Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005
Аха епа ете чим сите овие отпуштиле заради АИ, тогаш јасно е дека и кај нас ќе има тагови на сите патарини годинава.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.775
10.102
Нема никаде потврдена причина за бркањето. Супер звучи сето ова теоретски ама не мора да значи дека е заради AI. Поголеми се шансите да е заради лоши перформанси или пропаднати проекти или намалена потреба за одржавање ама полесно е да кажат AI за акциите да растат.
Абе полесно е да се збори напамет во ера на Интернет, него да се дискутираат бројки и факти.


Жал ми е за @xenon , со мерак го читам на темава, очигледно е доста навлезен, место да дискутираме ние со „хихи хаха“ муабети, како Реддит vol. 2 е станата темава.
Мислењето е автоматски споено:

Аха епа ете чим сите овие отпуштиле заради АИ, тогаш јасно е дека и кај нас ќе има тагови на сите патарини годинава.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Така е Дени, ако AI е толку јак што не ги среди дупкиве по македонските патишта, а? а? а? хехе


Фали уште некој да пише „Абе Nokia си е Nokia, каков црн ајфон“ на темава, и дефинитивно да влезе во бумерски муабети.
 

Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
879
636
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Абе Nokia си е Nokia, каков црн ајфон :ROFLMAO:
 

Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
243
526
Скопје
davorminchorov.com
Абе полесно е да се збори напамет во ера на Интернет, него да се дискутираат бројки и факти.
Ова линков кажува дека е заради пропаднати проекти / пренасочување кон други проекти, не затоа што ќе ги заменат луѓето со AI.

Секој и сешто може да си напише што сака на интернет ама не значи дека тие луѓе тоа што го пишуваат се разбираат или знаат што пишуваат.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.775
10.102
Ова линков кажува дека е заради пропаднати проекти / пренасочување кон други проекти, не затоа што ќе ги заменат луѓето со AI.

Секој и сешто може да си напише што сака на интернет ама не значи дека тие луѓе тоа што го пишуваат се разбираат или знаат што пишуваат.
Добро, вест од BBC од Oracle report е „све и свашта“, а бидејќи те мрзи да читаш 3 параграфи, еве повели

The software and cloud computing firm says it had around 141,000 full-time employees as of 31 May 2026, down from about 162,000 workers at the same time last year.

The "deployment of AI technologies across our operations have resulted, and may continue to result, in reductions to our workforce," the report says.
Ама добро така е, повеќе тебе ти верувам на памет што зборуваш отколку на бројкиве што ги гледаме и на кредибилни извори како BBC. Еве ти кажи ни што ќе се случува во наредниве години.
 
18 август 2019
1.222
1.195
Еве ти кажи ни што ќе се случува во наредниве години.
Иако не сум повикан, ќе се обидам да дадам кратко мислење за развојот на настаните.
  • Веќе е создадено вештачко мускулно влакно за роботите.
  • Мускулот треба да се храни, ќе направиме крвоток, желудник и сѐ што е потребно за да може роботот сам да егзистира.
  • За да не мораме постојано да произведуваме нови роботи, ќе им направиме полови органи, да можат да се размножуваат.
  • Бидејќи повеќе за нашите раце нема работа, ќе почнеме да ги користиме паралелно со нозете, ќе одиме четвороношки.
  • Подоцна ќе почнеме да се качуваме по дрвјата и таму ќе живееме.

Је**м ти Дарвин, толку не сфатил дека мајмуните настанале од некоја претходна мајмунолика цивилизација, како што и ние ќе станеме (ако веќе не сме) вид мајмуни.

:) :) :) :)
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005
Абе полесно е да се збори напамет во ера на Интернет, него да се дискутираат бројки и факти.


Жал ми е за @xenon , со мерак го читам на темава, очигледно е доста навлезен, место да дискутираме ние со „хихи хаха“ муабети, како Реддит vol. 2 е станата темава.
Мислењето е автоматски споено:


Така е Дени, ако AI е толку јак што не ги среди дупкиве по македонските патишта, а? а? а? хехе


Фали уште некој да пише „Абе Nokia си е Nokia, каков црн ајфон“ на темава, и дефинитивно да влезе во бумерски муабети.
Таговите се директно поврзани со автоматизирање на човечка работа. И тоа 100% проверено и јасно сценарио. 100% значи.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
28 јануари 2017
2.062
4.725
Ресен
Κoлку мали земјоделци останаа? Тие што се по 70 години сега? Не зезај, се отиде и се напуни по канцеларии, не работи стока и земја никој. Комплетно ја увезуваме храната, аргентинско месо со рок поминат пред 30 години, јаткасти плодови од Каџикирагикоркормистан што смердат од мочката на глувците во која биле последниве 20 години, пластични домати од Турција или Свирипичистан итн. Младите во Гевгелиско се напукаа по казината да работат, нивите стојат обраснати. Мали земјоделци бе..

Сегашност и иднина на земјоделство/сточарство е комплетно корпоративна и автоматизирана.

View: https://www.youtube.com/watch?v=Vpchh74tU3U
И ти не си се качил на трактор, не треси зелени, дојди да те прошетам да видиме каде е автоматизацијата.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.715
12.613
Skopje
www.wemaxa.com
И ти не си се качил на трактор, не треси зелени, дојди да те прошетам да видиме каде е автоматизацијата.

Сум се качил и на трактор, и коњ сум прегнувал, и орал со коњ, и плевел/берел/сортирал(во гајби) домат/грозје/смокви/пиперки/краставици, и троскот сум копал/корнел од 1м дупки во земја. и лајна сум ринел со лопата од штала, косел, копал, прскал, наводнувал итн итн. Поодамна на веков сум од тебе :), секој летен/зимски распуст ме праќаа во Стојаково (Гевгелиско) така да добро ми е позната целата таа проблематика.
 
28 јануари 2017
2.062
4.725
Ресен
Сум се качил и на трактор, и коњ сум прегнувал, и орал со коњ, и плевел/берел/сортирал(во гајби) домат/грозје/смокви/пиперки/краставици, и троскот сум копал/корнел од 1м дупки во земја. и лајна сум ринел со лопата од штала, косел, копал, прскал, наводнувал итн итн. Поодамна на веков сум од тебе :), секој летен/зимски распуст ме праќаа во Стојаково (Гевгелиско) така да добро ми е позната целата таа проблематика.
Или ова погоре е неточно или ова подолу, одбери едно.

Сегашност и иднина на земјоделство/сточарство е комплетно корпоративна и автоматизирана.

Ако сакаш ќе ти кажам чекор по чекор зошто кај нас а и пошироко нити е корпоративна нити автоматизирана
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.715
12.613
Skopje
www.wemaxa.com
Или ова погоре е неточно или ова подолу, одбери едно.

Сегашност и иднина на земјоделство/сточарство е комплетно корпоративна и автоматизирана.

Ако сакаш ќе ти кажам чекор по чекор зошто кај нас а и пошироко нити е корпоративна нити автоматизирана

Реалноста со земјоделството кај нас е дека е во тотален колапс и фантазмагории дека уште сме некоја си аграрна земја. Се е отидено у курац ради демографски егзодус и тежок криминал со години. Малите производители кренаа раце пошто у најубаво сценарио си у минус или работиш за без пари, па трошоците ти го јадат и последниот денар. Селата се скоро скроз испразнети, а по нивите уште се влечат само стари луѓе од по 70+ години што го работат тоа чисто од навика и за да преживеат некако. Тоа ти е буквално последната генерација. Помладите нормално дека нема да кинат кичма и да се печат на сонце за кило патлиџан да им го откупат за без пари. Сите сакаат убаво, канцеларија под клима или да пакуваат куфери и пали за Швабенленд или Швицарско.

Резултат на ова, пола држава денес стои така, ниви со трња што никој не ги погледнува а таму кај што земјата е стварно квалитетна и плодна, наместо култури сега има фотоволтаици. Бандите со соларни паркови се уфрлија на најубавите рамни ниви пошто им е најевтино и најлесно таму да градат, место да се смараат по брда и карпи. Се крена џева во јавност, па као демек после донесоа некои законски измени за забрана и казни за фотоволтаици на 1ва класа земја ама нормално оставија правни дупки и долги рокови. Кој фатил врски и извадил документација претходно ќе гради на плодни ниви уште со години.

Целиот циркус го дотепа криминалот со субвенции и парите од ЕУ. Значи, наместо тие пари да отидат кај реални земјоделци со години се дешава тешка мафија со ИПАРД фондови. Сеа се влечат по судови и се глеа точно како функционирала шемата: фирми што врска немаат со земјоделство и не исполнуваат никакви услови вештачки буткани пред други за да лапаат милионски грантови за "урбано земјоделство". Од друга страна, обичниот човек што стварно р'мба на нива и што нема пари за мито или е без партиска книшка, редовно е одбиван или оставан да чека исплата со години. Затоа сточарството е преполовено, нема ни крави ни овци, а ние јадеме увозно ѓубре и се чудиме зашто цените по маркетиве се отидени во плафон. Се се сведе на чист профитерство и лапање субвенции во ветар, додека домашното производство е пред изумирање.

И не знам што се фати за нас, или одбра нешто што ти одговара чисто да контрираш? Кој фактор сме ние во светски трендови? Темава нема локален предзнак па да дискутираме како е кај нас.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.637
3.211
И ти не си се качил на трактор, не треси зелени, дојди да те прошетам да видиме каде е автоматизацијата.
Комбајн - машина што комбинира повеќе процеси во еден.
Знаеш ли таа автоматика колку работни раце тргнала? Индустријата заменила 90% од потребата за работна сила. Но потоа се случува пробив и наместо гасење на работни места, се случува отворање на нови работни места кои до тогаш не постоеле.
Тоа е едно од можните сценарија.

Они бркаат пошто не се конкурентни на кинезите,а не затоа што АИ им ги пополни тие места.
Муабетот ми беше дека избрканите програмери се тотално занемарлива статитистика во светски рамки. Но поединечно, многу болно свестување дека живееа во балон кој пукна. Треба да се шалтаат во други гранки. Истите тие кои им се церекаа у фаца на занаетчиите дека треба да учат програмирање, сега ќе треба да учат занаети.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.775
10.102
И не знам што се фати за нас, или одбра нешто што ти одговара чисто да контрираш? Кој фактор сме ние во светски трендови? Темава нема локален предзнак па да дискутираме како е кај нас.
Темава е реддит, на рандом работа се закачуваат луѓе и полемизираат.

Еве еден пример за тоа како стари процеси кои со децении не мрдале оддеднаш ги снемува:


"Modernizing a COBOL system once required armies of consultants spending years mapping workflows. Tools like Claude Code can automate the exploration and analysis phases that consume most of the effort in COBOL modernization,"
Ова пред 2 години ќе беше научна фантастика, а сега повеќето коментари на темава се фантазирање и лупање информации како првата верзија на ChatGPT.
Мислењето е автоматски споено:

Таговите се директно поврзани со автоматизирање на човечка работа. И тоа 100% проверено и јасно сценарио. 100% значи.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
И што ти е поентата за Македонија и таговите? Како функционира во Србија пример? Не ја разбирам дилемата тука, најлесен процес за автоматизација е ова и без AI. Па во маркети имаш самонаплата, што е проблемот со таговите?

Се фаќаш за небитни работи во тема која е визионерска.
 
28 јануари 2017
2.062
4.725
Ресен
И не знам што се фати за нас, или одбра нешто што ти одговара чисто да контрираш? Кој фактор сме ние во светски трендови? Темава нема локален предзнак па да дискутираме како е кај нас.
Ме нервираат податоци од ракав и морам да посочам. Дај ми еден пример од држава, општина, фирма каде макар една култура е целосно автоматизирана.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.715
12.613
Skopje
www.wemaxa.com
Ме нервираат податоци од ракав и морам да посочам. Дај ми еден пример од држава, општина, фирма каде макар една култура е целосно автоматизирана.

Не планирам да ја редуцирам темата на цепидлачење, ама во развиени земји (САД, Западна Европа) од некогашните 60%-70%, денес во земјоделството работат 1% до 2% од вкупното вработено население. Во УСА таа бројка е падната на рекордни 1.5%. Значи, со созревање на технологијата, потребата од жива сила е намалена за 97%.

97% било, не било целосно т.е 100%, така да ти си во право, твоја победа, одам јас во ќош.

Извори:
USDA Economic Research Service (ERS)
Our World in Data (проект на Универзитетот Оксфорд)
ILO (Интернационална организација за труд)
Светска Банка (World Bank Development Indicators)

Индикатор - Employment in agriculture (% of total employment) (modeled ILO estimate)


Oвие 97% не ги факторираат воопшто новите трендови, АИ, роботика и сл. Збориме за довчерашни технологии како напредна механизација, производни процеси и сл. АИ/Роботика доаѓа по преостанатите 3% во блиска иднина.
 

FikanA

hello world
3 април 2025
214
262
Средe никаде...
Ако му ставиш нитро :)
За џабе нитро ако не му закачам бемве беџ купен од тему
Треба да знаеш плугови, приколки и разни тракатанци да закачиш/користиш.
Јес да има трактори кои сами обработуваат земја и пред АИво ама за помалите земјоделци тоа е нереално и невозможно.
Помалите земјоделци нема да се тие што ќе набавуваат тоа, никој не го ни рече тоа. (исто како што нема ни молерот што работи сам преку огласи на фб или реклама5 да купи робот од 50к да мести цигли)
Целта е дека поголемите фирми (доколку дојде до тоа) ќе ги набават тие “Еј Ај Трактори“ и веројатно ќе пробаат да го откупат земјиштето на земјоделците за да можат комплетно да си го автоматизираат целиот процес.
Мислењето е автоматски споено:

Темава е реддит,
Богами, Редит го навредуваш...
 
28 јануари 2017
2.062
4.725
Ресен
Не планирам да ја редуцирам темата на цепидлачење, ама во развиени земји (САД, Западна Европа) од некогашните 60%-70%, денес во земјоделството работат 1% до 2% од вкупното вработено население. Во УСА таа бројка е падната на рекордни 1.5%. Значи, со созревање на технологијата, потребата од жива сила е намалена за 97%.

97% било, не било целосно т.е 100%, така да ти си во право, твоја победа, одам јас во ќош.

Извори:
USDA Economic Research Service (ERS)
Our World in Data (проект на Универзитетот Оксфорд)
ILO (Интернационална организација за труд)
Светска Банка (World Bank Development Indicators)

Индикатор - Employment in agriculture (% of total employment) (modeled ILO estimate)


Oвие 97% не ги факторираат воопшто новите трендови, АИ, роботика и сл. Збориме за довчерашни технологии како напредна механизација, производни процеси и сл. АИ/Роботика доаѓа по преостанатите 3% во блиска иднина.
Развиените земји 60-70% од населението биле земјоделци во 1840та, таман пред втората индустриска револуција, не знаев дека толку назад ќе одиме.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005
Повеќето работи за намалување вработени се базирани на автоматика и дигитализација, затоа што тоа се детерминистички процеси.

Од друга страна АИ е недетерминистички процес и многу потешко може да дојде до стабилен резултат.

Имено целта е при еден инпут секогаш да се добива еден аутпут. Е сега АИ ти дава можност да направиш малце fuzzy logic на ствари или да пробаш некако да ги детерминизираш работите преку класификација, па потоа на тоа да автоматизираш. Се е можно.

Како и да е со EU AI Act, всушност аи може да даде соодветен срочен аутпут врз кој човек ќе треба да одлучи за некој исход. И тоа мислам дека е насоката.

П.С. АИ пак од друга страна овозможува олеснување на самата автоматика и дигитализација ЕНОРМНО.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
Сум се качил и на трактор, и коњ сум прегнувал, и орал со коњ, и плевел/берел/сортирал(во гајби) домат/грозје/смокви/пиперки/краставици, и троскот сум копал/корнел од 1м дупки во земја. и лајна сум ринел со лопата од штала, косел, копал, прскал, наводнувал итн итн. Поодамна на веков сум од тебе :), секој летен/зимски распуст ме праќаа во Стојаково (Гевгелиско) така да добро ми е позната целата таа проблематика.

i-dont-believe-you.gif


У Стојаково?
Абе ракија си пиел ти таму, ај не заебаај :LOL:
 

no_retreat

lurker
22 јануари 2011
618
1.508
no_retreat's setup  
Processor & Cooler
intel core i7 14700kf w/ NZXT KRAKEN 280mm AIO Liquid Cooler with LCD Display
Motherboard
Gigabyte Aorus Elite AX Z790 Black
Storage
Samsung 970 Evo 2tb
PSU
Corsair HX 1200i Platinum
RAM
2x16gb DDR G-Skill Trident Z5 ARGB 6000mhz cl30
Video card
RTX 4070 ti Super MSI Ventus 3X
Case
NZXT H9 Flow Black
Mouse
Logitech G Pro X Black
Keyboard
Keychron Q3 modded with Lime Green Switch and Glorious GPBT Black Ash Dye Keycaps
Audio
Logitech G733 wireless
Monitor
Samsung Neo G8 32" 240hz UHD MiniLED + QLED Panel
OS
windows 11 pro
reddit била темава... има бре луѓе мој многу интересни и релевантни sub форуми на reddit, па зашто вака све на хејт лупате...
Oставете луѓе да си го кажат мислењето, секој што пишува во темава придонесува на некаков начин. Не сите имаат еднакво време или мозочни способности да вршат исто истражување и да носат исти заклучоци и одлуки, затоа сме на форумов да се надополниме...
Мојот став останува, АИ е напреден "дигитрон", тука е да не надополни, а не да не замени. Во иднина и со поголем напредок можеби ќе ја замени тетка Цвета од кадрово и чичко Љупчо од архива, ама да бидеме реални и во моментов без нив се ќе си остане исто.

Има едно интервју со Маск каде што објаснува дека на светот му треба многу рабна сила, и дека морталитетот го успорува развојот на нашата ера,
Роботиката и АИ нема да го заменат постоечкиот работник, туку ќе ја пополнат дупката, ќе го надополнат дефицитот кој што се случува.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.715
12.613
Skopje
www.wemaxa.com
Бидејќи фативме накај земјоделие, еве некои случајни примени за автоматизација:

1782277290257.png 1. LaserWeeder (од Carbon Robotics). Оваа машина користи AI за да ги препознае културите и користи 30 CO₂ ласери за да уништи до 200.000 плевели на час со милиметарска прецизност. Една ваква машина може да исчисти до неколку десетина хектари дневно и директно го заменува трудот на 30 до 50 мануелни работници по смена. (Некој ќе се фати за фактот - АМА ЕЈ ГЛЕДАШ ИМА ВОЗАЧ Н'ЦКИ ШТО НЕГО ЌЕ ГО СМЕНАТ!)

1782277530508.png
1782277656597.png
1782277682492.png

2. ΥΤΟ Group и Lovol автономни комбајни, трактори итн. Овие машини користат 5G мрежа и AI за да се движат низ полиња со ориз, жито и др. култури со прецизност од 2.5 сантиметри. Тие сами ја жнеат културата, ја сепарираат и ја префрлаат во автономни камиони кои возат паралелно со нив. Традиционално, за една ваква операција (возење комбајн, координација, растоварање) се потребни 3 до 4 луѓе по машина. Сега, еден оператор во контролна соба во живо надгледува 5 до 8 вакви комбајни. Системот ја заменува потребата од над 15 квалификувани возачи и логистичари на големи парцели.

1782277771270.png
1782277826050.png
3. Квадрикоптери и Хексакоптери за масовно прскање (XAG и DJI). Можат да носат до 50 килограми течен товар или 60 килограми ѓубриво во цврста состојба. Користат радари кои го следат теренот (дури и на стрмни овоштарници) и прскаат со атомска прецизност. Еден ваков дрон може да покрие до 25 хектари за само еден час. Тоа е работа за која претходно беше потребен тим од 30 до 40 работници со рачни прскалки кои би работеле цел ден во токсична средина. Дронот ги заменува сите нив, а со него управува само едно лице.


1782277984575.png

4. Паметни берачи на памук од Boshihope и Dongfeng. Овие машини се опремени со камери со вештачка интелигенција кои го разликуваат зрелиот памук од лисјата и гранките, па со специјални вакуумски и механички прсти го собираат со неверојатна брзина. Една ваква модерна машина во рок од 24 часа може да собере памук колку што би собрале сезонски тимови од 200 до 250 работници со рачно берење.

1782278189411.png

5. Автономни роботски гасеничари за стрмни терени - XAG R150 (Кина) или AgXeed AgBot (Европа). Овие роботски возила се движат на гумени гасеници и имаат екстремно низок центар на гравитација, што овозможува безбедно движење по падини каде човек тешко би пешачел. Користат LiDAR сензори (истата технологија што ја користат автономните автомобили) за во реално време да го скенираат теренот пред нив во 3D. Ако наидат на карпа, подлабока дупка или свлечиште, AI веднаш ја менува рутата. Овие машини можат автономно да косат трева меѓу лозите, да вршат прецизно прскање под лисјата или да пренесуваат тешки гајби со грозје/овошје по ридот. На стрмни терени, физичката работа е двојно побавна и поопасна за луѓето. Еден ваков робот заменува околу 6 до 8 физички работници кои би морале рачно да носат товар или да прскаат со грбни пумпи по нагорнини.

1782278308941.png
6. Соларни роботи за сеење и плевење (Сезона 24/7) - FarmDroid FD20 (Данска) - Оваа машина изгледа како подвижен соларен панел на тркала. На почетокот на сезоната, таа сама ја сее културата (на пример, шеќерна репка или кромид) и ја запишува прецизната GPS координата на секое поединечно семе. Потоа, кога никнуваат растенијата, роботот точно знае каде е растението, а каде е плевелот и механички го отстранува меѓу редовите, уште пред плевелот да излезе над земјата. Бидејќи работи континуирано благодарение на сонцето и батериите, еден ваков робот може сам да се грижи за површина од околу 20 хектари во тек на цела сезона. Заменува околу 4 до 6 сезонски работници кои инаку би морале рачно да ја плеват и проредуваат таа површина со мотики.

1782278410815.png
7. Автономни роботски раце во стакленици (Gantry и Платформи). Priva Kompano или слични Gantry системи (висински роботски шини). Овие роботи се движат по шини инсталирани на самиот покрив или меѓу редовите во стаклениците. Нивната примарна задача е автономно кастрење на лисјата (на пример, кај доматите) за да се овозможи подобар проток на воздух и сонце, како и детекција на болести во рана фаза со спектрални камери. Работата во големи стакленици бара постојано рачно сечење вишок лисја и гранки, што е монотона и физички напорна работа. Еден систем заменува околу 3 до 4 постојани работници во стакленик, работејќи без прекин и со константна хируршка прецизност што го намалува ширењето на растителни болести.

1782278542258.png
8. Автономни носачи и логистички кучиња на нивите. Burro (САД) или четвороножните роботски „кучиња“ прилагодени за агро-секторот. Burro е автономна количка на четири тркала која го следи берачот како кученце со помош на камери. Кога берачот ќе ја наполни количката со гајби, притиска едно копче роботот сам вози до централниот камион/магацин за растоварување на неколку километри оддалеченост, го предава товарот и автономно се враќа назад кај истиот берач. Една флота од 4 Burro роботи ја зголемува продуктивноста на постоечките берачи за 40%, елиминирајќи ја потребата од 2 до 3 логистички работници по тим.

1782278602061.png
9. Паметни автономни косилки за овоштарници и лозја. Slopehelper или VitiRover. VitiRover е мал, робустен робот кој првично е дизајниран за француските лозја. Се напојува на соларна енергија и се движи автономно низ лозјето, косејќи ја тревата блиску до самите стебла на лозата без да ги оштети.

1782278748924.png

10. Паметни роботи за собирање камења од нивите. TerraClear (со роботот TerraScout). Овој систем користи напреден софтвер кој прво со дрон или со автономен робот (TerraScout) ја мапира нивата со брзина од 1.000 хектари на ден. Преку компјутерски вид, AI точно ја запишува локацијата и големината на секој камен поголем од 20 cm. Потоа, автономна машина опремена со специјален роботски „фаќач“ вози точно по испланираната патека и ги крева камењата како Roomba правосмукалка. Она што претходно на тим од 6 до 8 физички работници со трактор и приколка им одземало цел ден, автономниот систем го завршува за помалку од два часа. Ја елиминира потребата од мануелна сила за оваа тешка активност за речиси 90%.

1782278876243.png
11. Роботи за берење домати во гроздови (Truss/Cluster Harvesting). Ridder Tomato Harvesting Robot и холандско-јапонскиот inaho Europe. Новите модели користат „двострани“ роботски раце со паметни ножици кои со помош на 3D AI визија ја препознаваат зрелоста на целиот грозд (користејќи градација од 12 нијанси на бои). Роботот не го кине доматот по домат, туку со еден хируршки прецизен засек го отсекува целото гранче со домати, го фаќа без да го оштети и самостојно го пакува во гајби на својата приколка. Работи целосно автономно движејќи се по шините на стакленикот. Овој робот работи 24/7 (со паметно ноќно полнење). Овозможува кратење на потребата од човечки труд во стаклениците за цели 45% до 80% за берба. Една флота од вакви роботи заменува тимови од 15 до 20 сезонски берачи во големите стакленички кооперативи.

Роботот не се заморува во 14:00 часот на сонце, не бара паузи и не прави грешки поради невнимание. Роботот не се синдикализира, не бара К15, не се разболува, не планира породилно.. Иако почетната инвестиција за паметна автономна машина е висока, поради екстремно високите дневници на сезонските работници на Запад (и критичниот недостиг на работници воопшто), овие машини во просек се исплаќаат за 2 до 3 сезони. Потоа, трошокот за нивно одржување е минимален во споредба со платите.

И обидете се да бидете конструктивни, гледате како ви ја правам темата весела со Панини момент (сликици), па а-у текст инфо итн. За возврат, класично балкански контрирате по формула дај-шта-даш, една реченица колку да се брои и решен проблем - старците од Мапет Шоу. Не иде така момци, затоа сме таму кај што сме, за нас изгледа турско уште трае.
 

Атачменти

  • 1782278014655.png
    1782278014655.png
    266 KB · Прегледи: 0
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно