1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од ТАТА_МАТА, 27 ноември 2013.

  1. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,162
    3,502
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Астро, јас лани декември кога обновував договор го имаше моделов на акција некоја за ~200 евра со два броја на Магента М.
    49 inch ULTRA HD 4K TV | 49UK6470PLC | LG UK

    Не е нешто посебно, ама супер работи на него Нетфликс, HBO Go, YT, HDR, има ARC HDMI. Не планирав да го земам, ама имав телефони земено и немав што друго да искористам. Во Нептун и слично беше цирка 30к. Во принцип супер задоволен за сумата. Од лево и десно не шифта многу боја, ама од горе да, кога ќе станам и поминам пред него се затемнува доста, ама кога се седи и гледа е светол и солиден за гледање.

    Имаат и сега некоја слична акција со Магентиве, баш видов реклама за телевизори.
     
    На Ромулка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,082
    8,384
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Fala za info, veke zemav 32 inchenPhilips so Android, Ambilight.... Ne e los, vrsi rabota ko za 19.000
     
  3. pavlestyle

    pavlestyle
    Gaining Experience

    62
    63
    9 Април 2016
    Машко
    Best buy до кај 400 евра? Најмногу ќе се гледа филмови преку усб,идеално до 43 инчи.
     
  4. Тони

    Тони
    Gaining Experience

    514
    171
    11 Април 2008
    Машко
    Студент
  5. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,924
    4,129
    28 oктомври 2008
    Мене најмногу ми смета кај LG Web ОС што нема HBO GO...
     
  6. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    41
    30
    16 Јуни 2017
    Јас не користам ејч-би-О го, ама еве проверив на ел-џи во кај мене, со веб-ос е, глем има такво...
    дури и апдејт нуди.
    Еве го сликнав тевето, па ќе ги прикачам и сликите, па еве види дали е тоа?
     

    Прикачени датотеки:

    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,146
    588
    9 Мај 2012
    Машко
    Има бе ХБО ГО на мојот ТВ со стар Веб ОС го има ХБО ГО и други
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,146
    588
    9 Мај 2012
    Машко
    Сеедно, кое ви се допаѓа таа земи не е ова ПЦ компоненти графичка ,важно е убава слика и приказ но тоа зависи од кабелски оператор
     
  9. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,924
    4,129
    28 oктомври 2008
    Интересно... Јас гледав телевизори пред некој месец, нешто се мислев за земање, и продавачот ми рече дека верзиите на Web OS за Европа нема HBО Go, поради тоа што провајдерите тука ја нуделе таа опција...
     
  10. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    722
    759
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    Јас знам за некои Сони дека немаат.
     
  11. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    250
    183
    15 ноември 2015
    Машко
    Јас LG би го скокнал . Мои комшии имаа проблем пред 2 месеци. Доаѓаа и од А1 бидејќи мислеа дека е до кабелската.
    Проблемот беше многу лоша слика на кабелска. Иако во салон телевизорот имал според нив една од најчиста и најубава слика.

    Навистина чудно, во менито софтверот изгледаше сосема нормално со убави бои.
    Но штом се пуштеше кабелска телевизорот беше ужас.
    Го земавме да го пробаме и споредиме со мојот кај мене.
    Тогаш ја увидовме разликата и дека телевизорот е со проблем.
    А телевизорот беше 50000 денари, што воопшто не е малку.

    Незнам дали е лоша пратка или нешто друго, но јас би ги прескокнал LG

    Самсунг и Сони би биле подобра опција во секој случај. И покрај тоа што имаат помала гаранција, може со мала доплата да се продолжи и кај Сони и кај Самсунг.
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,589
    2,407
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Имаме дома 43 инча LG еве веќе 5-6та година нема мака, од Нептун го земавме.
    Другар зема Samsung 65 инча заоблен, во првата недела му извади вертикална линија. (околу 150К мкд)

    Се слагам за Sony, кога треба да бирам меѓу него и Samsung, би избрал Sony (Bravia). За буџет ТВ би избрал LG без двоумење. WebOS од пред 5 години и сега е ден и ноќ по мазноќа, а ако сакам Плеј Стор ќе си земам Андроид бокс. (за Kodi може и RPi 4)
    Сите брендови имаат лоши серии, мислам дека многу зависи каде е произведен.
     
    На goran_oh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    341
    244
    9 Февруари 2012
    Машко
    Во моментов не се сеќавам кој точно модел на ЛГ тв го имам, ама купен е пред 3-4 години некаде околу 30к, смарт со 3д и еве веќе година дена се појавуваат црни флеки на него (горат сијаличките за backlight).
    Прво почна од 1, сега не работат 4.
    Се разочарав.

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,788
    5,544
    21 Јануари 2009
    Ај сликни да видиме како изгледа тоа.
     
    На Astraion и artweb им се допаѓа ова.
  15. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    167
    130
    20 Јуни 2009
    Имам неколку примери каде ЛГ со веб ос уште пред 2рата години почнуваат да кочат до степен потоа да те вадат од такт.

    Пред ерата на Анрдоид (со која воопшто не се согласувам и секогаш ќе препорачам дополнителен уред) ЛГ со веб ос го имаа најдобриот кориснички интерфејс.

    Дали и кај другите корисници веб ос кочи?
     
  16. acekorg

    acekorg
    Intern

    5
    5
    5 oктомври 2010
    Тоа за HBO GO е точно дека немаше ама со последниот апдејт ми се појави. Ми изгледа дека има уште некој од понудениве сервиси што го немаше претходно ама не можам да познаам кој ќе е...
    Листата е: Netflix, RakutenTV, FilmBox Live, Google play movies & TV, Amazon Prime, HBO GO.


    Инаку точно е дека не се најбрзи...
    Од два LG на WebOS и двата ми се тромави. Едниот има практика и да не е секогаш конектиран на WiFi.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,184
    1,612
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    WebOS има HBO GO потврдено и на верзија 4.0 (серија 6ххх) и на 4.5 (серија 7ххх) едино е што на старт вика да симнеш понова верзија на апликацијата а таа што си доаѓа фабрички не работи.

    Додатно во споредба со андроид вебоес-от е далеку побрз и по мое мислење (а и на повеќето ривјуери) многу по јузер френдли. Имав можност да си поиграм на премиум тв Sony AF8 со андроид 8 и далеку по спор и по не интуитивен ми делуваше интерфејсот во споредба и со прилично евтин LG 6470 со WebOS 4.0.

    Ако купувате LG телевизор дефинитивно препорачувам модел од 2019-та т.е. серија 7ххх наместо 6ххх само ради поновиот WebOS 4.5 , пошто има доста големи подобрувања но ако не се користи интерниот оперативен тогаш сеедно бидејќи панелите се скоро истите со моделите 2018-та.
     
    На Astraion и Тони им се допаѓа ова.
  18. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,008
    613
    8 Август 2017
    Машко
    Нема врска серијата, битни се буквите како SK, UK, LK за 2018 и SM, LM, UM за 2019та.
     
  19. JezuzNoChil

    JezuzNoChil
    Intern

    12
    7
    9 Јануари 2019
    Има некој вакво пластично делче што не му треба? Доаѓа заедно со Сони телевизори за на ѕид ставање.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    673
    720
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Може совет, се мислам помеѓу Samsung UE 55 RU7092UXXH и LG 55 UM7100PLB.
    Двата се 32000 во Нептун, двата се на попуст и акција за рати, ме интересира што би одбрале. Сега за сега предност има ЛГто со 5 години " грижа ". Би одел со Самсунгот ама доколку има опција да се докупи гаранција.
    Го гледав и 55 RU8002 ама на ревјуа видов дека има лош HDR, а на телевизоров само тоа и ќе се гледа, Нетфликс и 4к филмови торенти...
    Edit Не дека другиве два имаат добар ХДР, ама невреди? доплатата за 8002 без подобрување во хдр?
     
    Последна промена: 8 ноември 2019
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  21. noviot

    noviot
    Intern

    60
    24
    1 Февруари 2008
    Мое кратко мислење:
    Samsung-от е со VA панел (подобар контраст, подобро за гледање навечер во темна соба, се губат боите ако се гледа од страна), има Edge LED позадинско осветлување (диодите се во долниот дел од екранот, потенок е екранот но се гледаат бели траки кога има светли објекти на екранот со претежно црна позадина), Подржува HDR10 и HDR10+ формати, и според мене најголемата мана, неmа DTS декодер (ќе треба да бараш филмови само со Dolby Digital звук инаку ќе имаш само слика а не звук).
    LG-то е со IPS панел (подобри агли на гледање, не се губат боите, ама во темна соба црната боја ќе биде сива), има Direct LED позадинско осветлување (диодите се распоредени по целата површина зад екранот, подобра униформност на панелот, но затоа е подебел тв-то), подржува само HDR10 формат, подржува DTS, има според мене подобар оперативен систем и далечинско (magic remote наспроти основото на самнсунгот).
    еве и споредба: Comparison between: 54.6" Samsung UE55RU7025, 54.6" LG 55UM7100PLB
    Се надевам дека ти помогнав колку толку...
     
    На Tajson, Avid, Tomislav96 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    673
    720
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Купен Samsung UE 55 RU7092UXXH, после подолга споредба на двата во салон, отидов со Самсунгот. Директно во него се гледа така да не ми пречи што шифта малце боја под агол ич, на директно вади поубава слика од ЛГ то, за далинското испадна и ЛГто е со простото, следната серија погоре идела со Меџик. Вака барем Ноте9кава ми е Самсунг Меџик Ремоте :D

    Исто прилично во темни услови се гледа филмови, нетфликс, така да подобар избор за мене беше ВА панелов. Докупена и плус 3 години гаранција, тотал 5 за 1200 денари.
     
    На Krkac, noviot, Rukfash и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    722
    759
    9 Декември 2015
    Машко
    Честито, добар избор. One remote оди со 74×× модели. Ама како и да е супер е ТВ-то.
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  24. noviot

    noviot
    Intern

    60
    24
    1 Февруари 2008
    Со здравје да си го гледаш
     
    На Tomislav96 и Avid им се допаѓа ова.
  25. julll

    julll
    Intern

    63
    26
    20 Август 2016
    Незнаев каде да го поставам прашањево, имам андроид бокс којшто сакам да го поврзам за стар телевизор кој нема хдми. Нешто вакво ваљда ќе заврши работа. Каде може да најдам кај нас? Не ми се чека од алиекспрес

    9FF0844A-4456-4B93-9EC9-B8614BE2F535.jpeg
     

Сподели

Вчитување...