Фала на добредојде 
Цигарите ги оставив пред 7-8 години, и толку време сум со електронска... Прво со Joyetech 510 - ако воопшто некој ги памети - потоа со неколку Vamo-а; па неколку Kanger Topbox-oви; едно, сега скршено Eleaf Pico... за конечно да му се вратам на Joyetech со Primo SE...
Што се однесува до tank-овите, мислам дека сè уште не сум нашла некој со кој сум во потполност задоволна. Претпочитам усно парење - мојата професорка по македонски од средно се гордее со мене
- на релативно ниска ватажа, до 35W. Имам пробано повеќе tank-ови кои биле на добар глас, како Protank или Nautilus, но не ми правеа ќеф, па долго време се држев до Joyetech Ego One V2. Кога го купив Primo-то, преминав на ProCore SE. Поинаку речено: ако некој овде има слични навики како моите, отворена сум за предлози 
За сметка на ниската ватажа, употребувам течности со огрооомна количина на никотин, односно 18 мг/мл*. Знам, знам, добро би било да намалам, но сепак, веројатно не внесувам многу повеќе од оние кои парат белодробно, на повисока ватажа, односно, повеќето денови ми одат околу 4 мл. За ароми, не сум премногу авантуристички настроена, ги употребувам до повообичаените тутунски ароми на Flavourart и Inawera, најчесто Latakia на Flavourart, иако повеќето кремасти не ми пречат. Од овошни, освен цреша, до сега не сум пробала некоја која нема вкус на вештачки сок или евтини бонбони.
Толку од мене за сега, а понатаму, ќе се потрудам да бидам конструктивен член
Поздрав до сите!
*Морам да го пофалам @Sharlovski и за ова, бидејќи можеше, и веројатно ќе беше пофер да ми наплати повеќе за толкава количина на никотин... тоа е сепак најскапата суровина.