Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Apple Pay во Македонија

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Експанзијата кон одредени пазари првенствено зависи од други работи и особено од пазарот, а секундарно е дали по експанзијата конкретен субјект ќе имплементира или не.

Така што, не знам зошто вооопшто поврзувате НЛБ со достапност на сервисот воопшто на пазарот.
И јас уште не ги разбирам што има врска нлб со цел систем на Apple Pay. Halkbank и ProCredit во Србија имаат со години ...
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Значи не е точно дека која и да е банка воопшто има врска и влијание со достапноста на некој сервис воопшто на пазарот.

Редоследот е:

1. Apple (во случајов);
2. Издавач на картички (Виза и Мастеркард). А, 1. и 2. одат и во координација;
3. Па дури потоа конкретни банкарски субјекти на пазарот.
 
Последна промена:

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Порака од Apple веќе има дека работи на промените. Издавачите ако се решиле дека ќе воведат Google Pay, прашање на време е кога ќе овозможат и Apple Pay. Банките и те како за маркетинг им одговара да воведат ASAP.
 

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Имаше на оффицијалната страна на Виза, како еден од партнерите. Како и да е поврзаноста со банката ти е нелогична.
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Први беа НЛБ и на медиумите си имашр

Медиумски настапија во исто време трите банки. „На дело“ - НЛБ, па СТБ, па КБ. Но, со минимални одложувања, во денови. Кој како бил подготвен технички и кој колку е мрзлив од вработените...
Мислењето е автоматски споено:

За мене најразочарувачки и најизненадувачки е што Gilfoyle веќе никогаш не сподели прогрес или каква и да е информација!
 
Последна промена:

Ervo

hello world
7 септември 2008
365
653
Веќе можеби една година скоро имам информација дека одредена банка е спремна за поддршка ама целата работа ја кочи Apple, шо значи имаме спремни банки од кај нас.

Логично ми е дека Apple се координира прво и со VISA/Mastercard како издавачи на картички, и овие провајдери сум сигурен знаат пред нашите банки за upcoming features, ги контактирав некој да даат некоја приближна информација но одбиваат ко да којзнае колкава работа е една дигитализација што ја има во светов веќе многу време.
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Токму така, Apple > издавач > банки, тој е редоследот.

Тоа што некоја конкретна банка е веќе подготвена е супер, но реално ирелевантно. А и сигурен сум дека заради претходната имплементација на Google Pay, подготвени се горе-долу сите.
 

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Уште еден сервис за толку брзо време, многу ќе им дојде.
Еве 15 години Комерцијална неволно решава да прави минорни промени...
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Не се согласувам за КБ. И промените се далеку од минорни и неволни. Тоа е впрочем единствената банка која направи огромни промени последниве 2-3 години. Од банка заостаната во некое минато време, стана банка со највеќе дигитални решенија и напредок во однос на филијалите и напуштање на класичното банкарско работење.
 

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Од кога ја знаеш истата апликација на Комерцијална Банка ? Збориме за дигитално банкарство, не за дали имаат нови и млади вработени.

p.s Сеуште го врзуваат пенкалото да не им го украде некој на шалтер
 

Ervo

hello world
7 септември 2008
365
653
Веќе можеби една година скоро имам информација дека одредена банка е спремна за поддршка ама целата работа ја кочи Apple, шо значи имаме спремни банки од кај нас.

Логично ми е дека Apple се координира прво и со VISA/Mastercard како издавачи на картички, и овие провајдери сум сигурен знаат пред нашите банки за upcoming features, ги контактирав некој да даат некоја приближна информација но одбиваат ко да којзнае колкава работа е една дигитализација што ја има во светов веќе многу време.
Токму така, Apple > издавач > банки, тој е редоследот.

Тоа што некоја конкретна банка е веќе подготвена е супер, но реално ирелевантно. А и сигурен сум дека заради претходната имплементација на Google Pay, подготвени се горе-долу сите.

Да се надоврзам на ова, нека проба некој ако успеете да добиете некоја информација од некој вработен од VISA/Mastercard издавачите, они сигурно знаат за одредени идни промени, може да се пушти муабет као дали е вистина дека Босна Q1 2024 ќе има поддршка, наводно потврдено од повеќе извори ама јас сепак не им верувам. :)
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Од кога ја знаеш истата апликација на Комерцијална Банка ? Збориме за дигитално банкарство, не за дали имаат нови и млади вработени.

p.s Сеуште го врзуваат пенкалото да не им го украде некој на шалтер
Не е точно!
  1. Први воведоа воопшто плаќање со телефон со KomPay;
  2. Ниту една друга банка нема потполна и реално применлива имплементација на OneID како нив;
  3. Ниту една друга банка ги нема толку осовременето филијалите во изглед;
  4. Ниту една друга банка нема одделување и давање првенство на електронското банкарство во самите филијали;
  5. Ниту една друга банка нема дигитални киосци за плаќање на сметки (и тоа со картички од која било банка) и издавање изводи;
  6. Ниту една друга банка нема толкав број на cash-in банкомати;
  7. Сигурно има уште нешто што не ми паѓа на ум во моментов...
Да, веб-сервисот и апликацијата за електронско банкарство се сѐ уште заостанати, но и тие за некој ден ќе се осовременат и ќе бидат подобри од сите други.

Пенкалото го врзува секој и секаде, ама тоа заради генетика на македончето, не заради тоа што е КБ! ;)
 
Последна промена:

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
По аналогија на воведувањето на Google Pay, истото ќе се случи и за нашиот пазар. Промените ќе бидат веднаш видливи на apple.com.
Нема да добиеш одговор затоа што им е битно да го проследат со голема маркетиншка кампања, како на пример пазари во веро и добиј ваучер :)
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Да се надоврзам на ова, нека проба некој ако успеете да добиете некоја информација од некој вработен од VISA/Mastercard издавачите, они сигурно знаат за одредени идни промени, може да се пушти муабет као дали е вистина дека Босна Q1 2024 ќе има поддршка, наводно потврдено од повеќе извори ама јас сепак не им верувам. :)

Пишав - нема одговор. Стандардно...
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Ervo

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Не е точно!
  1. Ниту една друга банка нема потполна и реално применлива имплементација на OneID како нив;
  2. Ниту една друга банка ги нема толку осовременето филијалите во изглед;
  3. Ниту една друга банка нема одделување и давање првенство на електронското банкарство во самите филијали;
  4. Ниту една друга банка нема дигитални киосци за плаќање на сметки (и тоа со картички од која било банка) и издавање изводи;
  5. Ниту една друга банка нема толкав број на cash-in банкомати;
  6. Сигурно има уште нешто што не ми паѓа на ум во моментов...
Да, веб-сервисот и апликацијата за електронско банкарство се сѐ уште заостанати, но и тие за некој ден ќе се осовременат.

Пенкалото го врзува секој и секаде, ама тоа заради генетика на македончето, не заради тоа што е КБ! ;)
Се некако ми изгледа дека работиш во КБ. Чим волку знаеш.

Ајде да збориме за бројки. OneID не е за широка маса и потребни се еден куп податоции за да стигнеш до целта иако истата не е скроз добро интегрирано.
За вкусови не се дискутира во однос на изгледот, но еве ќе се сложам дека се најубави :)
Какво е тоа првенство? Никаде ништо не е пишано и пола од вработените не се обучени за електронско банкарство. Cash in банкарство не е дигитално банкарство, а и тоа што го имаат од карпош 4 до гтц не им работи за викенди или истите немаат доволно пари.
Треба да частиш на тој ден кога ќе се осовременат.

Сакаш да ми кажеш дека 100 пенкала на ден да ставаат нови, ке им смени нешто во заработката, па македончето ќе го кривиме??
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Ништо од ова што кажа ниту е точно, ниту е реално релевантно.

Можам и за сѐ засебно да елаборирам, но искрено ниту чувствувам потреба ниту сметам дека има цел и ќе промени. Кажав реални факти и толку.

А и секако најважно - темава е за Apple Pay, не македонските банки какви се!

Само за две работи:

1. Македончето не знае и не може да прифати некој нешто да фали, освен ако работи таму.
2. Македончето секогаш ќе го кривам и сите треба да го кривиме за сѐ и сешто, едноставно затоа што таму е коренот на сѐ! И што побргу секој го сфати и се труди да го промени тоа, толку побргу ќе се помрднеме од „две напред - три назад“ и чудење 3 години и 30 страници на форум зошто немаме едно најобично Apple Pay.

:love:
 
Последна промена:

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Се нашалив малце на темата се надевам дека не го сфати лично. Не се согласуваше на моето размислување дека Комецијална банка не е дигитализирана и почна да елаборираш што се направила Комерцијална банка за клиентите иако пак ќе ти кажам ништо од тоа не е дигитализација.
Чисто како проверлив подарок КБ е македонска банка и ако го вреѓаш ко што кажуваш македончето автоматски ја вреѓаш и Комерцијална банка или твојата работа :)
Поентата беше дека инвестирањето на ваков сервис бара ресурси од финансиски до технички, а од друга страна дигитализиранава банка ко што велиш го врзува пенкалото, ги криви клиентите ради тоа и запишува колку тоалетни хартии и хартија за тонер троши...

Збори ми колку македончето е криво за овие работи...
 

Kiro619

hello world
5 август 2015
142
106
За тие што прават споредба на GPay со ApplePay, неможе тие две работи да се споредуваат. GPay им овозможува на банките да го користат Google сервисот каде што не се наплаќа провизија од страна на Google, додека пак Apple Pay односно Apple наплаќа провизија на банките од секоја направена трансакција. Apple во 2019 или 2020 ги има побарано ценовниците од страна на банките кои тогаш беа ново издадени со цел да се имплементира Apple Pay кај нас. Од кога ги имаат добиено тие ценовници сеуште немаат дадено повратен одговор :ROFLMAO: . Така да јас не би се надевал дека ке се имплементира тековнава година, а тоа дека некоја банка е во имплементација или слично 99% се само филмови :)
 

fikret2023

read-only
18 мај 2023
45
42
Сакаш да ми кажеш дека Gpay го работи ова од љубов?
Мислењето е автоматски споено:

За тие што прават споредба на GPay со ApplePay, неможе тие две работи да се споредуваат. GPay им овозможува на банките да го користат Google сервисот каде што не се наплаќа провизија од страна на Google, додека пак Apple Pay односно Apple наплаќа провизија на банките од секоја направена трансакција. Apple во 2019 или 2020 ги има побарано ценовниците од страна на банките кои тогаш беа ново издадени со цел да се имплементира Apple Pay кај нас. Од кога ги имаат добиено тие ценовници сеуште немаат дадено повратен одговор :ROFLMAO: . Така да јас не би се надевал дека ке се имплементира тековнава година, а тоа дека некоја банка е во имплементација или слично 99% се само филмови :)

Does Apple Pay Charge Fees?​

No, Apple Pay doesn't charge consumers fees.11 Instead, it makes money directly from the bank that issued the card linked to the Apple Pay account.

Does Google Wallet Charge Fees?​

No, Google Wallet doesn't charge consumers fees.12
Google. "Frequently Asked Questions."
Google makes money by charging vendors a percentage of each transaction, as well as through targeted ads.
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно