Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Payoneer картичка

Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Исто така, иако не сме сеуште во ЕУ (ако некогаш воопшто бидеме), ама со оглед на тоа што ги имплементираат сите закони од ЕУ еден по еден, има и закон/акт со кој сите земји споделуваат податоци за сметки на нерезиденти со државата каде субјектот е резидент, така да сите тие финти со сметки во Бугарија, Србија еден ден можат да паднат во вода и да си побараат да си платат со години уназад.

Ова веќе во Јануари 2025-та ке почне. Ке бараат увид во сметки од Србија, Грција, Бугарија и Дубаи.

ЛИНК ОД СУДСКИ ПРЕСУДИ БАРАВ

Решение за плаќање на фриленс данок ти издава УЈП, не судот. Ако сакаат, може и кривично да те гонат, зашто 5 години непријавен данок не е ненамерна грешка.

Патем, правете разлика од непријавен данок, и неплатен данок. Првото се смета за далеку посериозен прекршок.

Во овој случај, зошто на државата очајно им се потребни пари, одат на 10% данок само, без било какво друго гонење.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.029
7.694
Ок. Може некаква судска пресуда во врска со избегнување на данок од фриленсинг? Овие опомените од УЈП не се тужби и всушност повикуваат луѓето сами да си пријават, така?

Тоа што ме интересира е дали некој обжалил ваква опомена? Дали некој завершил на суд? Дали некој фриленсер е кривично гонет? Каква пресуда добил?

А ако на државата очајно ѝ требаат пари, нема да тужи за да земе 70% место 10%?

ТОА ШТО ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ВОВЕДЕ ДАНОЧНА ЕВАЗИЈА КАКО НОРМАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ, не значи дека тоа треба и да се озакони, така? Ако не сакате данок на фриленс - тоа се бара во Собрание. И мислам дека е логично - ако големите извозници добиваат извозни субвенции, редно е малите извозници (фриленсерите) да плаќаат помалку или ич данок. Повелете кај вашиот пратеник и качете му се на врат за фриленсерите да добијата даночни олеснувања ако нема веќе субвенции.

И конечно - ова задоцнето наплаќање е заради тоа што некој имаше идиотски идеји со промена на името дека работите во Македонија ќе се средат па поради отпорот решија вакви популистички мерки да прават. И ако прекрстиш го*но во еклер, ќе го лапнеш?
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Не те разбирам. Како ке обжалиш решение за наплата на данок. Ти утврдиле дека имаш странски прилив по основ на плата. Што ке тврдиш, дека не се случило? Ако не ја платиш и немаш доказ дека данокот е платен во друга држава, ке те дадат на извршител, не на Суд. Затоа и нема судски пресуди.

Верувам дека не бараат 70%, зашто ако треба 70% данок да платам за 5 години наназад, утре ке се преселам во друга држава и ке префрлам се на друго име, затоа што работата не ми е врзана за локација.
 
Хм, СЕКОЈА ОДЛУКА НА БИЛО КОЈ ОРГАН мора да може да се обжалува. Тоа повлекува дека сигурно некоја жалба завршила на Суд. Второ, се споменува кривична одговорност. Од кога УЈП има право да прати некого во затвор? Тоа е единствено можно со судска пресуда.
Дали е логичен заклучкокот дека ако нема судски пресуди дека и никој не е кривично казнет?
Мислењето е автоматски споено:

Абе сега не се фрилансерите толкави криминалци за судење и пресуди да има.... Макс ќе ти наплатат се и со камата плус , тоа е "казната"
Се споменува низ темата кривично гонење. Ме интересира колку е веројатно или е само заплашување.
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Зошто да те гонат кривично, кога ако те дадат на извршител, ке те боли многу повеќе? Блокирана трансакциска значи врзани раце за се.

Не може да плаќаш ништо, не може да примаш пари, ке ти попишат се што имаш со оглед да ти наплатат тоа што должиш.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Колку можам максимум да извадам од (повеќе) банкомати во Грција за еден ден? Некаде пишува $5,000.
отвори си профилот на пајонир и побарај инфо, имаш дневни лимити за пос/атм и сл .. до пајонир е колку можеш да вадиш не банкоматите.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Ова веќе во Јануари 2025-та ке почне. Ке бараат увид во сметки од Србија, Грција, Бугарија и Дубаи.

Решение за плаќање на фриленс данок ти издава УЈП, не судот. Ако сакаат, може и кривично да те гонат, зашто 5 години непријавен данок не е ненамерна грешка.

Патем, правете разлика од непријавен данок, и неплатен данок. Првото се смета за далеку посериозен прекршок.

Во овој случај, зошто на државата очајно им се потребни пари, одат на 10% данок само, без било какво друго гонење.
Претпоставувам мислиш 2026-та. Мене ништо не ме чуди, бидејќи порано и јас сум бил наивен како многумина тука и сум верувал во тие приказни што поедини членови си ги вадат од ракав, ама кога ќе седнеш и ќе збориш со едуцирани луѓе на темата погледот комплетно ќе ти се смени.
Точно е и второто што си го напишал, неплатен данок е долг, а непријавен е затајување, односно намерно не пријавување.

Моментално на сите што им испратиле опомена со сума која они ја откриле а не е платена, им даваат рок за да си поднесат пријави (таканаречено само пријавување), а ако не пријават, си постапуваат по службена должност каде они им изготвуваат пријава и нормално со тоа си доаѓаат и казни, затезни камати и слично.
Пак ќе кажам, целта ми е да доловам дека ниту некој е невидлив, ниту Вајз, Пејонир и слични ќе застане да брани некој Павле Петровски затоа што прима пари преку нив, туку се е видливо и се се дознава во неколку чекори, а си останува на секого дали ќе верува во фактичката состојба или ќе си измислува приказни дека до 5к месечно си невидлив за законот, не ти можат ништо не се замарај, не бе брат на Бахами се парите не смеат да дадат информации и слични детски размислувања.

Јас прв сум во ваква криминална држава да не се плаќа ништо, затоа што знаеме колку од тие пари завршуваат преку наместени тендери во раце на моќници, ама ситуацијата е посложена од тоа никој ништо не ти може.
 
mac_mk

hello world
30 јуни 2017
135
188

Малце поразлично е државата да бара од Србија увид во сметки на македонски граѓани, и истото да го бара од Пајонир. За да побара државата увид во сметка на Пајонир за одредена личност, мора да има правна основа за тоа, односно веќе да има покренато некаква постапка, дали за прикривање данок, дали за перење пари или нешто слично. Без правна основа, Пајонир не е должен да даде увид во сметките на своите корисници. Втора работа, државата не може да го направи тоа групно. Мора посебно за секој да отворат постапка и тогаш да бараат увид. Не дека не е можно тоа да се деси, ама не е толку едноставно како што се мисли дека е.

П.С да не испадне дека поттикнувам прикривање данок, секој нека си прави како мисли дека е најдобро

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Се слагам целосно, и да, на 2026-та мислев. Делува дека во првиот бран се опфатени приливи на домицилни сметки. Во Јануари ке почнат со чешлање и по странски сметки. А тука веќе има многу да го јадат.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.029
7.694
Зошто да те гонат кривично, кога ако те дадат на извршител, ке те боли многу повеќе? Блокирана трансакциска значи врзани раце за се.

Не може да плаќаш ништо, не може да примаш пари, ке ти попишат се што имаш со оглед да ти наплатат тоа што должиш.
Мислам дека е недоветна оваа споредба. КРИВИЧНО ГОНЕТ И ОСУДЕН ЗНАЧИ ДА СЕ ПРОСТИШ од многу визи за многу земји во светот. И да не можеш да се вработиш во државно (ваљда за некои работни места)... КРИМИНАЛЕЦ значи некој што е кривично осуден.

А ти споредуваш со блокирана трансакциска... Емтое.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
573
251
Zamislite makedonija da zeme kako srbija da bara podatocinod payoneer za koj kolku pari ima izvadeno od grcija a ne prijaveno. Pa pa pa sto ke bide togas so danok plajkanje kako ovoj sega sto stiga od 2020 godina :)
 
Chiller

user
8 март 2012
1.540
1.137
Скопје Аеродром
Неизводлива мисија е да истражуваат кој каде повлекол пари, иако во претходните постови некои можеби и „комшија“ ги кажал дека подигнувале пари па ги „фатиле“.
Со мое име и презиме во Мк има над 30 луѓе. Од тие можеби и живеат во странство.... Користат банкомат сите, тешко за детектирање.
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Неизводлива мисија е да истражуваат кој каде повлекол пари, иако во претходните постови некои можеби и „комшија“ ги кажал дека подигнувале пари па ги „фатиле“.
Со мое име и презиме во Мк има над 30 луѓе. Од тие можеби и живеат во странство.... Користат банкомат сите, тешко за детектирање.

Нема потреба да истражуваат кој каде повлекол пари. Во Србија побараа од Пејонир да им дадат колку пари секој има примено на Пејонир, и толку беше.
 
jassum20

hello world
15 февруари 2014
130
59
Ме интересира дали некој има додаено Payoneer или Wise сметка за да прима средства од монетаризиран Youtube канал со AdSense?

И што треба да се внесе како tax info?
 
Chiller

user
8 март 2012
1.540
1.137
Скопје Аеродром
Нема потреба да истражуваат кој каде повлекол пари. Во Србија побараа од Пејонир да им дадат колку пари секој има примено на Пејонир, и толку беше.
Србија е јака земја, нема што. :D
Мислењето е автоматски споено:

Ме интересира дали некој има додаено Payoneer или Wise сметка за да прима средства од монетаризиран Youtube канал со AdSense?

И што треба да се внесе како tax info?
Зависи каде ти е регистриран AdSense ако е МК, нема шанси да ставиш ибан од друга држава различни се бројот на цифри... и едноставно не дозволува нивниот систем.
 
mac_mk

hello world
30 јуни 2017
135
188
Нема потреба да истражуваат кој каде повлекол пари. Во Србија побараа од Пејонир да им дадат колку пари секој има примено на Пејонир, и толку беше.
Пајонир не дава така лесно податоци така да ова не е точно.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
91
89
Веќе има муабет за протести во Куманово.

Пајонир не дава така лесно податоци така да ова не е точно.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk

Нивниот TOS дава бајаги опции зошто да ги дадат твоите информации на нашата влада.
 
Последна промена:

Chiller

user
8 март 2012
1.540
1.137
Скопје Аеродром
Веќе има муабет за протести во Куманово.

Нивниот TOS дава бајаги опции зошто да ги дадат твоите информации на нашата влада.
За што ќе протестираат во Куманово за струја или вода? :D
 
mac_mk

hello world
30 јуни 2017
135
188
Веќе има муабет за протести во Куманово.

Нивниот TOS дава бајаги опции зошто да ги дадат твоите информации на нашата влада.
Кажав и во мојот претходен пост, Пајонир е должен да даде информации ако барањето кое го добил има правна основа, т.е веќе е отворена постапка за лицето за кое се бараат податоци. Сигурно нема на лепе очи да даваат информации за свои корисници кај стигнат и со тоа потенцијално да ги изгубат истите тие корисници.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.029
7.694
Кажав и во мојот претходен пост, Пајонир е должен да даде информации ако барањето кое го добил има правна основа, т.е веќе е отворена постапка за лицето за кое се бараат податоци. Сигурно нема на лепе очи да даваат информации за свои корисници кај стигнат и со тоа потенцијално да ги изгубат истите тие корисници.
Така некако. Пејонир нема да даде бланко информации за сите македонски корисници. Ќе даде ако од УЈП или од Суд посочат точно име, сметка, можеби период, кој праќал... Инаку ѕирнете го и Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам
Мислам дека е од законите што се усогласени со ЕУ па може и другите земји да имаат слични закони по кои може да ја изгубите приватноста на финансиските трансакци...

Интересно четиво видео:
View: https://youtu.be/Fshsk8MCAf4
 
Chiller

user
8 март 2012
1.540
1.137
Скопје Аеродром
За што ќе протестираат во Куманово за струја или вода? :D
Да се самоцитирам, што нема врска со Пајонер.

Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
216
89
Пајонир не дава така лесно податоци така да ова не е точно.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk
Во минатото Русија исто бараше, и најмногу шо доби беше укинување на картицата, и сакаш неќиш мораш да префрлаш во банка, после тоа и скроз го забранија во Русија.

Исто така и во Пакистан имаше вака нешто и добија ваков одговор Линк.

Но тоа беше во минатото, сега можи се сменија некои работи.

Правилно е да се плати данок , ама некако не се даваат од после.

Најдобро е да има некој регистер и да се регистрираш како фрилансер , и да имаш некои поволности ,така да самиот ќе сакаш да платиш данок без да се осетиш како "украден".
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно