Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.769
12.739
Skopje
www.wemaxa.com
Да сумираме, најгласни на тема про мониторинг преку камери се:
1. Некој што не живее во Скопје, и сам вели "Ме заболе мене за вашата метропола. Идам само пословно :)"
2. Некој што не живее во Скопје нe повеќе од 6 месеци годишно
3. Некој што воопшто не вози

Ова е слична ситуација како кога најголеми Американци пред некоја година беа Велешаните :). Најинтересно е како оние кои не се директно засегнати толку галантно демагошки урлаат.

Архангел еднаш испеа:

"Ги знаеш добро оние
со скришна солза длабоко во срцето
со скришна злоба далеку зад погледот
болни од немоќ, болни од желба за одмазда."
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Очигледно сакате да живеете во некоја Америчка верзија на град каде што секаде мора да палиш кола.

За жал не е само во Скопје така. Појди во било кој мал град во државата и ќе забележиш дека коли се палат и за идење до WC. За кратки релации од помалку од 500м се иде со возило. Се работи за градови што за 20 минути ќе испешачиш крај до крај. Јас тврдам дека во Скопје и да има најсовремено метро, велосипедистичка инфраструкутра како во Холандија и Данска ... дека повторно сите ќе преферираат да ја запалат колата. :)
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.789
4.503
Неготино

Другар што живее до мене, пали кола за да отиде до продавница.
Продавницата ни е на 125 метри.
 
Twisted

hello world
3 јануари 2016
285
183
Да сумираме, најгласни на тема про мониторинг преку камери се:
1. Некој што не живее во Скопје, и сам вели "Ме заболе мене за вашата метропола. Идам само пословно :)"
2. Некој што не живее во Скопје нe повеќе од 6 месеци годишно
3. Некој што воопшто не вози
Добро е, барем се имаш и самиот вклучено во листава.
 
18 август 2019
1.227
1.202
Не се согласуваат овие погоре со тебе :)
Знам дека некои не се согласуваат. Баш оние кои ги посочив. Ама ако мислат дека 50 км/ч е мала брзина, нека бараат да се смени тоа. Да не очекуваат дека јас ќе кршам правила само да им овозможам тие да возат побрзо од дозволеното. Јас ќе возам до 50 км/ч.
Како што некој бараше (поодамна) да бегам десно (преку полна линија) за да може тој на експресен пат да вози со 130 км/ч. Тој слободно нека помине на другата лента преку полна линија, јас не морам да правам прекршок за да ги задоволам неговите каприци.
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.065
3.517
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Да сумираме, најгласни на тема про мониторинг преку камери се:
1. Некој што не живее во Скопје, и сам вели "Ме заболе мене за вашата метропола. Идам само пословно :)"
2. Некој што не живее во Скопје нe повеќе од 6 месеци годишно
3. Некој што воопшто не вози
неточно!

но интересно дека мислиш дека другите учесници во сообраќајот немаат право да дискутираат за безбедноста на сообраќајот.
тоа кажува многу.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
неточно!

но интересно дека мислиш дека другите учесници во сообраќајот немаат право да дискутираат за безбедноста на сообраќајот.
тоа кажува многу.

дискутираат за туѓи постапки кои влијаат на нивната безбедност доколку самите тие направат глупост.
Ако возам на коловоз и со 200 km/h се додека не ми претрча пешак сите ќе останеме живи и здрави.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
217
264
Средe никаде...
дискутираат за туѓи постапки кои влијаат на нивната безбедност доколку самите тие направат глупост.
Ако возам на коловоз и со 200 km/h се додека не ми претрча пешак сите ќе останеме живи и здрави.
Не мојт! Он ги купил JBL-от за на уво, и на уво ќе му останат!
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
766
2.030
најголеми Американци пред некоја година беа Велешаните

Еј!

mmiJ3Y8.png
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Другар што живее до мене, пали кола за да отиде до продавница.
Продавницата ни е на 125 метри.
Нормално! Да е само другар ти добро ќе беше, секој втор што го знам е всушност како него. :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Кога се отвори темава најмалку што очекував е дека истата ќе стане плодно поле за радикализација на пешаци, велосипедисти и возачи на автомобили.
Не до тебе, луѓето од претходно се „радикализирани“. Всуштност терминот што го бараме е „трајбализам“, или племенство. Се делат луѓево во табори пошто така намерно се тераат светските токови: Имаме леви и десни. Стрејт и геј. Христијани и Муслимани. Сиромашни и богати. Глупи и паметни. Итн, итн... Пешаци и возачи. Како да светот е бинарен и како да е црно бел без нијанси на сиво помеѓу. Како да нема објективно достиглив консенсуз кој ќе се заснова на реалност и на факти... Како да повеќето не сме и пешаци и возачи.

На крај луѓето секако се склони кон конфронтации, но важно е да се разбере дека ваквата екстремна поделеност е социјално инжинирана ситуација. Малку повнимателно ако се погледа, ќе се види дека јавната наратива секогаш го брани малицинството. Во повеќето поделби што ги набројав, а кои се и барем малку политизирани, јавната наратива го брани малциството. Но нејсе, ова е многу поширока тема и само се обидов да ја начнам генезата на ваквата радикална поделеност.

Така еве ти на темава имаш про-пешаци и про-ауто табори и обично најгласни се тие што се најекстремните. Обидите за дискусија и приближување на ставовите не завршуаваат добро. :) Имаме радикални идеи, од укинување приватни аута до укинување пешачење. :D
 
18 август 2019
1.227
1.202
Имаме радикални идеи, од укинување приватни аута до укинување пешачење. :D
Најдобро е приватните аута (и велосипеди, и тротинети...) да се укинат, а на пешаците да им се забрани да одат пешки. Тогаш не ќе има незгоди. :) :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
И да спомнам дека побрзо стигнувам до канцеларија во сред центар откако се ставени камерите, со точно 10 км пат.
Тогаш имаш различни искуства од повеќето овде. Мислам дека заклучокот е поинаков: Побезбедно е за сообраќајки со тешки последици. Нешто повеќе ситни сообраќајки се дешават. Поголеми гужви се прават (не дека не беа големи и претходно), повеќе се касни, многу повеќе нервирање има.
Крајно: Само нека остане досегашниот тренд на помалку фатални исходи од сообараќјки и сите негативности ќе вредат. Но негативности апсолутно има и тоа многу. Глупаво е да се инсистира дека нема.

Патем за побрзото стигање на работа во Центар... Пешки идеш? Точак/тротинет?
Со ауто и со јавен превоз би требало да е поспоро сега, посебно во шпицовите. Протокот на возила низ раскрсници/семафор е значително намален и тоа е факт.

веќе го има на пластичарска и guess what, не функционира.
Редовно има сообраќајки, и удрени пешаци што излагаат од меѓу паркираните аута. Посебно ако е покрај некој SUV или комбе, не го гледаш не те гледа (а е глуп идиот и ти искача непретпазливо пред ауто). И нон стоп некој застанува да паркира, некој искача, итн... Да не е остатокот од Никола Карев така прооден и ок за возење, ќе го избегнував булеварот ради пластичарскиот дел.
 
deadpool

hello world
31 декември 2018
272
343
Доколку пешаците преминуваат улица на необележан пешачки премин има казна во законот колку што сум запознаен?
Доколку исто така поминуваат на необележан пак си должен да застанеш а не да го удриш се сложуваш?
Доколку го удриш пешакот на обележан пешачки треба кривично да одговараш.
Многу е едноставно.
Е сеа во врска со темава пошто камериве ќе казнуваат брзина, поминување на црвено и не сум сигурен што беше друго.
Ти си против инсталирање на камериве? Тоа е твојот став?

Пошто глеам коливе ти се криви и за твојава досада по дома и жена ти што доцни, според тебе пешаци стално се во право и на 20цм пред кола ако ми скокнат ја треба да успеам да застанам? Ако некој со слушалици за во хеликоптер истрчува од грмушка без да погледне лево десно или пак да чуе возило кое е способно да убие на простор кој не е за пешаци, тоа е човек на кој живот не му значи и се откажува од истиот или е толку воспитан од тикток како се поминува улица. За својот живот јас сум си најодговорен и само некој Скоти може да си дозволи владата со поставени камери и Стојко да го спасат, бидејќи никаде во странство не се вози побрзо од дозволено каде што нема камери, нели? За разлика од кај нас, во странство камери се поставени во опасни зони (кривини, непрегледност, гужви од пешаци, школо) и тоа е ради безбедност и законски мора да има знак дека е зона под контрола (speed camera, speed control, radar control, etc). Кај нас е чисто за полнење буџет и веќе народот е дискриминиран. Ако почнуваш со камери, треба да почнеш секаде низ МК, не само во одредени места.
Мислењето е автоматски споено:

Тогаш имаш различни искуства од повеќето овде. Мислам дека заклучокот е поинаков: Побезбедно е за сообраќајки со тешки последици. Нешто повеќе ситни сообраќајки се дешават. Поголеми гужви се прават (не дека не беа големи и претходно), повеќе се касни, многу повеќе нервирање има.
Крајно: Само нека остане досегашниот тренд на помалку фатални исходи од сообараќјки и сите негативности ќе вредат. Но негативности апсолутно има и тоа многу. Глупаво е да се инсистира дека нема.

Патем за побрзото стигање на работа во Центар... Пешки идеш? Точак/тротинет?
Со ауто и со јавен превоз би требало да е поспоро сега, посебно во шпицовите. Протокот на возила низ раскрсници/семафор е значително намален и тоа е факт.

Редовно има сообраќајки, и удрени пешаци што излагаат од меѓу паркираните аута. Посебно ако е покрај некој SUV или комбе, не го гледаш не те гледа (а е глуп идиот и ти искача непретпазливо пред ауто). И нон стоп некој застанува да паркира, некој искача, итн... Да не е остатокот од Никола Карев така прооден и ок за возење, ќе го избегнував булеварот ради пластичарскиот дел.

Човекот ради трета смена па не му мењаат камериве ништо.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Пошто глеам коливе ти се криви и за твојава досада по дома и жена ти што доцни, според тебе пешаци стално се во право и на 20цм пред кола ако ми скокнат ја треба да успеам да застанам? Ако некој со слушалици за во хеликоптер истрчува од грмушка без да погледне лево десно или пак да чуе возило кое е способно да убие на простор кој не е за пешаци, тоа е човек на кој живот не му значи и се откажува од истиот или е толку воспитан од тикток како се поминува улица. За својот живот јас сум си најодговорен и само некој Скоти може да си дозволи владата со поставени камери и Стојко да го спасат, бидејќи никаде во странство не се вози побрзо од дозволено каде што нема камери, нели? За разлика од кај нас, во странство камери се поставени во опасни зони (кривини, непрегледност, гужви од пешаци, школо) и тоа е ради безбедност и законски мора да има знак дека е зона под контрола (speed camera, speed control, radar control, etc). Кај нас е чисто за полнење буџет и веќе народот е дискриминиран. Ако почнуваш со камери, треба да почнеш секаде низ МК, не само во одредени места.
Мислењето е автоматски споено:

Човекот ради трета смена па не му мењаат камериве ништо.
Колку досеа такви пешаци си сретнал кај тебе што не доцни жена ти? Ама биди искрен. А колку си сретнал возила да не ги пропуштаат на пешачки? Такоѓе биди искрен.
Толку си излегол ти од дома да видиш кај се поставени во светот и како функционира сообраќај каде не е Пакистан како во РСМ. Мене ми е јасно дека ти најрадо би му дал на цајканот 50е да те пушти без казна епа полека ќе се менува тоа јбг ќе боли ама ќе помине.
Мислењето е автоматски споено:

Иначе за 13 години се дуплирале автомобилите
 
deadpool

hello world
31 декември 2018
272
343
дрн дрн муабет.
Зошто да возам 15 на булевар? Затоа што секогаш има идиоти што претрчуваат на булевар? Колку повеќе се прави простор за глупите, толку повеќе простор зафаќаат. Пешаци одат по тротоари. За таму збориме. За тоа дека има коли на тротоари, тоа се решава со еден потег. Поминува пајак и ги собира сите. Не им е место таму. Дебилно е коли да го користат тротоарот како паркинг. Ама дебилно е и да се вози 50 во Автокоманда, или на булевар Словенија. Сервисни улици треба да имаат ограничување од 20-30 затоа што има и пешаци што се движат и ги поминуваат, но на булевар? Имаш одбележан пешачки и тоа најечсто со семафори и пак прелетуваат камикази од секаде? За тие барем по 10 години затвор.

Улиците низ светот се за возила. Тротоари се за пешаци. Или не си го научил тоа?
Имаш и надвозни и подземни премини кај нас, ама кој сака калорија плус да потроши по скали или лизгалки. Ако изговор се старите луѓе, се решава фино лепо со лифтови.
Мислењето е автоматски споено:

Колку досеа такви пешаци си сретнал кај тебе што не доцни жена ти? Ама биди искрен. А колку си сретнал возила да не ги пропуштаат на пешачки? Такоѓе биди искрен.
Толку си излегол ти од дома да видиш кај се поставени во светот и како функционира сообраќај каде не е Пакистан како во РСМ. Мене ми е јасно дека ти најрадо би му дал на цајканот 50е да те пушти без казна епа полека ќе се менува тоа јбг ќе боли ама ќе помине.
Мислењето е автоматски споено:

Иначе за 13 години се дуплирале автомобилите
Претпоставувам, не, сигурен сум дека имаш б'лгарски пасош.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Имаш и надвозни и подземни премини кај нас, ама кој сака калорија плус да потроши по скали или лизгалки. Ако изговор се старите луѓе, се решава фино лепо со лифтови.
Мислењето е автоматски споено:

Претпоставувам, не, сигурен сум дека имаш б'лгарски пасош.
Дај бе да го дислоцираме сите граѓани за ти фино лепо да си леташ по улициве и никој ништо да не ти може!

Сигурна и дојава да не имаш за вечерва да одам до кладилница?
Арсенал?
 
deadpool

hello world
31 декември 2018
272
343
Дај бе да го дислоцираме сите граѓани за ти фино лепо да си леташ по улициве и никој ништо да не ти може!
Мислењето е автоматски споено:

Сигурна и дојава да не имаш за вечерва да одам до кладилница?
Арсенал?
Ти како прошетан, вакви работи немаш видено во странство? Прдејци не се рачуна за странство.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.054
Skopje
Архангел еднаш испеа:

"Ги знаеш добро оние
со скришна солза длабоко во срцето
со скришна злоба далеку зад погледот
болни од немоќ, болни од желба за одмазда."
Мала дигресија: не знаеш колку би сакал Heart Core да го објават и на винил...
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно