. Има можност и да одбериш и колку од сумата да се употреби, ако не сакаш од некои причини целата сума да ја поарчиш :)
 
riki_staff

hello world
28 ноември 2015
480
202
Зборуваше со support? @riki_staff
Јас им се пожалив за некомплетен производ, алуминиумско постоље за фиксно монтирање на фреза (глодалка) каде покрај плочата идеа и куп додатоци и во описот и на фотографиите, и воопшто немаше избор да бираш и слично (за да може да е моја грешка). Прво тоа ботот понуди да го вратам бесплатно производот (што не сакав да се замарам да го правам), потоа кога барав да зборувам со човек ми понудија поврат на парите. Понудија кредит или пари, побарав пари чисто за да видам како ќе функционира и во рок од 10 минути легнаа парите назад на сметка. Дури и со Али барем неколку денови (до недела) треба за рифандот да легне на сметка. Импресивно.

Така да, засега позитивно искуство со Тему. Со задршка за малиот семпл од нарачки.

@Optipro сите вакви додатоци за алати, алуминиумски пред сѐ, на Али се барем дупло поскапи. На фотографии наизглед се истите (барем фотографиите сѐ), и можно е да има разлики во квалитет. Но факт е дека на Али вакви неколку работи што ги нарачав воопшто ги нема во тој ценовен ранг што ги има Тему.

Малку неверојатно е да има сегмент од пазарот кој Кинезите не би го пополниле на Али. Во превод, ако има и понеквалитетни верзии од производите нив ќе ги има и на Али, не само на Тему. Едноставно Тему со контејнерските пратки имаат многу поевтин шипинг и посигурен (од оштетувања), и тоа се гледа по цените. Пола кило алуминиумска плоча не може исто да кошта да се испрати од Кина и од Унгарија. И притоа да не се извитка/оштети.
Потешки работи што нема есап да се праќаат поединачно од Кина, очигледно има есап да се праќаат на големо во држави како Унгарија па од таму до Македонија.

Има и други производи. На пример кабасти работи како ергономски перници. Или вертикалните мауси што ги гледав, барем 20% сите беа поевтини на Тему, некои и многу повеќе. Итн. Шипингот им дава предност. Не е ова некоја нова работа, отсекогаш имало продавачи на Али што држеле магацини по Европа и на шипингот се нуди праќање од таму (ама не за Македонија, туку за конкретните држави).
Арно ти текна,сеа и пишав

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.147
3.019
@Lokvan ете горе @moongose убаво објасни ама одбрав нов производ и поминав низ целиот процес уште еднаш па можам подетално да го опишам. Го одбрав овој производ по оваа цена

1.JPG
1. Многу е битно да немате 100 производи во кошница туку само неколку кои ви се битни за кога ќе добиете discount card попуст да не ви дава предлози за четка за заби која не ви треба и чини 30 денари. Истотака кога добивате кешбек се формира нова кошничка која одбира околу десетина производи од реалната, не сите. (Како што впрочем и ти самиот рече)

2. Кога ми стигна discount card попустот го одбрав производот погоре и цената се намали на 617 денари.

3. Кога после отидов преку линкот за кешбек производот навистина го немаше т.е. постојат две различни кошнички како што пишав под 1, но веднаш беше првиот предлог под кешбекот.

4. Цената се намали 617 - 371 кешбек = 246 денари. Оваа цена е со 60% кешбек, не 80% заради тоа што поминаа 4 саати и потоа се намалува
2.jpg
5. Цената од 1250 денари со discount card + 80% кешбек ќе излезе околу 150 денари
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK

Погледнете го атачментот 150728

Погледнете го атачментот 150750
5. Цената од 1250 денари со discount card + 80% кешбек ќе излезе околу 150 денари

Практично вака претходно си одбирал што ти треба, наместо да се надеваш дека алгоритмите ќе ти „дадат“ работите од wishlist и од history?? И истиов метод на одбирање функционира и со discount card промоцијата? И тоа кумулативно??!?

Баш ќе пробам деновиве.

Јас за discount card обично со неколку минути разлистување наоѓав што да купам, а кешбекот никогаш не го ни есапев пошто хх% од ~600 или 1000 денари за кои треба да направиш х купувања... Не ми изгледаше како вредно за внимание. Вака секако земаш тоа што сакаш да го земеш, а кешбек ваучерите дали ќе ги искористиш тоа е бонус (ако ги искористиш, што секако е можно).
 
kloki

hello world
24 јули 2015
330
74
Дали некој знае за податок за барање за податоци за достава од овие разнесувачи на пратки исклучиво на ќирилица?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Јас за discount card обично со неколку минути разлистување наоѓав што да купам, а кешбекот никогаш не го ни есапев пошто хх% од ~600 или 1000 денари за кои треба да направиш х купувања... Не ми изгледаше како вредно за внимание. Вака секако земаш тоа што сакаш да го земеш, а кешбек ваучерите дали ќе ги искористиш тоа е бонус (ако ги искористиш, што секако е можно).
Различни работи се ваучерите и кешбекот.
Ваучерите ја намалуваат сумата за плаќање за износ над Х. Намалувањето е фиксно и изнесува отприлика 10-20% од целата сума.
Кешбекот враќа 30-80% од направената нарачка на цела сума. На нови купувачи дава и повеќе. Вратената сума се користи за плаќање на следна нарачка и нема никакви ограничувања.

Знае некој како функционира ова 200% credit back и дали се исплати
Обично за да се активира треба да направиш нарачка над некој износ и/или има ограничување колку е максималниот поврат. Пишува во понудата како точно функционира, изгледа дека условите (сумите) се различни кај различни корисници.

Еве краен исход. два производа со редовна цена од 1240 денари, намалени со купони во кошничка на 605 денари. Со кредитбек од претходната нарачка од 591 денар, за наплата остануваат 14 денари. На ова има нов кредитбек од 50% во износ од 302 денари што ќе се врати во текот на следните 7 дена.

1748423146547.png
 
Последна промена:

389mk

hello world
16 јануари 2020
280
306
Имав продукт од 1250 во корпа, ми даде намалување преку дисконт од негде 625 ден и го купив производот, ми даде купон од 120 денари и веднаш отвора страница да изберам производи за да ги додаде во истата нарачка за заедничка испорака, со делумна манипулативна порака дека тој купон од 120 може да се искористи за истиот производ. Но реалноста било дека купонот од 120 денари може да се искористи само за нова нарачка од минимум 600 денари, а не за производ кој би се додал во истата нарачка. :LOL::LOL: Избрав некој рандом производ од 150 денари и ми ја наплати целосната сума.
 
Viko

hello world
28 јуни 2022
303
283
Различни работи се ваучерите и кешбекот.
Ваучерите ја намалуваат сумата за плаќање за износ над Х. Намалувањето е фиксно и изнесува отприлика 10-20% од целата сума.
Кешбекот враќа 30-80% од направената нарачка на цела сума. На нови купувачи дава и повеќе. Вратената сума се користи за плаќање на следна нарачка и нема никакви ограничувања.

Обично за да се активира треба да направиш нарачка над некој износ и/или има ограничување колку е максималниот поврат. Пишува во понудата како точно функционира, изгледа дека условите (сумите) се различни кај различни корисници.

Еве краен исход. два производа со редовна цена од 1240 денари, намалени со купони во кошничка на 605 денари. Со кредитбек од претходната нарачка од 591 денар, за наплата остануваат 14 денари. На ова има нов кредитбек од 50% во износ од 302 денари што ќе се врати во текот на следните 7 дена.

Погледнете го атачментот 150758
Попуст, кешбек ова она се тоа убаво ама бидеме реални се ова е еден „зачаран круг" и тие 50% кредит ќе ги потрошиме во 95% од случаите на ствари што не ни се потребни...
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.188
1.190
Скопје
Пред неполн месец правев порачка со понудата што ја даваше два производа гратис и доплата од 1000 денари (што веќе не постои таква понуда, сега наместо 1000 денари доплата се плаќа 2400), и во тие 2 гратис производи со едниот порачав сет од два дела за седишта за кола, но стигна само за едно седиште. И си викам ај ќе пробам ќе барам рефунд, и во секунда ми врати како кредит баланс, само слика пратив и толку без никакво замарање. Претпоставувам и други се имаат зезнато и барале рефунф и затоа одма ми врати
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Различни работи се ваучерите и кешбекот.
Ваучерите ја намалуваат сумата за плаќање за износ над Х. Намалувањето е фиксно и изнесува отприлика 10-20% од целата сума.
Кешбекот враќа 30-80% од направената нарачка на цела сума. На нови купувачи дава и повеќе. Вратената сума се користи за плаќање на следна нарачка и нема никакви ограничувања.

Обично за да се активира треба да направиш нарачка над некој износ и/или има ограничување колку е максималниот поврат. Пишува во понудата како точно функционира, изгледа дека условите (сумите) се различни кај различни корисници.
Значи различни работи се кешбек и кредитбек?
Или истото е, ама го „билдате“/зголемувате дневно достапниот кредит со повеќе нарачки?

едит: Пошто на пример вчера нарачав со кредит бек како што објаснивте со @TATA_MATA (па дури и два производа со дискаунт кард), и сумата 50% од нарачката ја дава достапна на 7 „рати“ по еднаш дневно и со истек после 7 дена.
 
Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.213
2.643
да ги пофалам М-Оне, многу бргу носат. До врата и тоа ми донесоа.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.670
3.755
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Пред неполн месец правев порачка со понудата што ја даваше два производа гратис и доплата од 1000 денари (што веќе не постои таква понуда, сега наместо 1000 денари доплата се плаќа 2400), и во тие 2 гратис производи со едниот порачав сет од два дела за седишта за кола, но стигна само за едно седиште. И си викам ај ќе пробам ќе барам рефунд, и во секунда ми врати како кредит баланс, само слика пратив и толку без никакво замарање. Претпоставувам и други се имаат зезнато и барале рефунф и затоа одма ми врати
Мислам уште важи понудата гратис+1000 ден. И јас нарачав како тебе покривка за седиште за кола (со гратисот), не видов дека е 1 парче. Ако е добро нареден пат со гратис ќе нарачам и друга покривка.
Refund-от брзо им работи.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Пример ке го земам ,,Аненг" унимер на Алиекспрес е 3 долари поскап од тој на Тему, ама пак на Алиекспрес го добиваш со сите додатоци, на Тему ти иди со 2 сонди и толку.

Ваљда може да е различно од производ до производ, ама некако гледам тренд Тему да е поевтин за повеќето производи кои од Кина (Али) се праќаат со препорачни пратки. Пример би биле Уни-Т, Аненг, и сличните кинески средна класа брендови, кои најчесто праќаат со поскапа (не бесплатна) поштарина.

На пример погледај/пребарај колку оди UNI-T UT12D на Али, и погледај колку го земав од Тему, и тоа ова е со тие „слабите“ попусти од тркалото со купони. Со кешбек и/или на discount card би дошло уште поевтино.

1748523113894.png
Мислењето е автоматски споено:

Мислам уште важи понудата гратис+1000 ден. И јас нарачав како тебе покривка за седиште за кола (со гратисот), не видов дека е 1 парче. Ако е добро нареден пат со гратис ќе нарачам и друга покривка.
Refund-от брзо им работи.
Договоретесе се сега, фрлајте паричка барем еден од вас да заврши со комплет навлаки за предни седишта. :)
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
618
465
Ваљда може да е различно од производ до производ, ама некако гледам тренд Тему да е поевтин за повеќето производи кои од Кина (Али) се праќаат со препорачни пратки. Пример би биле Уни-Т, Аненг, и сличните кинески средна класа брендови, кои најчесто праќаат со поскапа (не бесплатна) поштарина.

На пример погледај/пребарај колку оди UNI-T UT12D на Али, и погледај колку го земав од Тему, и тоа ова е со тие „слабите“ попусти од тркалото со купони. Со кешбек и/или на discount card би дошло уште поевтино.

Погледнете го атачментот 150791
Мислењето е автоматски споено:

Договоретесе се сега, фрлајте паричка барем еден од вас да заврши со комплет навлаки за предни седишта. :)
Ова џиџе јас истото од Алиекспрес го купив 130 денари плус 45 денари шипинг за да го пуштат со Yanwen.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Попуст, кешбек ова она се тоа убаво ама бидеме реални се ова е еден „зачаран круг" и тие 50% кредит ќе ги потрошиме во 95% од случаите на ствари што не ни се потребни...
Никој никому не наметнува со сила што да купува. Ако нешто не ти треба, не го купувај.
Муабетот е како поевтино до работите што сакаш да ги купиш.
Значи различни работи се кешбек и кредитбек?
Или истото е, ама го „билдате“/зголемувате дневно достапниот кредит со повеќе нарачки?

едит: Пошто на пример вчера нарачав со кредит бек како што објаснивте со @TATA_MATA (па дури и два производа со дискаунт кард), и сумата 50% од нарачката ја дава достапна на 7 „рати“ по еднаш дневно и со истек после 7 дена.
Истото е. Го враќа во текот на седум дена и секој ден треба да го кликнеш за да го добиеш дневниот поврат. Ако прескокнеш да кликнеш некој ден, таа „рата“ ја губиш. По седум дена вкупната сума е таа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
Ова џиџе јас истото од Алиекспрес го купив 130 денари плус 45 денари шипинг за да го пуштат со Yanwen.
Ама кога? Пошто сега го нема под 10-15+ долари.
Мислењето е автоматски споено:

Патем кога сме кај цените една забелешка, сите работи кои на Тему беа тука некаде на поранешната граница од ~1200 денари, сега се најмалку 10-20% поскапи.
 
Joco Ilievski

lurker
24 август 2011
637
621
Тетово
Joco Ilievski's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 5700x3D & Arctic Liquid Freezer III 420
Motherboard
Asus ROG Strix B550-A Gaming
Storage
Samsung 980 PRO NVME m.2 / Samsung EVO 850 250GB / Toshiba 2TB HDD
PSU
Gigabyte P850GM 850W, 80 PLUS GOLD
RAM
Kingston 2x16GB @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 7700 XT Pure 12GB
Case
Deepcool CH690 Digital
Mouse
Attack Shark X3 Pro
Keyboard
Ajazz AK820 PRO + Pudding Keycaps
Audio
Genius GX SW-G 2.1 1250
Monitor
Benq EX3710Q Mobiuz 165Hz + Dell U2414H 60Hz
OS
Windows 11
Ова џиџе јас истото од Алиекспрес го купив 130 денари плус 45 денари шипинг за да го пуштат со Yanwen.
И Јанвен не е тоа што беше, испорака до дома за две недели и некој ден плус... месец дена му требаше последно да ми стигне до дома..

И за тему, ЕЛС некако баеѓи поспори за разлика од ВИА... еве уште чекам пратка преку ЕЛС што е нарачана неколку дена пред оваа што е пратена преку ВИА пост, а ВИА уште вчера ја доставија :LOL:
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно