Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Препорака за Thinkpad лаптоп

Algebra

read-only
8 април 2018
39
27
Здраво,
Размислувам да го купам следниот ThinkPad (ThinkPad E16 Gen 3 Black - Lenovo Exclusive Store):
  • Intel Core Ultra 7 258V
  • 32GB LPDDR5X RAM
  • Intel Arc 140V интегрирана графика
  • 16" 2560×1600 IPS, 120Hz, 100% sRGB
  • 1TB SSD
Планирам да инсталирам Ubuntu (или друго Linux distro) и лаптопот главно да го користам за програмирање. Најчесто работам:
  • Backend развој (претежно Python, Rust и Go)
  • Docker, SQL databases, Redis
  • Infrastructure / DevOps (terraform)
  • FastAPI/Flask и Docker контејнери
Работам и со light AI, но не планирам тешко локално тренирање на модели. Под „light AI“ мислам на експериментирање со помали или постари модели, локално генерирање embeddings, RAG flows и понекогаш тренирање на помали модели со мали датасети.

Исто така, ако сметате дека ова не е најдобриот избор за моите потреби, би ми значеле препораки за други лаптопи во сличен ценовен ранг (евентуално до кај 100к денари).

Фала однапред!
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.086
6.019
Еве на пример ова ќе е каде каде побрзо.

Може и вака, ова ќе е нехумано побрзо.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.801
5.517
Здраво,
Размислувам да го купам следниот ThinkPad (ThinkPad E16 Gen 3 Black - Lenovo Exclusive Store):
  • Intel Core Ultra 7 258V
  • 32GB LPDDR5X RAM
  • Intel Arc 140V интегрирана графика
  • 16" 2560×1600 IPS, 120Hz, 100% sRGB
  • 1TB SSD
Планирам да инсталирам Ubuntu (или друго Linux distro) и лаптопот главно да го користам за програмирање. Најчесто работам:
  • Backend развој (претежно Python, Rust и Go)
  • Docker, SQL databases, Redis
  • Infrastructure / DevOps (terraform)
  • FastAPI/Flask и Docker контејнери
Работам и со light AI, но не планирам тешко локално тренирање на модели. Под „light AI“ мислам на експериментирање со помали или постари модели, локално генерирање embeddings, RAG flows и понекогаш тренирање на помали модели со мали датасети.

Исто така, ако сметате дека ова не е најдобриот избор за моите потреби, би ми значеле препораки за други лаптопи во сличен ценовен ранг (евентуално до кај 100к денари).

Фала однапред!
Никако тој лаптоп, т.е. тој процесор за тоа што планираш да работиш. Тој лаптоп е за бизнис корисник, улта портабилен и енергетски ефикасен, ама тарабука у перформанси. Барај нешто со саглам процесор, отприлика како ти предложија.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.944
8.438

Што ке му е набилдан лаптоп со дедицирана графичка и ултра брз процесор за програмирање? Му треба ултра лесен и стабилен систем. Тинкпад е правата ствар за него само ако може да земе L серија барем.. Е е онака ептен буџет ориентиран Тинкпад. Не е тоа тоа.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.172
16.258
Подобар здравје, топ ти е тој ThinkPad E16, и јас би одел со тој на твое место, ако ти се доволни 4+4 јадра и ако Убунтуте е кернел 6.8 или плус.
 
386ka

poweruser
22 декември 2007
2.374
215
И јас го разгледувам тој лаптоп во моментов. Мене ми се чини дека е добар избор во поглед на трајност на батерија и добар екран. Можеби не е T/P серија во поглед на изработка, ама веројатно доволно добро за цената.

И она што е важно, според ривјуа, нема пад на перформанси помеѓу работа на батерија и вклучен во струја.
 
Процесорот му буста докај 37w за разлика од други што одат 45, 55 па и повеќе w. Мене ми изгледа топ, дури и го меркам за мене, ама преферирам AMD за лаптоп, па ќе му се думам уште троа до Септември.
 
386ka

poweruser
22 декември 2007
2.374
215
И јас би АМД - но за долготрајност на батерија, оваа опција ми се чини најсоодветна. Секако работам најголем дел од времето на десктоп машини, ова би ми било алтернатива само кога сум на пат.
 
386ka

poweruser
22 декември 2007
2.374
215
За жал, АМД верзиите на Е16 немаат убави екрани. Ако е задоволен со 1200р 45% NTSC, тогаш е ок.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.801
5.517
4P+4E јадра на ултра лајт пауер процесор за програмирање, докер контејнери, SQL сервер, АИ, и уште што ли ќе му текне да развива. Ако ако. Лажете го.
Едно е @Astro што му треба лаптоп за онака и да му држи повеќе батерија додека си игра онлајн генерално или некои SaaS системи, друго е девелопер што сака да тера локал стак.
И не не реков гејминг лаптоп, него лаптоп со саглам процесор со што повеќе јадра/нишки. А и графичка не ќе му е на одмет ако тера лока АИ модели.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.081
14.186
Не сум програмер и не ги познавам тасковите кои ќе се извршуваат на лаптопот. Не сум во тек со новите трендови и AI. Но мислам дека општите правила важат сеуште.

Прво било кој лаптоп процесор е моќен колку неколку генерации стар десктоп процесор. Кога ќе споредиш со други лаптопи како ентузијаст секогаш ти паѓа во око понов процесор и подобри перформанси. Но секој лаптоп е ограничен поради топлина и батерија. И најголем дел тротлуваат многу брзо во подолготрајни таскови. Муабетот ми е ако бараш снага и брзина било кој лаптоп е компромис.

Е сега поентата ми е и нешто друго. Кога сите лаптопи се кастрирани, јас не би посветувал толку внимание на тоа само кој процесор и графичка ги има. Туку каква е изработката.

Порадо би купил премиум модел од претходна генерација отколку најнова технологија спакувана во пластикарија.

Освен процесор, кај лаптопот игра улога колку и какви портови има. Премиум сегментот има зајакнати портови кои се поиздржливи со тек на време и со добри спецификации. Потоа каков квалитет на мрежен/вај фај модул и антени се вградени. Дали рамот е залемен па така можеби ограничува. Каков тракпад и тастатура се вградени. Батериите кај премиум и буџет моделите се со различен квалитет од мое скромно искуство. Понатаму премиум сегментот нуди подобра поддршка (автоматски апдејти на драјвери преку software assistant) и подолгорочни апдејти на биоси.

И за крај, било кој монитор на лаптоп е некоја енергетски штедлива варијанта на IPS или OLED. Со второво сум немал искуство. Но IPS се далеку од идеални за подесување на бои, нијанси и сл.

Бојата на 100% RGB е помалку измиена. Но ако лаптопот се користи за работа која нема никакви посебни релации со бои, тогаш не игра улога. Зашто за мултимедија или игри, да се врзе лаптопот на десктоп монитор е секогаш подобра опција.
 
Добро кажано. Не очекувајте кој знае какви перформанси од лаптоп токму поради термалниот тротлинг кој го имаат сите лаптопи. Овие со послаби на перформанси лаптопо не се толку засегнати од тротлинг, али гермер/воркстејшн лаптоп има да тротла и да биде бучен како фен на максимум. Кој сака перформанси без значителен тротл нека земе десктоп.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.172
16.258
4P+4E јадра на ултра лајт пауер процесор за програмирање, докер контејнери, SQL сервер, АИ, и уште што ли ќе му текне да развива. Ако ако. Лажете го.
Едно е @Astro што му треба лаптоп за онака и да му држи повеќе батерија додека си игра онлајн генерално или некои SaaS системи, друго е девелопер што сака да тера локал стак.
И не не реков гејминг лаптоп, него лаптоп со саглам процесор со што повеќе јадра/нишки. А и графичка не ќе му е на одмет ако тера лока АИ модели.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Па никој не го лаже. Јас не му реков овој процесор е доволен. Јас кажав дека лаптопот е добар избор ако перформансите на процесорот одговараат на тоа што работи. Прашањето е за лаптопот не специфично за процесорот. Човекот е програмер, тој самиот знае што работи, не јас и ти.

Исто како што нема смисла да се препорачува слаб процесор каде треба подобри перформанси, нема смисла да се препорачува и силен и скап процесор со „што повеќе јадра/нишки“ за web и cloud workloads, remote desktop и слично. Се знае дека ако се работи локално со тежок SQL и AI не се купува лаптоп со најсилен можен процесор, туку се купува workstation и се работи девелопмент и тестинг таму.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв