Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Apple Pay во Македонија

starboy10

hello world
20 април 2024
101
124
И на нив веќе не им верувам. Пред две години цела претстава имаа, цел перформанс со преписки на Фејсбук пост со 2-3 ЦЕО-а, ииии... брада...

При тоа, мислам дека исто овој беше еден од нив...

Со години - не оваа среда, другиот петок...
Nope.
Изгледа сега го добиле точниот датум.

Тој го напиша ова пред 4 недели:

IMG_7575.jpeg
 

Gilfoyle

lurker
10 септември 2009
571
2.026
Ммм ова е форум и не треба да се правдам за ништо поготово не тука.

И, да, има промени што не треба стално јавно да се изнесуваат. Ама еве ПЦБ имаат рок до средина на месецов да ја пуштат новата апликација со интеграцијата за дигитализирани картици. Happy now?

И Apple Pay не е единствената промена што доаѓа (а доаѓа :) ) туку има и две сосема нови работи што до сега барем кај нас и на балканов ги немало.

Она што доаѓа е:
1. Сервис плати на пријател со интерконекција на сите банки преку Casys за инстантно префрлување на средства од една на друга банка преку мобилен број.

2. Отварање на сметка и добивање на дигитална картица веднаш во Wallet.

Да имаше некој друг што го знаел ова до сега ќе фрчеше тука, така да тоа ти кажува дали лупам глупости или не.
 

goki1990

hello world
24 септември 2013
455
355
Skopje
Плати на пријател нели го имаме одамна и на КБ и на НЛБ аппс?
Ммм ова е форум и не треба да се правдам за ништо поготово не тука.

И, да, има промени што не треба стално јавно да се изнесуваат. Ама еве ПЦБ имаат рок до средина на месецов да ја пуштат новата апликација со интеграцијата за дигитализирани картици. Happy now?

И Apple Pay не е единствената промена што доаѓа (а доаѓа :) ) туку има и две сосема нови работи што до сега барем кај нас и на балканов ги немало.

Она што доаѓа е:
1. Сервис плати на пријател со интерконекција на сите банки преку Casys за инстантно префрлување на средства од една на друга банка преку мобилен број.

2. Отварање на сметка и добивање на дигитална картица веднаш во Wallet.

Да имаше некој друг што го знаел ова до сега ќе фрчеше тука, така да тоа ти кажува дали лупам глупости или не.
 

Gilfoyle

lurker
10 септември 2009
571
2.026
Ајде да се самоцитирам и да болдирам иако не знам како не е јасно.

…со интерконекција на сите банки (*) преку Casys за инстантно префрлување на средства од една на друга банка преку мобилен број.

Плати на пријател ама на стероиди. Исто како Cashapp, venmo во Америка ама малце порегулирано.
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Ммм ова е форум и не треба да се правдам за ништо поготово не тука.

И, да, има промени што не треба стално јавно да се изнесуваат. Ама еве ПЦБ имаат рок до средина на месецов да ја пуштат новата апликација со интеграцијата за дигитализирани картици. Happy now?

И Apple Pay не е единствената промена што доаѓа (а доаѓа :) ) туку има и две сосема нови работи што до сега барем кај нас и на балканов ги немало.

Она што доаѓа е:
1. Сервис плати на пријател со интерконекција на сите банки преку Casys за инстантно префрлување на средства од една на друга банка преку мобилен број.

2. Отварање на сметка и добивање на дигитална картица веднаш во Wallet.

Да имаше некој друг што го знаел ова до сега ќе фрчеше тука, така да тоа ти кажува дали лупам глупости или не.
Ама ниту барав и очекував да се правдаш, ниту те кудам, само со жалење констатирав. Штом веќе споделуваше конкретни датуми, и тоа единствен, нека не ти е неочекувано и да ги спомнуваме. Во која и да е конотација...

А за останатото... супер, здравје, ама да видам. Се надевам ќе дочекам до пензија.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.793
5.513
Ајде да се самоцитирам и да болдирам иако не знам како не е јасно.



Плати на пријател ама на стероиди. Исто како Cashapp, venmo во Америка ама малце порегулирано.
Сигурен си дека преку Касис ќе иде ова? И ако да, зашти побогу банкиве го смислиле да е така, наместо дирекно преку кибс или мипс.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 

starboy10

hello world
20 април 2024
101
124
Ама ниту барав и очекував да се правдаш, ниту те кудам, само со жалење констатирав. Штом веќе споделуваше конкретни датуми, и тоа единствен, нека не ти е неочекувано и да ги спомнуваме. Во која и да е конотација...

А за останатото... супер, здравје, ама да видам. Се надевам ќе дочекам до пензија.
Дали мислиш дека овие страници се направени да чекаат до 2026 година или што?




 

peero

read-only
3 април 2016
39
83
Да се надоврзам на одговорот на Gilfolye.

Како некој што порано има работено на банкарски софтвер за поголемите банки во МК, и како некој што моментално работи како iOS developer, можам со две раце да потпишам дека никој не го знае точниот датум бидејки со Apple никогаш ништо не се знае.

За една обична апликација, нова или апдејт, на Apple му треба од 1-7 дена да ја одобри, по интерно и тајно тестирање од нивна страна. Не ги интересира дали имаш баг на постојната верзија или си пуштил маркетимг кампања. Ако сакаат они да трае 7 дена, толку и ќе трае.

Пред неколку години кога Телеком МК ја пушти 5G мрежата, сите телефони имаа 5G освен iPhone. Ние си чекавме околу 3 месеци Apple да ја сертифицира мрежата. Ни телеком не го знаеа датумот кога ќе биде се до официјален допис од Apple дека е се во ред и може да се пушти.

И да еве и официјално одговор од Блаж на линкедин. Apple pay ТРЕБА да добиеме и ние (паралелно со Босна) до крај на месецов.
IMG_1799.jpeg
Дали ќе биде ќе видиме.
 

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Дали мислиш дека овие страници се направени да чекаат до 2026 година или што?




Па каде реков дека ќе чекаат 2026!? Не разбирам...
 

starboy10

hello world
20 април 2024
101
124
и како некој што моментално работи како iOS developer, можам со две раце да потпишам дека никој не го знае точниот датум бидејки со Apple никогаш ништо не се знае.
Montenegro begs to disagree.
Во Црна Гора го знаеле датумот 21 ден претходно
IMG_7579.jpeg
IMG_7578.jpeg
 

peero

read-only
3 април 2016
39
83
Montenegro begs to disagree.
Во Црна Гора го знаеле датумот 21 ден претходно
Погледнете го атачментот 151762
Погледнете го атачментот 151763
Кога НЛБ банка овозможи Apple Pay во Црна Гора, услугата беше веќе 4 години достапна преку CKB банка таму.
Откако Apple ќе даде зелено светло, банките може да одложуваат колку сакаат поради “terms and conditions”, маркетинг кампањи и слично.
 

Gilfoyle

lurker
10 септември 2009
571
2.026
Не. Visa Direct е сервис на Виза и нема врска со сервисот на Casys.

Сигурен си дека преку Касис ќе иде ова? И ако да, зашти побогу банкиве го смислиле да е така, наместо дирекно преку кибс или мипс.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
100%. Не знам што магии ќе прават и дали воведуваат нов начин освен КИБС/МИПС, затоа што целиот фокус е на инстантно префрлување на средства помеѓу банки што го користат Casys системот. Интеграцијата ќе биде во истата плати на пријател функција најверојатно.

Во моментов инстантно префрлување помеѓу различни банки освен МИПС со Таргет2 нема. Можда ова е новиот Т2 систем не би знаел.

Повели линк за да не се само зборови така пишани :)
 
Последна промена:

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Ама чекај, текстов имплицира дека услугата веќе е во функција! Да? Некој пробал!? И ако да - како тоа вака тивко и незабележано постои веќе!?
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.793
5.513
Не е. Само пејџот е во функција.
А зашто онда постои новината и текст напишан во сегашно време уште на 17.06? Многу слично на Виза директ. Исто не пишува кои се тие партнерски банки? Ајде нека почне па да видиме кои банки и колку и дали ќе го имплементираат.

П.с. Начинот на итно плаќање кој оди преку МИПС е Т1.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 

Viko

hello world
28 јуни 2022
309
287
Не. Visa Direct е сервис на Виза и нема врска со сервисот на Casys.


100%. Не знам што магии ќе прават и дали воведуваат нов начин освен КИБС/МИПС, затоа што целиот фокус е на инстантно префрлување на средства помеѓу банки што го користат Casys системот. Интеграцијата ќе биде во истата плати на пријател функција најверојатно.

Во моментов инстантно префрлување помеѓу различни банки освен МИПС со Таргет2 нема. Можда ова е новиот Т2 систем не би знаел.

Повели линк за да не се само зборови така пишани :)
Исто така ноември/ декември најофицијално добиваме и Keks pay, што мислам дека е дека дека подобро, пософистицирано и попрактично решение од ова. Патем, ќе работи со monri payments
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Не. Visa Direct е сервис на Виза и нема врска со сервисот на Casys.


100%. Не знам што магии ќе прават и дали воведуваат нов начин освен КИБС/МИПС, затоа што целиот фокус е на инстантно префрлување на средства помеѓу банки што го користат Casys системот. Интеграцијата ќе биде во истата плати на пријател функција најверојатно.

Во моментов инстантно префрлување помеѓу различни банки освен МИПС со Таргет2 нема. Можда ова е новиот Т2 систем не би знаел.

Повели линк за да не се само зборови така пишани :)

-Услугата Плати на пријател само со телефонски број веќе е достапна во мобилните апликации на партнерските банки на КаСис.

-Сè што треба е да го регистрирате својот број како Алиас во вашата банка и подготвени сте за наједноставните трансфери досега.

-Овој дигитален трик, овозможен преку партнерските банки на КаСис, е новото тајно оружје за разни и чести ситуации кое функционира на едноставен принцип. За да ја користите услугата Плати на пријател само со телефонски број, доволно е вашиот телефонски број да биде регистриран како Алиас (Alias) во вашата банка. Откако тоа ќе го сторите, системот автоматски ве препознава како примач,
овозможувајќи моментален трансфер од картичка на картичка – без грешки и без чекање.


Сигурен си дека е некоја услуга на Касис а не прават промотивен текст за Виза+/Виза директ?

Текстот е копи паст со мали промени од услугата за Виза. Буквално истата функција е што НЛБ и Стопанска ја промовираат на нивните вебови. Бидејќи текстот излага 2 недели по рекламите на Виза дека ја нудат таа услуга за Македонија.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно