Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
IMG_20220723_204258.jpg

received_5225519670836397.jpeg

Конечно стигнаа звучките. Сеуште ги разработувам и си играм со некои сетинзи од ресиверот. Пиано финиш. На едно место малку ја зезнале работата дечките што ги фарбале меѓутоа успеав да го скријам местото да не ми боде очи. Дечкото ми даде и дампери за под звучките. Еве го и неговиот графикон со овие драјвери што ги искористил. Сега за сега ми вредеа за чекањето.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Измерената фреквенциска карактеристика е одлична! Исто и дизајнот и изработката на кутијата! Да си се изнаслушаш музика!
Soundsense конструкторот/дизајнерот е син на мој колега од факултет - мило ми е што сепак има некој од помладите што сериозно, квалитетно и професионално се занимава со изработка на звучници. Му пожелувам успех во оваа област.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.081
6.015

Искрено јас бев премногу изненаден кога ми ги покажа мерењата од звучниците, бидејќи настапив многу скептично со „Има ли амплитудно фракфентна карактеристика?“ И пуштање сликата, браво!
Секако највеќе ми е мило што некој во МК навлегол соодветно во работата, а не само на ниво на столарија. :) Прекрасно! Со здравје да се служат!
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Поминував порај пикс плус па ме зачеша и го земав Topping L30. Дечките се супер па проверивме верзија, заземјување и сл. Како увозници за МК топинг ги информирал и сите стари уреди им ги заменил со нови кои немаат проблем со заземјување.

Првични импресии ми се дека ампот е доста неутрален во овој ценовен ранг. И прилично моќен за парите. Посебно кога ќе се упари со излез на DAC од 3 Vrms.

Излезе втората верзија на овој амп едноставно наречена L30 II. Многу помоќна, иако мене ми личи како bootstrap верзија на веќе одличниот L30. Претпоставувам ќе донесе повеќе crosstalk но не можам да бидам сигурен.

Баш ми е драго што бар некој во МК носи ваква опрема. Штом го послушам ќе пишам повеќе импресии.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.301
5.286
Скопје
hackitfree.github.io
Не сфатив баш што сакаш да кажеш - може појаснување?
Сака да каже дека има подобри и подобро му се наместени - и целата негова соба е акустички дампирана и средена така да овој тука - нема врска како да ги постави своите звучници :ROFLMAO:
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Пааа... јас ја коментирав фреквенциската карактеристика само на звучникот, која е измерена без влијанието на собата, со ARTA. Како ќе биде во конкретната просторија - тоа мора да се види од други, дополнителни мерења. Тоа е најчестата грешка што ја прават аудиофилите - ќе купат звучници од 20.000 евра, а не им паѓа на памет дека акустиката на просторијата и местоположбата на звучниците и местото на слушање многу влијаат на фреквенциската карактеристика.
А тоа дека во конкретниов случај местоположбата на звучниците не е оптимална - да, така е, но мораме да имаме на ум дека во соба која служи и за други намени, а не само за слушење музика, најчесто нема да имаме можност да ги поставиме звучниците на оптималното место. За акустичка обработка на просторијата ич да не почнуваме муабет...

Вистинита случка: пред многу години, направив мерења во мојата дневна соба за да ја најдам оптималната позиција на звучниците - за левиот звучник беше едноставно (во делот од собата е каде не пречи никому), но за десниот најдобрата позиција беше токму пред вратата од собата, да не може да се влезе или излезе! Без многу да размислам за последиците, целиот среќен што ми текна решение, на сопругата ѝ предложив да ја заѕидаме таа врата, а во дневната соба да влегуваме преку кујната, па низ трпезаријата, и ... Да можеше нејзиниот поглед да убива, тоа ќе беше соло геноцидна крвава кланица! И така, тивко и кротко го поместив десниот звучник настрана од вратата...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.081
6.015
Згора на тоа што кога ќе ја заѕидаше вратата, ќе се сменеше и мерењето.

Но, секако мора да се смета дека звучниците нема да се поставени на оптимално место во нормални места во кои се живее - а тоа се 99.9% од звучниците. И тоа е нормално. Секако ако некој сака може да си менува и да си поставува низ дома каде сака, сепак тоа нема да го промени проецентот искажан погоре за нормалните соби во кои се живее.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Згора на тоа што кога ќе ја заѕидаше вратата, ќе се сменеше и мерењето.
Не баш, не се менува нешто многу ако вратата е затворена, или ако на нејзино место има ѕид - зависно од конструкцијата на вратата, се разбира.
Во право си дека процентот на просториите каде ќе имаме потполна слобода за позиционирање е прилично мал. Сум мерел во многу простории, па на крај сепак се завршувало со компромис.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Не сфатив баш што сакаш да кажеш - може појаснување?
Не. Ти сфаќаш што сакам да кажам но сакаш да се развие дискусија која нема да води никаде и ќе служи за одмерување на твоето и моето знаење.

Го ценам твоето знаење, искуство и ентузијазам но би требало да ти биде јасно дека не сите на оваа тема цицаме весла и сме паднати од марс.

Букшелф звучници ставени на полица (што е океј и така се замислени) при што левиот има слободен простор колку сакаш а десниот е практично блокиран.

Затоа е бесмислата на онаа идеална фреквентна карактеристика мерена на (ваљда) 1 метар во (ваљда) оска во којзнае каква соба коса црта комора на кој знае каква опрема.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
???
Не, навистина не сфатив што точно сакаш да кажеш - затоа и те прашав. Можев да претпоставам, но тоа ќе беше само претпоставка, можеби и неточна - а зошто напразно да претпоставувам, кога можам да си прашам и да бидам сигурен?!
Навистина немав желба за развивање некаква неплодна дискусија, а особено немав ама баш никаква намера тука да си го одмерувам знаењето со нечие друго, па и твоето (моето знаење одамна е одмерено на најрелевантните можни места). Гледаш, ти тука направи претпоставка - и згреши! Исто како она за цицањето весла и паѓањето од Марс... башка што имам кајче во Охрид и обожавам да веслам, а и повеќе од 45 години сум астроном-аматер.

Да, точно е дека такво позиционирање на звучниците е далеку од оптимално (најблаго кажано). Ама, тоа не е проблем на звучниците (конструкторот), туку на корисникот.

Рамна фреквенциска карактеристика не е бесмислена - конструкторот на звучникот не знае и не може да знае во какви услови ќе биде поставен неговиот звучник. Затоа конструкторот мора се стреми да направи рамна фреквенциска карактеристика на својот производ, а корисникот мора да се стреми да најде оптимална позиција на звучниците. Од друга страна, ако звучникот нема рамна фреквенциска карактеристика, нема да го спасат ни најоптималните услови на светот во најдобрата соба на светот.

Конкретната фреквенциска карактеристика е измерена со ARTA и претставува quasi-anechoic мерење, такашто воопшто не е битна собата во која се вршело мерењето. Останатата електронска опрема употребена во мерењето (засилувач и микрофонски предзасилувач/PC картичка) исто не е проблем - дури и најевтината таква опрема има доволно рамна фреквенциска карактеристика за да се направат релевантни мерења. Всушност, мерниот микрофон има поголеми отстапувања ако не е калибриран!
За другото си во право - мерењето (најверојатно) е направено во оската на звучникот на растојание од 1 метар.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Рамната фреквентна карактеристика на ниеден начин не покажува како еден звучник ќе звучи.

Можеби суптилно ќе даде до знаење дека звучникот ќе нагласува или ќе задушува одредени подрачја но никогаш и никаде не се случило да видиш дали овој колорира, звучи назално, има syrupy sound итн. итн.

Мерењето пак ако не е изведено во глува комора тогаш, ќе простиш на изразов, резултатите можат слободно "окачити мачки на реп"
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.301
5.286
Скопје
hackitfree.github.io
Последна промена:

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Рамната фреквентна карактеристика на ниеден начин не покажува како еден звучник ќе звучи.
Можеби суптилно ќе даде до знаење дека звучникот ќе нагласува или ќе задушува одредени подрачја но никогаш и никаде не се случило да видиш дали овој колорира, звучи назално, има syrupy sound итн. итн.
Една измерена фреквенциска карактеристика во оската на звучникот не е доволна да покаже како звучи звучникот, но сепак дава важен дел од целата слика. Она што дополнително е потребно се фреквенциските карактеристики измерени под одреден агол во однос на оската на звучникот (и хоризонтално и вертикално), на пример на секои 15 степени (минимум!), во цел круг од 360 степени (180 ако е симетричен). Дури и без претходно да се слушне звучникот, од таквата комбинирана фреквенциска карактеристика многу лесно може да се одреди дали звукот ќе биде назален - тоа најчесто е издигнување на дел од средните тонови, проследено со дупка веднаш после тоа. Слично, отстапувањата од рамната карактеристика лесно може да се предвидат како колорирање на звукот. Докажано со илјадници слушања, мерења и споредби.
Понатаму, неопходни се и мерења на изобличувањата, импулсниот одѕив, итн.
На крај, врховен арбитар сепак е увото, бидејќи за сега е невозможно да се искомбинираат во една заедничка оцена тотално различните измерени параметри, на пример - дали еден звучник со многу рамна фреквенциска карактеристика но со релативно големи хармонички изобличувања ќе звучи подобро од друг звучник со не толку рамна карактеристика, но со многу мали изобличувања? И така натаму...
Бидејќи релативно едноставно можеме да постигнеме рамна фреквенциска карактеристика, барем да не го прескокнуваме тој важен дел - затоа тоа е неопходен услов за добар звук.

Мерењето пак ако не е изведено во глува комора тогаш, ќе простиш на изразов, резултатите можат слободно "окачити мачки на реп"

Претходно објаснив дека ARTA мери со т.н. quasi-anechoic метод кој дава резултат скоро идентичен на мерења во анехоична („глува“) комора, иако е мерено во обична просторија.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Погледнете го атачментот 115317

Конечно стигнаа звучките. Сеуште ги разработувам и си играм со некои сетинзи од ресиверот. Пиано финиш. На едно место малку ја зезнале работата дечките што ги фарбале меѓутоа успеав да го скријам местото да не ми боде очи. Дечкото ми даде и дампери за под звучките. Еве го и неговиот графикон со овие драјвери што ги искористил. Сега за сега ми вредеа за чекањето.

Извини, чисто информативно, ова ли е човекот што ти ги правеше звучките?
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Извини, чисто информативно, ова ли е човекот што ти ги правеше звучките?
Тој е. Soundsense му се вика, ај проектот да го речам. Супер си се звучките. Јас сум си ептен задоволен. Со тоа што кај мене се други драјвери не се тие од брошурата. Исто така работи дечкото на три системски звучник во истата кутија со тоа што прави посебна комора за басот. Чекам да видам со тоа како ќе биде.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Тој е. Soundsense му се вика, ај проектот да го речам. Супер си се звучките. Јас сум си ептен задоволен. Со тоа што кај мене се други драјвери не се тие од брошурата. Исто така работи дечкото на три системски звучник во истата кутија со тоа што прави посебна комора за басот. Чекам да видам со тоа како ќе биде.
Ако е цената таа од огласот, тоа е сосема пристојна сума. Очекував многу повеќе за рачно изработени звучници.
Белите со стенд се многу јаки на изглед. :)
 
Ficho

hello world
9 јули 2015
391
285
Скопје
Ако е цената таа од огласот, тоа е сосема пристојна сума. Очекував многу повеќе за рачно изработени звучници.
Белите со стенд се многу јаки на изглед. :)
Јави му се распрашај го ако те интересира. Инаку цената варира има 3 димензии на звучки што ги изработува во пасивна и активна варијанта со различни драјвери.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Ако е цената таа од огласот, тоа е сосема пристојна сума. Очекував многу повеќе за рачно изработени звучници.
Белите со стенд се многу јаки на изглед. :)
Ова е одличен производ на ентузијаст, со многу прифатлива цена.
Кога истиов овој звучник би бил произведуван од фирма, цената мора да биде (многу) повисока. Да не ви објаснувам од каде го знам тоа...
 
28 ноември 2014
1.224
820
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Едно преглупо прашање... ама ми треба привремено решение.
Имам Infinity RS4000 поврзани со појачало Pioneer.
Проблемот е што звучниците се 4 омски а појачалото е 8 ома.
Ми предложија да ги поврзам сериски т.е да ги поврзам да свират како еден звучник.
Плус и минус од двата звучника да ги врзам во едно, за да немам проблем со гасење на појачалото.
Ми треба привремено решение, додека не најдам нови звучнци или појачало.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.172
18.787
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Едно преглупо прашање... ама ми треба привремено решение.
Имам Infinity RS4000 поврзани со појачало Pioneer.
Проблемот е што звучниците се 4 омски а појачалото е 8 ома.
Ми предложија да ги поврзам сериски т.е да ги поврзам да свират како еден звучник.
Плус и минус од двата звучника да ги врзам во едно, за да немам проблем со гасење на појачалото.
Ми треба привремено решение, додека не најдам нови звучнци или појачало.

Ако ги врзеш двата плуса во еден и двата минуса во еден минус, значи паралелно, ќе добиеш еквивалент на 2 омски звучник :/
Мислењето е автоматски споено:

Со такви добри слушалки, не се ни толку битни звучките :p
 
28 ноември 2014
1.224
820
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Ако ги врзеш двата плуса во еден и двата минуса во еден минус, значи паралелно, ќе добиеш еквивалент на 2 омски звучник :/
Мислењето е автоматски споено:

Со такви добри слушалки, не се ни толку битни звучките :p
Значи да барам ново појачало, дека звучниците не ми се менуваат. Од посебно значење се :)
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно