Astro
sensei
- 20 јуни 2012
- 10.211
- 16.363
Поприродно е CRI 100 R9 100
Сонцето варира од 2700к-12000к но бидејќи горните вредности се 100, не менува многу.
Вие којзнае какви 2700к сте виделе затоа и не го сакате, инаку не верувам дека 100W сијалица со жаречко влакно ви пречела до завчера. (2700к CRI100 R9 100)
Затоа мора добро разбирање на суштината кога се дискутира.
Одлично се разбира суштината а сепак не се наметнува мислење.
Ако ти одговара тебе 2700К тогаш терај си такви. Јас дома имам и 2700 и 3000 и 4000 и 4500К на разни места. 2700К е мрачно некако. 4000К е најдобро од секој поглед (мој поглед) и такви имам во примарниот стан. Првите што ги имав купено кога не се разбирав се 6000К и истите ми се во подрум и во викендициве во гаража и подрум каде не посветувам време.
Дома у шпајз имам 8W 2700К само, на сите други места 4000-4500 и ми е супер.На балкон уште имам CFL 2700K изгледа е и така
Иначе сијалиците ми се Hyundai i V-Tac.
Денес бев во Тинекс и таму има само 9W 800Lm 2700K сијалици за по 189 денари. Не земав, ама уте ќе земам една-две за проба, да видам какви ќе бидат нивните 2700К.