Корисник сум на Магента 1 пакетот на услуги на Телеком http://www.telekom.mk/magenta1.nspx и кога ја добив првата фактура приметив дека е со повисока цена од онаа што ми беше пресметана во салон и која ја има и на сајтот на Телеком. Имено на веб сајтот на Телеком како и во нивниот салон ми беше пресметан попуст од 20% на вкупниот износ на месечна претплата со ДДВ (до овој момент сеуште е така на нивниот сјат, проверете) но во фактурата попустот е засметан на износ без ДДВ и месечната фактура ми е повисока од она што ми беше пресметано од агентот во нивниот салон. Денеска бев да дадам приговор и вработената ми вели „попустот е на цената без ДДВ и се одзема од вкупнатапретплата со ДДВ“, кога и посочив дека на флаерот кај нив а и на веб сајтот попустот е на цената со ДДВ ми рече „пуштете приговор, очигледно не се разбираме“ (не се разбираат, тоа ми е јасно). Исто така, во барањето кое го генерираше нивниот агент кога го потпишувава договорот (и кое е составен дел на истиот) си стои дека за пакетот следува попуст од 20% на месечната претплата, не е пишано „без ДДВ“ туку само месечна претплата.
Инаку пакетот што го имам е составен од:
1. Магента 1 М за мобилни услуги со цена од 2 х 799денари = 1598
2. Магента 1 Л за фиксни услуги и интернет со цена од 1199 денари и
3. Магента 1 М за МаксТВ со цена од 799 денари
Според податоците на сајтот и во флаерите (а денес вработената во салонот исто така ми пресмета, пред да и кажам зошто сум дојден) цената на цел пакет без попуст е 3596 денари а со 20% попуст е 2876 денари.
Дека попустот е навкупната цена со ДДВ се гледа од стандардните пакети, на пример:
Магента 1 М е 4*799=3196 (цената е пречкртана) или со 20% попуст е 2557 денари.
Доколку има корисници на Магента 1 пакетот тука, нека си ги проверат фактурите и нека споделат, ме интересира дали кај сите е така (а мора да е).
Во најлош случај за нас, т.е. попустот да се пресметува на цената без ДДВ, сепак излегува дека на нивниот сајт како и во флаерите и рекламите на билборди пресметката им е погрешна и ги доведуваат потрошувачите во заблуда, што мора да е казниво по некој закон кај нас??

Последна промена: