Nikola100
poweruser
Со предходниот модел на АОЦот што си го купил AOC G2U -144хц имам искуство - 7-8год го користев на 144хц нон стоп - па минимум 14ч на ден е користен - и седмата година почна да глича на 144хц. морав под тоа да го пуштам - на 120 - осмата година и таму почна да глича - (како нешто да слабее ) , сега на 100хц работи само - значи како да се троши е сеа дали екранот или нешто електроника внатре слабее не успеав да откријам - а го отварав. Ко ќе имам време пак ќе го нападнам ама и да ти кажам дека не само инцидент - многу други АОЦи се однесуваат така а богами и други монитори..Јас го земав АОЦ-то од сетек за блек фрајдеј за 7600 ден, и до сега еве да чукнам во дрво добар е. Цената во Сетра е претерана за овој модел, воопшто не се исплати, гигабајт-от е тука некаде со цената како во другите продавници, така што тој повеќе ти се исплати.
Надевај се дека овој има подобар панел и нема брзо да ослабе..
ПС. Сега дури Самсунгот 165хц што го купив го штедам - го терам на 60хц и само кога гејмам на 165 го пуштам...
Иначе за бои контраст - агол на гледање - пријатно доволно осветлен за очи - а богами и многу малку гоустинг има -одличен е ..