Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

“Центри за податоци“ (AI Data Center) во Македонија

FikanA

hello world
3 април 2025
247
320
Средe никаде...
Само уште нуклеарен реактор ни фалеше да менаџираме, со нашиот природен талент за менаџирање опасни работи.
Абе не е така црно бело, таа стигмата од Чернобил некако после толку време уште демнее врз главата на луѓето. Чернобил сам по себе не експлодира и стопи бидејќи не бил безбеден, принципот на работа на тој реактор бил таков што не може да трпи нагло пали гаси.

Со неправилна обука и користење сите индустриски габарити се опасни за околината. Дали ќе бидат парни, гасни или нуклеарни централи. Ние имаме ураниум на наше копно и би било огромен плус во секторот на енергетска независност да работиме со тоа.

А и убаво кажа @gdamjan, нема да е тоа отворен оглас па да си пикнат политичките прасиња нивните да клатат врата и земат плата. Има испити кои треба да се положат, обуки кои траат долго. Нема тука вујче да те бутне да работиш :D.
Тоа што мене ми мириса е дека CLOUD-иве сега лицитираат кај да градат датацентри, а да немаат еколошки пречки. Тоа што е факт е дека дури и во развиените земји кои не кубурат со струја, инсталираат гасни турбини за генерирање струја[1]. Со оглед дека Македонија нема нешто посебно обзири за екологија, а гас се чини ќе има за индустрии[2], релативно безбедна[3] - делува ко лесна мета за поставување на вакви датацентри.

EU земјите се многу поригидни за екологија, а подалеку од EU станува сѐ поризично.

Дури не мора ни да се случи сево ова во Македонија на крај од денот. Доволно е потенцијалот дека „може да се случи“ да го искористат во блефот да им дадат други земји отстапка од еколошки регулации.

[1] SpaceX Is Spending $2.8 Billion to Buy Gas Turbines for Its AI Data Centers
[2] North Macedonia to officially join Vertical Gas Corridor in September
[3] геостратешки дел од нато, локално им е доволно приватна полиција/војска против мирен народ
Мислењето е автоматски споено:

нуклерка секако не можеме да правиме сами. ако нешто такво би се правело тоа би била некоја регионална соработка. менаџирањето мислам би било оставено на комерцијален оператор.
Интересно, фала што сподели. Баш кога ќе се приберам дома ќе видам ако можам нешто малце повеќе да подпрочитам околу ова со гасните турбини и SpaceX.
А ова околу играње политички игри околу легеслативи и закони за екологијата ништо ново, али не ми текна дека може едноставно да не користат нас како алатка да им попуштат другите. Инаку да, држави како нашата, односно неразвиени и доста корумпирани, за такви работи нив им се идеални бидејќи знаат дека се што треба е да се вети % од парите што ќе ги земат на тој што треба да потпише и завршиле.
Значи кај нас нешто вакво ќе може да се изгради кога ќе направиме целосно функционална држава. А за да направиме целосно функционална држава потребно е подобрување на економијата. Со оглед на тоа што на вакви работи гледаме теории на заговор, кој колку ќе ќарел итн. единствена издржана опција ни е да се фокусираме на масовно одгледување на бостан и зарзават за извоз.
Подобрување на економијата можеме ако почнеме од нула, то ест почнеме со отворање на наши фабирки одново и прекинеме да пробуваме да ги затвораме нашите веќе постоечки фабрики, case in point, Цементара ТИТАН.
Според мене, економски силна земја е кога таа зависи што помалку од други земјии. Како сме тргнале со затворање, на крај ништо нема да произведуаме, а и малкуто што ќе остане ќе се странски фирми што тоа си го извезуваат за едно 300-400% профит на наш грб.
Не гледам ја како отворање на дата центар ќе ни помогне со економијата?
1. Огромен плац кој би можел да е наменет за агрокултура - а не да мора да купувам пипер и домат од комшии
2. Огромен и континуиран трошок на вода и струја. - не е битно што ќе плаќааат смеките, нема да остане за другите такашто нема што да плаќаат
3. На толкав плац само неколку работени кои нема да зимаат ““““европски плати““““ - доколку не сум разбрал слободно може некој да ме корегира
Реалноста е сите пари што ова ќе ги заработи ќе одат кај фирмата и кај партијата што ќе потпише дека може да градат
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.746
3.428
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
А и убаво кажа @gdamjan, нема да е тоа отворен оглас па да си пикнат политичките прасиња нивните да клатат врата и земат плата. Има испити кои треба да се положат, обуки кои траат долго. Нема тука вујче да те бутне да работиш :D.

Офтопик: Не знам баш дали нема да биде отворен оглас, пошто ние сме расипани во сржта така да ќе се најде некое дете што набрзина ќе добие сертификат потребен за да работи и ќе влезе со некомпетентност. Ова го кажувам од искуство луѓе што земаат сертификати за да се качат на едно поголемо скалило во НАТО позиции во Македонија.

И да не се заборават скандалите во М-НАВ каде што имаше упад во контролната кула која е една од најбитните работи за безбедност на летовите, и оние партиско/роднински врски кои се вработуваат во најбитните сектори само затоа што платата е висока.

Да скратам, господ не чува нас на сите лошотилоци што ги правиме, и слава му што се уште функционираме некако како држава.

Ќе искористам уште нешто што го пишав неодамна на твитер, поврзано со ова (за жал) полесно е да иселат цел регион отколку да се откажат од дата центар. Исто така полесно ќе затворат школи отколку да дислоцираат казина.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.563
3.025
Можно е да изумре темата, ако денот се познава по утрото. На денешната седница на советот на општина Пехчево, сите 9 советници рекле одлучно НЕ за дата центри на нивна територија. Значи по одлуката да не се гради хидроцентрала, сега НЕ и на дата центри. Следно и против рудници.
Во меѓувреме бројот на жители во Општина Пехчево се намалил од 5,517 во 2002 на 3,983 во 2021 односно пад од 27.80%. Уште еден интересен податок е што бројот на средношколци се намалил за 83% во последниве 10 години.
Треба да се гледа на нето бенефитот за нас како држава - за ваков тип на објект (дата центар) на наша територија.
Сметам дека во минус ќе влегува тој бенефит кај нас. Барем со оваа констелација на поставеност на нештата: гледајќи локално и глобално.
На некој начин, ова НЕ од советниците и не е така негативно.

Малите хидроелектрани...имаше еден период, малце повеќе од 15 години кога беа ИН, се пропагираа како златно (или ултра зелено) решение за зауздување на хидро потенцијалите од малите рекички.
Години покасно, не се виде некој голем бенефит од нив (има пошироки истражувања, што ја опфаќаат и Македонија, и соседниве држави од бивша Југославија, и искуствата години потоа).
Се разбира, имаше и бенефит, ама тој заврше само во џепојте кај инвеститорите.
Пошироката заедница не виде аир од маливе хидроцентрали.
Хидроцентралите се добри - само ако се од поголем размер, и по можност да се пумпно акумулациони (да можи да се рециркулира водата и да се користи системот како еден вид на „батерија“).

Само уште нуклеарен реактор ни фалеше да менаџираме, со нашиот природен талент за менаџирање опасни работи.
Па, за нуклеарен реактор, односно градба на нуклеарна централа потребно е да дадат согласност и нашите соседски земји. Секако дека нема да дадат! :)
(апсурдно е што тоа е за наше добро, оти, јбг - изгинасмо! Гостивар х1.000.000.000)

Тоа што мене ми мириса е дека CLOUD-иве сега лицитираат кај да градат датацентри, а да немаат еколошки пречки. Тоа што е факт е дека дури и во развиените земји кои не кубурат со струја, инсталираат гасни турбини за генерирање струја[1]. Со оглед дека Македонија нема нешто посебно обзири за екологија, а гас се чини ќе има за индустрии[2], релативно безбедна[3] - делува ко лесна мета за поставување на вакви датацентри.

EU земјите се многу поригидни за екологија, а подалеку од EU станува сѐ поризично.

Дури не мора ни да се случи сево ова во Македонија на крај од денот. Доволно е потенцијалот дека „може да се случи“ да го искористат во блефот да им дадат други земји отстапка од еколошки регулации.

[1] SpaceX Is Spending $2.8 Billion to Buy Gas Turbines for Its AI Data Centers
[2] North Macedonia to officially join Vertical Gas Corridor in September
[3] геостратешки дел од нато, локално им е доволно приватна полиција/војска против мирен народ
Мислењето е автоматски споено:

нуклерка секако не можеме да правиме сами. ако нешто такво би се правело тоа би била некоја регионална соработка. менаџирањето мислам би било оставено на комерцијален оператор.
Па, поради потребите од џиновски количини струја за гига дата центрите на компаниите кои се под портфолиото на Блекрок, Вангард и слични, од пред околу 2 години започна измена на главниот климатско-енергетски наратив низ мејнстрим медиумите, кој што се градеше до тогаш (fossil fuel: bad, renewable: ultra good, go green итн), па сега повторно се ублажува светогледот кон јагленот, гасот, нафтата и слични енергенси.
Некако омекнат е пристапот кон претходно „главните кривци“ за климатските промени, па станаа поприфатливи новите (и старите) турбини за гас, продолжување на векот на термоцентрали на јаглен...

Енивеј, само да потсетам дека во енергетиката постои термин што се нарекува „базна енергија“.
Таа базна енергија до сега не се успеа да се обезбеди од обновливи извори, посебно не од ветер, фотоволтаици и уште помалце од мали хидроцентрали.
Така што, новата „зелена агенда“ сигурно ќе оди накај нуклеарни централи (дефинитивно најеколошки, и покрај неколкуте инциденти во минатото), а во меѓувреме гасот и јагленот нема да замини никаде.
Пошто ова чудовише (што се крие позади убавите изрази како АИ, дата центри) јаде струја и ресурси како лудо, а инвеститорите кои веќе имаат вложено трилијарди долари (што во неизградени и ветени идни капацитети, што во закупени вафли за рамови, ромови, и други типови на видови), ќе сакаат да си ги наплатат онвестициите.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.603
3.255
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Подобрување на економијата можеме ако почнеме од нула, то ест почнеме со отворање на наши фабирки одново и прекинеме да пробуваме да ги затвораме нашите веќе постоечки фабрики, case in point, Цементара ТИТАН.
Според мене, економски силна земја е кога таа зависи што помалку од други земјии. Како сме тргнале со затворање, на крај ништо нема да произведуаме, а и малкуто што ќе остане ќе се странски фирми што тоа си го извезуваат за едно 300-400% профит на наш грб.
Не гледам ја како отворање на дата центар ќе ни помогне со економијата?
1. Огромен плац кој би можел да е наменет за агрокултура - а не да мора да купувам пипер и домат од комшии
2. Огромен и континуиран трошок на вода и струја. - не е битно што ќе плаќааат смеките, нема да остане за другите такашто нема што да плаќаат
3. На толкав плац само неколку работени кои нема да зимаат ““““европски плати““““ - доколку не сум разбрал слободно може некој да ме корегира
Реалноста е сите пари што ова ќе ги заработи ќе одат кај фирмата и кај партијата што ќе потпише дека може да градат
Цементара не е наша, има грчки сопственик :) Во поглед на независноста, тоа е така, но многу работи се сменија во последно време, па видовме дека дури и суперсилите до некаде зависат од други држави, а камоли помалите како нас.
Во поглед на странските фирми, во кој дел на наш грб прават профит? Повеќе од 15 години имаме странски инвестиции во земјава, а голем дел од нив ја крепат нашата кревка економија. Па за едно затварање на странска фирма има со денови жалби и поплаки, како тоа ќе влијае на економијата.
Како и со другите странски инвестиции, така и со овие дата центри бенефитот би бил при самата градба (наши фирми ќе ја градат) како и вработување на десет, 20 колку и да се луѓе, што може за Скопје не е многу, но за помало место е значајно. Да не зборуваме тоа што за таму треба да се вработат не само чувари и хигиеничари туку и стручен кадар кој ќе дојде во допир со нова технологија, што секако е позитивна работа. Ако се испадне добро, тоа можеби би било поттик и за други tech компании да дојдат тука. Тоа вака од тепка што ми текна.
1. На Македонија не е и недостига обработливо земјиште. Напротив има вишок кој никој не го работи. Ова не ни видов каде е? На некоја запустена нива?
2. Ова мислам дека е мерлива работа и се разгледува пред да се отвори. Кој би вложувал ако ова не е разгледано и нема издржано решение на долг рок?
3. За вработените пишав погоре.
Мислењето е автоматски споено:

Треба да се гледа на нето бенефитот за нас како држава - за ваков тип на објект (дата центар) на наша територија.
Сметам дека во минус ќе влегува тој бенефит кај нас. Барем со оваа констелација на поставеност на нештата: гледајќи локално и глобално.
На некој начин, ова НЕ од советниците и не е така негативно.

Малите хидроелектрани...имаше еден период, малце повеќе од 15 години кога беа ИН, се пропагираа како златно (или ултра зелено) решение за зауздување на хидро потенцијалите од малите рекички.
Години покасно, не се виде некој голем бенефит од нив (има пошироки истражувања, што ја опфаќаат и Македонија, и соседниве држави од бивша Југославија, и искуствата години потоа).
Се разбира, имаше и бенефит, ама тој заврше само во џепојте кај инвеститорите.
Пошироката заедница не виде аир од маливе хидроцентрали.
Хидроцентралите се добри - само ако се од поголем размер, и по можност да се пумпно акумулациони (да можи да се рециркулира водата и да се користи системот како еден вид на „батерија“).

Па, за нуклеарен реактор, односно градба на нуклеарна централа потребно е да дадат согласност и нашите соседски земји. Секако дека нема да дадат! :)
(апсурдно е што тоа е за наше добро, оти, јбг - изгинасмо! Гостивар х1.000.000.000)

Па, поради потребите од џиновски количини струја за гига дата центрите на компаниите кои се под портфолиото на Блекрок, Вангард и слични, од пред околу 2 години започна измена на главниот климатско-енергетски наратив низ мејнстрим медиумите, кој што се градеше до тогаш (fossil fuel: bad, renewable: ultra good, go green итн), па сега повторно се ублажува светогледот кон јагленот, гасот, нафтата и слични енергенси.
Некако омекнат е пристапот кон претходно „главните кривци“ за климатските промени, па станаа поприфатливи новите (и старите) турбини за гас, продолжување на векот на термоцентрали на јаглен...

Енивеј, само да потсетам дека во енергетиката постои термин што се нарекува „базна енергија“.
Таа базна енергија до сега не се успеа да се обезбеди од обновливи извори, посебно не од ветер, фотоволтаици и уште помалце од мали хидроцентрали.
Така што, новата „зелена агенда“ сигурно ќе оди накај нуклеарни централи (дефинитивно најеколошки, и покрај неколкуте инциденти во минатото), а во меѓувреме гасот и јагленот нема да замини никаде.
Пошто ова чудовише (што се крие позади убавите изрази како АИ, дата центри) јаде струја и ресурси како лудо, а инвеститорите кои веќе имаат вложено трилијарди долари (што во неизградени и ветени идни капацитети, што во закупени вафли за рамови, ромови, и други типови на видови), ќе сакаат да си ги наплатат онвестициите.
За хидроцентралите не сум експерт, но верувам дека има експерти.
А во поглед на зелените агенди, тоа нема врска со дата центрите. Наративот се смени пред се поради конфликтот во Украина. Не може да водиш војни во странство и истовремено овде каде е мирно да се занимаваш со тоа дали колата ти е со вклучена клима 5 минути пред да влезеш во неа. Или да порачуваш глупости од Тему и да се јадосуваш дали пластичното шише од Кока Кола не си го рециклирал.
Светот се менува, тоа е тоа.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.197
16.340
Тоа што мене ми мириса е дека CLOUD-иве сега лицитираат кај да градат датацентри, а да немаат еколошки пречки. Тоа што е факт е дека дури и во развиените земји кои не кубурат со струја, инсталираат гасни турбини за генерирање струја[1]. Со оглед дека Македонија нема нешто посебно обзири за екологија, а гас се чини ќе има за индустрии[2], релативно безбедна[3] - делува ко лесна мета за поставување на вакви датацентри.

EU земјите се многу поригидни за екологија, а подалеку од EU станува сѐ поризично.

Дури не мора ни да се случи сево ова во Македонија на крај од денот. Доволно е потенцијалот дека „може да се случи“ да го искористат во блефот да им дадат други земји отстапка од еколошки регулации.

[1] SpaceX Is Spending $2.8 Billion to Buy Gas Turbines for Its AI Data Centers
[2] North Macedonia to officially join Vertical Gas Corridor in September
[3] геостратешки дел од нато, локално им е доволно приватна полиција/војска против мирен народ
Мислењето е автоматски споено:

нуклерка секако не можеме да правиме сами. ако нешто такво би се правело тоа би била некоја регионална соработка. менаџирањето мислам би било оставено на комерцијален оператор.
Ниту еден комерцијален оператор нема да ти се нафати на било што ако нема дебели профити во тоа. А ако профитите отидат надвор тогаш и поентата и целта на таков проект пропаѓа и бенефитите одат во минус како што кажа некој погоре. Нема поента ние да трошиме природни ресурси и енергија а профитите да одат надвор, тоа е измеќарлук.

Башка некој погоре кажа дека сме имале ураниум на наша територија :)
Ама ураниумот не е како јаглен, ископај го па стави го на скара да гори. Тоа бара збогатување со години, compliance со меѓународни институции, милијарди вложувања кои веќе одат во реалмот на научната фантастика за нас.
Попаметно би било да си седиме мадро, да ја зачуваме околината и да удриме на квалитетно земјоделство. Батали дата центри, нивната улога е минорна во споредба со улогата на земјоделско производство и извоз на истото. Да му ебам матер, 3 евра коштаат 4 клавчиња пченка за јадење во Австрија, 4 евра во Германија, какви дата центри какви бакрачи еаго, треба да се фатиме со сериозни и реалистични теми кои СТВАРНО би имале бенефит за нас, не да се фаќаме за помодарство ко слепци за стапови. утре што ќе биде следно, токамаци да градиме? Фабрики за роботи? Секс кукли на батерии?
Крај нема ретардираноста на ликовиве што треба да ја водат државава во успех. Вињети уште немаме воведено...... ехо апарат нема на ургентен центар...... ЦТ скенерот единствениот во државава читам немал азот или што и да беше. Земјоделциве не можат да најдат кој да го обере производството.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.603
3.255
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Банана републиките изумреа, а ние во 21 век ќе воспоставиме пиперка република.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
247
320
Средe никаде...
Дечки, можеме да ја затвориме темата..... нашиот драг премиер кажа дека дата центрите биле новата нафта. End of discussion! Од утре сите возиме на дата
Мислењето е автоматски споено:

Цементара не е наша, има грчки сопственик :) Во поглед на независноста, тоа е така, но многу работи се сменија во последно време, па видовме дека дури и суперсилите до некаде зависат од други држави, а камоли помалите како нас.
Во поглед на странските фирми, во кој дел на наш грб прават профит? Повеќе од 15 години имаме странски инвестиции во земјава, а голем дел од нив ја крепат нашата кревка економија. Па за едно затварање на странска фирма има со денови жалби и поплаки, како тоа ќе влијае на економијата.
Како и со другите странски инвестиции, така и со овие дата центри бенефитот би бил при самата градба (наши фирми ќе ја градат) како и вработување на десет, 20 колку и да се луѓе, што може за Скопје не е многу, но за помало место е значајно. Да не зборуваме тоа што за таму треба да се вработат не само чувари и хигиеничари туку и стручен кадар кој ќе дојде во допир со нова технологија, што секако е позитивна работа. Ако се испадне добро, тоа можеби би било поттик и за други tech компании да дојдат тука. Тоа вака од тепка што ми текна.
1. На Македонија не е и недостига обработливо земјиште. Напротив има вишок кој никој не го работи. Ова не ни видов каде е? На некоја запустена нива?
2. Ова мислам дека е мерлива работа и се разгледува пред да се отвори. Кој би вложувал ако ова не е разгледано и нема издржано решение на долг рок?
3. За вработените пишав погоре.
Мислењето е автоматски споено:

За хидроцентралите не сум експерт, но верувам дека има експерти.
А во поглед на зелените агенди, тоа нема врска со дата центрите. Наративот се смени пред се поради конфликтот во Украина. Не може да водиш војни во странство и истовремено овде каде е мирно да се занимаваш со тоа дали колата ти е со вклучена клима 5 минути пред да влезеш во неа. Или да порачуваш глупости од Тему и да се јадосуваш дали пластичното шише од Кока Кола не си го рециклирал.
Светот се менува, тоа е тоа.
Јбг ајде и Усје да го затвориме.
Странски фирми се отвораат во земји како нашата бидејќи знаат дека производството тука е со поевтина работна рака, то ест дава помали плати додека он сепак доброто го продава за истс или повисока цена. Проблемот е што они ставаат поголемиот дел од разликата во џеб.

Ја од тоа што сум видел не е потребно некој кадар во дата центар освен чувар и неколку технички лица. Сепак далеку помал број на вработени неголи за во фабрика, рудник, итн.
Ниту еден комерцијален оператор нема да ти се нафати на било што ако нема дебели профити во тоа. А ако профитите отидат надвор тогаш и поентата и целта на таков проект пропаѓа и бенефитите одат во минус како што кажа некој погоре. Нема поента ние да трошиме природни ресурси и енергија а профитите да одат надвор, тоа е измеќарлук.

Башка некој погоре кажа дека сме имале ураниум на наша територија :)
Ама ураниумот не е како јаглен, ископај го па стави го на скара да гори. Тоа бара збогатување со години, compliance со меѓународни институции, милијарди вложувања кои веќе одат во реалмот на научната фантастика за нас.
Попаметно би било да си седиме мадро, да ја зачуваме околината и да удриме на квалитетно земјоделство. Батали дата центри, нивната улога е минорна во споредба со улогата на земјоделско производство и извоз на истото. Да му ебам матер, 3 евра коштаат 4 клавчиња пченка за јадење во Австрија, 4 евра во Германија, какви дата центри какви бакрачи еаго, треба да се фатиме со сериозни и реалистични теми кои СТВАРНО би имале бенефит за нас, не да се фаќаме за помодарство ко слепци за стапови. утре што ќе биде следно, токамаци да градиме? Фабрики за роботи? Секс кукли на батерии?
Крај нема ретардираноста на ликовиве што треба да ја водат државава во успех. Вињети уште немаме воведено...... ехо апарат нема на ургентен центар...... ЦТ скенерот единствениот во државава читам немал азот или што и да беше. Земјоделциве не можат да најдат кој да го обере производството.

Кога тогаш регионот ќе премине на нуклеарно. Дали ќе биде уште македонија или ќе успеат соседите се што имаме да ни купат ќе видиме. Другото се ти е on point, основи како земјоделие и здравство немаме а сме се фатиле за дата центри
 
Последна промена:

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.106
3.583
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / 2x 2TB Samsung NVMe 990 Evo Plus / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
DDR4 3200MHz Kingston Fury Renegade Kit CL16 (2x32)
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855) / Keychron Q2
OS
ArchLinux
А ако профитите отидат надвор тогаш и поентата и целта на таков проект пропаѓа и бенефитите одат во минус како што кажа некој погоре. Нема поента ние да трошиме природни ресурси и енергија а профитите да одат надвор, тоа е измеќарлук.
во најлош случај ќе затвориме термо централи кои не загадуваат.

во најдобар случај, комерцијален оператор си работи за фиксен надомест кој е пазарно конкурентен.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.563
3.025
Цементара не е наша, има грчки сопственик :) Во поглед на независноста, тоа е така, но многу работи се сменија во последно време, па видовме дека дури и суперсилите до некаде зависат од други држави, а камоли помалите како нас.
Во поглед на странските фирми, во кој дел на наш грб прават профит? Повеќе од 15 години имаме странски инвестиции во земјава, а голем дел од нив ја крепат нашата кревка економија. Па за едно затварање на странска фирма има со денови жалби и поплаки, како тоа ќе влијае на економијата.
Овие странски инвеститори (пред се мислам на тие во ТИРЗ) дојдоа поради даночните олеснувања (субвенции) од нашата држава кон нив. Кога тие секнаа, еден дел си заминаа, а само мал дел продолжија без субвенции. Ок, можда има некој нето позитивен ефект, барем се надевам дека е така.
Како и со другите странски инвестиции, така и со овие дата центри бенефитот би бил при самата градба (наши фирми ќе ја градат)
Дај боже да е така... исто како Коридор 8 и 10 што го градат наши фирми.
Бехтел-Енка на пример, грубо земено, наша си е :)
како и вработување на десет, 20 колку и да се луѓе, што може за Скопје не е многу, но за помало место е значајно. Да не зборуваме тоа што за таму треба да се вработат не само чувари и хигиеничари туку и стручен кадар кој ќе дојде во допир со нова технологија, што секако е позитивна работа. Ако се испадне добро, тоа можеби би било поттик и за други tech компании да дојдат тука. Тоа вака од тепка што ми текна.
1. На Македонија не е и недостига обработливо земјиште. Напротив има вишок кој никој не го работи. Ова не ни видов каде е? На некоја запустена нива?
2. Ова мислам дека е мерлива работа и се разгледува пред да се отвори. Кој би вложувал ако ова не е разгледано и нема издржано решение на долг рок?
3. За вработените пишав погоре.
Мислењето е автоматски споено:

За хидроцентралите не сум експерт, но верувам дека има експерти.
Не мора да си експерт, ова е јавен форум, си дискутираме, разменваме мислење и светогледи.
А во поглед на зелените агенди, тоа нема врска со дата центрите. Наративот се смени пред се поради конфликтот во Украина.
Украина беше (е) само уште една несреќно падната плочка во домино ефектот од една поодамна започната енергетска игра.
Не може да водиш војни во странство и истовремено овде каде е мирно да се занимаваш со тоа дали колата ти е со вклучена клима 5 минути пред да влезеш во неа. Или да порачуваш глупости од Тему и да се јадосуваш дали пластичното шише од Кока Кола не си го рециклирал.
Светот се менува, тоа е тоа.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.746
3.428
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Нема поента ние да трошиме природни ресурси и енергија а профитите да одат надвор, тоа е измеќарлук.
Уште еден офтопик:
Освен Тито што направил се друго е измеќарлук како што кажа. Други држави ти даваат пари, во замена за ресурси кои ги има државата. Ете пред 2 години си влегоа Алказар енерџи и си поставија ветерници. Јас не се сеќавам нешто да сме направиле освен ете ЕСМ што го направи Осломеј 1. Се е до тоа дали има интерес и колкав ќе биде притисокот од надвор, не 9, 90 пратеници да се против пак ќе се гради.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.662
3.255
Дечки, можеме да ја затвориме темата..... нашиот драг премиер кажа дека дата центрите биле новата нафта. End of discussion! Од утре сите возиме на дата
Мислењето е автоматски споено:

Јбг ајде и Усје да го затвориме.
Странски фирми се отвораат во земји како нашата бидејќи знаат дека производството тука е со поевтина работна рака, то ест дава помали плати додека он сепак доброто го продава за истс или повисока цена. Проблемот е што они ставаат поголемиот дел од разликата во џеб.

Ја од тоа што сум видел не е потребно некој кадар во дата центар освен чувар и неколку технички лица. Сепак далеку помал број на вработени неголи за во фабрика, рудник, итн.

Кога тогаш регионот ќе премине на нуклеарно. Дали ќе биде уште македонија или ќе успеат соседите се што имаме да ни купат ќе видиме. Другото се ти е on point, основи како земјоделие и здравство немаме а сме се фатиле за дата центри
Усје не само што треба да се затвори, туку треба да се стрелаат на плоштад тие што се одговорни/сопственици, заедно со инспекторите од животна средина што го оставаат да не убива.
Ко ќе прочитам некој ваков ултра економски поткован, ми иде само едно прашање, оти парите се пред се.
Колку го даваш гзот под кирија, оти не е дали, туку преговорите се за цената.
Слободно блокирајте и фрлајте со дрва и камења, ама ова е еден од основните проблеми во цивилизацијата. Парите пред се...

На темата.
Немаме доволно вода за пиење, се очекува и таа што ја има да се намалува драстично. За дата центри се потребни океани, а не питка вода од рекички и изворчиња.
Веројатно ќе се добие дозвола за датацентар а потоа ќе се пренамени за туристички центар. Тоа е многу подобро за перење пари и грабеж на државен имот.
 
Усје му требаат нови печки и ќе биде ок. Тоа е тоа што загадува бидејќи се застарени печки кои можат да горат цврсти горива при кои нажалост спаѓаат и гумите.
Не ти го сфаќам аргументот и навредата, ултра економски поткован и парите пред се. Можеби не треба и да е навреда и грешно го доживувам, али па не знам од кај ти дојде таа идеја. Логично нема да ти се правдам на јавен форум кој сум што сум и како сум, најверојатно сме 20 години плус во разлика такашто веројатно и ќе можеш покултурно да се изразиш и да удриш кочница.
Туку ете оди затвори го усје и прашај ги сите луѓе што ќе изгубат работата како би се чуствувале за тоа. Не се пари пред се, али луѓето што работат таму од тие „пари“(предсфе) живеат.
После иди затвори го и ТЕТО пошо и таму никнаа згради, па итн.

Покрај тоа, не гледам дека некој од вас што толку е засеќиран за загадувањето во Скопје е гласен по социјални мрежи за луѓето кои се грејат на дрва и ѓубре и тие што возат колите застарени 30 35 години што не испуштаат ништо освен црн катран од позади? А да не ни коментирам нај обесправеното население што ““““неправедно“““““ им беа испоземени возачките и нивното традиционално греење на гуми. Околу тоа штама.

Не дека ќе застанам пред булдожерот што би го срушил Усје, само сакам да кажам не е решението Delete на се што не ни одговара. (освен политичари али да не испадне дека подржувам атентати и насилство yk..)
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.603
3.255
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Дечки, можеме да ја затвориме темата..... нашиот драг премиер кажа дека дата центрите биле новата нафта. End of discussion! Од утре сите возиме на дата
Мислењето е автоматски споено:

Јбг ајде и Усје да го затвориме.
Странски фирми се отвораат во земји како нашата бидејќи знаат дека производството тука е со поевтина работна рака, то ест дава помали плати додека он сепак доброто го продава за истс или повисока цена. Проблемот е што они ставаат поголемиот дел од разликата во џеб.

Ја од тоа што сум видел не е потребно некој кадар во дата центар освен чувар и неколку технички лица. Сепак далеку помал број на вработени неголи за во фабрика, рудник, итн.

Кога тогаш регионот ќе премине на нуклеарно. Дали ќе биде уште македонија или ќе успеат соседите се што имаме да ни купат ќе видиме. Другото се ти е on point, основи како земјоделие и здравство немаме а сме се фатиле за дата центри
Малку си контрадикторен. За дата центри у најава си против, а за Усје за кое мнозинството луѓе се против имаш одбранбен став.
Во однос на странските инвестиции, па нормално дека пред се поради тоа се отвараат. Зошто некој би вложил во друга земја а не во сопствената? "Добрата ги продава за повисока цена" - да, така функционира капитализмот. Поделба пола пола со работникот мислам ни во социјализмот немаше.
Да, помалку вработени но сепак ќе има, тоа е бенефит, за тие што ќе работат.
Мислењето е автоматски споено:

Овие странски инвеститори (пред се мислам на тие во ТИРЗ) дојдоа поради даночните олеснувања (субвенции) од нашата држава кон нив. Кога тие секнаа, еден дел си заминаа, а само мал дел продолжија без субвенции. Ок, можда има некој нето позитивен ефект, барем се надевам дека е така.

Дај боже да е така... исто како Коридор 8 и 10 што го градат наши фирми.
Бехтел-Енка на пример, грубо земено, наша си е :)

Не мора да си експерт, ова е јавен форум, си дискутираме, разменваме мислење и светогледи.

Украина беше (е) само уште една несреќно падната плочка во домино ефектот од една поодамна започната енергетска игра.
Па да, во тој период невработеноста беше 20-30% и со ова драстично се намали. Ефектот беше намалување на миграцијата или барем одложување за некое време. Да не се отвореа, ќе се иселеа уште повеќе и уште побрзо луѓето. Еве и ден денес има стотици луѓе кои работат таму.
Бехтел Енка и останати сорабутваат со наши фирми или целосно се надворешни? Ако немаат математика нормално ќе земаат и од друго место. Ете за Охрид - Кичево барем од прва рака си правев муабет со човек што ги има фатено мостовите. Наш е без гајле :)
За експертизата, се согласувам, може секој да дискутира, ама сега за хидроцентралите и ефектите на производството на струја и природата имам многу мало познавање. Сега не иде да зборам дека тоа би не спасило или дека ќе ја сотре природата. Ептен е стручно прашањето, а единствено што сум забележал е дека стручната јавност (ако има таква кај нас?) е поделена. Секако, како лаик, кого и да прашаш дали сака да има хидроцентрала/дата центар или парк, нормално ќе рече парк. И на таа карта најмногу играат противниците на овие работи :)
Е па тоа зборам, ете не е целосно ради Украина, од порано е почната работава. Свесен сум дека ние не сме некој играч дури ни на регионално ниво а камоли глобално, но можеби конечно можеме да извлечеме некој потег кој ќе ни користи, наместо како и секогаш да бидеме неми набљудувачи на промените.
 
Последна промена:

FikanA

hello world
3 април 2025
247
320
Средe никаде...
Малку си контрадикторен. За дата центри у најава си против, а за Усје за кое мнозинството луѓе се против имаш одбранбен став.
Во однос на странските инвестиции, па нормално дека пред се поради тоа се отвараат. Зошто некој би вложил во друга земја а не во сопствената? "Добрата ги продава за повисока цена" - да, така функционира капитализмот. Поделба пола пола со работникот мислам ни во социјализмот немаше.
Да, помалку вработени но сепак ќе има, тоа е бенефит, за тие што ќе работат.
Лично не гледам што е контрадикторно. Различни индустрии се, од едната гледам поголеми придобивки.
Мое лично мислење е дека ако веќе сакаме подобра економија, тоа подобро е да го достигнеме со развивање на земјоделието и по“конвенционални“ фабрики и индустрии.

Во однос на ова за капитализам vs комунизам, и тоа не знам од каде го извади. Ако “продавање на добрата за повисока цена“ е клучен дел од капитализмот, тогаш исто би било и ние да кажеме “Не, не сакаме да работиме за африкански плати“ и едноставно да го одбиеме, па нека си прават во Африка и Кина.
 
jocoklavulanski

hello world
25 јануари 2025
138
192
Кога прочитав прв пат за прикаската дата центар во Македонија ми се чинеше дека е AI Slop.

Eве дојдов до стање стварно да ме засега МОМЕНТАЛНАТА СИТУАЦИЈА ВО ЧАРШИЈАТА НА ПЕХЧЕВО... Треба да се реактивира тој мим пејџ неиронично.

Иначе, правилното прашање е кој е бенефитот за премиерот и неговиот тесен круг.
За нас има само штета, и ако сме плус должни да финансираме оперативни трошоци ќе биди уште посмешно.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
247
320
Средe никаде...
Иначе, правилното прашање е кој е бенефитот за премиерот и неговиот тесен круг.
Зарем ти се сомневаш во способноста на политичар да најде начин да краде од својот народ (дирекнто и индиректно)?
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.603
3.255
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Уште еден офтопик:
Освен Тито што направил се друго е измеќарлук како што кажа. Други држави ти даваат пари, во замена за ресурси кои ги има државата. Ете пред 2 години си влегоа Алказар енерџи и си поставија ветерници. Јас не се сеќавам нешто да сме направиле освен ете ЕСМ што го направи Осломеј 1. Се е до тоа дали има интерес и колкав ќе биде притисокот од надвор, не 9, 90 пратеници да се против пак ќе се гради.
Алказар не е изграден во почетна фаза е и не е поврзан со ВИ. Како и да е и таму очекувам уште една епска борба на дел од македонскиот народ против ветерници.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно