Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.357
Здраво дечки, ќе ве молам предлог за средство или пена за чистење клима или да се тера со Дезинтал (или комбинација од двете)?
Ако е пушачка просторија тогаш барај пена за која добро ќе си отвориш очи што содржи. Да нема Натриум Хидроксид (Жива Сода) ни во трагови

И да е во пушачка просторија не ти треба пена. Оклопот надвор, нова евтина четка за фарбање, натопи ја во шпиритус и терај нежно.

Крај краева, не мора ни оклопот. Прво усисај колку што можеш.

Јас последно време употребувам од оние електричните дувала (не за лисја :))
Го вадам предниот капак, префрлам влажна ткаенина преку цела клима и под неа дувам.
Потоа со жешки води, дезентали, четки итн.
 

fis1976

lurker
15 март 2016
678
1.304
Скопје
Зедов 2 Mitsubishi MSZ-HR25 во Ноември 2022, до сега филтрите се редовно чистени на секои 2 недели, со усисување и со четкичка долга да се изчисти прашина колку може. Се мислев скроз да ги расклопам и едно темелно чистење да им направам. Едната се користи повеќе од другата и се фаќа повеќе прашина, другата е стакло. И во двете простории не се пуши.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.593
3.063
Зедов 2 Mitsubishi MSZ-HR25 во Ноември 2022, до сега филтрите се редовно чистени на секои 2 недели, со усисување и со четкичка долга да се изчисти прашина колку може. Се мислев скроз да ги расклопам и едно темелно чистење да им направам. Едната се користи повеќе од другата и се фаќа повеќе прашина, другата е стакло. И во двете простории не се пуши.
Ако не осеќаш некоја миризба ко ќе ја работиш, нека ја уште година две, не би требало да имаш проблем.
Мојава ја чистев темелно после 7 години користење (не зборувам за редовното одржување на филтрите, туку викнав мајстор со уред на пареа и останати тракатанци).
Мајсторов рече дека многу малце била валкана ко за 7 годишно користење (во непушачка просторија, како кај тебе). После го замолив и надворешната да ја исчисти, ја погледна и рече дека не и требало на неа сеуште (иако беше прашлива, сепак надвор стој таа).
Сакам да речам, ако функционира најнормално, не ја чепкај.


П.С.
иначе инвертеров од мојов муабет се користи за греење: од ко ќе ја вклучам, нема исклучвање цела грејна сезона (можда намалување на температура повремено, ама толку).
И за ладење се користи, нормално, ама то не е 24/7.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.357
Зедов 2 Mitsubishi MSZ-HR25 во Ноември 2022, до сега филтрите се редовно чистени на секои 2 недели, со усисување и со четкичка долга да се изчисти прашина колку може. Се мислев скроз да ги расклопам и едно темелно чистење да им направам. Едната се користи повеќе од другата и се фаќа повеќе прашина, другата е стакло. И во двете простории не се пуши.
Време е за расклопување. Особено обрати внимание на задниот дел од испарителот. Тој сега е затестен. Него за да го исчистиш треба да се вади оклоп. Моја препорака ти е тука веднаш да не прскаш ништо затоа што ќе се начука подлабоко.
(прашај од каде знам)

Земи четка за заби, дршката над летката свиткај ја некако под Г и почни на суво низ ливчињата одоздола на горе, потоа усисај и кога ќе видиш дека се ослободило дури тогаш. Но внимавај со турање на течности таму. Задниот канал за одвод е на грбот од климата и може да ти прелее по ѕид а истиот е пиврзан со предната кадичка за одвод.

Засега не ти препорачувам да ја вадиш турбина сам. Ќе ти треба помош од друг. На Јутубе е лесно, во пракса е да си го колнеш денот.
Треба да се крева испарителот нагоре. Ризично е
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.357
Kako Se rastvarase dizentalo so voda kako bese formulata nekoj da kaze. Pola pola u litro sise?
Има два типа. Едниот е готов растворен а другиот е концентрат. Концентратот со усул растворај го затоа што е леплив ако претераш. Ќе треба да го плакнеш а не се плакне баш. Има пријатна миризба, мене не ми смета но на жена ми, на пример, и смета.

Затоа го сотавам да си ја брка работата и потоа плакнам со пумпица. Ништо страшно, ништо особено.
Јас сум донекаде против она драстично перење кое го прават со пумпи и свашта освен ако не се работи за претерано запуштена и затната клима или некоја која била во пушачка просторија па единствен начин е тоа.

Мада и тоа не го отстранува мирисот на никотин и катран кој пак за да се раствори треба алкохол. Значи повторно се враќаме на ручни рад.


Мој ултимативен совет ви е да не ја гасните климата после ладење. Префрлајте ја на вентилатор. Јас ја оставам на кец неколку часа. Ни смета ни бучи ни ништо а истовремено ќе ја исуши bone dry
Каде што има топлина и влага има и мувла. Каде што има мувла има и проблеми со дишење.

Ако имате јонизатор уште подобро
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.368
2.790
Може да се проба ова. Годинава не али догодина ќе прави 4 години и не е лошо да се исчисти и внатре и надвор.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.620
19.357
Kорисно видео за почетници, вие што се поикусни ако имате некои примедби на постапката пишете
Јас онака ги чистам климите освен што не користам пења и повеќе обраќам внимание на задниот дел од климата.

Место пења користам нова или чиста, сеедно, четка за боја. Таман влегува низ лимчињата.

Би додал задолжително ставање на ткаенина на десната страна од турбината каде што е осовината зато што моторот нема симеринзи а тоа на подолг рок ќе предизвика корозија на лагерите.

Не велам дека некој е така ретардиран па да прска вода таму но влагата може да продре.

За да не ми се деси глупост од невнимание и електрониката ја покривам.

Ми се допадна идеата со таблетата. Во тоа стиропорот се котат бацили
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно