toplel
user
- 18 август 2016
- 1.061
- 1.546
Секој од своја перспектива. И јас го имав истото мислење, сѐ додека не почнаа со премногу нашминкани и неповрзани видеа. Пример едно видео тестираат процесори со пониска резолуција, а на другото подобро било да се тестираат на 1440p ултра. Така се тестирале кој е подобар. Зборуваат за "real world scenario" и "majority of the users", а ја оверклокува RX 570 на 1380MHz? Да, одат до толку ама на high-end моделите. Во просек повеќето одат до 1330MHz. Прво кењаше за тоа колку 1650 била бескорисна карта и никој не требало да ја купи, па после неколку видеа "I admire what Nvidia can do with only 75W". Тотално непрофесионално.Не ми изгледаат пристрасни дечките од Hardware Unboxed. Не лажат и не кажуваат невистини. Едне од ретките што не подпаѓаат на разноразни митови како на пример Нвидиа намерно ги осакатуваат старите картици со драјвери, ниту пак се впуштија во хајпање на Рајзен ликовите што сите искочија неточни. А дали преферираат една или друга компанија е нерелевантно зошто тоа не им се одразува фактуелно во заклучоците и препораките што ги прават. Пред некое време многу се накурчија на Интел и Нвидиа зошто или не им праќале навреме ревју примероци или пак не им давале драјвери на време, додека некои ревјуери ги добиле пред нив - што им ствара нелојална конкуренција. Оправдано ако им мрчат за тоа. Се додека се непристрасни во ревјуата и не станат ко оние на АМД профетите што прават по 3 видеа на ден како Интел ќе пропадне утре и АМД ќе го спаси цел свет, супер се.
Пуштија 3-4 видеа за 1650 vs RX 570 во моментот ко AMD картите имаа преголем попуст и доста добри игри гратис. На видеото кај шо ја undervolt-оваа RX 570 одбираат неколку наслови шо тотално се подобри на AMD графички, а ги отфрлаат тие шо се во полза на Nvidia. Од прва до последна игрите се тотално во полза на AMD со дирекна соработка. На претходните видеа имаше други игри вклучено, како The Divison, SOTTR, Apex, Fortnite, BFV, Metro и слични кај шо разликата беше горе-долу маргинална или во полза на 1650. Аку веќе правиш тест, биди конзистентен во методологијата. Ова ти е пример за скриптирани и cherry-pick review-а.
Во истото видео, на табелите за FPS, напишале 1650 OC демек оверклокована, а параметрите на јадрото останати исти 1710MHz, само појачале ~200MHz меморија. И кого го лажат? Као демек видете и undervolt-ната RX 570 е подобра од оверклокната 1650? На таа 1650 можат да и пуштат +120MHz на јадро ко ништо и пак да е под 80W со пристојни температури. А за да ја однесиш RX 570 на 1380 ти требит минимум 1100mV и фанојте на +80% за да е под 72 степени, во спротивно имаш thermal throttling и фрекфенцијата на јадрото значително се намалуват. И како е тоа "real world" сценарио - не знам.