Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Нарачки од Computer Universe

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
Првиот дел за којшто воопшто немав увид ни бројче ни бутур ни ништо, денес ми го донесоја на врата. Ми побара 2100 денари да му платам. Ливче му викам да потпишам, ми вели не треба уживај. Брату за мене е ливчето да видам дали точно плаќам.

Му платив. Дали ме сече со поштарината? Можеби да, можеби не, ама сеедно ми беше. Арно стигна.

20221222_120332.jpg
Мислењето е автоматски споено:

Уште една работа многу важна: ЗАДОЛЖИТЕЛНО СНИМАЈТЕ СЕ како го отворате пакетот бидејќи со сите овие хорор приказни, потребен ни е доказ дека ни стигнало тоа што порачавме.
 

thrw

lurker
3 декември 2021
706
579
Денеска после ова ми се јавија да дојдам кај пакетско кај пошта да го подигнам не знам зошто не со испорака, и дадоа 2 уплатници за царина едната 388 како што кажа некој тука 5%, а другата 186, и ми рече да ги платам 2те кај шалтери, ги платив и 945 денари заедно двете, тоа е... барем конечно стигна и имам overpriced RAM, само се надевам CU нема да престанат да работат кај нас зошто со колку бирократија и пожалби се соочуваат...

Погледнете го атачментот 120409Погледнете го атачментот 120410Погледнете го атачментот 120411
Ако добро сметам, Пошта ти земале 65% провзија на двете сметки или тука има како во банка фиксна сума по налог. 186 им се на рака „„„лежарина“““ односно мито кажано културно.
Ми побара 2100 денари да му платам.
Колку ти чини матичната плоча и ќе видиме како те одрале :)
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
МИСЛАМ дека е таман, плочата е 553 + шипинг и картичка плаќање за вкупно 587 евра.

5 посто од 587 е 29.35 евра т.е. 1800 денари. Уште 300 денари ми фалат ама валјда овде за услугата нешто.
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Ами може да е таман математиката... ама тоа нормално оди на шалтер со уплатници и све со ред...
Мислам.... не може бе испорака на роба од ~600 еур да помине без ниедно документче да добиеш а си платил давачка/царина.....
Вака испорака до врата и плаќање во кеш асоцира на помината пратка под рака, можда дури и без царина и остали давачки кон државата па тие 2100 се поделени пејсе/пејсе меѓу тој на позиција што ја поминал под рака и тој што ти испорачал до врата :)
Тебе таман ти иде математиката.... нив таман екстра дневницата :)

И така на врата дојден со пратката скоро никој нема да го врати или да се расправа.... така да.... very likely има мучканица!
Плус вака оштетена е само државата за што никој нема да разбере никогаш.... во спротивно друг кој и да е оштетен ќе се побуни порано или покасно (уназад 10 страни дискутирано).

Ако си се снимал и кај што му отвораш врата и го превземаш пакетот ќе било друга прича xD
 

Kpakep4e

hello world
18 јули 2020
99
196
Нова шема развиле овие, опасни шеми секоја чест.

Поштар ти дојде или рандом особа?

Царината е на твое име како ќе уплати он во твое име на шалтер, лична карта бараат.

Испратено од LYA-L29 преку IT.mk форум апликација
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
Господ знај како прават, а и не ме занима, плочата никој не ја зема од мене. Имам време и пари и нерви за тужење ако треба. Нека повелат.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
773
1.102
Скопје
Тракингот ќути веќе 2 месеци xD... пратки 10 сум добил ниедна на тракинг не ја јавува, системот не им работи како што треба.
На пошта работи тракингот за моите пратки, само мора директно на нивниот сајт да проверуваш. Ова зборам за пратки од Али, ЦУ би требало исто да ги дава.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
На пошта работи тракингот за моите пратки, само мора директно на нивниот сајт да проверуваш. Ова зборам за пратки од Али, ЦУ би требало исто да ги дава.
исто така проверувам и за секоја ми вели ПРАТКАТА НЕ ПОСТОИ ВО СИСТЕМОТ. не ги внесуваат воопшто. Или рандом податок само еден ќе стои, пример сум добил пратка крајно а само пишува дека е примена на царина ништо друго. За оваа специфична пример ништо немам.
 
Последна промена:

chroot

lurker
12 ноември 2021
773
1.102
Скопје
исто така проверувам и за секоја ми вели ПРАТКАТА НЕ ПОСТОИ ВО СИСТЕМОТ. не ги внесуваат воопшто. Или рандом податок само еден ќе стои, пример сум добил пратка крајно а само пишува дека е примена на царина ништо друго. За оваа специфична пример ништо немам.
Може, не викам не. Мене сега сите ми ги дава, затоа ме зачуде кога рече не ти дава ништо.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
Овој проблем само последниве два месеци, пред тоа се функционираше добро и стигаја пратките за 2 недели од CU, сега дека саботираат или што и да прават.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Не може друг да уплати во твое име, посебно по ново ако плаќаш преку пошта ти отвараат и некој вид псевдо-сметка во Халк банка.

Таму фигурира твое име и презиме и матичен број и за секоја уплата ко што спомнаа мора лична карта.

Поштар на рака да ти земе пари при достава е НЕПРОПИСНО во најмала рака и сомнително во секој поглед.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.522
2.978
Не може друг да уплати во твое име, посебно по ново ако плаќаш преку пошта ти отвараат и некој вид псевдо-сметка во Халк банка.

Таму фигурира твое име и презиме и матичен број и за секоја уплата ко што спомнаа мора лична карта.

Поштар на рака да ти земе пари при достава е НЕПРОПИСНО во најмала рака и сомнително во секој поглед.
Па ова веќе звучи ко она со царинико на вацап шо сакал да договори испорака со "снижење" на цените за "царинење".
Ќорупцина, баму стопанката!

Испратено од телефоно.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
Може ова е тоа северно царинење? (На секој збор што ќе му ставиш пред него северен - одма станува супер најпренајдобар за сите нас)

Туку си мислам деновиве дека колку повеќе има вакви работи дека толку помали се шансите за влез во ЕУ значи ќе има уште повеќе вакви работи па шансите ќе бидат уште пооооооомали па ќе има ууууште пове…. Никогаш нема да влеземе во ЕУ е self fulfilling prophecy
 

no_retreat

lurker
22 јануари 2011
626
1.519
no_retreat's setup  
Processor & Cooler
intel core i7 14700kf w/ NZXT KRAKEN 280mm AIO Liquid Cooler with LCD Display
Motherboard
Gigabyte Aorus Elite AX Z790 Black
Storage
Samsung 970 Evo 2tb
PSU
Corsair HX 1200i Platinum
RAM
2x16gb DDR G-Skill Trident Z5 ARGB 6000mhz cl30
Video card
RTX 4070 ti Super MSI Ventus 3X
Case
NZXT H9 Flow Black
Mouse
Logitech G Pro X Black
Keyboard
Keychron Q3 modded with Lime Green Switch and Glorious GPBT Black Ash Dye Keycaps
Audio
Logitech G733 wireless
Monitor
Samsung Neo G8 32" 240hz UHD MiniLED + QLED Panel
OS
windows 11 pro
Може ова е тоа северно царинење? (На секој збор што ќе му ставиш пред него северен - одма станува супер најпренајдобар за сите нас)

Туку си мислам деновиве дека колку повеќе има вакви работи дека толку помали се шансите за влез во ЕУ значи ќе има уште повеќе вакви работи па шансите ќе бидат уште пооооооомали па ќе има ууууште пове…. Никогаш нема да влеземе во ЕУ е self fulfilling prophecy

Вака најферски гледано, да си ти државјанин на друга Европска држава која што е членка на ЕУ и да знаеш шо се дешава овде (како што занеш и сега), дали ти би сакал Македонија да стане членка на ЕУ ?

Батка, далеку сме ние за ЕУ, нема да влеземе сигурно уше 40 години. главни фукционери на државата се 50% неписмени копита излезени од бавча и другите 50% се копита симнати од планина, заедничко на овие двете групи им е тоа шо сите се криминална багра, направија закони кој што идат само во нивна полза.

А гласачите на овие копита се сиротињи кој што слепо гласаат за нив само за да може да работат на паркинг, на шалтер, во архива и остали посрани работни места за мизерна плата, толку се слепи и прости шо не сваќаат дека во приватен сектор ќе имаат подобри услови и подобри примања. Останато им е од времето, шо и да е само државно да е.
 

Godlike

lurker
11 октомври 2014
885
1.016
ИСЛАМ дека е таман, плочата е 553 + шипинг и картичка плаќање за вкупно 587 евра.

5 посто од 587 е 29.35 евра т.е. 1800 денари. Уште 300 денари ми фалат ама валјда овде за услугата нешто.
Зависи колку време ти била пратката на царина, си платил лежарина 300 ден.
Не може друг да уплати во твое име, посебно по ново ако плаќаш преку пошта ти отвараат и некој вид псевдо-сметка во Халк банка.

Таму фигурира твое име и презиме и матичен број и за секоја уплата ко што спомнаа мора лична карта.

Поштар на рака да ти земе пари при достава е НЕПРОПИСНО во најмала рака и сомнително во секој поглед.
Поштар кога ти носи пратка од CU, и ако не е царинета. Доаѓа со лист хартија на која пишува царина и ддв.
Му плаќаш него пари, и тој на уплатница внесува цена и итн...
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
Зависи колку време ти била пратката на царина, си платил лежарина 300 ден.

Поштар кога ти носи пратка од CU, и ако не е царинета. Доаѓа со лист хартија на која пишува царина и ддв.
Му плаќаш него пари, и тој на уплатница внесува цена и итн...
Баш вака сум правел со повеќето претходни пратки, доаѓа на врата со ливче, на ливчето пишува колку се плаќа му давам пари се потпишувам и чао. Само што овај пат не ми даде ливче да го потпишам е разликата, а дека сум му плаќал на поштар, за мене скоро секогаш било така.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.086
14.192
И јас како старите луѓе ќе кажам среќа што си го добил нарачаното. Ексик 300 денари. Мене две пратки никаде ми ги нема. Се бркам со продавачите сега.

Туку добро е што случајов конечно е по медиуми. Да се надеваме ќе вроди со плод.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.590
6.029
Битола
И јас како старите луѓе ќе кажам среќа што си го добил нарачаното. Ексик 300 денари. Мене две пратки никаде ми ги нема. Се бркам со продавачите сега.

Туку добро е што случајов конечно е по медиуми. Да се надеваме ќе вроди со плод.
дај сподели во кои медиуми да видиме
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно