Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Генерална дискусија за ДДКОМ

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.625
3.180
Ова може да се разреши само во живо на неутрален терен (кафана) со пуњач за пиво (и да нема подвалување од пиво од еден бренд во кригли со етикети од друг бренд) и сервисер за скара (исто да нема подвалување на помфрит под мешаната скара за да изгледа дека е серви(си)рано повеќе месо).

Очекувам целосен пресврт у 5та сезона каде ќе се испостави дека Даниел е сервисер во ддком а пуњачот е од службениот лаптоп на Ивица

Во 7ма сезона ќе излезе дека целиов муабет е креиран од chatGPT
 

Burazer

Баниран/a
29 јануари 2023
267
180
Тука
Ова може да се разреши само во живо на неутрален терен (кафана) со пуњач за пиво (и да нема подвалување од пиво од еден бренд во кригли со етикети од друг бренд) и сервисер за скара (исто да нема подвалување на помфрит под мешаната скара за да изгледа дека е серви(си)рано повеќе месо).

Очекувам целосен пресврт у 5та сезона каде ќе се испостави дека Даниел е сервисер во ддком а пуњачот е од службениот лаптоп на Ивица

Во 7ма сезона ќе излезе дека целиов муабет е креиран од chatGPT
Апсолутно тачно.
 

Potop

hello world
26 декември 2013
376
492

Прочитај си член 25 од Законот и не ми досаѓај повеќе за работи за кои не си компетентен. Не ти ја кажувам точната бројка, бидејќи се правиш многу паметен по форуми, сигурен сум дека ќе си ја сфатиш сам.

За ова второво ќе те пријавам, ако ти се дискутира аргументирано (а ќе те потепам со аргументи бидејќи ми е истражено до точка) слободно продолжи.
Мислењето е автоматски споено:


Работодавец не смее ФОРМАЛНО да референцира дека некој пост на ИТ ФОРУМ е причината поради која кандидатот X не е одбран, доколку тоа не се засегнува со квалификациите и способностите за работното место.

Евалуацијата на кандидати за одредена работна позиција не смее да биде според аспекти кои не се во непосредна врска со работната позиција.

Темата е нормално „сива зона“, како обврската да се објавува плата во јавни огласи, но од правен аспект е целосно покриено во законот. Не дека некој директно ќе настрада бидејќи ќе треба во процесот да пишува одредена причина за одбивање во стил „Одбиен бидејќи навива за AC MILAN", но за паметњаковичи на форум барем е црно на бело.

Инаку во сите развиени земји си има пракси - The Legality of Social Media Screening: An Overview

П.с. Како и сите закони, скоро секој член е оставен на дополнителна интерпретација. Ако нурнете во одредени истражувања (од правници, научни истражувачи и сл.) ќе забележите јасни насоки за легалноста или нелегалноста на проверки на социјални мрежи (иако ова е во контекст на пошироката природа на проверки кои се неповрзани со работната позиција).

Извини друже немам ништо лично ама ми се чини дека збориш за некоја нормална држава а не за нашава.
Батали ти правни регулативи.
Не навлагам во конкретниов случај кој бил што бил. Прво не е противзаконски барем за приватна фирма, можеби за државниве важи, а и да важи сигурно во образложението зошто не си примен ставови на социјални мрежи нема формално да ги наведат.
А сега приватен сектор...
Колку луѓе до сега имаш вработено?
Знаеш у оваа вукојебина кога некој ќе згреши (да не употребам полош збор) колкави се шансите истото да го повтори пак - 100%.
Ова од искуство ти кажувам, плус ради икс причини и да нема грешка претходно може да направи грешка која чини повеќе од што од работникот можеш да извадиш за 5 години.
Затоа не судете никој без факти а ја ќорав факт не видов, некоја слика, некое кинеско срање и толку.
Овие ддком нит ги знам нит искрено ме заболе, ама лажно претставување и те како ми е познато.
Можеби ставови и мислења не се однесувааат на професионалноста на човекот, ама кажува за личноста доволно.
А тоа некогаш ако не и секогаш пресудно.
Пак ќе кажам ништо лично ни за тебе ниту за било која од засегнатите страни ама полека со осудување и правни аргументи.
На крајот има институции ако толку верувате во правниот систем зошто не прочитав дека никој никаде не пријавил ако законски мисли дека е во право?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно