Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Стара Acrobat Pro лиценца - каде да се купи

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.063
14.154
Здраво другари,

Немам познавање на оваа тема па ќе прашам дали е воопшто возможно да се купи трајна лиценца за постара верзија на Адобе Акробат Про за Виндовс која не е на даден период.

Адобе одамна ги има дисконтинуирано ваквите верзии. И знам дека за нив веќе нема поддршка нити апдејти. Но мене би ми бркала одлично работа.

Не ми треба да е со фактура, фискална итн. Но треба да е легитимна лиценца со фајл директно од Адобе. Значи не крак, пач и сл.

Гледам на сајтови како G2A и Kinguin има по нешто. Ама фајлот е од гугл драјв што не ми влева доверба. Ах да, и ми треба про верзијата а не стандард.

Благодарам.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.063
14.154
Благодарам. Ќе ја размислам. Вака од прва скапо. Споредено со месечната лиценца ова ќе му дојде унапрад да платиш за две години а потоа ти останува гратис.

Ќе почекам да видам дали ќе се најде и друга опција. Па потоа ќе купувам.
 

USAF

hello world
19 мај 2014
112
83
Види на plati.market имаат повеќе верзии, малку се сива економија и најчесто се плаќа со крипто. Ама ако читаш коментари мислам дека ќе најдеш вистинска лиценца. Јас имам прилично добро искуство со продавачи со добар рејтинг.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Ама фајлот е од гугл драјв што не ми влева доверба.
Ако е оригинал и не е чепкан тогаш има дигитален потпис.
Или е .msi или е . exe. Чисто се сомневам дека е .iso

Чепканите имаат вметнат dll или нешто е отстранувано ама пак се губи дигиталниот сертификат.

Значи, останува некако да се научиш во кој формат е.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.063
14.154
Ако е оригинал и не е чепкан тогаш има дигитален потпис.
Или е .msi или е . exe. Чисто се сомневам дека е .iso

Чепканите имаат вметнат dll или нешто е отстранувано ама пак се губи дигиталниот сертификат.

Значи, останува некако да се научиш во кој формат е.

ISO е фајлот. Голема е веројатноста да е чепкан.

Но и адобе малку ги меша лончињата. Ги нема за даунлоуд старите верзии освен преку redeem code. Ама и тоа не за сите стари верзии.

Немам многу искуство. А ни време искрено да се зезам со ова. Па затоа, иако е ситна пара за фајлот на гугл драјв, сепак не сакам да загризам.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно