Топ инфо фала ти,Го користев, како интернет провајдер, во две различни фирми на две локации во Скопје, долго време.
Накратко ако треба да ги опишам - врв.
Прекини нула, пробувам да се сетам дали имало, а и да имало вероватно било незначително па не сум ни запамтил.
Комуникација одлична.
Ме изненади еден момент кога се јавија и рекоа дека мора да дојдат имало шум. Јас не приметив, нити латенција нити брзина, ама ете можело и подобро и констатиравме дека била оптиката превиткана повеќе од колку што треба - по наша вина.
Друг момент беше кога менуваме patch кабли. Имаше проблем со неколку кабли, висока категорија ама ете се протнала некоја лоша серија и решивме 10 кабли да смениме. Секако и рутерот го исклучивме и во рок од 2-3 минути тие се јавија да ни кажат дека немаме сервис и колку што можат да проценат, проблемот бил на наша страна.
Додека морав со други поровајдери да се бркам и да се докажувам дали имам или не интернет, Интерспејс сами се јавуваа.
Од тогаш - 4-5 години, не сум ги контактирал иако знам дека фирмите сеуште соработуваат со нив и се презадоволни.
Е сега другата страна - цената за дома. Мислам дека немаат пакети т.е. дека е неисплатилво. Тогаш најмал пакет беше 100 евра за 100/100 ако добро се сеќавам и тоа за незагарантирана брзина - која секогаш беше 100
едит: Сега гледам дека си поставил линк и дека имаат пакети за дома. Со IPTV малку ми е страв дека ќе ми биде доволно 8TB.
Пакетите за бизнис се стабилни. Имам колеги кои што имале искуство. Овие за дома ми изгледаат ок, ќе побарам приклучок но проблем е со фер политиката.
Ајде да се пишеме тука може ќе пуштат срце.Како што напишав цените се без ДДВ, не знам дали имаат опција за IPTV, меѓутоа јас имам и користам и тоа троши бааѓи, така да фер политика ... ако се исценкаме.
Ајде да направиме група![]()
Преку директен линк можам да ја отворам понудата за домашни корисници, а линкувана внатре на веб страната ја нема?
Кога гуглаш има. А на веб страната само премиум приклучок има и јас се чудев.Преку директен линк можам да ја отворам понудата за домашни корисници, а линкувана внатре на веб страната ја нема?
Истата причина и јас барам нов провајдер. Телекабел иам некоја година и само во надолна траекторија е услугата.И јас сум заинтересиран после денешново фијаско на Телекабел. Сега прв пат гледам дека нудат услуги и за домашни корисници. 10TB ми се сосема доволно за мои потреби.
Не знам дали ја имаш видено темата за Датаком - Datacom оператор
Не можам да ги сметам за подобра алтернатива на Телекабел кога веб страната не им функционира 5/10 пати кога пробувам да ги отворам. За цената пакетот 350/350 им е супер, ама не ми се троши време со носење нови кабли низ стан и менување опрема за да ги сменам повторно за некој месец. Нека ме демантира некој ако сум пропуштил нешто за Датаком. Интерспејс е друга приказна, ISO сертифицирањето не е за џабе, а и од луѓе по фирми што ги користат нивните услуги не сум чул досега лошо искуство.Не знам дали ја имаш видено темата за Датаком - Datacom оператор
Го подрече ...телекабел си е телекабел #1
Јас пуштив барање очекувам одговор за приклучок, но како што разбрав мрежата на телеком така да не очекувам реална конкуренција. Почнувањето на темата гледам е од член кој што првпат пишува најевројатно е во тесни врски со интерспаце за да ги изрекламира со оглед што и на вебсајтот немаат во мени, "случајно" открил... нејсе би се приклучил секако но ќе инсистирам без лимит на сообраќајот. Ги користам телекабел и датаком до сега сум немал искрено проблеми, за датаком би почекал време пред да објавам реално искуство, а телекабел си е телекабел #1
Изгледа хахахах чудно дури ни телекабел не ми стои како провајдер на спидтест ова прв пат се случува...Го подрече ...
Не гледам никаков проблем дури и да има “блиска” врска со нив. Битен е моментот што фирми што беа свртени само кон бизнис корисници сега нудат и за физички лица. Напротив треба да се даде подршка за ова, само така цените ќе бидат реални. Ако се остави на А1 и Телеком ќе плаќаме 2000 денари за 50/50
Немам ништо со нив, имам само мака со Телекабел 1на недела падни стани е работата. Гуглајки излезе овој стандарден приклучок и најдов само еден тред од 2020 на форумов за фирмава и никој не кажа ништо лошо. Па ме интересираше да си прашам. Инаку и јас имам пуштено барање ама нема 2 дена одговорЈас пуштив барање очекувам одговор за приклучок, но како што разбрав мрежата на телеком така да не очекувам реална конкуренција. Почнувањето на темата гледам е од член кој што првпат пишува најевројатно е во тесни врски со интерспаце за да ги изрекламира со оглед што и на вебсајтот немаат во мени, "случајно" открил... нејсе би се приклучил секако но ќе инсистирам без лимит на сообраќајот. Ги користам телекабел и датаком до сега сум немал искрено проблеми, за датаком би почекал време пред да објавам реално искуство, а телекабел си е телекабел #1
И на мојот исто такаИнтереспејс знам дека читате форумов, ве молам одговорете ми на мејлот.Погледнете го атачментот 149217
Бесплатна достава
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 Pro LN A-RGB Pack of x3 (3x120mm) PWM-PST 450-2000 RPM, BLACK ACFAN00347A
3.460,00 ден
Бесплатна достава
MOUSE WIRELESS KEYCHRON BM24, 2.4Ghz/Bluetooth, 2400 DPI PixArt PAW3212 sensor, 1000Hz, Space Grey, BM24-X61
1.290,00 ден
Бесплатна достава
Extralink Soft Sport Bicycle Saddle
850,00 ден
Бесплатна достава
MICROPHONE WIRELESS SYSTEM BOYA LINK 3-01, 2xMIC, USB-C, Lightning, 3.5mm, Black, BOYA LINK 3-01
8.200,00 ден
Бесплатна достава
NET RANGE EXTENDER RE300 CUDY Wi-Fi, 2.4GHz, 2xAntennas, RE300
940,00 ден
Бесплатна достава
MOUSE WIRELESS KEYCHRON BM24, 2.4Ghz/Bluetooth, 2400 DPI PixArt PAW3212 sensor, 1000Hz, Metal Grey, BM24-C61
1.290,00 ден