Flamel
read-only
- 16 јули 2018
- 3
- 0
Здраво,
Дали некои има точни информации каков панел има Samsung 55MU1622? Или можеби го има дома и може да ми каже какви се црните нијанси во темна соба?
Се думам помеѓу него и Sony 55XE7005.
Значи конкретно за 55 инчниот модел ме интересира.
За Сонито гледам и тука често се зборува и дека е VA панел со постар OS, ама за Самсунгот никаде не успеав да најдам информација каков панел има 55 инчниот модел (за сите други големини најдов, како за беља).
- На www.displayspecifications.com го нема точно овој модел, но го има 55MU6120 за којшто вика дека има PLS (а апсолутно избегавам IPS и поттипови на IPS). А другите големини од истиот модел се VA.
- Бев на чат со Samsung поддршката од UK, но тие рекоа дека за 6122 немаат информација зашто не бил UK модел, но потврдија дека 55MU6120 има IPS. Ми препорачаа да ги прашам Samsung Грција зашто можеби бил грчки моделот.
- Им пратив мејлови и на Samsung.gr и на Samsung.com и ми вратија дека појма немаат.
Финтата е што сакам VA телевизор и во Нептун му рекоа дека и Сонито и Самсунгот се VA телевизори, но ме плаши ова што го гледам за 55MU6120 на DisplaySpecifications - Specifications and features of desktop monitors and TVs дека е PLS.
Меѓутоа од друга страна, кога ги гледав во Нептун, Самсунгот изгледаше некако подобар во контрастот, светлината и боите од Сонито. Баш беа блиску ставени и можев да го споредам. Ај можам да разберам за боите и светлината, зашто Самсунгот е direct-lit а Сонито edge-lit меѓутоа и контрастот и црните бои изгледаа подобри, што не знам како е можно ако Самсунгот е PLS, а Сонито VA.
Е сега евентуално ако PLS и IPS имаат подобри црни нијанси и контраст во светло од VA, но полоши во темно, ама не ми е логично некако тоа?
Секоја информација е добредојдена.
Исто ако го има некој и Сонито и ако може да пише како е задоволен со контрасот и општо со сликата во темно и во светло би било супер.
Извинете за долгиот пост и фала за помошта.
Поздрав,
ПС: Колку може да му се верува на тестот на чукање по панелот каде што ако светне посилно кај што си удрил е VA, а ако светне помалку или не светне е IPS? И дали е секогаш доволно голема разликата во интензитетот на тој ефект, за да биде јасно со што си имаш работа?