Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Следење на Електрична Потрошувачка во домот, статистика

Fidan

hello world
18 април 2017
143
148
Исто така треба да знаете дека "инвертер" сушарите зависат од околната температура.
Колку поладна соба толку подолго ќе суши.
Ист принцип како и кај клима.

За да ти се исплати ти требаат над 5 години. Освен во случај секој ден да сушиш купишта алишта
Незнам дали ќе се сложиме тука, голем потрошувач е, а разликата во потрувачката е многу голема. Пример, како што гледав ако мојава вика дека троши 211кв годишно, „обичните„ трошеа 580+кв и тоа по онаа нивна пресметка од 160 циклуси годишно.
Тоа е разлика од некој 370кв годишно, односно просечно околу 2500ден плус на струја годишно (ако ја користиш 160 циклуси, пола-пола скапа и ефтина стуја). Да речеме дека ќе трае некој 10тина години уредот, вероватно и повеќе, тоа се 25000ден заштеда на енергија. По оваа математика и те како се исплати да инвестираш во поекономична и поскапа во старт сушара.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.828
5.531

Генерално да се сложувате. Но и цената е од 200 до 400Еур разлика. Ако земеме 300еур просек, и ако идеш со пола/пола (скапа/евтина) ќе ти требаат околу 7+ години да ја исплатиш разликата до инвертерот (и да сушиш поспоро но и понежно кон алиштата), или ако штедиш и одиш само на евтина 10+ години. Значи ако некој ти ја купуе за поклон за свадба, гледај да му увалиш инвертер :), ако ја купуеш сам со денешниве трајности на апаратите кујзнае дали ќе дочекаш да имаш реален ќар.
Исто така и кондензацискиве прават доста влага во просторијата, така да не се препорачуваат во затворени простории без начин на луфтирање или барем аспирација.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.392
5.542
Мерев на мојата не-инвертер туку со класичен греач. Потрошувачката по циклус е во голем распон, зависи од тоа колку е полна, колку се влажни алиштата и од каков материјал се.
Во просек е од 1,5-2,5 квч, но двапати нема исто потрошено.
Постелини напр. ги завршува за 30-40 минути и тогаш троши помалку од квч.

Така што практично многу помала е разликата во потрошувачка споредено со инвертер. 99% од времето се користи во евтина тарифа, тука тајмерот за старт си брка работа, со што се намалува и чинењето, па се поставува прашање дали воопшто и ќе се исплати разликата во цена.
Мислењето е автоматски споено:

Од каде тоа дека е 200-400еур разлика?
Има некаде ваква само без Heatpump бесплатно што даваат? Зошто се на се е 300еур машинава.
Ептен ги поевтинеле, пред некоја година немаше со топлотна пумпа под 30000.
Сaмо пази на она outlet што го пишува.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042

Фала многу. Тоа барав, иако не е за топлинска пумпа сепак е океј. 3кв нека е, тоа се помалку од 15 денари на употреба. Значи потрошувачката е небитна. Секако предностите се други кај топлинска пумпа, не е само потрошувачката. Ама не ми беше толку за разликата меѓу топлинска и не, туку воопшто колку троши една машина за сушење. Ова е супер муабет.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.392
5.542
Значи потрошувачката е небитна.
Битна е, не дека не е, но не е толку страшна. Иако е голем потрошувач, сепак е уред што се користи по неколку часа неделно.

Секако предностите се други кај топлинска пумпа, не е само потрошувачката.
А кои други предности има освен потрошувачката?
 
Fidan

hello world
18 април 2017
143
148
Мене ми значеше потрошувачката, секако се користи навечер на евтина струја. Во просек еднаш дневно се пушта, тоа е 360 пати годишно, односно дупло од нивното мерење на 160 циклуси годишно.
Предост на топлотна пумпа освен потрошувачката е што суши на помала темперетаура и е понежна со алиштата. И не ги смалува.
Друга предност е што можеш да ја ставиш и во затворена просторија без да вадиш црева надвор за вентилација. Пример мене ми е во купатило на машината за перење.
При изборот каква ќе земете многу е битно и кај ќе стои. Ако планирате на тераса, гаража, помошна просторија кај што нема греење и кај што е ладно, особено зимно време, поубаво е да се земе обична машина, не со топлотна пумпа. Ќе и треба многу време да исуши и ќе троши многу струја.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.796
4.512
Неготино
Ептен ги поевтинеле, пред некоја година немаше со топлотна пумпа под 30000.
Сaмо пази на она outlet што го пишува.
Намалени се, да. Еве јас ја земав оваа и чекам во вторник да ја донесат. Ќе видиме што како.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.828
5.531
Од каде тоа дека е 200-400еур разлика?
Има некаде ваква само без Heatpump бесплатно што даваат? Зошто се на се е 300еур машинава.
Е кај ја ископа оваа баш на OUTLET што им е. Инаку гледав баш на Нептун пред да пишам и толку беше разликата од обичните до инверторите. Овие Candy нешто многу блиски им се цените.
Сaмо пази на она outlet што го пишува.
Тоа е нешто, на што треба да се внимава
Мислењето е автоматски споено:

А кои други предности има освен потрошувачката?
Помалку оштетуваат алишта, и не прават голема влага во просторијата кај што работат.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.392
5.542
Мене ми значеше потрошувачката, секако се користи навечер на евтина струја. Во просек еднаш дневно се пушта, тоа е 360 пати годишно, односно дупло од нивното мерење на 160 циклуси годишно.
Секој според потребите. Кај мене се пушта 2-3 пати неделно и тоа во период од доцна есен до рана пролет, односно кога надвор веќе нема сонце, а почнуваат оџаците да чадат. Остатокот од годината се суши природно. Така што годишно прави 60-90 циклуси или половина од тој стандардот по кој што пресметуваат.

Предост на топлотна пумпа освен потрошувачката е што суши на помала темперетаура и е понежна со алиштата. И не ги смалува.
Друга предност е што можеш да ја ставиш и во затворена просторија без да вадиш црева надвор за вентилација.
Температурата се мести, автоматски според програмата или рачно. Смалувањето зависи од материјалот, не секоја ткаенина е за во машина за сушење, а тоа нема врска со видот на грејачот.
Кај нас сите се кондензациски, односно без црево како аспиратор, туку со сад за вода. Но и тоа нема врска со грејачот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.590
19.308
Битна е, не дека не е, но не е толку страшна. Иако е голем потрошувач, сепак е уред што се користи по неколку часа неделно.

А кои други предности има освен потрошувачката?
Разликата во цена (беше) дупла. Ако на ова додадеме период на користење два-три месеца (и ние ја користиме слично како кај вас) исплатливоста е под знак прашање.
Ние ја зедовме најевтината Beko. Циклусите се брзи, жената задоволна и истата се пушта искључиво на евтина (и пред ова лудило со струјата)

Женава не става осетливи работи во секој случај. Дали нема да биде нежна со гаќите, маиците, чорапите и крпите е стварно небитно.

Ако пред сушење си ги пуштил на центрифуга од 1200+ обртаи тогаш беспредметна е дискусијава. На толкава центрифуга излегуваат скоро суви.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.586
8.234
Мелмак

Пак не е поврзано со коментарот околу lint (бубаќ) таложењето во филтрите. Поентата моја беше дека имаат сензор што не дава да работи машината ако се филтрите наполнети со lint.

Дополнително, кога сме кај овој коментар шо го сподели - кондензациските машини за сушење (какви што се повеќето веќе) зарем не работат исто со кондензационен елемент?
 
View: https://youtu.be/DeN-h6opueM

Еве. Тие анимациичките се добри. Дека на помала температура ги суши затоа што го користи ладниот дел од изменувачот за кондензација.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.586
8.234
Мелмак
View: https://youtu.be/DeN-h6opueM

Еве. Тие анимациичките се добри. Дека на помала температура ги суши затоа што го користи ладниот дел од изменувачот за кондензација.

Потполно сум збунет. Сеа збориш за heat pump ама ја зборам за кондензациска машина за сушење каква шо имам јас. И мојата има таков изменувач шо периодично треба да се чисти (исто ко решетка) и филтер за lint имаат и двете.

Претпоставувам heat pump моделот е некако поефикасен и дека место грејач го користи компресираниот гас и се тоа... ама пак видеово не објаснува разлика меѓу двата модела туку само за heat pump кажува како работи (што веќе и ми беше јасно).

Делот шо не ми е јасен е која е разликата меѓу обична кондензациска сушара и кондензациска сушара со топлотна пумпа. Ептен вртиме во круг тука хахаха.

Сакав да кажам и двете работат на принцип на кондензација и двете сигурно имаат сензор за чистење на филтри така шо и двете валјда не се некој ризик за пожари ко шо вика тој типот во првото видео.

А тотално валјда е точно дека топлотните пумпи не загреваат толку шо значи подолги програми може да имаат и се тоа, но од друга страна јас би додал дека предност е сушење на помали температури за да не ги собираат алиштата...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.099
6.042
Не, не зошто подолги програми? Кога имаш изменувач ладен исто како да имаш одвлажнувач, или да ја пуштиш климата на одвлажнување. Не треба многу топлина зошто го "цедиш" воздухот низ ладниот изменувач. И помалку се смалува облека и помалку се гњави од топлината.

Ова е за топлинска пумпа.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.392
5.542
Ако пред сушење си ги пуштил на центрифуга од 1200+ обртаи тогаш беспредметна е дискусијава. На толкава центрифуга излегуваат скоро суви.
Така е. Не знам за каква „нежност“ станува збор, за алишта кои претходно биле перени на 90 степени и вртени на центрифуга од преку 1000 вртежи во минута?
Ако тоа го преживеале, вртењето во сушара им доаѓа како мелем.

Потполно сум збунет. Сеа збориш за heat pump ама ја зборам за кондензациска машина за сушење каква шо имам јас. И мојата има таков изменувач шо периодично треба да се чисти (исто ко решетка) и филтер за lint имаат и двете.
Разликата е во начинот на кој се загрева воздухот. Едниот е со топлотна пумпа како кај климите, другиот е со греач како кај греалките. Другото е исто. И кај двата модели воздухот поминува низ изменувач, каде влагата се кондензира и се цеди во сад. Кај овие со топлотна пумпа овој процес е нешто поефикасен затоа што дел од изменувачот е поладен.

Друг принцип на одведување на влагата е преку црево и тие се вентилирачки (наспроти кондензациони) Такви кај нас речиси и да нема, тие се популарни во САД. Од овие е тој ризик за пожар, затоа што низ годините се таложат влакненца во цревото, а тие брзо горат иако не се баш лесно запалливи. Има видеа каде што ги чистат одводите и буквално вадат вреќи влакна. И со оглед на тоа што најмногу од овие јутубериве се американци, редовно го посочуваат ова како опасност. Иако реално и таму се ептен ретки пожари настанати од оваа причина.

Секој електричен апарат доколку правилно не се користи и одржува претставува ризик за пожар.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.586
8.234
Мелмак
Така е. Не знам за каква „нежност“ станува збор, за алишта кои претходно биле перени на 90 степени и вртени на центрифуга од преку 1000 вртежи во минута?
Ако тоа го преживеале, вртењето во сушара им доаѓа како мелем.

Разликата е во начинот на кој се загрева воздухот. Едниот е со топлотна пумпа како кај климите, другиот е со греач како кај греалките. Другото е исто. И кај двата модели воздухот поминува низ изменувач, каде влагата се кондензира и се цеди во сад. Кај овие со топлотна пумпа овој процес е нешто поефикасен затоа што дел од изменувачот е поладен.

Друг принцип на одведување на влагата е преку црево и тие се вентилирачки (наспроти кондензациони) Такви кај нас речиси и да нема, тие се популарни во САД. Од овие е тој ризик за пожар, затоа што низ годините се таложат влакненца во цревото, а тие брзо горат иако не се баш лесно запалливи. Има видеа каде што ги чистат одводите и буквално вадат вреќи влакна. И со оглед на тоа што најмногу од овие јутубериве се американци, редовно го посочуваат ова како опасност. Иако реално и таму се ептен ретки пожари настанати од оваа причина.

Секој електричен апарат доколку правилно не се користи и одржува претставува ризик за пожар.

THANK YOU!!

Буквално сите прашања ми ги разбра и одговори! Те частам пиво ако имаме прилика некад, ѕвер си!
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.774
6.484
SK
Каков fire risk шо збори овој, тие филтрите ако не ги исчистиш нема ни да работат модерните сушари.
Тапа презентација, да ловиш две три корисни работи во ~13 минтути видео за мене ова е изгубено време. Класичен полуприучен продавач што зборува многу а кажува малку. Како филер спомнува глупоштии од типот дека некој ќе ја греел просторијата со сушара, и други глупости. Тоа што се ослободува топлина е одлика и на двата типа машини, мора да има топлина за да се исушат алиштата, разликата е дали таа топлина ќе се генерира со грејач или со топлотна пумпа.

Се знае што се предности топлотни пумпи: заштеда на енергија. Ако си некој што трошиш многу енергија со сушара, ќе заштедиш солидна количина. Ако си некој што два пати неделно користи сушара, нема да заштедиш толку. Дали му се исплати, треба секој за себе да си пресмета.
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Можеби на некој ќе му биде од корист и додека не направиле промена на цените и ддв да споделам потрошувачка на перална САМСУНГ инвертер, купена пред 2 години, капацитет 7 кг. Мерено со ТАПО мерач, извадени графикони преку home ass. се добиени следните просечни вредности од повеќе циклуси на перење:

operacii peralna ntitled-1.jpg Сите операции се со 5 преплавувања и 1200 обрти, освен QUICK 40 каде е со 3 преплавувања и 800 обрти. Износите во висока тарифа се пресметани според вториот блок и вклучен ДДВ 10%. При секое вклучување пералната прво ја мери количината на алишта па во зависност од тоа зависи колку ќе трае циклусот на перење и секако потрошувачката.

COTON 90C со 5 преплавувања и 1200 обрти.
coton 90 stepeni.jpg

COTON 60C со 5 преплавувања и 1200 обрти.
перална 60 степени котон.jpg

COLORS 40C со 5 преплавувања и 1200 обрти.
colors 40.jpg

QUICK 40C со 3 преплавувања и 800 обрти.
quick 25 na 40 stepeni i 3 preperuvanja.jpg
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно