Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

IT.mk 1337 Giveaway #12: RAM меморија DDR4 16GB (2x8GB) 3600MHz G.SKILL RipjawsV

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
300
1.068
www.IT.mk
Една од придобивките на читателите кои ќе се решат да го поддржат IT.mk со 1337 премиум членство е и учество во рандом месечен giveaway, во кој доделуваме вредни награди. Секој месец доделуваме по еден подарок, а изборот се врши на 15-ти во месецот кога се прави избор од листата на активни 1337 членови преку Random.org.

Подарокот за овој месец е: RAM меморија DDR4 16GB (2x8GB) 3600MHz G.SKILL RipjawsV F4-3600C19D-16GVRB

153605100711.webp

DDR4 DRAM меморијата на Ripjaws V од серијата DDR4 е дизајнирана за елегантна естетика и перформанси, што ја прави идеален избор за изградба на нов компјутерски систем или за надградба на вашата системска меморија. Серија Ripjaws V DDR4 е тестирана според ригорозниот процес на валидација на G.SKILL за да се обезбеди квалитет. Дизајнирана со висина на модулот од 42 mm, меморијата од серијата Ripjaws V е идеална за употреба со големи кулери на процесорот.

Моменталната регуларна продажна цена за овој уред на IT.mk/market е 4.400 денари, додека за Basic членови со попуст е 4.150, а за 1337, цената со попуст изнесува 3.900 ден. Производот е достапен за нарачка во ИТ маркет.



Добитникот на овој подарок ќе биде прогласен во 13.37 часот на 15-ти ноември во следнава тема на ИТ форумот.

За да не ја пропуштиш можност да го добиеш следниот подарок, поддржи ја работата на IT.mk со премиум членство и учествувај во месечните giveaways! Премиум членството на IT.mk нуди и многу повеќе, а деталите можеш да ги дознаеш тука.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
ШО ЗБОРИШ!!!!????

Хаааа, баш синојка си мислев: шо убо би ми дошле мемчињава ;D ми требаат ко леб хахаха.

Иначе ова е прво нешто што сум добил во животот на среќа ;D
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.928
ШО ЗБОРИШ!!!!????

Хаааа, баш синојка си мислев: шо убо би ми дошле мемчињава ;D ми требаат ко леб хахаха.

Иначе ова е прво нешто што сум добил во животот на среќа ;D
Честито.
Ај со зравје да си ги уштекаш :)

Испратено од телефоно.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.603
1.764
Честитки, ќе беше подобро да е ДДР5, но и вака не е лошо. Сигурно ќе му најде примена Астро.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Честитки, ќе беше подобро да е ДДР5, но и вака не е лошо. Сигурно ќе му најде примена Астро.
Да беше DDR5 ќе требаше да го продавам, јер немам каде да го штекнам :D
Овој ќе оди кај мене во машина заедно со 3600Х а моменталниот ќе оди во симулаторот, таманка.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Ми стигна меморијата и си ја наместив и частев пијачка на работа. Благодарност до IT.mk и друг пат вака да ми се паѓаат интересни работи, благодариме :love:
:LOL:
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Само нека ви паѓаат вам... нема џинџер баланс на овој форум :p
Маше, тоа што си џинџер е замо еден атрибут повеќе на твоја страна, привилегија. Ние што да кажеме што не сме џинџер? :rolleyes:
Ова што добиваме награди е да се намали болката во срцето, така да ич гајле да не ти е :D
 

Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Маше, тоа што си џинџер е замо еден атрибут повеќе на твоја страна, привилегија. Ние што да кажеме што не сме џинџер? :rolleyes:
Ова што добиваме награди е да се намали болката во срцето, така да ич гајле да не ти е :D
Хаха фала за утехата, но во секое време го задржувам правото да се лутам кога губам. Таков бил редот, велат ;)
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно