Незнам дали ќе се сложиме тука, голем потрошувач е, а разликата во потрувачката е многу голема. Пример, како што гледав ако мојава вика дека троши 211кв годишно, „обичните„ трошеа 580+кв и тоа по онаа нивна пресметка од 160 циклуси годишно.Исто така треба да знаете дека "инвертер" сушарите зависат од околната температура.
Колку поладна соба толку подолго ќе суши.
Ист принцип како и кај клима.
За да ти се исплати ти требаат над 5 години. Освен во случај секој ден да сушиш купишта алишта
Тоа е разлика од некој 370кв годишно, односно просечно околу 2500ден плус на струја годишно (ако ја користиш 160 циклуси, пола-пола скапа и ефтина стуја). Да речеме дека ќе трае некој 10тина години уредот, вероватно и повеќе, тоа се 25000ден заштеда на енергија. По оваа математика и те како се исплати да инвестираш во поекономична и поскапа во старт сушара.