Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Што последно сте надградиле на вашиот компјутер (компонети за компјутер ONLY!)
Ме почеша џебот па од Нексио за 6,500 денари си купив Master MX Keys.
Споредено со К800 оваа тастатура е потивка. Многу помала во поглед на димензии. Копчињата се поцврсто поставени и за нијанса потврди но со помал од до актуација. Дури и за нијанса чинам попрецизна од К800. Иако самите копчиња се тивки, сепак ударите со присти даваат оддек од металната плоча. Осветлувањето оддава професионален впечаток а сензорите реагираат можеби за нијанса побрзо и од К800. Во секој случај нуди премиум филинг.
К800 ми беше широка кога седам на софа пред монитор. Оваа е тамам.
Инаку ќе ја користам напоредно и со мојата друга нова тастатура:
Си купив неколку работи
1. Монитор - Dell 24" SE2419HR FHD IPS - го земав од Техномаркет за 6.999ден
2. Слушалки -JBL TUNE500 - од Анхоч за 1790 ден. не знам зошто ама за мојот буџет до 2000ден се што видов беше purebass .
3. USB to RJ-45 LAN, USB3.0 to Gigabit Ethernet Adapter Lanberg -исто така од Анхоч за 750 ден.
После долго време потрага по genuine рам плочки најдов две HyperX Fury 4GB идентични со тие што веќе ги имам во конфигурацијата (~2 години понови).
1.700 ден.
Во склоп со плановите за нова графичка за некој месец, пред некој ден го заменив 500W напојувањето со Cooler Master V650 Gold. Купено од Сетек, и после искористени купони од клуб картичката, го зедов за ~6000 денари. Драстично потивко од претходното (DeepCool DA500M), дури и со исклучен hybrid fan mode.
Покрај ова, зедов и 2TB Western Digital Blue диск, цената беше 3,650 денари, редовна од Сетек, и уште еден DeepCool TF120S од Анхоч, исто редовна цена, 630 денари.
Како подобро да то тестирме аплоадот на слики од тоа да се пофалиме со нешто ново Си зедов BeQuiet Pure Base 6000 од Нексио по цена со 5% попуст за форумџии, т.е. 5250 денари. Презадоволен, го исполнува најбитниос услов а тоа е тифкоќа!
Benq Zowie XL2411 по "дилерска дена" за 5000ден.До сега секогаш сум користел 60hz монитор но од кога ја увидов разликата со сопствено око,жалам што порано не сум ја направил оваа промена