Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

krangov

read-only
23 април 2018
8
2
едит:

Како и да е, еве две опции како за твоите потреби/буџет:
Mitsubishi FH35
Gree Amber 12000BTU

Првата е квалитетна клима од одличен бренд, со една маана дека ауто модот не и е баш како што треба, но тоа на мнозинството корисници и не им смета.

Втората е моќна клима од кинески бренд специјализиран за клими кои се на врвот според пари/перформанси критериумот, но и бренд кој овде многумина љубат да го плукаат. :hay:

Што и да земеш од овие две клими, ќе те грее. (точка)

Фала на одговорот.

Направив споредба на двете, и освен што малку повеќе би трошела Gree, во се друго според мене е подобра.

Дали мислиш дека тие 40-45квадрати кои се пишани како препорачана површина се реални?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.802
6.497
SK
Mислам дека „препорачани површини“ и слични препораки треба да се забранат за употреба при продавање. Тоа се многу лоши генерализации, како за илустрација 45 м2 во одлично изолиран простор е многу полесен простор за греење од 25 м2 во неизолиран простор во шупа со ѕидови од неизмалтерисни полни цигли и дрвени прозори од 1960-та...

@krangov така се иде до ситуации каде надежни ликови купуваат 3.5кв клима за 40 квадрати дуќан со плафон 4 метри висок и 2 цели ѕида стаклени излози. После се зборува по форуми како климите не чинеле, и слични глупости. ;)
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.104
6.049

Тоа треба во уставот да влезе. Заедно со „до -20 или до -30Ц“ да ја земеме таа до -32 појака е од оваа до -10. Пресмешно.
 
krangov

read-only
23 април 2018
8
2
Тоа треба во уставот да влезе. Заедно со „до -20 или до -30Ц“ да ја земеме таа до -32 појака е од оваа до -10. Пресмешно.
Јасно, уште едно прашање и не замарам :)

Старата клима демек имаше 4кв за греење но не успеваше да загрее, па дали понудениве две Гри и Митсубиши кои имаат 4.2 и 4 просечна моќност би можеле да го загреат просторот или пак јас грешам и треба да го гледам максималниот капацитет за греење како некоја точка за споредба 7.2кв со 6.3кв ?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.104
6.049
Ако си греел на струја постирај сметки за Јануари годинава или јануари лани и ќе ти се каже најдетално.
 
krangov

read-only
23 април 2018
8
2
Ако си греел на струја постирај сметки за Јануари годинава или јануари лани и ќе ти се каже најдетално.

Декември 2017та - 2.738ден
Јануари 2018та - 3.563,00
Февруари 2018та - 2.836,00

Декември 2016та - 2.644,00ден
Јануари 2017та - 6.203,00 ден
Февруари 2017та - 4.064,00ден

Климата работеше 24/7
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.104
6.049
Ако правилно си ја користел климата со вратичката надоле и била пак прениска температурата, тогаш јас би одел на вакви модели зошто верувам дека има загуби просторот некакви. Како и да е, ќе разотвориш и врати насекаде и ќе си е бања цел стан наместо една соба или салон.

GREE LOMO GWH18QD-K3DNB4G по супер цена од 49.990 ден.
GREE AMBER -30 GWH18YE-S6DBA2A по супер цена од 69.990 ден.
MITSUBISHI MSZ-SF50VE/MUZ-SF50VE по супер цена од 72.590 ден.
 
Фала, ќе биде некоја од овие.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.802
6.497
SK
Aко сакаш да бидеш сигурен дека нема да се зезнеш со премала моќност кога е најладно, тогаш да - не е лошо да идеш на моќност од 18000BTU (предлозите од Дени).

Од друга страна Мици или Гри Амбер 12000BTU се многу помоќни клими од тој вивакс што го имаш. Но дали се и доволно моќни со твоите топлотни загуби, тоа само со мерење може да се утврди за сигурно.

Со 18000BTU си сигурен, дури и ако надминеш потреби. Но во тој случај, убава опција е и две клими од 12000BTU. Ценовно нема да е толку поскапо од една 18ка, колку што добиваш повеќе во моќност, во редунданција (две се, има резерва, никогаш нема двете наеднаш да се расипат), и исто важно - ќе можеш втората 12ка да ја ставиш во друга поголема соба и да ја распоредиш топлината поправилно во станот.

Размисли убаво, испланирај.
Види понуди, направи муабет со продавачите.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.104
6.049
Он како што вика ќе ја премести постоечкава во друг дел од станот. Значи ќе има две се на се. Ако добро разбрав. Само салонскиов простор е дискутабилен.

И јас сум на истото, 12ки премиум ќе се добри, ама сумљиво е што неможела да крене старава затоа 18ка реков.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.802
6.497
SK
Хммм, демонтажа и монтажа на постоечкава ќе кошта колку - третина од парите колку што вредела нова таа клима? Па уште и ако е на недостапно место? Тешка одлука, пошто тогаш во игра е и останување на таа клима во комбинација со премиум 12ка. А ако е во игра 18ка, тогаш зоште не и две 12ки.

Како што реков, тешка одлука ама добро е што сите од опциите се можни решенија.
Јас можеби би нагињал накај земање премиум 12ка и увидување дали ќе треба да се пушта и старата 12-ка за дополна. Ова ако просторот дозволува две клими. Ако не... веднаш на 18-ка (и надевање дека не е толку прејака за да работи како он/оф клима). :)
 
Старата клима ќе оди во друга соба, надворешната единица ќе остане на истото место бидејќи е на тераса помеѓу двете соби, значи само за внатрешната би платил демонтажа/монтажа.

Две клими не би ставил во дневниот простор, затоа се мислам за добра клима во салонот и на другиот дел од станот доколку има потреба би ја пуштал и старата.

Плус сега би имал и изолација 5цм, која мислам ќе помогне доста....
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.802
6.497
SK
Toa e тоа. Не знаеш точно колку киловати топлина ти треба, а мора да одбереш дали 12-ка (3.5кв) или 18-ка (5.5кв). 12-ка може да не биде доволно моќна, 18-ка може да е прејака и да работи налик на он/оф клима - што не крајот на светот, но пружа нешто полош комфор и тоа за повеќе пари.

Наједноставен тест е пар недели во најјаката зима да грееш со обични греалки, и така да видиш точно колку киловати топлина ти треба. Но... Зимата помина, а не беше ни многу ладна. :)
 
Да не ризикувам би одел со 18ка :)

GREE LOMO GWH18QD-K3DNB4G по супер цена од 49.990 ден.
GREE AMBER -30 GWH18YE-S6DBA2A по супер цена од 69.990 ден.
MITSUBISHI MSZ-SF50VE/MUZ-SF50VE по супер цена од 72.590 ден.

Најверојатно ќе одам со Ломо, за Амбер немам толку простор, Мици некако ми е скапа кога ќе се додаде и +монтажа.

Се надевам нема да згрешам... :)
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.104
6.049
Пази само има ломо еко и ломо лцлх. Зборуваме за поскапата.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.113
14.236
http://gree.at/uploads/katalogy/katalog_gree_2018_rac.pdf

Не знам дали го има во темава ама ете нека стои каталогот на Gree за 2018. Во МК мислам дека ги има климите кои се за North Europe.

Амбер 9ката има 12000 BTU греење. Неа ја земав после подолго думање меѓу хансол и амбер.

BTW амберот 12ка е за нијаса потивок од хансол 12ка. Но хансолот е третиран како повисока класа на уред од Gree.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.220
1.183
Дали е оверкил да ставам инветертер за 10 квадрати соба ?
немам друго решение како да ја оладам собата премногу е топло во летниот период.
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.663
1.815
Дали е оверкил да ставам инветертер за 10 квадрати соба ?
немам друго решение како да ја оладам собата премногу е топло во летниот период.

Видено нешто слично, соба од околу 10-12 квадрати, со тоа што луѓето имаа залепено картон врз издувот. Проблемот бил што каде и да си, климата дувала директно во луѓето (пред картонот). Не знам што јачина беше, во пракса веројатно 2,5 дури и послаба да има (?) би завршила работа.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.220
1.183
Видено нешто слично, соба од околу 10-12 квадрати, со тоа што луѓето имаа залепено картон врз издувот. Проблемот бил што каде и да си, климата дувала директно во луѓето (пред картонот). Не знам што јачина беше, во пракса веројатно 2,5 дури и послаба да има (?) би завршила работа.
Послаба од оваа нема,не можам да најдам друго решение никако
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.663
1.815
Да не сфатиш дека картонот целосно го блокираше издувот, беше залепен од горната страна да го насочи воздухот кон подот. Веројатно 2,5 ќе е добра, можно и почесто да гаси, но ќе пробаш да ја сетираш на послаб вентилатор и сл.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.220
1.183
Да не сфатиш дека картонот целосно го блокираше издувот, беше залепен од горната страна да го насочи воздухот кон подот. Веројатно 2,5 ќе е добра, можно и почесто да гаси, но ќе пробаш да ја сетираш на послаб вентилатор и сл.
За инвертер збориме така? Не за обичен клима уред
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.663
1.815
За инвертер збориме така? Не за обичен клима уред

Не знам што беше кај луѓето, инаку секако инвертер би препорачал, потивко ќе работи, поретко ќе гаси, посебно за мала просторија ќе работи подискретно од сплит.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.220
1.183
Не знам што беше кај луѓето, инаку секако инвертер би препорачал, потивко ќе работи, поретко ќе гаси, посебно за мала просторија ќе работи подискретно од сплит.
Каде би можел да најдам 2.5 секаде каде што отворив беа 3.5 па нагоре
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно