gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.080
- 14.180
@gokica пошто ти се разбираш брат која е разликата помеѓу бојата на свичовите? кај мене се црвени и задоволен сум не е толку гласна![]()
Баш оној стандарден RED линеарен свич е релативно тивок. Долниот дел е од помека пластика за да го ублажи звукот при притискање. А горниот дел е од проѕирна (најчесто) за нијанса поцврста пластика за да го даде тој „тик“ звук кога копчето се враќа во почетна позиција. Обично се 45 грамски што значи полесни за притискање па оттука и имаат постишан звук.
Мене лично ако споредувам црвен, кафен, син и жолт, баш црвениот ми е омилен. Синиот не можам да го слушам. Кафен има некој лош тактилен фил кој јас не го сакам но знае да е потивок дури и од црвен зависно од свичот и тастатурата. Жолтиот е подобрена тактилна варијанта (има и линеарни жолти) но погласна од црвен и кафен. Синиот е најгласен и веќе не се ни користи во нови тастатури.