Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Новите Магента пакети?

HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Не попуштај! :) Јас вака терам и не планирам да потпишам. Не сум бил во салон и не сум добил известување дека морам да сменам пакет или насилно да ме префрлат.

Погледнете го атачментот 156360

И јас сум на истата патека, не ми се продолжува.

Но кога отидов во салон да потпрашам некои работи, ми кажаа дека баш овој пакет на кој сум моментално завршува на 15-ти Декември, и дека ќе бидам известен и приморан да направам миграција на нов пакет, сакал не сакал.
Се работи за Магента 1 М 2022, мобилни М 2021 верзија.

Тајмингот ми е премногу сомнителен да баш кога одлучувам да си останам на стар пакет (само мобилни + оптички, без ТВ), или сум параноичен и Телеком крои завери против против мене :confused:

@eX3v1l да не случајно имаш слично стар пакет и информација да навистина истекува? :rolleyes:
И јас сум на истиот пакет, и ми истекува договорот, ниту ми се јавиле ниту ме имаат нешто известено (ми се немаат јавено за обнова на пакети ниту еднаш до сега) дека завршува пакетот, плус на кој начин би те натерале да потпишеш нов договор?
Со новите пакети за интернет оди и тв, јас немам потреба од тв, мн глупо што ги споија, зголемија цена и сега ни натаму ни наваму.
 

Dile223

read-only
29 ноември 2025
30
37
Нели кај телеком има попуст на месечната претплата ако направиш договор на 2 години? А после тоа редовни цени или грешка сум?
Грешка си. Јас цела година не го продолжував договорот, цената и услугите беа исти, дури и кога земав нов телефон, без обнова на договорот, бројот на кој земав телефон добиваше мобилен интернет по новата важечка тарифа.
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.097
2.341
Грешка си. Јас цела година не го продолжував договорот, цената и услугите беа исти, дури и кога земав нов телефон, без обнова на договорот, бројот на кој земав телефон добиваше мобилен интернет по новата важечка тарифа.
Провери за сигурно. Кај една година договор има попуст 150 денари мислам кој се губи откако ќе истече договорот.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.670
3.755
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Грешка си. Јас цела година не го продолжував договорот, цената и услугите беа исти, дури и кога земав нов телефон, без обнова на договорот, бројот на кој земав телефон добиваше мобилен интернет по новата важечка тарифа.
Ова важи за прв договор со телеком. Потоа за нови договори нема попуст.
 

Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Да не цитирам наназад посебни мислења... во мојот случај, испаѓа дека попустот ми завршува со завршувањето на договорот.

Во прилог (последна) сметка од 10.2025 дека ми траеше договорот, и од 11.2025 кога ми е истечен.

Дали би добил повторно попуст за обновување не знам.

Претпоставувам дека никој не ме спречува (засега) да си продолжам на постојниот пакет без попуст, но тоа дали се “исплаќа“ да се седи на овој со попуст и да обновиш нов и доплатиш за ТВ е веќе друга тема.

1766048645968.png

1766048654275.png
 

Dile223

read-only
29 ноември 2025
30
37
Ова важи за прв договор со телеком. Потоа за нови договори нема попуст.
Како за прв договор кога на телеком сум 20 и нешто години, дури без обновен договор сум користел буџет за да земам телефон
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.164
18.759
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Да не цитирам наназад посебни мислења... во мојот случај, испаѓа дека попустот ми завршува со завршувањето на договорот.

Во прилог (последна) сметка од 10.2025 дека ми траеше договорот, и од 11.2025 кога ми е истечен.

Дали би добил повторно попуст за обновување не знам.

Претпоставувам дека никој не ме спречува (засега) да си продолжам на постојниот пакет без попуст, но тоа дали се “исплаќа“ да се седи на овој со попуст и да обновиш нов и доплатиш за ТВ е веќе друга тема.

Погледнете го атачментот 156896

Погледнете го атачментот 156897

Продолжи си го договорот со некој од актуелните, не можеш да го продолжиш со истиот ако тој веќе не е во понудата. Иначе, многу одамна, немаше опција да немаш договор и автоматски ги обновуваа на две години, потоа АЕК донесе правило дека автоматско продолжување на договор не е кул и дека после истек на договор продолжуваат да важат истите услови како за време на договорот. Имаше пар години кајшто мн мн мн ретко продлжуваа договори поради ова причина, телекомите не можеа да продадат договор затоа што сите си користеа стари услови, па почнаа да воведуваат тарифи со поволности, а после тоа и воведоа промотивен период на тарифите, на пример, јас имав договор со 60ГБ интернет на мобиле, ама во промотивниот период од две години, имав 100ГБ, за да после тоа воведат и различни цени, на пример, услугата кошта 2500 денари, ама ако потпишеш договор имаш попуст и тие две години ти плаќаш да речеме 2200. И така дојдовме до тоа да после истек на договор уствари ти расне цената или губипш некоја услуга и се е тоа законски.

Мн оператори го прават тоа, ете ми стигна некоја промоција од неотел, вика договор на две години, првата година имаш 50% попуст на претплатата. Ако пресметаш, тоа ти доаѓа како 25% попуст за времетрање на целиот договор. Ако после тоа не склучиш нов договор, си ја плаќаш полната сума. Во догвоорт си пишува дека цената на пакетот е да речеме 2000, ама првата година имаш 50% попуст и е 1000. Ама цената на пакетот е... 2000. Истото може да биде напишано и како, цената на пакетот е 2000 денари, ама првите две години имаш 25% попуст, а после тоа... 2000 денари.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.670
3.755
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Како за прв договор кога на телеком сум 20 и нешто години, дури без обновен договор сум користел буџет за да земам телефон
За со буџет незнам да ти казжам како е, не користам. Имам само нет и попустот м ие само во првите 2 години потоа цените по старо
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Јас мислам не знаат што прават, имам 4 броја во пакет, 3 броја се со истечен договор од преку година дена и интернетот е ист, а за едниот број потпишав договор пред година дена каде исто имаше промоција од 100ГБ. За тој договор направија грешка, па вработениот ме излажа дека ќе ја среди, не сме го правеле договорот во салон, сме го правеле онлајн, живи глупости, за на крај да си пратам официјален меил дека на потпишан договор за 100 ГБ ми доделиле само 20 ГБ, и како одговор ми го качија на 180 ГБ пакетот со претплата за М и еве си гура тоа година и нешто.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
А каде се гледаше кога е потпишан договорот и дали се искористени бонусите?
 

Dile223

read-only
29 ноември 2025
30
37
На телеком.мк, одма се појавува правоаголник со наслов Започни разговор. Од операторот се ќе ти биде одговорено
 

Dile223

read-only
29 ноември 2025
30
37
Мене во апликацијата ми дава кај тарифен модел кога ќе избереш некој број од пакетот.
Не зборувам за апликацијата Мој телеком.На пребарувачот внеси Телеком.мк и тогаш се отвара апликацијата за паромена , избор и воедно во левиот агол има правоаголник на кој пишува Започни разговор. Од мое искуство, операторот секогаш ми ги решавал сите било проблеми или информации.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Не зборувам за апликацијата Мој телеком.На пребарувачот внеси Телеком.мк и тогаш се отвара апликацијата за паромена , избор и воедно во левиот агол има правоаголник на кој пишува Започни разговор. Од мое искуство, операторот секогаш ми ги решавал сите било проблеми или информации.
Каква врска има ова со мојот одговор? Човекот побара информација за каде да види кога е потпишан договорот, јас му кажав каде пишува.

Имаш и број за контакт центар ако е за така, не е тоа одговор на прашањето, исто како кога ќе праша некој совет за проблем да му кажеш имаш сервис за коли оди се ќе ти кажат.
 

Dile223

read-only
29 ноември 2025
30
37
Мене во апликацијата ми дава кај тарифен модел кога ќе избереш некој број од пакетот.
Човекот едно те прашува ти друго му одговараш. Не прашува кој тарифен модел е, тоа сигурно го знае. Сака да провери кога е потпишан последниот договор, и дали искористил бонуси. Ти му кажа со горенаведениот одговор да види кој тарифен модел е и поволностите, на апликацијата Мој телеком не покажува за договорите и бонусите.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Човекот едно те прашува ти друго му одговараш. Не прашува кој тарифен модел е, тоа сигурно го знае. Сака да провери кога е потпишан последниот договор, и дали искористил бонуси. Ти му кажа со горенаведениот одговор да види кој тарифен модел е и поволностите, на апликацијата Мој телеком не покажува за договорите и бонусите.
Диле, ајде да не ја почнуваме новава година со расправии, среќна нова година. Јас со @Ragnar се разбрав, а очигледно ти ја немаш отворено апликацијата па не знаеш дека на тоа место ти дава до кога ти е активен договорот и дали имаш активен договор.
 

Dile223

read-only
29 ноември 2025
30
37
Диле, ајде да не ја почнуваме новава година со расправии, среќна нова година. Јас со @Ragnar се разбрав, а очигледно ти ја немаш отворено апликацијата па не знаеш дека на тоа место ти дава до кога ти е активен договорот и дали имаш активен договор.
Среќна нова година и на тебе, немав намера да се конфронтирам само сакав да помогнам.Поздрав
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Среќна Нова @chroot и @Dile223 и двајцата сте до некаде во право. Во апликацијата ми пишуца нема активен договор а мислам дека имам па ќе видам. @chroot кај тебе пишува нешто друго?
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Среќна Нова @chroot и @Dile223 и двајцата сте до некаде во право. Во апликацијата ми пишуца нема активен договор а мислам дека имам па ќе видам. @chroot кај тебе пишува нешто друго?
Да, на броевите што не се под договор пишува дека нема активен а кај тој што е под договор пишува кога истекува .
 

Атачменти

  • Screenshot_20260101_123007_Telekom MK.jpg
    Screenshot_20260101_123007_Telekom MK.jpg
    193,2 KB · Прегледи: 52

Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Да, на броевите што не се под договор пишува дека нема активен а кај тој што е под договор пишува кога истекува .
Ако веќе таму ти пишува дека си под договор, баш ме интересира дали ги гледаш договорите ако се логираш тука?

Јас си го гледам ова:
1767304541118.png


Јас сум под договор, кајмене пиши дека не е под договор :ROFLMAO:
Исто и кај мене.
 

Halaf

hello world
27 јуни 2015
89
140
Ако веќе таму ти пишува дека си под договор, баш ме интересира дали ги гледаш договорите ако се логираш тука?

Јас си го гледам ова:
Погледнете го атачментот 157307



Исто и кај мене.
Не, не ми ги вади ни овде. Знам претходно, пред да го обновам договорот можев да го видам овде или преку апликацијата на Телеком некако...
 

Viko

hello world
28 јуни 2022
303
283
Друштво кај мене и кај мајка ми забележав дополнителни трошоци за СМС во Телеком апликацијата.

Не е некоја значајна сума, ама и јас и мајка ми имаме неограничено СМС кон сите мрежи.

Кај мајка ми конкретно за една порака е посочено (за наградна игра се работи) а за другите не, а кај мене воопшто нема образложение само стои СМС пораки.

Некој да се соочил со слично нешто или да знае на што се должи дополнителната наплата?
 

Атачменти

  • IMG_6781.jpeg
    IMG_6781.jpeg
    195,4 KB · Прегледи: 74
  • IMG_6782.jpeg
    IMG_6782.jpeg
    194,2 KB · Прегледи: 76

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно