Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Нарачки од Computer Universe

Cane5

read-only
2 април 2018
13
7
Фала, да то нормално дека ке се ремапират Z и Y. Па на крај можи и да се менат и физичките копчиња :). Позздрав
 

MadBuldog

hello world
22 јуни 2008
182
459
Скопје
Фала, да то нормално дека ке се ремапират Z и Y. Па на крај можи и да се менат и физичките копчиња :). Позздрав
Или можеш да си нарачаш нови етикети и да си аплицираш преку капачињата на тастатурата, гледам имаат да си нарачаш според моделот на лаптопот.
 

gremlin

Octogenarian/2
18 октомври 2009
2.930
2.522
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 9600X
Motherboard
Gigabyte B850 Gaming Wifi6
Storage
WD SN850X 1TB
PSU
750W NZXT CX
RAM
32GB Kingston Renegade 6000Mhz CL30
Video card
Gigabyte RX 9070 16GB Gaming OC (3100Mhz, 240W+10%, -100mv, +400 core)
Case
CM H500 ARGB
Mouse
Logitech G703
Keyboard
SteelSeries TKL
Audio
Realtek
Monitor
27" Mi 2K 165Hz
OS
Windows 11 Pro 64Bit
Здраво, лаптопите претпоставувам се со германска QWERTZ тастатура, има шанси да се најди со QWERTY?
Си пишува убаво која тастатура користи поготово ако мислиш на Computeruniverse баш и ја тоа гледав но искрено таму би купил смао некој ексклузивен поскап модел што не ги носат тука инаку пример гледав Asus Strix кај нас испаѓаат иста цена тие конфигурации така да не се исплати.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.613
1.774
Си пишува убаво која тастатура користи поготово ако мислиш на Computeruniverse баш и ја тоа гледав но искрено таму би купил смао некој ексклузивен поскап модел што не ги носат тука инаку пример гледав Asus Strix кај нас испаѓаат иста цена тие конфигурации така да не се исплати.
Има некои добри зделки и таму, порано пред ова недостатокот на лаптопи, се наоѓаше добра зделка, имаше лаптопи со РТХ 2060 за 750-770€ (минимумот за под 800€ со се шипинг ради шпедиција) не сум видел таква зделка кај нас, еве и сега има за 1300€ РТХ 2070 со 144Хц линк: Dell G5 15 5500-ND60C i7-10750H 16GB/512GB SSD 15" FHD RTX2070MQ W10
 

Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508
Ме интересира дали имате искуство со оштетен или неисправен производ и каква е процедурата во тој случај?

Имено сакам да нарачам од Welectron (Германија). Ако некој случајно има да сподели искуство би било одлично.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.723
15.816
youtu.be
Отвараш тикет кај селерот и се договарате што и како понатаму.
Плаќај со пејпал и гајле немај. :)
 

Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508
Фала ти. Пејпал секако, не знам само до каде им одат ингеренциите со продавници во Европа.
 

Banskoliev

read-only
16 ноември 2020
2
0
Екипо ако може некој со искуство од computeruniverse да ми објасни кој е најлесен начин да се стапи со нив во контакт, пошо ја направив нарачка за цел PC (без куќиште во нарачката) добив confirmation email за нарачката и сите делови им се in stock освен графичката и им пишувам маил два дена по ред не можам да добијам никаков одговор за дали може да ја изменам графичката или да ја откажам од нарачката. Секоја информација би била од огромна помош.
 

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Нарачката ако не е испратена можеш да ја прекинеш во ордер менеџмент, инвоисес, и да си направиш на ново, само ќе почекаш неколку дена парите да ти ги вратат на картичка. И кога ќе бираш графичка или други делови не ставај делови на кои им пишува дека не се на залиха. In stock, available on short notice само ќе бираш.

можеш и да им пишеш мејл на [email protected]
 

Banskoliev

read-only
16 ноември 2020
2
0
Од прилика колку денови се чека за да се вратат на сметка? Иначе им пишав точно на тој маил али за жал не добивам одговор, така да како што ми изгледа ќе ја откажувам нарачката.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Екипо ако може некој со искуство од computeruniverse да ми објасни кој е најлесен начин да се стапи со нив во контакт, пошо ја направив нарачка за цел PC (без куќиште во нарачката) добив confirmation email за нарачката и сите делови им се in stock освен графичката и им пишувам маил два дена по ред не можам да добијам никаков одговор за дали може да ја изменам графичката или да ја откажам од нарачката. Секоја информација би била од огромна помош.

Јас 3 месеци чекав да им дојде на сток делот што го нарачав, на крај им дојде и ми го пратија, ако не ти се брза почекај ќе ја добијат графичката и кога ќе ти ја комплетираат нарачката целата ќе ти ја пратат.

Не се преваранти, им треба малце време да вратат ама враќаат.
 

Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508
Јас 3 месеци чекав да им дојде на сток делот што го нарачав, на крај им дојде и ми го пратија, ако не ти се брза почекај ќе ја добијат графичката и кога ќе ти ја комплетираат нарачката целата ќе ти ја пратат.

Не се преваранти, им треба малце време да вратат ама враќаат.
За колку време просечно ти стигаат нарачките преку DHL Parcel?
 

Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508
Каква е процедурата кај нас со царина/пошта при приемот на пратката? Дали има начин да се провери пратката дали е се во ред со неа пред да се плати царина?
Мислам на проверка во смисол дали пратката содржи се што треба да содржи, состојба на испратените работи и слично?
 
Последна промена:

Cika

poweruser
8 декември 2009
2.771
1.641
Само што ми стигна нарачката пред некој ден, ќе пишам тука опширно како иде процедурата за физичко лице (со шпедиција и без) и за фирма (со шпедиција). @Excalibur , има начин за проверка на содржината на пратката, само не ти лично, а за проверка состојбата на компонентите, нема начин, освен визуелен фидбек од царина.
 

Cane5

read-only
2 април 2018
13
7
Само што ми стигна нарачката пред некој ден, ќе пишам тука опширно како иде процедурата за физичко лице (со шпедиција и без) и за фирма (со шпедиција). @Excalibur , има начин за проверка на содржината на пратката, само не ти лично, а за проверка состојбата на компонентите, нема начин, освен визуелен фидбек од царина.

Супер, и мене баш ме интересира како оди процедурата за физичко лице со шпедиција. позз
 

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Некој да порачувал лани за Black Friday да не знае дали имаат попусти. Дали да чекам или не.
Лани немаше ништо, освен на стари залихи, така да ако си за процесор рајзен 2000 или интел 9000 чекај, ако си за нешто ново излезено годинава, џабе чекаш
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
А да не знаете слична онлајн продавница од калибарот на CU што испраќа до МК со стандард пошта и да не зема данок како што прават CU? Да проверам таму.
 

gremlin

Octogenarian/2
18 октомври 2009
2.930
2.522
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 9600X
Motherboard
Gigabyte B850 Gaming Wifi6
Storage
WD SN850X 1TB
PSU
750W NZXT CX
RAM
32GB Kingston Renegade 6000Mhz CL30
Video card
Gigabyte RX 9070 16GB Gaming OC (3100Mhz, 240W+10%, -100mv, +400 core)
Case
CM H500 ARGB
Mouse
Logitech G703
Keyboard
SteelSeries TKL
Audio
Realtek
Monitor
27" Mi 2K 165Hz
OS
Windows 11 Pro 64Bit
Донеле WD Black SN850 SSD

 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Донеле WD Black SN850 SSD

Конечно конкуренција во high end пазарот. Само Samsung 980PRO го имаа од тој калибар. Од 1TB нема како што гледам, а Samsung 980PRO oд 1TB го начекав тука за 180 евра, ама сега го нема залиха, па.
 

joBs0

hello world
13 септември 2019
108
171
Да ве прашам едно нубско прашање?

Нарачав монитор од CU но кога ја напраив нарачката немав напишано телефонски број на мојот профил, па да ве прашам дали овие нашиве ќе донеаат некое ливче во мојава адреса или ќе ми пишат мејл, и дали заради тоа што немав тел број на профилот може да ме заебаваат овие нашите од пошта?

Пс. На кој начин ве известуваат дека ви стигнал пратка?
 

Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Да ве прашам едно нубско прашање?

Нарачав монитор од CU но кога ја напраив нарачката немав напишано телефонски број на мојот профил, па да ве прашам дали овие нашиве ќе донеаат некое ливче во мојава адреса или ќе ми пишат мејл, и дали заради тоа што немав тел број на профилот може да ме заебаваат овие нашите од пошта?

Пс. На кој начин ве известуваат дека ви стигнал пратка?
Јас нормално не додржав, па сама отидов да си го подигнам кога видов дека прошол од царина. Инаку стигна картонче отпосле, кога веќе го подигнав.
 

Cika

poweruser
8 декември 2009
2.771
1.641
Поради големиот интерес на форумов, се одлучив да го споделам моето досегашно искуство со нарачки од Computer Universe. За поголема прегледност, постот ќе биде поделен во следниве категории, а бидејќи процесот на нарачка е ист, освен тоа што при регистрација на сајтот селектирате дали сте физичко лице или компанија, ќе се задржам во главно на процедурата откако пратката ќе пристигне во Македонија.
  1. Нарачка како физичко лице - со шпедиција и без шпедиција
  2. Нарачка како правно лице - со шпедиција
Ќе претпоставам дека нарачувате компјутерски компоненти, освен напојување, каде што давачките се 0% царина и само 5% ДДВ.
1. Нарачка како физичко лице - privatkunden
Нарачав компјутерски компоненти на 26.10.2020 во вредност од 338 EUR, што со испорака од 28 EUR, сумата достигна 367 EUR. Нарачката беше испратена во рок од една седмица, а во Македонија пристигна за 14 дена, вклучувајќи ги и неработните. Статусот на тракингот одеше вака:
  1. Пристигната во наизменична пошта
  2. Царина 1006
  3. Пренасочена во Скопје 1005
  4. Штип
Кога пратката пристигна во Штип, истиот ден добив известување околу царинските трошоци, што за 367 EUR компјутерски компоненти изнесуваа 1,134 денари. Со картончето отидов во пошта, доплатив уште 350 денари за царински преглед, ги платив царинските трошоци на лице место (ги пополнува шалтерскиот работник) и си ја подигнав пратката. Овој начин на поштенско царинење се врши само и само за физички лица и пратки до 800 EUR.

Другата нарачка беа компјутерски компоненти во вредност од околу 900 евра. Сега постапката веќе станува покомплицирана затоа што за да се царини пратката ви е потребен царински застапник, т.е шпедиција. Во овој случај, на тракингот на пошта ќе прочитате статус дека е потребна официјална царинска декларација. Царина веднаш испраќаат писмо за известување на адресата во фактурата од Computer Universe, со напомена дека треба да се отпочне царинска постапка за пратката, што е препорачано и ви стига следниот работен ден.

Во писмото ќе прочитате детали како број на пратка (тој за тракинг), тежина и нивно интерно бројче за привремено чување. Тука вие треба да стапите во акција. Јас одев преку шпедицијата во пошта, а и на вас ви препорачувам да го направите истото, од причини што се во истата зграда и комуникацијата помеѓу шпедитерот и царинарникот е олеснета, што го забрзува процесот, што изгледа вака:

  1. Се јавувате на шпедиција во пошта на број 02 240 16 88 или 02 240 16 89 и ги известувате дека имате пристигнато пратка за која што треба да се покрене царинска постапка, во телефонскиот разговор ќе ви побараат емаил адреса за да можат да ви испратат полномошно, а од вас ќе биде побаран само тракинг бројот или слика од писмото за известување што го имате добиено од царина, заедно со фактурата од Computer Universe.
  2. Откако ќе ви испратат документот со полномошното со кое им давате дозвола да ве застапуваат во царинските постапки, го пополнувате, се потпишувате го скенирате и им го испраќате на spedicija at posta.com.mk. Полномошното, потпишано, треба да го испратите и во три оригинали на Македонска пошта, Служба за увоз, извоз и шпедиција, поштенски фах 313, ГЦПС Подружница Скопје 2, 1000 Скопје.
  3. Ќе добиете фактура на емаил од шпедиција за наплата на нивните услуги, што изнесува 2,006 денари, и слика од уплатница и инструкции со податоци за да ја пополните. Ги плаќате и двете (електронски или физички, не е важно).
  4. Доколку сето ова го направите рано посабајлечки, 8-12 часот, предметот за царинење ќе биде изготвен веднаш од шпедицијата во пошта, а пратката ќе биде ослободена од царина истиот ден доколку нема причини што може да го блокираат процесот (јас морав да праќам ново полномошно бидејќи им се смени директорот баш тој ден, Јани Макрадули дојде на местото на Ејуп Рустеми, па сето тоа мораше да помине преку Централен регистар).
  5. Оваа услуга на шпедиција чини 2,006 денари + 80 денари препорачана пошта за оригиналите од полномошното. Погоре ви препорачав да идете со оваа опција, од проста причина што комуникацијата се одвива преку маил и телефон, а морам да ги пофалам дека се многу ажурни, се јавуваат веднаш кога имаат известување или потреба од ваша дополнителна акција.
  6. Кога пратката ќе стигне во вашата локална пошта, ги плаќате тие 350-400 денари за лежерина и отвори затвори како во случајот со физичко лице без шпедиција
Како што гледате, единствената разлика од пратки до 800 евра и над, е тоа што треба да имате царински застапник, и е само 2000 денари поскапо, а вие заштедувате време и пари бидејќи не се маткате низ шалтери.

2. Нарачки како правно лице - bussinesskunden
Разликата при нарачка како правно лице е тоа што за секоја пратка, без разлика на вредноста, мора да почнете царинска постапка преку шпедиција, како што е опишано претходно, и на полномошното освен потпис треба да има и печат од фирмата. Исто и при подигањето мора да носите печат.

Мислам дека доволно опширно го опфатив целиот процес од нарачка до подигање, доколку имате прашања можете да ме контактирате мене во приватна порака, ама подобро е да се јавите на шпедицијата во пошта, пак ќе напоменам, многу се експедитивни. Овој процес е универзален, и важи на нарачки од било каде во странство, не само од Computer Universe.

За крај, само не знам дали е дозволено реферали на форумов, ќе ве замолам да го искористите мојот реферал код при нарачка на Computer Universe, а тоа е FWPU7U96, а вие ќе добиете 5 евра бонус.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно