Не бе какво расправањеТаму каде што работам нема, објаснив претходно, фактура може да добие купувачот, нема поента компанијата мене да ми издава фактура, ниту е возможно. Таков е системот, компанијата е од САД и работи долги години.
Инаку, замисли работам со приватно лице за приватна услуга, ми плаќа преку Payoneer. Каква фактура или друг документ да биде приложен тука ?А сосема е легитимно да се добијат финансиски средства од физичко лице преку Payoneer. Истото важи и за обичен трансфер банка-банка, не постојат фактури или било што слично во таков случај. Единствено човек може опис да даде и ќе биде на 'жими мајка', нема формални документи кои можат да бидат прикачени, ниту можам да поверувам дека е тоа задолжително. Исто како и со примерот со фирмата од Австралија, никаков документ не ми беше побаран од НЛБ.
П.С.
Не се карам, само дискутирам
Убаво што Билјана се појави пред да појдам кај професионалецов на дотичната тема, бидејќи ова никој претходно не го споменал (referring to this - Е-Данок? ), а гледам е сопка од самата банка. Кај нас како да не постои термин фриленсер, се мора да е со договор за дело, за авторски права, за хонорар... не работат така глобалниве платформи, нема договори, нема фактури (освен таму каде што има), примаш пари и плаќаш данок и тоа е тоа, не разбирам по кој основ НЛБ бара документ со податоци кои можат да бидат и трговска тајна.
Сакаш да кажеш Законот не покрива модерен тренд како фриленсер ? Ауу, ужас Закон.По основ на закон за банки, девизни работење и упатство од НБРСМ за девизно работење и распоред на девизни дознаки (приливи/одливи).
Sent from Телефон using Tapatalk
Сакаш да кажеш Законот не покрива модерен тренд како фриленсер ? Ауу, ужас Закон.
Еве тебе истото прашање - Замисли работам со физичко лице за некоја услуга, ми плаќа преку Payoneer. Каква фактура или друг документ да биде приложен тука ? Што вели Законот ?
Што со тие што вршат стотици продажби месечно, зарем треба засебно фактури или било каков друг документ ? Ако е за некаков извештај како што напоменав и претходно (пдф од дашборд на пајонир корисничката сметка), тоа нема никаква валидна вредност, исто како скриншот да сум им пратил, ни печат ни параф ни ништо нема за да потврди дека е валиден документ од валиден ентитет со валидни немодифицирани податоци.
Банка не може да форсира да дадеш документ кој не постои, нешто смрди овде.
Документ не постои по дифолт односно не е достапен за продавачи, како да приложам документ тогаш ? Под претпоставка дека "извештај" за трансакции од пајонир/фивер/итн не е валиден документ.
Али ако пишување фактура рачно е доволно... жити контролата на перење пари и се друго што наведе, исто како да ја нема.
Здраво на сите
Каков документ докажува потекло на пари?
Од поодамна немам работено на интернет, и сега се вратив. На три сајтови сум upwork, pph и redbubble. Пробно пуштив нешто ситно од pph на payoneer а имам редовен клиент на upwork и продажби на redbubble и имам за земање.
Е сега картичката payoneer истечена, ги симнав во НЛБ на доларска тие пробните стигнаа $35, треба да однесам документ договор во банка. Дали знае некој што да им однесам?
А јас би сакала да ги симнувам на банка и да плаќам данок, ама ајде upwork се проекти со клиенти. Redbubble e print on demand, нема ни клиент.
Јас збунета,помагајте
Ќе симнеш од Пејонир извод за трансакцијата кон НЛБ. На самата трансакција има знакче, не го памтам како изгледаше/се викаше, кликашна него и ти дава детали дека ти си пуштила пари од Пејонир кон твоја сметка од НЛБ. Тоа е доволно за да се прокнижи во НЛБ
Што се случи во Србија ?Бев денес во консалтинг фирма, па резиме од кажаното. (Одговорноста секако си останува ваша, ова не е правен совет)
Ако добиеш пари од Payoneer, на НЛБ треба да прикачиш документ од Payoneer во врска со трансакцијата, не од трета страна (фактура од Upwork да речеме). Иако ми остана мисла од еден член претходно што истакна дека вади од картичка, не влече на банкарска, а си плаќа данок. Во тој случај праќачот е третата страна (пр. Upwork) но УЈП нема како да провери и потврди бидејќи парите не легнале во наш систем, освен ако не си предмет на истрага секако... Исто така трошоци за работење (споменав outsource и самиот претходно) слободно од средствата на Payoneer да се трошат, нема поента данок да плаќате за нешто што е расход во работењето, а за која сума се очекува и дотичниот што го користите за outsource потоа и самиот да си плати данок за истата. Секако ако еден ден му фатите око некому... нема да ви помине трошокот за, не знам, патики од $400 што сте ги потрошиле, лесно се докажува каде се трошеле парите. А потоа она што ќе ви остане, на наша банкарска сметка, при распределба прикачете само било каков извештај од Payoneer во врска со трансакцијата кон вашата банкарска сметка (Се препорачува да го содржи вашето име во него ! ). Потоа следи ова - Е-Данок? , при што јас напишав нешто друго околу одбитоците (т-ци за работење, доколку ги имате). И ми беше кажано во теорија не мора секој месец да пријавувам, ако имате мала сума а големи трошоци за трансфер па не се исплати - како на пример повлечете $50 заработени а Payoneer вели минимум $15 за трансфер, јбг, нека се соберат доволно и на крај по 2-3 месеци ќе платите данок за се. За минијатурни суми никој не прави проблем. А самата обврска за плаќање данок се креира моментот кога ќе ви бидат 'cleared' средствата на платформата (пример, Upwork).
Многу злоупотреби се правеле и од компании, вклучително и со крипто-валути, и институциите биле запознати со се, а ќе дошол скоро ден кога ќе мора да бидеме налик EU држава, така да плаќајте си даноци и тоа е тоа. Да не се случи Србија и кај нас.
Ова баш мене ме интересираше , јас го користам Пајонеер подолго време од кога немаше опција за префрлување на банка. Е сега сакам од нова година се да префрлувам на мкд сметка ( да бидам полегален - ептен фама се крева околу), проблемот е што 40-50% од парите што ги примам не се за мене ( ги префрлувам на други Пајо корисници , outsourcing , купувам теми , плугини , хостинзи итн итн ) и "профитот" го вадев со картичката ( сега со банка) , Ме интересира дали треба да пријавувам данок на сите пари , или само на профитот ( мојот дел) за после кога УЈП ќе ги добие листите со трансакции од акаутитеБев денес во консалтинг фирма, па резиме од кажаното. (Одговорноста секако си останува ваша, ова не е правен совет)
Ако добиеш пари од Payoneer, на НЛБ треба да прикачиш документ од Payoneer во врска со трансакцијата, не од трета страна (фактура од Upwork да речеме). Иако ми остана мисла од еден член претходно што истакна дека вади од картичка, не влече на банкарска, а си плаќа данок. Во тој случај праќачот е третата страна (пр. Upwork) но УЈП нема како да провери и потврди бидејќи парите не легнале во наш систем, освен ако не си предмет на истрага секако... Исто така трошоци за работење (споменав outsource и самиот претходно) слободно од средствата на Payoneer да се трошат, нема поента данок да плаќате за нешто што е расход во работењето, а за која сума се очекува и дотичниот што го користите за outsource потоа и самиот да си плати данок за истата. Секако ако еден ден му фатите око некому... нема да ви помине трошокот за, не знам, патики од $400 што сте ги потрошиле, лесно се докажува каде се трошеле парите. А потоа она што ќе ви остане, на наша банкарска сметка, при распределба прикачете само било каков извештај од Payoneer во врска со трансакцијата кон вашата банкарска сметка (Се препорачува да го содржи вашето име во него ! ). Потоа следи ова - Е-Данок? , при што јас напишав нешто друго околу одбитоците (т-ци за работење, доколку ги имате). И ми беше кажано во теорија не мора секој месец да пријавувам, ако имате мала сума а големи трошоци за трансфер па не се исплати - како на пример повлечете $50 заработени а Payoneer вели минимум $15 за трансфер, јбг, нека се соберат доволно и на крај по 2-3 месеци ќе платите данок за се. За минијатурни суми никој не прави проблем. А самата обврска за плаќање данок се креира моментот кога ќе ви бидат 'cleared' средствата на платформата (пример, Upwork).
Многу злоупотреби се правеле и од компании, вклучително и со крипто-валути, и институциите биле запознати со се, а ќе дошол скоро ден кога ќе мора да бидеме налик EU држава, така да плаќајте си даноци и тоа е тоа. Да не се случи Србија и кај нас.
работни дена ги рачунаш сабота и недела?Колку дена вообичаено трае "распределбата" на девизен прилив во НЛБ ? Прикачив инфо + документ и после 2 работни дена сеуште не е легнат износот на УСД сметката.
Не знам од каде ти е тоа мислење дека мислев на денес. Среда го завршив мојот дел, поминаа четврток и петок и еве сабота нема ништо сеуште. Како документ го прикачив ПДФ-то што го дава Payoneer во врска со трансакцијата од таму кон НЛБ, јер нема што друго, како што и посочи @chroot погоре.работни дена ги рачунаш сабота и недела?инаку обично еден ден, или во истиот ако се распределат сабајле пример
Ќе подвикнеш малце, ќе го бараш шефот, ќе ги најдеш сите адреси што ги има на сајтот и ќе испратиш фермани и следниот пат може ќе те памтат па побрзо ќе се заврши. Или ѕврцкај во понеделник на 15 минути - сепак се твои парите.Не знам од каде ти е тоа мислење дека мислев на денес. Среда го завршив мојот дел, поминаа четврток и петок и еве сабота нема ништо сеуште. Како документ го прикачив ПДФ-то што го дава Payoneer во врска со трансакцијата од таму кон НЛБ, јер нема што друго, како што и посочи @chroot погоре.
Edit: Се јавив, немаше што да каже самиот освен контакт да оставам да ми јават од девизно. Тапа.
онака пошто во недела прашуваш, а пошто знам дека е штурици и не рабтоат за викенд нели .. тогаш се чека. Иако наглси работни дена даНе знам од каде ти е тоа мислење дека мислев на денес. Среда го завршив мојот дел, поминаа четврток и петок и еве сабота нема ништо сеуште. Како документ го прикачив ПДФ-то што го дава Payoneer во врска со трансакцијата од таму кон НЛБ, јер нема што друго, како што и посочи @chroot погоре.
Edit: Се јавив, немаше што да каже самиот освен контакт да оставам да ми јават од девизно. Тапа.
Сум имал, али прв пат од Payoneer. Тогаш ништо не помнам дека ми побараа. Статус не постои... најлево таму кај внесот во Девизни приливи имаше "Распредели" и "Известување", распределив и остана само известување, друго ништо. Ќе кажат понеделник, фала.онака пошто во недела прашуваш, а пошто знам дека е штурици и не рабтоат за викенд нели .. тогаш се чека. Иако наглси работни дена да
предходно имаш приливи или првпат? мене само првиот пат ме повикаа да потпишам изјава нешто према Народна банка. Ама пак првиот ден кога легнаа парите. А од тогаш натака ко што ти пишав, ако е покасно во ден, наредниот најкасно поминувале. Ако е рано во ренот уште истиот.
Статус како ти стои во апликацијата? имаш инфо за приливот
Јас им одам дирекно во експозитура да се разберам xDКолку дена вообичаено трае "распределбата" на девизен прилив во НЛБ ? Прикачив инфо + документ и после 2 работни дена сеуште не е легнат износот на УСД сметката.
На крај и јас бев ама прво по телефон ги барав во локалната експозитира за да прашам што е проблемот. Па морав да одам таму испадна безвезен проблем наместо на ибан ми ги праќал директно клиентот на девизна и тоа го реметело системот некогаш ги регистрирал приливите некогаш не.Јас им одам дирекно во експозитура да се разберам xD
има, ако регистрираш фирма.Ако одиш во експозитура и во иднина примаш пари од иста фирма можеш да им потпишеш изјава па автоматски да ти ги распределуваат парите, без потреба да праќаш документи на секое распределување
Дали има поврат на данок за нас фриленсерите, на било каков начин, пример ит опрема?
Sent from my iPhone using Tapatalk
има, ако регистрираш фирма.
Бесплатна достава
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 Pro LN, Low-Noise PWM, 2000 RPM Max, BLACK, ACFAN00348A
740,00 ден
Бесплатна достава
KEYBOARD WIRELESS MECHANICAL KEYCHRON V6 ULTRA 8K Full Size QMK/VIA, HS, RGB, Silk POM BANANA Switch, Black, 2.4Ghz/BT/Wired, w/knob, V6U-D4
8.100,00 ден
Бесплатна достава
Extralink Soft Sport Bicycle Saddle
850,00 ден
Бесплатна достава
MONITOR 27" XIAOMI G27i (2026), 1920x1080, IPS, 200Hz, Freesync Premium, HDR400, HDMI, DP, Black, P27FDA-RGGL
7.830,00 ден
Бесплатна достава
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 PRO PWM PST CO 600-3000 RPM 4-pin, BLACK, ACFAN00312A
740,00 ден
Бесплатна достава
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 Pro LN A-RGB Pack of x3 (3x120mm) PWM-PST 450-2000 RPM, BLACK ACFAN00347A
3.460,00 ден