Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Фискален Принтер

Heyrt

read-only
1 мај 2024
7
6
Здраво на сите, почнав да правам програма за лична употреба на фискален принтер. Бидејќи несакам да платам фирма да ми инсталира нејзин софтвер сакам сам да си го направам софтверот. И го направив со Python. Си купив баркод скенер и ми работи одлично, кога ке скенирам некој производ ми го појавува веднаш на екранот со сите информации.. (шифра, име, баркод, цена)
Е сега прашањето ми е следно. Фискалниот принтер што го имам е (Perfect S v.1.0.0) принтерот има приклучок за од лаптоп до него со mini-USB кабел .. не ми е јасно како да му пратам команда/параметар дека треба да испринта фискална сметка за тој производ/и што го/и скенирам???
Неможам да најдам документација на интернет за него нигде... некој доколку има познавање од ова те молам помогни ми !!!
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.793
5.511

Да си побараш упатство,, драјвери и сѐ што ти треба од фирмата кај си го купил принтерот. Мислам за овие беше Давид нели. Е сега што и дали ќе ти помогнат е знак прашање.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
SYM_J

hello world
3 декември 2012
61
60
@Heyrt Со план сум да купувам ист таков фискален апарат. Како си задоволен? Дали може да се користи на било која локација или мора да биде на фиксна локација?

Ме интересира како работи баркод читачот. Значи го поврзувам со кабел, кога скенирам баркод производот го додава на екранот од фискалната и кога ќе завршам со скенирање (додавање) на производи само кликам на принтај и ја печати фискалната сметка со сите додадени производи преку баркод читачот? Дали баркод читачот може да се користи било каде или мора да биде поврзан на струја?

Каква е процедурата за додавање на нови производи во фискалната? Дали може да се поврзи на компјутер па преку него да се додаваат производите или мора да се куца секој производ директно на фискалниот апарат?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.732
Бар код читачите се однесуваат како тастатура. Кога скенираш фактички исто е како да си ги искуцал знаците со тастатура. Порано беа со PS/2 конектори, сега би требало да бидат со USB. И струјата од таму ја земаат.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно