Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Кам и Стокомак заедно имаат приход како 100-те најприходни ИТ фирми во земјава

Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Product developer... Поточно PD Manager, во фирма каде последнава година развивме преку 100 продукти... Со увид во бројки и договори... Колку само ит секторот е заслепен дека е к фактор за развој на нашава економија.
Да ит секторот е к фактор, само за некои трети земји. И затоа бројките се такви какви што се.
Во нормални држави ИТ секторот има од 4-8% од БДП. Тоа се држави како Франција, САД, Јапонија.

Во нашата држава ИТ лице има плата од 1500 до 3000 евра, во другите индустрии опсегот е многу помал. Придонесот по основ плата и даноци од плата е каде каде поголем од другите индустрии.

Проблемот е што, многу од странските компании кои инвестираат, работат по старото лон производство, каде додадената вредност ја земаат, ја носат од каде доаѓаат или во даночни рајеви.

ИТ индустријата е огромен фактор, со оглед на тоа што know-how од ИТ е многу по применлив, отколку know-how од Џонсон Мети.

Или со прости зборови, поверојатно е некој да направи бум со софтвер или игра, отколку со кола, дел за кола или медицинско помагало.
 
Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.549
1.048
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
еве кога веќе се почна некоја тема од Економија ме интересира мислењето на некој со познавања од па и не така премногу новиот начин на GigEconomy?
 
Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.147
1.547
Скопје
ИТ секторот има двоен бенефит. Едниот е високи придонеси и не-толку високи даноци, другиот е дека самата гранка е извоз. Интелектуални услуги и труд извезуваме, а со тоа влагаат странски пари во нашата држава, што потоа се трошат и влеваат во другите македонски бизниси и гранки.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046

Згора на тоа има и трет бенефит, а тоа е дека влече луѓе од разни дејности и потоа има помалку луѓе во таа друга дејност, а со тоа и поголеми плати и во таа дејност. Благо, ама осетно.

Четврт бенефит е што дел од интелектуалците и бизнисмените во душа преку работа во ИТ, можат за неколку години да соберат доволно пари и да се посветат на друга дејност која РЕАЛНО ја сакаат, а немале капитал да ја започнат.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.085
7.773
Тригеров на сите во целава статија е само насловот - кој очигледно си ја постигнува целта.

Меѓутоа, насловот е само обична илустрација за да ја спореди големината на 100-те најприходни ИТ компании користејќи пример кој што сите го разбираат.

Лично, не би се согласил дека мешаме баби и жаби, едноставно користиме споредба за да ја прикажеме малата моќ и економска удел на гранка од индустријата за која што сите сметаат дека којзнае колку е голема бидејќи во неа се земаат големи плати.

Друг доволен показател кој е истакнат и во текстот е дека во топ 100-те по приходи нема ниту една ИТ компанија.

ОК, профитот бил тоа што ја мерел силата на фирмата, ама за да имаш профит мора да имаш приход.

Поентата ни е да разбереме колку е мала индустријава и да вложиме напори да и го искористиме целиот потенцијал, а не да влегуваме во комфорт зона и да мислиме дека сме го достигнале врвот.

СтокоКАМ се увозно ориентирани фирми кои што имаат многу мала додадена вредност на тоа што го работат. Додека ајти индустријата е извозно ориентирана и додадената вредност е речиси 100%. Не сум економист и не се обидувам да правам анализа. Претпоставувам и вие не сте и можеби за вакви теми треба да побарате помош од некои сродни магазини/вебсајтови/експерти. Вака само ги замативте работите и ништо не направивте. (Барем профитот да го меревте по број на вработени или ROI или ...) Сигурно утре не очекувате Убавина и здравје е да споредува мобилни и фиксни телефони без да ве повика на помош...

Дека ИТ индустријата во Македонија е сѐ уште во фаза лон - да, но сепак носи повеќе добробит отколку неограничено вработување на касиерки и теткици во СтокоКАМ. Се надевам некогаш и ние ќе имаме дигитални еднорози како што во некои соседни земји се случува, но тоа е тема што се забошотува со децени... Емтое

(А за темава е ломотено и овде на пр. Плати во ИТ индустријата во Македонија па кога би бирал дали во нашата земја да се отвори Лидл или Tata Consultancy Services, ич не се двоумам... )
 
nashio

lurker
14 јануари 2011
768
1.052
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Додека ајти индустријата е извозно ориентирана и додадената вредност е речиси 100%.
Тоа и викаат дечките погоре, дека не се уствари извозно ориентирани. Доколку имаш фирми од странство кои само пријавуваат приход колку да поминат плати, а нема профит кој се даночи - тоа не е извозно ориентирана фирма.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Тоа и викаат дечките погоре, дека не се уствари извозно ориентирани. Доколку имаш фирми од странство кои само пријавуваат приход колку да поминат плати, а нема профит кој се даночи - тоа не е извозно ориентирана фирма.
Секако дека е. Таман работа да не е.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.085
7.773
Тоа и викаат дечките погоре, дека не се уствари извозно ориентирани. Доколку имаш фирми од странство кои само пријавуваат приход колку да поминат плати, а нема профит кој се даночи - тоа не е извозно ориентирана фирма.
Дали пари од надвор доаѓаат за да се плати тукашен труд (или производ)? Да? Епа извоз е. И туризмот со странски гости е извоз.
 
nashio

lurker
14 јануари 2011
768
1.052
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
Секако дека е. Таман работа да не е.
Дали пари од надвор доаѓаат за да се плати тукашен труд (или производ)? Да? Епа извоз е. И туризмот со странски гости е извоз.

Јас само цитирав што кажаа другите, не знам која е вистината во моментов.

Во секој случај (парично) има голема разлика помеѓу:
1. Компанија којашто вработува луѓе тука и плаќа данок тука
2. Компанија којашто вработува луѓе тука и плаќа данок таму

За да градиш економија овие првите ти требаат, вторите додека се добар стартер, на долг рок не работат за нас.
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Баби и жаби. ИТ индустрија е сервисна, 20.000 и кусур луѓе носат дома по 1.500 евра нето. 20.000 и кусур домаќинства.
Едит: и секој месец расте плус е ИЗВОЗ. Без тие девизи малку потешко СтокоКАМ ќе увезува роба од Србија, Норвешка и Полска....
малку да не се 20к луѓе , дупло или тродупло од тоа
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.023
Шчо направете! 60к . Нема зима за нас!!! Само уште еднаш ако слушнам дека не чинела државава.
И нема шо, јак е извозот од it секторот. . Прав двигател на мачедонската економија.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.085
7.773
Јас само цитирав што кажаа другите, не знам која е вистината во моментов.

Во секој случај (парично) има голема разлика помеѓу:
1. Компанија којашто вработува луѓе тука и плаќа данок тука
2. Компанија којашто вработува луѓе тука и плаќа данок таму

За да градиш економија овие првите ти требаат, вторите додека се добар стартер, на долг рок не работат за нас.
Читам некои што кажуваат, нема потреба да посочуваш, слободно дај твое мислење.

0. И двете вработуваат тука и плаќаат даноци тука. Точно дека има некои манипулации, особено со поголемите плати (како може здравствено ОСИГУРУВАЊЕ да биде различно според примањата? дали побогатите ќе добијат подобри услови на лечење ако плаќаат десет пати повеќе здравствено? или не е осигурување туку е некаков данок? па така напишете, не лажете народ, енивејс...) но има манипулации и со минималците, да не се лажеме

НО, увезување производи, ставање некаква маржа и продавање тука е ЖАЛНО да се споредува и да се нарекува економска гранка. Да беше продажба на македонски производи, ајде и некако да разберам, ама нашето производство е СМЕШНО застапено во СтокоКАМ...

Од друга страна - се работи по лон систем (сѐ добиваш од надвор, сосе платата), се покриваат сите тукашни трошоци ПЛУС плати што се огромни (во споредба со остатокот). Сигурно фирмите си го оставаат ќарот на Малта или на Гибралтар, но тоа е нешто што е глобално и не можеме да се бориме против тоа. Значи, најмалку што прави ајти индустријата е 20.000 луѓе по 2.500 евра бруто се 600 милиони евра годишно. ИЗВОЗ. ПРИЛИВ НА ПАРИ кои што после се трошат за сѐ и сешто. Приливот од дијаспората тука некаде Анализа на приватните трансфери и БНД , ама опаѓа. А ова расте.

Јас многу би сакал кога тие 20.000 вработени би работеле на 200 сопствени производи, наместо да работат на саат... Тогаш ќе бидат шест милијарди место шесто милиони. Ама со тоа се борат многу појаки економии (Полска на пр.) а камоли ние. Да, создавањето на критична маса на работници со високи вештини ќе доведе и до тоа. Или барем се надевам.

Пак стојам на тоа дека новинарски текстот и насловот се недопустливи. Ако ит.мк важи за сериозен медиум (и наплаќа пари за рекламирање и сл.) а не е некој си приватен блог, ваквите вести бараат повеќе проверка отколку играње со наслови (Види ФОТО + ВИДЕО)
Мислењето е автоматски споено:

малку да не се 20к луѓе , дупло или тродупло од тоа
Според Завод за статистика зборуваме. Дај боже да е повеќе.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.119
4.324
www.aqtos.com
Пак стојам на тоа дека новинарски текстот и насловот се недопустливи.

За насловот појаснив погоре дека целта е само илустративна споредба на големината со два многупознати субјекти на секој човек.

Меѓутоа ме интересира што во текстот е недопустливо и не прави несериозен медиум?
Плс цитирај ми.

Ако ит.мк важи за сериозен медиум (и наплаќа пари за рекламирање и сл.) а не е некој си приватен блог, ваквите вести бараат повеќе проверка отколку играње со наслови (Види ФОТО + ВИДЕО)

Again, со исклучок на насловот (кој пак, е ставен малку посензационалистички за да покрене дискусија и малку да не натера сите да размислуваме на темата, особено ако се земе фактот дека многу читаат само наслови на прва) плс потенцирај што во текстот не прави несериозен медиум и какви проверки требало да се направат за приказ на фактички податоци од завршни сметки?
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.023
Ама платите!
Еве да се надополнам сам себе,
Моментално држам 10 души на бенч цела 2023 ...
Ама платите!!!
Платите се небитни. Точка...
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.085
7.773
За насловот појаснив погоре дека целта е само илустративна споредба на големината со два многупознати субјекти на секој човек.

Меѓутоа ме интересира што во текстот е недопустливо и не прави несериозен медиум?
Плс цитирај ми.

Again, со исклучок на насловот (кој пак, е ставен малку посензационалистички за да покрене дискусија и малку да не натера сите да размислуваме на темата, особено ако се земе фактот дека многу читаат само наслови на прва) плс потенцирај што во текстот не прави несериозен медиум и какви проверки требало да се направат за приказ на фактички податоци од завршни сметки?
Ок, види ја дискусијата тука и кажи ми дали тоа беше целта на насловот? Што дознавме од текстот и од дискусијата?
 
D

Администратор
31 март 2007
4.119
4.324
www.aqtos.com
Ок, види ја дискусијата тука и кажи ми дали тоа беше целта на насловот? Што дознавме од текстот и од дискусијата?

Дискусијата ја прават членовите.
Паралелно поради текстот се развија повеќе дискусии на FB, Twitter, LinkedIn - покрај многуте што читаат само наслови и коментираат за како продавачките во КАМ биле злоупотребени, има еден добар, продуктивен конзесус дека на ИТ индустријава и требаат повеќе продукти и намалување на експорт на работна снага по работен час. Overall, текстот има огромна читаност поради насловот, со што си ја има постигнато целта.

Конкретно, моето прашање до тебе е што во текстот е недопустливо, бидејќи велиш насловот и текстот се недопустливи, а потоа следи рант дека требало повеќе проверка - за текст кој е фактички приказ на завршни сметки, поголема проверка од тоа амин.

Ако ит.мк важи за сериозен медиум (и наплаќа пари за рекламирање и сл.) а не е некој си приватен блог, ваквите вести бараат повеќе проверка отколку играње со наслови (Види ФОТО + ВИДЕО)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно