Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Калибрација на Монитор

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.505
31.946
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Ме интересира дали некој се занимава со следното,дали има
хардвер за калибрирање на ако има дали го изнајмува и која цена ?
дали хардверското калибрирање е поефикасно од софтверското?
Немам искуство на оваа тема ајде малце информации и совет.
Исто така доколку некој е заинтересиран да заработи со изнајмување
не горенаведеното или продавање нека ме информира.Се разбира
се работи за калибрација на монитор.

Фала однапред.
 
prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Никој не одговорил на оваа тема. :) Денеска пак ме фати "треска" , за color accuracy и слични филмови...
Па да прашам, каква е ситуацијата денес кај нас, може да се најде калибратор или сеуште нема увоз на таков производ кај нас. Ме чуди што дури нема ни од оние производи што се прилично скапи од аспект на , еднаш ќе ти треба у животот да го користиш а ќе платиш 200 евра одприлика за него...у смисол, еве монитор или телевизор менуваме на минимум 5 години и повеќе...некогаш и 7 па и 10 се случува зависи од квалитетот. Еве на пример за мојот монитор се деси 10 години да го користам :) Зборам за оние производи што стојат по излози и фаќаат прашина, а океј се, квалитетни, не од најдобрите ама што вршат работа, нема ни такви...у пм.... Или? Ќе ме израдува некој ќе ми каже, причи иди до таму и таму, имаш spyderX да купиш...или некој од производите на x-rite!
Sorry за темава што ја отворив, интересно ми беше дека е од 2009та. А и името е соодветно, калибрација на монитор, може да се пишува во неа се и сешто во врска со калибрација, сеа можеби најдобро би било и за телевизори да се знае кој од овие е најдобар, највероватно тоа би било, да се земе некој од овие продукти што подржуваат висок(и) (Нити) NIT's , осветлување.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Чинам дека еден член одамна има(ше) калибратор, нормално ако се работи за еднократна услуга и ако се договорете.
За купуење не сум сретнал ни јас. :)
 
prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Баш зборнавме со еден другар. Имаме во план да купиме. Ако го земеме ќе го позајмиме кој сака. (Free of charge секако)
Епа супер, тогаш пишете приватна порака кога ќе го земете, ако се сетите. :) Плус, ако ви фали нешо кеш, кажете, ќе додадам и јас, па ќе биде заеднички на сите тројца, не е битно кај ќе седи, битно на кого му притреба ќе може да го земе слободно во секое време. Сигурен сум декаби се приклучиле уште еден двајца, па да го земеме најскапиот што постои, кога е бал,нека биде Маскембал.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.020
Баш ме интересира кој репер за калибрација ќе го користите...
 
prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Баш зборнавме со еден другар. Имаме во план да купиме. Ако го земеме ќе го позајмиме кој сака. (Free of charge секако)
Здраво, дали со другарот го земавте калибраторот, па ако може нели зошто ни даде збор дека ќе помогнеш да го калибрирам мониторот. :) Значи, ќе се договориме, јас ќе те соберам од дома, ќе дојдеме кај мене ќе завршиме работа и ќе те вратам дома, барем за услугата можам тоа да го направам да се понудам за превозот. Дали е се океј? Поздрав пријателе.
- Edit: Хмммм ,ама ти од Гостивар си бил, ќе треба значи да почекаме ако доаѓаш накај Скопје, тогаш да се договориме.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Калибрација е потребна ако ти требаат бои кои ќе изгледаат исто на повеќе уреди истовремено, или при печатење. Исто ако работиш со бои па ти треба калибриран панел за чисто кога споделуваш работа со тековни и нови потенцијални клиенти да имаш стандард по кој ќе се раководиш.

За по дома, доволно е одокативно да ти се допаѓа приказот на компјутерот. Преку менито и со некои софтверски алатки да ги поддотераш белата и сивите бои. И толку. Инаку калибриран монитор според некој општоприфатен стандард има досадни бои. Посебно кога во него ќе погледат гејмери или филмофили. Пред се зашто калибрација обично се прави на 120 кандели осветлување што за оваа целна група најчесто е малку.
 
bogdan.j

hello world
16 февруари 2018
155
426
Гостивар
ntpmk.net
Здраво, дали со другарот го земавте калибраторот, па ако може нели зошто ни даде збор дека ќе помогнеш да го калибрирам мониторот. :) Значи, ќе се договориме, јас ќе те соберам од дома, ќе дојдеме кај мене ќе завршиме работа и ќе те вратам дома, барем за услугата можам тоа да го направам да се понудам за превозот. Дали е се океј? Поздрав пријателе.
- Edit: Хмммм ,ама ти од Гостивар си бил, ќе треба значи да почекаме ако доаѓаш накај Скопје, тогаш да се договориме.
Има многу по едноставен одговор. "Имаме во план". Планот до сега не е остварен :D
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232
Да се надоврзам на темава што ми промакнала.
Калибратор е супер, ако боите ти се пресудни и работиш со печатница, па треба да знаеш што од прилика гледаш. Во суштина се калибрира печатењето, за да биде стандардизирано, а мониторот да даде најблиски можни бои.
Ако не печатиш, туку сакаш за себе да имаш прилично точни бои, тогаш и софтверски „окативно“ ќе завршиш прилично работа. Гледај сивата да е сива, да не биде „обоена“.
Ако си во бизнис каде боите се битни, тогаш нема да прашуваш за калибратор, ќе го имаш на биро.
 
Nem_Akata

Баниран/a
26 мај 2015
264
371
Слога Југомагнат

Нема врска. Печатење е една работа, на монитор можеш да правиш билион работи.

Графички дизајн, нијанси на црна боја и контури, да не набројувам.

Имам еден 140hz гејмерски монитор, сосем солиден е- дефинитивно океј е за работа, ама кога го палам BenQ-то за некои додатни работи, хах, кога ќе ја видам црвената боја...

Ех, ех.

Можда не му треба на секој, али на човек што се бави со ова, калибриран монитор е калибриран монитор, не се за џабе толку иљадарки тие од EIZO особено.
 
Монитор со широк опсег на приказ на бои и монитор со тн панел се две приказни. Калибрација на тн панел нема да измисли нови бои, само ќе бидат блиски до тоа што треба да бидат прикажани. Гејмерски монитор најчесто нема широк опсег на бои, а тоа што има 140 херци нема никаква врска со приказот на боите. Спореди калибриран и некалибриран монитор, ама ист модел. Кажи ми потоа што ти менува во секојдневна работа што не е поврзана со принт (или видео монтажа) калибрацијата?
Пак се сведуваме на моето. Ако ти треба калибрација, нема да прашуваш тука, туку точно ќе знаеш кој калибратор ти треба.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Не мора да печатиш. За работа со нијанси на сива, графички дизајн и сл, секако дека калибрација е полезна.

Инаку јас не знам за поефтини монитори кои се калибрирани од фабрика. Имав два Dell U sharp серија со широк гамут кои чинеа илјада евра парче. Наводно имаа и извештај за калибрација во кутијата. И тоа со можност за хардверска калибрација а не софтверски преку лут и драјвери. Приказот се разликуваше меѓу двата. И ни еден од нив не беше точно на RGB таргет по општоприфатен стандард. Во фабрика проверката за квалитет на секој панел за широка потрошувачка се мери од до. Односно дали е во рамките на прифатливото. А не дали е точно на општо прифатен таргет. рецимо 120 кандели, темна или малку осветлена просторија, 6000K итн.

Монитори од неколку илјади евра, посебно тие за употреба во медицина, се друга приказна.
 
Последна промена:

Мислењето е автоматски споено:

Монитор со широк опсег на приказ на бои и монитор со тн панел се две приказни. Калибрација на тн панел нема да измисли нови бои, само ќе бидат блиски до тоа што треба да бидат прикажани. Гејмерски монитор најчесто нема широк опсег на бои, а тоа што има 140 херци нема никаква врска со приказот на боите. Спореди калибриран и некалибриран монитор, ама ист модел. Кажи ми потоа што ти менува во секојдневна работа што не е поврзана со принт (или видео монтажа) калибрацијата?
Пак се сведуваме на моето. Ако ти треба калибрација, нема да прашуваш тука, туку точно ќе знаеш кој калибратор ти треба.

Форум е за дискусија. Ја имам сега, неколку месеци више еден LG гејмерски, океј е... ама откако поминав можда цел ден буквално калибрирајќи го рачно од очи, со мојот фабрички калибриран BenQ. Иначе онака без тоа, боите беа буквално пролив. Сега си стои добро на sRGB и моите сетинзи, али пак- со фабрички калибриран монитор ко тој што го имам, нема никаква шанса. Ни во контраст, ни во покажување на нијанси од боите- тука црвената си ја зимам баш највеќе, затоа што таму е жива, а тука само ја гледам.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Мислењето е автоматски споено:

Форум е за дискусија. Ја имам сега, неколку месеци више еден LG гејмерски, океј е... ама откако поминав можда цел ден буквално калибрирајќи го рачно од очи, со мојот фабрички калибриран BenQ. Иначе онака без тоа, боите беа буквално пролив. Сега си стои добро на sRGB и моите сетинзи, али пак- со фабрички калибриран монитор ко тој што го имам, нема никаква шанса. Ни во контраст, ни во покажување на нијанси од боите- тука црвената си ја зимам баш највеќе, затоа што таму е жива, а тука само ја гледам.

Со здравје да те служат. Не сум во тек. Можеби Benq е фабрички калибриран. А можеби се посреќило да е со пореални бои. Вистината може најдобро да ја утврди калибратор. Но ако тебе ти одговара нема зошто да анализираш понатаму.

Јас имав блиска средба со Benq на неколку наврати а и нешто пишував околу еден можеби сличен но постар модел:

Nem_Akata

Баниран/a
26 мај 2015
264
371
Слога Југомагнат
Со здравје да те служат. Не сум во тек. Можеби Benq е фабрички калибриран. А можеби се посреќило да е со пореални бои. Вистината може најдобро да ја утврди калибратор. Но ако тебе ти одговара нема зошто да анализираш понатаму.

Јас имав блиска средба со Benq на неколку наврати а и нешто пишував околу еден можеби сличен но постар модел:

Конкретно тој модел е фабрички калибриран, не верувам да се сите... али добро што ме потсети, треба да го огласам и тој и овој од LG зашто најверојатно ќе земам нешто друго што ми е на ум...
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232
Мислењето е автоматски споено:

Форум е за дискусија. Ја имам сега, неколку месеци више еден LG гејмерски, океј е... ама откако поминав можда цел ден буквално калибрирајќи го рачно од очи, со мојот фабрички калибриран BenQ. Иначе онака без тоа, боите беа буквално пролив. Сега си стои добро на sRGB и моите сетинзи, али пак- со фабрички калибриран монитор ко тој што го имам, нема никаква шанса. Ни во контраст, ни во покажување на нијанси од боите- тука црвената си ја зимам баш највеќе, затоа што таму е жива, а тука само ја гледам.
Ко што пишав. Гејмерски екран не е за да имаш точен приказ на бои. Таму битна е брзина на приказ на слика. Нијансите се тотално небитни. Од друга страна си воодушен од подпросечен екран на benq. Нов екран со 250nits и 100% rgb е на долна страна на прифатливи екрани за работа.
300/500 nits, 99% DCI-P3 е веќе друг муабет.
Еве за споредба екрани од у серијата на дел. Твојот бенк е од прилика како левиот модел. Супер е, ама другите десно се далеку подобри. 16 милиони бои во споредба со милијарда бои, има разлика, нели? На страна што со 250 нита е темен во споредба со тие десно од 350+ нита.

Не е калибриран бенк-от, само е подобар од гејмерскиот, со подобар приказ на бои. И да ги калибрираш двата, пак бенкот ќе биде подобар, бидејќи хардверски е подобар, а гејмерскиот пак ќе има лоша репродукција на бои.

@gokica остави ги екраните за медицина. Тоа е медицинска опрема каде грешките не коштаат пари туку животи. За обично гледање во екран, софтверски сивата да биде сива е доволно „калибрирање“ :)
 
Атачменти

  • Screenshot 2025-08-11 021049.png
    Screenshot 2025-08-11 021049.png
    174,9 KB · Прегледи: 9

Буџет си е, затоа и можев да си го приуштам кога го земав BenQ-то. Ама и првиот EIZO во живот што рандом другарче ми го дае, многууу стар антички модел, и тој ме воодушеви уште пред години, особено кога ја видов црвената боја исто, ми текнува на Last.fm апликацијата доле... хах, си викам... а тој беше исто серија, ама баш за бизнис модели, ништо во врска со никаква калибрација од овие стандарди горе.

Што бѝ земале вие иначе, во овој дуел:

Ја иако ептен си иам слаба точка за BenQ, освен резолуцијата... ја бѝ ASUS-от.

Ова за мене прашувам совети да дадете, не се оф-топик овие скроз хахах...
Мислењето е автоматски споено:

Не е калибриран бенк-от, само е подобар од гејмерскиот, со подобар приказ на бои. И да ги калибрираш двата, пак бенкот ќе биде подобар, бидејќи хардверски е подобар, а гејмерскиот пак ќе има лоша репродукција на бои.

Како не е, кога во кутијата си имаше документација од фабричка калибрација? И си пишува тоа исто... :D
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
@Nem_Akata батали извештаи од калибрација. Знам дека звучи чудно но тие извештаи се за во WC да не кажам за што. Чист маркетинг.

Се што е за масовна употреба не е калибрирано од фабрика. Немаат таков капацитет. Едино EIZO има од поскапите линии кои прво ги добиваат од фабрика, па нивен тим ги калибрира, ги препакува па потоа ти го продава. Но сето тоа чини пари. Зборуваме и за сензори за осветлување со имплементирани калибратори кои може на команда да направат рекалибрација и да променат тонови зависно од осветлување во просторијата.

Зависно што работиш и колку ти треба прецизност на бои. Дали планираш да купуваш и калибратор па да ги средуваш боите повремено итн. За општа употреба и двата погоре ќе ти бркаат работа. Јас лично сметам дека и двата не се професионални монитори за работа. Но се доволно добри.

Мислам дека посериозен натпреварувач во про водите е Dell UP3221Q.

Од моето искуство со Benq PT линијата можам да ти кажам дека разликата во квалитет напрема Dell е многу голема во корист на Dell. Ти пишувам од Dell UP3216Q. После толку години нема ослабено осветлување. Чудовиште. Плус нуди калибрација на хардверско ниво со поголема палета на бои од можностите на панелот. Електрониката е на завидно ниво.

И да, иако имаше извештај за калибрација со него, за жал немаше благе везе. Два вакви исти имав пред мене и за нив ти пишав погоре.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Дали ти треба калибратор ако не се занимаваш професионално со дизајн (особено со принт), видео, фотографија? Апсолутно.

Дали ти треба калибратор ако си гејмер или ентузијаст за филмови? Зависи од тоа колку си забеган по purity.

Дали ти треба калибратор за секојдневна употреба? Секако дека не.

Не заборавајте дека иако некој монитор е калибриран од фабрика, тоа не значи дека тој ќе е идеално калибриран за вашата просторија. Тој е калибриран во идеални лабараториски услови во фабриките. Што значи тоа? Мониторот е калибиран во темна соба, каде што ако има осветлување е неутрално итн.. Тој профил на калибрација можеби и воопшто нема да е валиден за твоите услови каде што користиш светло од 2000К, или дисплејот ти е во соба што има премногу дневна светлина и слично.
 
Nem_Akata

Баниран/a
26 мај 2015
264
371
Слога Југомагнат
@Nem_Akata батали извештаи од калибрација. Знам дека звучи чудно но тие извештаи се за во WC да не кажам за што. Чист маркетинг.

Се што е за масовна употреба не е калибрирано од фабрика. Немаат таков капацитет. Едино EIZO има од поскапите линии кои прво ги добиваат од фабрика, па нивен тим ги калибрира, ги препакува па потоа ти го продава. Но сето тоа чини пари. Зборуваме и за сензори за осветлување со имплементирани калибратори кои може на команда да направат рекалибрација и да променат тонови зависно од осветлување во просторијата.

Зависно што работиш и колку ти треба прецизност на бои. Дали планираш да купуваш и калибратор па да ги средуваш боите повремено итн. За општа употреба и двата погоре ќе ти бркаат работа. Јас лично сметам дека и двата не се професионални монитори за работа. Но се доволно добри.

Мислам дека посериозен натпреварувач во про водите е Dell UP3221Q.

Од моето искуство со Benq PT линијата можам да ти кажам дека разликата во квалитет напрема Dell е многу голема во корист на Dell. Ти пишувам од Dell UP3216Q. После толку години нема ослабено осветлување. Чудовиште. Плус нуди калибрација на хардверско ниво со поголема палета на бои од можностите на панелот. Електрониката е на завидно ниво.

И да, иако имаше извештај за калибрација со него, за жал немаше благе везе. Два вакви исти имав пред мене и за нив ти пишав погоре.

Види, јас те сфаќам што пишуваш, ама споредуваш монитор од буџет категорија што дали 400 евра нов коштал, а сега е 250-300, достапен за секого... и некое индустриско чудо од 3К+ евра? Тоа е ко да споредуваш дизел автобус со V12 бензинец. Или така нешто.

Не верувам да BenQ-во нема фабричка калибрација, но сето тоа верувам дека е автоматизирано на лента, наспроти погорните класи што можда трошат време да ги штелуваат рачно.

Не дека се разбирам и имам информација од прва рака, али по логика така би требало да биде. Ги споредував боиве од BenQ-то со iPhone ко обичен baseline, и не бегаат- тука си се.

Е сеа... што монитори има а ја не сум имал прилика да видам? Е тоа, не ми е голем приоритет, али едвај чекам монитор да ме изненади пак ко црвените на Eizo :)))
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232
Дали ти треба калибратор ако не се занимаваш професионално со дизајн (особено со принт), видео, фотографија? Апсолутно.
Апсолутно не. Можеш да калибрираш рачно со апликации што се широкодостапни, колку да поставиш сива, за другите бои, тотално небитно штом не ти е тоа професија. Па да купуваш калибратор, тотално непотребно.
Повели демантирај ме, во која прилика ти е потребен калибриран монитор со калибратор за домашна употреба.

@Nem_Akata Ќе направев споредба со коли, ама многу различна од твојата.
Но еве за моделите што ги прашуваш:
Асусот на хартија е подобар. Има реален 10 битен панел, наместо 8+frc. Тоа е многу подобро од постарите 6+frc и ќе добиеш супер бои во двата случаи. Но преголем панел со мала резолуција за него.
За што ќе го користиш?
Јас би одел со 27 инча и 4к резолуција со подобри перформанси.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Не верувам да BenQ-во нема фабричка калибрација, но сето тоа верувам дека е автоматизирано на лента, наспроти погорните класи што можда трошат време да ги штелуваат рачно.

Само како информација. Најбрз поточен процес на калибрација, под услов да е сетирано амбиенталното осветлување на одреден сетинг трае некои 20-30 минути. Зависно од калибратор и софтвер може да има плус минус. При тоа земаме во предвид дека човек или робот мора да го постави уредот централно на панелот па да го тргне за да дојде на ред другиот.

За секој од модовите кои ги има мониторот како што се RGB, ARGB, DCI-P3, Movie, Gaming, Vivid и што уште не потребна е засебна калибрација. Значи за секој мод по 30 минути. Практично тоа е пола или дури е цело работно време од 8 часа само за еден монитор по калибратор. Откако ќе се калибрира секој поединечен процес ќе произведе фајл со податоци кои производителот треба да ти ги даде на ЦД или онлајн. Значи еден фајл за RGB, па друг фајл за DCI-P3 итн. И при секој мод ти треба да активираш тој лут фајл да речеме во виндовс. Или да ти даде софтвер кој автоматски ќе го прави тоа.

Benq i ASUS вадат од производна линија илјадници монитори дневно. Тоа нема да го можат ако ги калибрираат сите поединечно.

Инаку во фабрика се прават панели па потоа истите се склопуваат. Калибрација мора да се прави на склопен монитор. Секој панел се разликува заради тоа што производствениот процес не е совршен. Па така нема една калибрација за сите монитори од иста серија. Мора поединечно.

Има уште илјада други финеси во процесот но ете како една глобална информација за да ти доловам зошто не се верува на фабричка калибрација и извештаи што ги пикаат по кутиите.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Апсолутно не. Можеш да калибрираш рачно со апликации што се широкодостапни, колку да поставиш сива, за другите бои, тотално небитно штом не ти е тоа професија. Па да купуваш калибратор, тотално непотребно.
Повели демантирај ме, во која прилика ти е потребен калибриран монитор со калибратор за домашна употреба.
Ау, се извинувам печатна грешка. @gokica постои можност да го избришеш "Не" и да биде "Дали ти треба калибратор ако се занимаваш професионално со дизајн (особено со принт), видео, фотографија? Апсолутно".
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Ау, се извинувам печатна грешка. @gokica постои можност да го избришеш "Не" и да биде "Дали ти треба калибратор ако се занимаваш професионално со дизајн (особено со принт), видео, фотографија? Апсолутно".

не разбирам извини. да избришам во постот на друг член?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно