Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

CBB_6

BBC
9 декември 2016
361
1.124
Домаќинки, еден совет за некој ако случајно се најди во ситуација ко мојата..

Проточна чешма Diplomat QF-99S монтирана пред неполна година, почна нон-стоп да грее да не исклучува, дури ни кога се пушта ладна вода. Чаре само од штекер. Ми текна одма дека платината се залепила :geek:

20240505_175536~2.jpg

Ииии, исто ко на Стојадинот на времето отвараш разводникот, две штрафчиња, стружиш копчињата на платината и гас.

Значи вадење биметалот (две штрафчиња буквално) и стружење на контактите со шмиргла или фина турпија до сјај - она на сликата каде е рѓосано и залепено. Затворај чешмата, монтирај, готово. Иако беше сеуште под гаранција, не ми се чекаше за ова истото да се тегниме со сервиси две недели без чешма в кујна.

Принципот на вклучување е ист кај сите врсти проточни чешми и ова е најчест дефект, па ако неконтролирано грее до вриење и исклучува заштитата, само ова му е мајката. А таткото е редовно чистење од бигор, вие таму со тврдата вода.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.773
4.498
Неготино
Дечки, у станов кај шо седиме имаме Беко DIS 1522.
Синоќа ја пуштивме на еко програма (2:36). Сопругата си чекаше 2 - 3 саати, на крај ја отвори и виде дека пишува дека има уште 8 саати останато (????).
Ја исклучивме и сега ја пуштаме пак.

На непуштена програма, кога ќе ја затвориш си брчи. Пушташ програма, минуваат 5 минути, тајмерот не се менува.

Некој да не знае што е?
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје

исфрла вода? филтер исчисти/провери? .. сега гледам дека е машина за садови не за перење алишта :D (така да не се ваљда релевантни прашањава ..)
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.773
4.498
Неготино
исфрла вода? филтер исчисти/провери? .. сега гледам дека е машина за садови не за перење алишта :D (така да не се ваљда релевантни прашањава ..)
Филтерот е чист, вода ја затворив и исфрли малку, не знам ни јас од каде. Ене ја само On копчето е стиснато и си брчи, без пуштена програма.

Да додадам и 3 пати струја дека снема во последните 24 саати. Има шанси да е изгорено нешто?
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.745
3.891
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Јак попуст...:))))
 
Атачменти

  • popust.jpeg
    popust.jpeg
    222,4 KB · Прегледи: 112

antikmkd

read-only
3 јули 2016
40
6
Ве молам дадете совет за фрижидер, на голема мака сум. Имавме Whirlpoll класичен комбиниран, рикна на 4тата година. Земавме Beko No Frost исто комбиниран, рикна после истекување на гаранција. Дајте предлог за салам фрижидер, имам простор за side by side (мислење за овие фрижидери), би земал одвоено башка/башка фрижидери ама за некој cm немам простор, пример просторот е 90 и некој цм.
Го пратам овој Midea двостран
Или би одел со LG комбиниран, двостраните се прескапи.
Ваше мислење?
 
Vlecka

hello world
28 јуни 2013
461
247
Vlecka's setup  
Processor & Cooler
i5-3570k w/ stock
Motherboard
Gigabyte Z77-DS3H
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB EZEX
PSU
Cooler Master B Series 600W
RAM
2x4GB Kingston HyperX Blue 1600 MHz
Video card
Nvidia GT1030
Case
Cooler Master N200
Mouse
A4Tech X-748K
OS
Windows 7 Ultimate
Ве молам дадете совет за фрижидер, на голема мака сум. Имавме Whirlpoll класичен комбиниран, рикна на 4тата година. Земавме Beko No Frost исто комбиниран, рикна после истекување на гаранција. Дајте предлог за салам фрижидер, имам простор за side by side (мислење за овие фрижидери), би земал одвоено башка/башка фрижидери ама за некој cm немам простор, пример просторот е 90 и некој цм.
Го пратам овој Midea двостран
Или би одел со LG комбиниран, двостраните се прескапи.
Ваше мислење?
Liebherr да ги ѕирнеш? Прават булдожери и фрижидери (заебанција на страна, квалитетни се).

Или да пробаш да ги поправиш старите?
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.745
3.891
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Liebherr да ги ѕирнеш? Прават булдожери и фрижидери (заебанција на страна, квалитетни се).

Или да пробаш да ги поправиш старите?
Не се лоши иако се склопуваат во бугарија. Јас зедов фрижидер пред 3 год модел Liebherr CT-2531. Овој е пониска класа и поефтин, незнам какви се поскапите модели ама од овој задоволен сум.
 
lumixoid

hello world
22 септември 2008
217
257
Ве молам дадете совет за фрижидер, на голема мака сум. Имавме Whirlpoll класичен комбиниран, рикна на 4тата година. Земавме Beko No Frost исто комбиниран, рикна после истекување на гаранција. Дајте предлог за салам фрижидер, имам простор за side by side (мислење за овие фрижидери), би земал одвоено башка/башка фрижидери ама за некој cm немам простор, пример просторот е 90 и некој цм.
Го пратам овој Midea двостран
Или би одел со LG комбиниран, двостраните се прескапи.
Ваше мислење?

За фрижидер само LG no-frost.
Неколку имаме во фамилија, сите се одлични и долготрајни.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.557
1.164
Скопје Аеродром
Ве молам дадете совет за фрижидер, на голема мака сум. Имавме Whirlpoll класичен комбиниран, рикна на 4тата година. Земавме Beko No Frost исто комбиниран, рикна после истекување на гаранција. Дајте предлог за салам фрижидер, имам простор за side by side (мислење за овие фрижидери), би земал одвоено башка/башка фрижидери ама за некој cm немам простор, пример просторот е 90 и некој цм.
Го пратам овој Midea двостран
Или би одел со LG комбиниран, двостраните се прескапи.
Ваше мислење?
Samsung No Frost купен пред 23 години со гребнатинка од страна со огромен попуст :) , LG No frost купен пред 14 години. Еднинствен проблем и на двата е фиоките, после извесно време пукаат, решение е армирано стакло да ти исече стаклар по мера и никаков друг проблем немале толку време.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Еднинствен проблем и на двата е фиоките, после извесно време пукаат, решение е армирано стакло да ти исече стаклар по мера и никаков друг проблем немале толку време.
Ова е проблем со многу фрижидери, и баш се мислев за вакво решение.
Баш армирано стакло велиш? Што би била улогата на арматурата во така крут материјал како што е стаклото... Чисто сум љубопитен за да разберам.

Инаку кај мене во Беко фрижидерот попуштаат пластичните држачи на стаклото, а стаклата се пократки од држачите на страните. Баш ќе пробам со армирано стакло, барем ако се скрши не би требало парчињата да бидат голем проблем.
 
Веќе 4-та година имаат армирани стакла и не се искршиле. Многу се појаки од обично стакло а и од таа пластика што оди заедно со фрижидерот. Со други зборови со нормално користење се бесмртни.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Samsung No Frost купен пред 23 години со гребнатинка од страна со огромен попуст :) , LG No frost купен пред 14 години. Еднинствен проблем и на двата е фиоките, после извесно време пукаат, решение е армирано стакло да ти исече стаклар по мера и никаков друг проблем немале толку време.
Дали можеш да препорачаш стаклар ? Имам LG и ми се срони стаклото од едната полица при бришење, се јавив во сервис и по сериски прават нарачка но кога веќе плаќам ова ми делува како солидна опција а ги имам и шините од оригиналното.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.557
1.164
Скопје Аеродром
Дали можеш да препорачаш стаклар ? Имам LG и ми се срони стаклото од едната полица при бришење, се јавив во сервис и по сериски прават нарачка но кога веќе плаќам ова ми делува како солидна опција а ги имам и шините од оригиналното.
Од овој кој беше во Аеродром 070 760 893, незнам дали работи повеќе зошто ова е направено пред пандемијата, мада било кој стаклар ќе ти исече стакло по мера, па за такви мали димензии како што се за фрижидер немаат проблем.

Последна промена:
15 септември 2012
1.161
1.300
Ова е проблем со многу фрижидери, и баш се мислев за вакво решение.
Баш армирано стакло велиш? Што би била улогата на арматурата во така крут материјал како што е стаклото... Чисто сум љубопитен за да разберам.

Никаква улога! Стакларот немал поквалитетно стакло и се снашол и му увалил армирано стакло.

btw армирано стакло има во себе ситна мрежа од нерѓувачка жица и „окца“ со димензии од 1 х 1 до 2 х 2 cm. Главната намена и е за застаклување на подвижни транспарентни делови, најчесто врати, со главна идеја ако се скрши стаклото да се задржат деловите од стаклото на мрежата за да не се исече некој невнимателен. Многу е поевтино и полесно по тежина од каленото и ламинираното стакло кои имаат слична функција. Овие последниве се понова генерација на стакла кои при кршење прават помала штета на луѓето и животните.
 
Грешиш, ама ти си знаеш. Нема да образложувам многу но армираното стакло е многу поиздржливо.
Стави обично стакло и ќе го видиш резултатот за 3-4 месеци. СОЛ
 
15 септември 2012
1.161
1.300
Грешиш, ама ти си знаеш. Нема да образложувам многу но армираното стакло е многу поиздржливо.
Стави обично стакло и ќе го видиш резултатот за 3-4 месеци. СОЛ
@Chiller Кој, освен тебе, збори за обично стакло? Што сум згрешил? Те молам подетално објасни го ова, за да исправно те разберам, можеби и на овие години ме исправиш и упатиш на вистинскиот пат...
Да се разбереме, не тврдам дека сум безгрешен, таков не постои, ама на оваа тема (за стаклата) имам некакви знаења. Можеш и во приватна порака да ми образложиш, ако не сакаш суфлери од страна...
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Дали можеш да препорачаш стаклар ? Имам LG и ми се срони стаклото од едната полица при бришење, се јавив во сервис и по сериски прават нарачка но кога веќе плаќам ова ми делува како солидна опција а ги имам и шините од оригиналното.

Јаца Инженеринг - многу стаклари од кај нив нарачуваат стакло и си додаваат маржа.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.557
1.164
Скопје Аеродром
@Chiller Кој, освен тебе, збори за обично стакло? Што сум згрешил? Те молам подетално објасни го ова, за да исправно те разберам, можеби и на овие години ме исправиш и упатиш на вистинскиот пат...
Да се разбереме, не тврдам дека сум безгрешен, таков не постои, ама на оваа тема (за стаклата) имам некакви знаења. Можеш и во приватна порака да ми образложиш, ако не сакаш суфлери од страна...
Незнам зошто би ти образложувал ниту пак да ти пишувам приватна порака едноставно немам потреба од тоа. Како си замислил така и прави си, немам јас што да ти се мешам. Секое добро.
 
CBB_6

BBC
9 декември 2016
361
1.124
Молам за совет за фен за коса.

Во рок од три години рикнаа два фена, од истата мака: Скршени перки на вентилаторот. Пластикарија перките.

Шо да се земи поквалитетно што би траело, и дали да одам со AC мотор од поскапите?
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.251
2.687
Молам за совет за фен за коса.

Во рок од три години рикнаа два фена, од истата мака: Скршени перки на вентилаторот. Пластикарија перките.

Шо да се земи поквалитетно што би траело, и дали да одам со AC мотор од поскапите?

мое мислење толку им е капациетот, 2-3 години да траат. Имам Макс и Северин од Агротехна земано последниве години и секој од нив ќе изгори кога ќе пројде тој период. За поскапи може траат повеќе, но некако цената им е пренапумпана.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Молам за совет за фен за коса.

Во рок од три години рикнаа два фена, од истата мака: Скршени перки на вентилаторот. Пластикарија перките.

Шо да се земи поквалитетно што би траело, и дали да одам со AC мотор од поскапите?
Јас имам Philips од поскапите и веќе 7 години тера без никакви проблеми, ми пукна пластиката што ги држи додатоците од напред но од паѓање на плочки неколку пати :) Треба да е претходен модел на овој Фен за коса PHILIPS HP 8281/00 ама генерално тие што се 3к па нагоре се солидни и држат бар 5 години
 
Alex3

hello world
20 декември 2018
214
261
Молам за совет за фен за коса.

Во рок од три години рикнаа два фена, од истата мака: Скршени перки на вентилаторот. Пластикарија перките.

Шо да се земи поквалитетно што би траело, и дали да одам со AC мотор од поскапите?
како што напиша и vladimir171, земи Philips, Rowenta или Remington, не од најефтините

јас имам некој модел Philips ThermoProtect, 10+ години нема мака
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.643
3.219
Некој грундиг купен пред 15 години, тера и мака нема.
Не знам што им правите на феновите, да не ги користите како греалки по дома?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
+1 за Филипс и Ровента.

Некој грундиг купен пред 15 години, тера и мака нема.
Не знам што им правите на феновите, да не ги користите како греалки по дома?
Неквалитет... Дури и кај поскапите. Мене на последиов (Ровента), малку после гаранцијата му се деси квар па испадна дека е некој осигурач/заштита. Еве го работи уште 5-6 години без заштита, ама повеќето луѓе би го фрлиле пошто сервисирање обично не се исплати во денешново време на консумеризам и евтини/неквалитетни уреди.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно