mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.101
- 6.045
Наменета на оваа тема е за омекнувачи на вода, односно отстранување само на калциум, магнезум карбонат и слично од водата.
Оваа тема НЕ Е ЗА ФИЛТРИРАЊЕ на водата.
Во Скопје има енормен проблем со тврдина на водата и се се уништува од бигор. Сите тоалети се упропастени и едвај се чистат. Тој што има стан/викендица во подрачје со мека вода во МК може да забележи колку малку се нафаќа бигор таму, а колку многу во Скопје. Чистењето на бигор оди до таму да се вадат и по 3-4 кофи бигор од соларен бојлер.
Сум пробал некои едноставни решенија како фосфатни кристали кои може да се купат кај нас. Но, нема никаков реален ефект. Може да се види на линков:
www.b-p.com.mk
Сега размислувам да поставам некој омекнувач на самиот довод кон станот/куќата, и гледам дека по странствово се користат такви работи во домаќинствата. Имено се работи за ваков тип на уреди:
http://www.b-p.com.mk/m/water/BP_SO...tski-Kompakten-jonski-omeknuvach-za-voda/4698
https://graniterm.com.mk/product/омекнувач-platinum-wasser-28l/
https://vodaizdravje.blogspot.com/2...vpc2erwyyIbE_7qsuRCZ3oOweeSdsL4Y8l0iwOuuAyc4w
View: https://www.youtube.com/watch?v=p0t6yyKf-4s
View: https://www.youtube.com/watch?v=G66IR8kS0uQ
View: https://www.youtube.com/watch?v=8WuJVu6pEC8
Дали некој користел ваков тип на омекнувачи или некако се снашол за да нема бигор во куќата/станот/тушот?
Во Емитер на времето во 1999та имаше напис за магнетен омекнувач на вода, веројатно ми е тука некаде тој број на списание, и гледам сега има и да се купат по продавнициве. Имено се работи за едноставно коло кое може да се изработи лесно согласно нивните напатствија, а имаат и готови плочки. Може да се види тука: Електронски омекнувач на водата
Но, искуствата со овие по интернетов не ветуваат премногу. За да се изработи и да се проба, можеби е океј како што Емитер наложува. Но, уердите од овој тип кои се продаваат кај нас се со цени од 14000 денари кои се нехумано високи за нешто што не е баш дефинирано дали ќе функционира.
Согласно тоа остануваат 2 методи:
1. Омекнувач кои работат на принцип на соли. Како овие кои ги напоменавме.
2. Системи за реверзна осмоза. Кои се предвидени за помал проток на вода или многу скапи, а воедно и го отстрануваат хлорот од водата па потоа таа не е веќе соодветно третирана против бактерии и микроорганизми, и не се соодветни за употреба о цел стан/куќа/бојлери туку за директна употреба како Zepter и сличните кои се монтираат до чешмата. Затоа не ги дискутираме тука.
Оваа тема НЕ Е ЗА ФИЛТРИРАЊЕ на водата.
Во Скопје има енормен проблем со тврдина на водата и се се уништува од бигор. Сите тоалети се упропастени и едвај се чистат. Тој што има стан/викендица во подрачје со мека вода во МК може да забележи колку малку се нафаќа бигор таму, а колку многу во Скопје. Чистењето на бигор оди до таму да се вадат и по 3-4 кофи бигор од соларен бојлер.
Сум пробал некои едноставни решенија како фосфатни кристали кои може да се купат кај нас. Но, нема никаков реален ефект. Може да се види на линков:
Anti-scale Филтер против бигор за болјери и греачи
Ги заштитува грејните тела и ја подобрува нивната ефикасност. Го продолжува работниот век на апарати...
Сега размислувам да поставам некој омекнувач на самиот довод кон станот/куќата, и гледам дека по странствово се користат такви работи во домаќинствата. Имено се работи за ваков тип на уреди:
http://www.b-p.com.mk/m/water/BP_SO...tski-Kompakten-jonski-omeknuvach-za-voda/4698
https://graniterm.com.mk/product/омекнувач-platinum-wasser-28l/
https://vodaizdravje.blogspot.com/2...vpc2erwyyIbE_7qsuRCZ3oOweeSdsL4Y8l0iwOuuAyc4w
Дали некој користел ваков тип на омекнувачи или некако се снашол за да нема бигор во куќата/станот/тушот?
Во Емитер на времето во 1999та имаше напис за магнетен омекнувач на вода, веројатно ми е тука некаде тој број на списание, и гледам сега има и да се купат по продавнициве. Имено се работи за едноставно коло кое може да се изработи лесно согласно нивните напатствија, а имаат и готови плочки. Може да се види тука: Електронски омекнувач на водата
Но, искуствата со овие по интернетов не ветуваат премногу. За да се изработи и да се проба, можеби е океј како што Емитер наложува. Но, уердите од овој тип кои се продаваат кај нас се со цени од 14000 денари кои се нехумано високи за нешто што не е баш дефинирано дали ќе функционира.
Согласно тоа остануваат 2 методи:
1. Омекнувач кои работат на принцип на соли. Како овие кои ги напоменавме.
2. Системи за реверзна осмоза. Кои се предвидени за помал проток на вода или многу скапи, а воедно и го отстрануваат хлорот од водата па потоа таа не е веќе соодветно третирана против бактерии и микроорганизми, и не се соодветни за употреба о цел стан/куќа/бојлери туку за директна употреба како Zepter и сличните кои се монтираат до чешмата. Затоа не ги дискутираме тука.
Изменето од модератор: