1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од TATA_MATA, 27 ноември 2013.

  1. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    369
    267
    13 Март 2015
    Машко
    Лоши се Philips 4000 серијата. Другарка купила како вториот 39pfs4112. Споро е менито дури и на живци оди. Слика има ужас.
    Оценка 3/10 . Не ти треба ова верувај.

    Мислам дека овие од 4000 серија се прават и во друга фабрика, ако добро се сеќавам. Прочепкај по гоогле ќе добиеш информација. Јас бев читал ама одамна.

    Филипс само од 5000 или 6000 серија гледај. Квалитетот е 10 класи подобар тв, слика, а смартот е само додатен плус
     
    На Sludge.Factory му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,480
    26 oктомври 2012
    Машко
    TruMotion ти е вклучено како опција ?
    Ако е вклучено, пробај на некој друг мод, или пак исклучи го и види дали е исто.
     
    На Tomekk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. antikmkd

    antikmkd
    Intern

    16
    0
    3 Јули 2016
    Машко
    Дечки, дајте мислење за тв 40"-43", не мора да е смарт, би го користел со смарт бокс, буџет до 18к. За тие пари со попуст можам да го земам
    Philips 43PFS5301 Anhoch PC Market Online - TV Philips 43PFS5301 43" Full HD Smart LED WiFi/HDMIx2/USBx2/LAN/Optical/DVB-C-T2-S2/DTS.
    Дајте мислење за овој модел, искуство со него или предложете друг модел.
     
  4. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    273
    208
    15 ноември 2015
    Машко
    Земи го. Нема да згрешиш супер е. Сум имал прилика да го прочепкам во салон и е стварно супер. Наследник на 5300 моделот е ова кој можеби е и еден од најпогодените Philips. Гледам дека од стариот до овој нема голема разлика, а и високи оценки има на интернет.

    АКо се собере тотал се, мислам дека ти е best buy за цената.
    На дедо ми му земав филипс 5500 и при толку мавање од внуците еве го сеуште работи, како првиот ден.
    Тогаш се мислев помеѓу 5300 и 5500 и го зедов 5500 само заради што сакав да го прочепкам Андроидот.
    Штета што денес нема веќе така ценовно достапни модели со андроид како што беше 5500 ката.
    Да кажам дека дома и втор телевизор Philips 6401 и исто така сум презадоволен
    Сега наследникот на мојот моделот 6412 не е и нешто многу скап.

    Anhoch PC Market Online - TV Philips 43PUS6412 43" 4K Ultra HD LED WiFi/Android/HDMIx4/USBx3/Scart/Optical/LAN/DVB-C-T2-S2/DTS

    29000 денари. За тие пари се добива 4к и вграден Андроид. Но сепак се 9000 денари повеќе. Ако имаш пари земи си го овој модел. Ако немаш, тогаш твојот од линкот е исто така супер
     
    Последна промена: 16 Јуни 2018
    На Janev и antikmkd им се допаѓа ова.
  5. Tomekk

    Tomekk
    Gaining Experience

    122
    97
    4 Декември 2009
    Исто е.
    Финтата е што во најголем дел не е забележлив освен ако не гледаш спортски содржини или брзи движења каде што преовладува иста боја на поголем дел од екранот.

    Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
     
  6. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    112
    115
    23 Мај 2010
    Пред некој месец земав Sony KD-55XE8577 (сребрената верзија на KD-55XE8505) преку @Dinamit па би кажал кратка рецензија.

    Кого го мрзи да чита еве summary:

    Телевизорот е фантастичен, очекував помалку добив повеќе, презадоволен сум и моделот вреди за секоја пара.

    Сега подетално:

    Во однос на сликата кој сака боите да му фрчат од полуприродни до супер сатурирани и живи бои има десетина модови за избор но кој сака што пореални бои (секако не така живи) бира Cinema Pro и почнува подесувања на сопственото осветлување. Во почеток имав два посебни мода за вечерно (затемнето) и дневно гледање но потоа одбрав еден мод и сега го користам само него. Не го калибрирав со инструмент (не ми е достапен) така да според поставки од нет и според мое око мислам дека извадив многу реална и пријатна слика за гледање.

    100 Hz VA TRILUMINOUS панел со 4K HDR Processor X1 дава одлична слика за спорт и филм, за гејминг сеуште не сум го пробал (се надевам наскоро) но според рецензии нема никаков проблем. При спорт сликата е флуидна и без сецкање, нема никаков flicker или трепкање, слика џам. Филмовите се феноменални ако е изворот добар. Не сум го користел со кабел или сателит но при стриминг на 720x560 aко е изворот добар сликата е кристал така да апскалирањето е одлично и ги надмина моите очекувања. Сите поголеми резолуции HD, FHD и 4K се одлични што е и за очекување. При стриминг се приметува разлика помеѓу HD и FHD но при видео не се приметува или е доста мала иако преферирам FHD.

    Заради VA панелот контрастот е многу добар (одличен е кај модели од повисока класа) и секако значително подобар отколку кај IPS панели така да е сосема погоден за гледање во затемнета просторија. Каде ми треба уште поголем контраст или сакам да гледам материјал со многу бела позадина како хокеј на лед уклучувам bias lightning (набавен посебно и не е дел од тв то).

    Сите motion enhancements ми се исклучени, пробав со нив но ефектот на сапуница ми е ужасен а за спорт воопшто нема потреба заради 100-херцниот панел.

    Нема bleed воопшто а clouding-от е во просекот на Sony од тој панел, сум се нагледал ТВ-а со клаудинг (секакви брендови) и во живо и на Youtube и од тоа најмногу се плашев но ете имав среќа, нема мана од тој поглед.

    Го користам со екстерен хард диск приклучен на УСБ 3 портот (другите два се 2.0) и функционира беспрекорно, дискот е Тошиба 2.5 инчен. Ги чита сите субтитли и досега не ми се случило нешто да не прочита. Google плеерот e задоволителен но му фалат напредни опции и подесувања така да има многу подобри плеери за избор на Google Play Store.

    Андроидот е солиден но малку бавен што значи дека има дилеј од една до две секунди при притискање на далечинското. Од почеток ми сметаше (мислев дека командите не работат) но потоа се навикнуваш и престануваш да го мислиш за проблем. Многу се збори по форуми дека Sony треба да вгради појак чип кај одредени модели но ете засега останува со малку поспор андроид којшто освен малку бавното реагирање нема други проблеми. Во секој случај не зажалив што земав со андроид затоа што ме спаси од барање андроид бокс во коишто освен ретки исклучоци (посебно важи за кинезите) нема оригинал андроид тв. На Google Play Store ги има најбитните апликации но сепак не се мери со изборот за PC така да не значи дека добра апликација за PC ќе ја има за Android TV. Заради и онака ограничената меморија ги инсталирав за мене неопходните апликации, ги подесив и сега работи беспрекорно. Кој ќе приклучи ПЦ се разбира ќе му е достапен цел Google Play Store.

    Во однос на управување со телевизорот во принцип после завршена операција најпаметно е постепено враќање на основото мени наместо директно од далечинското со shortcut, во тој случај зема малку повеќе време но така не се полни меморискиот бафер и не кочи, односно откога почнав таа метода да ја користам никогаш не ми закочил. Меморијата му е секако ограничена како и кај сите телевизори од слична класа.

    Приклучив жичани маус и тастатурa и работат беспрекорно, wireless не сум пробал но според повеќето корисници одредени модели на Logitech и Microsoft работат, за други не знам и треба да се проба.

    Далечинското ми е ок, ништо спектакуларно но и нема некоја мана. Малку е пребирливо за батерии и во мојот случај најдобро функционира со сони батерии.

    Многу време го меркав, проверив и неколку други модели и брендови но во однос на моето око и очекувања беше најдобар избор за таа класа и сеуште по неколкумесечно користење и се воодушевувам на сликата.

    Пс. Ниедна споредба во дуќан и на дневна светлина (или затемнета на кратко време) не може да даде резултат како неколку месечно користење така да за посериозен избор освен личната споредба читање рецензии е must.

    :)
     
    Последна промена: 16 Јуни 2018
    На FLEGMA, Викса, Krkac и уште 8 други им се допаѓа ова.
  7. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,331
    2,785
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Го имам истиот модел, ги делам впечатоците.

    Инсталирав KODI и си функционира таман - и за 4K и за HDR содржина. Е сега за HDR како што е замислен треба серија 9300, но што е - тука е.

    Малку е бавно (не секогаш) навигирањето низ менијата но ништо страшно.

    Јас немав толку среќа со clouding, кај мене е приметливо на 2-3 места при темна слика/содржина. Но сега засега не е екстремно изразено така да не ми смета претерано.

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    Последна промена: 17 Јуни 2018
    На Delta111 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    112
    115
    23 Мај 2010
    @omegaRED

    Има и кај мене ама затоа напишав во граници на нормала/просек. Се приметува само на статична скроз црна позадина во доста затемнета соба, не фрчи бело туку има делови што се побели (од лед осветлувањето) и делови што се, се разбира црни (теоретски) или попрецизно кажано многу темно сиви (реално според око). При видео макар и на црна позадина не се приметува ништо значи мора да е сликата скроз статична и црна а тоа е речиси никогаш или 2% од времето (во мојот случај).

    Кај другар гледав на LG сега скоро купен на изгасено светло кога пуштив тест видео само што не паднав во несвест, тоа не беше клаудинг туку супер клаудинг пошто се' беше шарено сиво и плус имаше блид. На Филипс пред некој месец во продавница исто ми пуштија тест слика, клаудингот се гледаше апла во светло, една огромна флека преку цел екран па ми вика продавачот не се секирај кога ќе пуштиш материјал не се приметува (ахам ок). Споредив на нет какви се' примери има така да мислам дека и ти добро си поминал освен ако не ти смета при гледање.

    Сите брендови се подложни на клаудинг и блид така да лотарија е панелот, треба и среќа да се има но просечен корисник и онака најчесто ништо не приметува :).
     
    На olikomerc и omegaRED им се допаѓа ова.
  9. josefk

    josefk
    Intern

    2
    0
    19 Септември 2016
  10. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    Ti kazaa pogore, Sony ili Samsung so VA panel i najnizok mozen input lag

    Sent from my SM-A520F using Tapatalk
     
  11. Mr Bean ^.-

    Mr Bean ^.-
    Intern

    62
    25
    2 oктомври 2017
    Машко
    Предложете некој телевизор до 11к
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Било кој со таа цена.
     
    На Martinj90 и cipiripi им се допаѓа ова.
  13. Canibalot

    Canibalot
    Gaining Experience

    71
    91
    29 Јуни 2016
    Машко
    После 11 години секојдневно користење, рикна процесорот за графика модел види слика. Ми треба предлог дали кај нас може да се најде делот по половна цена или мајстор да контактирам. Сакам да го поправам ми има посебна вредност. Благодарам
    IMG_20180621_162558.jpeg IMG_20180621_162415.jpeg

    Испратено од Redmi Note 5 преку IT.mk форум апликација
     
  14. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,459
    7,445
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Како знаеш дека е процесорот рикнат?

    Ако си сигурен имаш плочи цели на ибеј само види далие е А или B, кај нас процесор (ако е до тоа) тешко некој да ти замени. Цела плоча прашај по сервисиве.
     
  15. dashbog

    dashbog
    Gaining Experience

    154
    83
    24 Јуни 2008
    Машко
    Имам намера да го заменам досегашниот ТВ (Panasonic TX42E30E) со некој 55" модел па да ми предложите некој модел.
    Задолжително да биде од модели кои ги нуди Телеком, а досега се мислам помегу овие два модела
    LG 55 UK 6100 PLB (2018 модел со 5г грижа)
    Panasonic TX-55EX600E ( 2017 модел со 2 год гаранција)

    Или некој од останатите понуди на 55" на Телеком ??
     
  16. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    LG моделот е најслабиот од 6та серија, тапа IPS панел со преслаб контраст, слаби бои, катастрофа.
    Панасоникот незнам што како е.

    Земи си го овој: Makedonski Telekom
    Со VA панел е, има одлична слика, бои, контраст.
     
    На mdeni и Delta111 им се допаѓа ова.
  17. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    542
    71
    12 Април 2009
    Машко
    Сакам да земам ТВ од Телеком, па ако може помош малку или доколку користи некој од моделите да ми го предложите.
    Имам во предвид 2 варијанти и 49 и 55 инчи. Немам одлучено сеуште.
    Од 49 ги оддвоив овие:
    LG
    SAMSUNG
    SONY

    Од 55 се повеќе:
    LG и LG
    SAMSUNG
    SONY и SONY

    Главна намена е ТВ и KODI. Ви благодарам.
     
  18. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    262
    181
    3 Јануари 2010
    Машко
    Момци сакам да земам 4к телевизор кој ќе се користи за ПЦ гејминг со гејмпад , понатаму пс4 про , и секако гледање филмови .Буџетот е околу 20к и Изборот се сведе на овие 2 модела :


    PHILIPS 43PUS6101/12 - 17.380 ден.

    и

    PHILIPS 43PUS6162/12 - 21.700 ден. (Надвор од буџет , но дали вреди ?)

    Гледам на нет дека и двата се ИПС панел , поевтиниот е 2016та модел , а другиот е 2017та.

    Во очи ми упадна уште еден ,но со сумљиво потекло : ELEKTRA 50" 4K ET-50UHD18S-T2 - 20.000 ден.


    Вака гледајќи во останатите спецификации ми е шпанско село , па би бил благодарен некој да сподели мислење.
     
  19. Salermo

    Salermo
    Intern

    5
    0
    13 Септември 2017
    Машко
  20. Salermo

    Salermo
    Intern

    5
    0
    13 Септември 2017
    Машко
    Panasonic TX-40EX600E

    ili

    Sony KDL-40WE660
     
  21. zirkach

    zirkach
    Gaining Experience

    187
    145
    12 Февруари 2015
    Машко
    мал ти е буџетот за квалитетен 4к тв...
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  22. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,304
    955
    1 Јуни 2016
    Дечки, планирам да зимам смарт тв, сеа се мислам дали да биде 32" или 40+, у главно ќе се користи за гејмање вов, кантер, цод и можда нешто друго.
    Проблемот е што би гејмал на растојание од метар, па затоа се мислам 32 или 40ка+. Предлог ? :D
    Ах да, заборавив. И некое филмче чат пат.
     
    Последна промена: 24 Јуни 2018
  23. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    262
    181
    3 Јануари 2010
    Машко
    Кај прочита квалитетен дека барам ? секој знае да ужива кога го има кешот , барам мислење за подобар избор од наведените ;)
     
  24. Avid

    Avid
    Guru

    4,479
    6,729
    21 Јануари 2009
    Па ако е баш метар, и буџетот ти е ограничен, 32 ти е таман...
    Мада поголем е скоро секогаш боље.
     
    На mihovkris му/ѝ се допаѓа ова.
  25. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,304
    955
    1 Јуни 2016
    Данке, тоа и јас го мислам, и сите ми предлагаат 32" за од таа близина.
    Ама некако ми се зима поголем .. :/
    Буџет некаде до 22к.
     

Сподели

Вчитување...