Кога веќе збориме за болјери, ја би една препорака до @gokica.
Проточен бојлер Siemens DH21400M со пластични цевки го имавме многу одамна 10 години беше во функција на единаесетата му дојде крајот склопката реагираше, имаше внатрешни оштетувања и крај.
Во моментов го имам овој Siemens DH24100M веќе 6 години за разлика од претходниот овој е со бакарни цевки, мислам дека гаранција имаат 5 години и е екстра.
Првиот проточен болјер кога го ставивме пред 16 години и никогаш повеќе не помисливме на бурињата.
Секогаш имаш топла вода кога и да посакаш во денот, и што е најважно можеш да се тушираш 15 минути или бесконечно без страв дека ќе снема топла вода.
Истиот може да биде поврзан со повеќе чешми така да секаде имаш топла вода во секој момент.
Единствено неможе да се користи на места каде што притисокот на водата е слаб, бидејќи ако е слаб протокот на вода воопшто не уклучуваат греачите.
И за разлика од бурињата кои што зафаќаат многу место (доколку имате помало купатило) со проточниот ви останува и те како голем простор.![]()
Претпоставувам заради цената и потребата од посебна инсталација.А која е негативната страна на проточните бојлери? Зошто не се употребуваат масовно сеуште?
Да надополнам: Згора на сѐ, ти го бриши мислењето со илустративна порака во темата за рок од 10 секунди без никаква опомена или причина. Остај то шо ние плебејците си пишиме искуства во веќе постоечката тема. Муабетов испаѓат ко: „Извини јас сум само да прашам.“Слушам во Сетек имале профи бојлери.
Убаво е кога модератор си отвара тема иако има постоечка, си го решава проблемот и после си ја затвара темата.
имам проблем со леов, скапа за 5-6год. Не е протечен сеуште ама ја мати водата.
Слушам во Сетек имале профи бојлери.
Убаво е кога модератор си отвара тема иако има постоечка, си го решава проблемот и после си ја затвара темата.
Да надополнам: Згора на сѐ, ти го бриши мислењето со илустративна порака во темата за рок од 10 секунди без никаква опомена или причина. Остај то шо ние плебејците си пишиме искуства во веќе постоечката тема. Муабетов испаѓат ко: „Извини јас сум само да прашам.“
Паа ми се чини ќе се осетеше по сметката ако е греачот пукнат, ќе влече многу повеќе струја и пред се ќе дрмаше, мада кај мене се пластични цефкине. Нејсе, чим ја мати водата не е во ред, а не намеравам да го цинкувам на новоНе би било лошо да го отвориш и да видиш што се случува. Од еден леов извадив греач напрснат по цела должина. Симптоми беа слабо загревање, корозија во водата, мирис итн итн. Ваму немаше ни заземјување поврзано, само некако безвезе нуловано. Е токму заради ова не се препорачува бањање со уклучен бојлер. Среќа па луѓево си го практикувале тој начин на користење.
Незнам да ти кажам, претпоставувам научени луѓево на бурињата по навика, ко песната на Бени (по навика тргнувам во втора)А која е негативната страна на проточните бојлери? Зошто не се употребуваат масовно сеуште?
Демек тие од 500€ не чинеле, а инаку прашував прњд исто толку време
Не земај појак од 18 kW, иначе треба посебен приклучок јас реновирав и ми средија тоа. За да се справиш со бигорот земи со бакарни цевки. Јас земав сименс за 250 еур.Две прашања:
1. Живеам во зграда што ми треба од аспект на електрика за да монтирам проточен?
2. Како се носат проточниве со скопскава тврда вода?
Де бе што среќа имавте, Кај мене 10 година си тера веќе Аристонот. Во викендица ЛЕов веќе 12 година.Аристон воопшто незадоволен, пред некоја година купен со две години гаранција на истек на втората година се дупна. Комплетно ми го сменија затоа што внатре се полни со пур пена или што и да е таа изолација и се пластични казаните што значи не се менуваат или лепат. После тоа тераше уште две години и пак се дупна, нормално гаранција нема. За 4 години два пати два различни се дупнаа и на крај го фрлив во канта.
После тоа земав Динамо Хит, исто велешка фирма прохромски ака инокс што викате. На втората година откажа термостатот, инаку казанот нема мака 20 години гаранција. Квалитетот им е за нијанса поарен од оној на Леов, ама и они не се совршени, како што кажаа другите делови нечинат, греачи, термостати и сл. Значи Тинг, Хит и слични наши брендови тој е квалитеот, само зимање прохром, а за останатите делови како ќе ви се погодат.
Инаку на времето беше Динамо Леов една фирма двајца газди, после се разделија и едниот остана Леов, другиот направи нова фирма Динамо Хит.
PSU 850W CORSAIR RM850E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, BLACK, CP-9020296-EU
8.410,00 ден
UPS 2200VA / 1200W POWERWALKER VI 2200 SHL, 2xSHUKO, 2x IEC C13, USB, RJ11, 10120098
11.590,00 ден
MONITOR 25" AOC 25G3ZM/BK , VA, 1ms, 240Hz , Full HD, 2xHDMI, DP
8.190,00 ден
VGA ASROCK RX 9060 XT STEEL LEGEND OC 16GB GDDR6 2xDP, HDMI, 90-GA5JZZ-00UANF
34.390,00 ден
MOUSE WIRED USB GEMBIRD G-LASER, 2400DPI, Black ,MUS-GU-02
390,00 ден
EXTERNAL CAPTURE ELGATO GAME CAPTURE NEO 4K60 HDR USB 3.0 (TYPE-C), 10GBV9901
8.630,00 ден